дома блог страница 755

Нотарите се жалаат, малку им биле пари

Нотарската комора на РСМ е подготвена подетално да ги презентира анализите и аргументите за потребите од измените на тарифата. Доколку, министерот за правда има аргументирани причини за укинување на измените на Нотарската тарифа, секако тоа може да го стори во рамките на своите законски надлежности, но со тоа нема да го реши проблемот на граѓаните, ниту пак на нотарите.

Ова е дел од денешната реакција од Нотарската комкора, по најавите за повлекување на последните измени на Нотарската тарифа, која треба да започне со примена од 1 септември 2024 година.

Во реакцијата се посочува дека Нотарската тарифа во ниеден случај не може да биде скриен процес, од причини што, како и секоја претходна, така и оваа Нотарската тарифа е донесена во законски пропишаната процедура, која траела половина година.

– По однос на новите измени, треба да се има предвид дека Нотарската тарифа не само што не го пратеше трендот на пораст на платите, животните трошоци, стапката на инфлација и вредноста на правната работа, туку напротив во овие 25 години, истата во континуитет е намалувана во 2010, 2016 и 2019 година. Влијание на измените на Нотарската тарифа има и фактот што од воведувањето на нотаријатот, донесени се низа закони со кои се зголемуваат обврските на нотарите, што само по себе повлекува нови вработувања во нотарските канцеларии, а Нотарската тарифа паралелно се намалува. Што значи, нема никаков рационален соооднос и економска исплатливост за функционирање на нотаријатот како независна и самостојна јавна служба, се наведува во соопштението од Нотарската комора на РСМ.

Да направиме големо дело за ИЛИНДЕН! Ова е Максим, му требаат 5.000 евра за нормално да гледа!

Максим Додевски е дете на самохран родител на возраст од 9 години со сериозно развиен страбизам за кој е потребен сериозен оперативен зафат.

Максим треба итно да направи 2 операции и истите ќе се изведат во Белград во болницата Свети Вид за што побрзо тој да може да се врати во школските клупи. Максим има сериозно влошена состојба која е пратена со гледање на дупли слики, отежнато читање и пишување.

За лекувањето на Максим се потребни 5.000 евра, а за неговата самохрана мајка оваа сума е тешко достижна без наша помош. Тимот на ecrowd.mk/, каде досега во експресно брз рок се собраа средства за голем број дечиња, сега е во мисија да му помогне и на Максим.

Донирајте на следниот ЛИНК

Да направиме сите заедно големо дело за ИЛИНДЕН!

За Илинден до Крушево ќе може да се пристигне преку овие патни правци

Министерството за внатрешни работи по повод прославата на државниот празник 2 Август, кој традиционално се одбележува во Крушево информира дека поради изведување на градежни работи за санација на регионалниот пат Р-1306, делница: Прилеп – Крушево, истиот е затворен за сообраќај во делот од село Горно Коњари до село Кривогаштани.

За доаѓање на манифестација во Крушево на 1 и 2 август треба да се користат патните правци: Прилеп – Битола – по регионален пат Р1305 до Демир Хисар кон Крушево, и Кичево по регионален пат Р1305 до клучка Сладуево (Демир Хисар) по регионален пат Р1306 до Крушево.

СВАДБА ЗА МЕРАК! Битолската илинденска коњаница “ГАЛОП” и виолинистката Сања Здјелар, направија спектакл на семејна веселба во Битола (ВИДЕО)

Членовите од битолската илинденска коњаница “Галоп” во придружба на познатата виолинистка Сања Здјелар, приредија спектакл на свадба во Битола.

Гостите беа воодушевени од прекрасниот настап и од кореографијата, а овој момент ќе биде нешто на кое вечно ќе се сеќаваат, како младите, така и сите нивни блиски.

Погледнете во продолжение:

@sizi_official

ПРЕКРАСНО СВАДБЕНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ВО БИТОЛА 🎻❤️🇲🇰🥂💍 #macedonia #bitola #macedonia🇲🇰 #macedoniantiktok #macedonian #balkan #balkantiktok #balkanfyp #balkanci #balkanwedding #macedoniantradition #macedonianwedding #violinshow #weddingshow #sanjazdjelar #sizi_official

♬ original sound – SANJA_OFFICIAL

Инаку, коњаниците од “Галоп” на 26. јули по четврти пат се упатија на пат кон славно Крушево. На 2.август, тие заедно со другите коњанички групи, заедно ќе оддадат почит кон Илинденците и сите борци за слободна и независна Македонија.

Прилепскиот дует Каралиоски-Ацеска со песната “Moja Moгила”, ги воодушевија присутните на концертот на дуети “Константин и Елена” (ВИДЕО)

На сцената во дворот на ОУ „Гоце Делчев” во Могила, по 11-ти пат се одржа традиционалниот фестивал на дуети „Константин и Елена“, каде со свој прекрасен дует настапија и Трајче Каралиоски и Марија Ацеска од Прилеп.

Песната носи наслов “Моја Могила”. Mузиката и аранжманот се дело на Мендо Ташкоски, а текстот го напиша Јонче Ангелевски. Прилепскиот дует ги воодушеви иселениците кои традиционално во голем број си доаѓаат за концертот во Могила.

Слушнете ги во продолжение:

Општествената одговорност на дело! “Кожувчанка” донираше 15.000 литри вода за жителите од Пехчево и околијата, кои останаа без вода поради пожарите (ФОТО)

Ситуацијата со пожарите низ цела држава во која веќе подолг временски период се наоѓаме не не остава рамнодушни – велат од една од најголемите општествено одговорни компании – “Кожувчанка”.

-Последниот пожар кој го зафати Пехчево и околината, го остави овој крај и без вода за пиење. Кожувчанка ДОО денес итно испрати 15.000 литри вода донација на Општина Пехчево – стои во соопштението од компанијата.

Тешка сообраќајка синоќа во Битола: Три лица се повредени

На 30.07.2024 во 21.24 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Македонска фаланга“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со дански национални ознаки, управувано од К.Ц.(21) од Данска и патничко возило „хонда“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.М.(38) од с.Бистрица, битолско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот М.М. и неговата сопатничка Л.М.(60) од с.Бистрица, додека со телесни повреди се здобил возачот К.Ц., констатирани во Клиничка болница Битола.

Во несреќата било оштетено и паркирано возило „опел“ без регистарски ознаки, паркирано од Б.С.(59) од Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Филип Адамчески е најново засилување во првиот тим на РК Прилеп

Уште едно засилување во редовите на РК Прилеп пред самиот старт на новата сезона.

Филип Адамчески е најновиот член кој, кој во сениорскиот тим доаѓа од редот на младинската школа на клубот и својот понатамошен професионален развој ќе го продолжи на позицијата лев бек.

Претходно РК Прилеп ги продолжи договорите со неколкумина свои првотимци, а нови имиња во тимот се бекот Никола Јеремиќ, голманот Стефан Христоски, кој се враќа во клубот по престојот во белградски Партизан, бекот Божидар Илиески, кој дојде од редовите на Мулти Есенс и Александар Тренчевски, кој пак во Прилеп се враќа по престојот во Финска.

Конечно фатен еден од пироманите: Подметнал два пожари

На 30.07.2024 полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишија од слобода С.Р. од с. Али Коч, радовишко, затоа што подметнал пожари во близина на с. Али Коч.

На 30.07.2024 во 12:00 во ОВР Радовиш од страна на ТППЕ Радовиш е пријавено дека на две места во близина на с.Али Коч настанале пожари, при што горела дабова шума.

По преземени мерки и активности, од страна на полициски службеници од ОВР Радовиш утврдено е дека С.Р. ги подметнал пожарите односно сторил кривично дело по член 288 „предизвикување општа опасност“ и кривично дело „предизвикување шумски пожар“ по чл.227 од КЗ. С.Р е лишен од слобода и во службен разговор признал дека ги сторил кривичните дела, по што е задржан во ОВР Радовиш.

По документирање на случајот, ОВР Радовиш до надлежното ОЈО Струмица ќе поднесе соодветна кривична пријава.

(Фото галерија) Патриотско Ропотово организираше спектакуларен пречек на ИЛИНДЕНСКАТА КОЊАНИЦА: Огномет, настап на Андријана Јаневска, народ…

Патриотско Ропотово синоќа организираше спектакуларен пречек на илинденската коњаница. На игралиштето имаше организирано музичка програма, каде настапија “Нота бенд” заедно со еден од најпознатите женски вокали во моментов – Андријана Јаневска.

Организаторите приредија и прекрасен огномет, а коњананиците ги пречекаа голем број жители на општина Долнени и општина Прилеп.

Да им посакаме да имаат лесен пат до славно Крушево и навреме да стигнат за Илинден на Мечкин Камен.

_cuva

_cuva