дома блог страница 749

Групната изложба „Скршен април“ од петок во Ликовната галерија на ЦК “Марко Цепенков” во Прилеп

poster prilep
poster prilep

На 19 април 2024 /петок/ од 19.30 ч. во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена групната изложба „Скршен април“.

„Април е најсуров месец за размножување
Јоргованот од мртвата земја, мешајќи се
Меморија и желба, мешајќи
Досадни корени со пролетен дожд“. – Т.С.Елиот (Пуста земја)

Учесници уметници:
Риза Зибери
Марко Вујисиќ
Генц Троли

За изложбата

„Скршен април“ е групна изложба која провоцира поставка која е инспирација од романот на Кадаре со истиот наслов. Гледачите ќе го истражуваат метафоричното патување на природата и луѓето до април. Изложбата ќе ги поттикне емоциите на природата и луѓето, размислувајќи за парадоксалната убавина и суровост на април. Ја прикажува еволуцијата на двата пејзажи и се соочува со турбулентни времиња.
Преку различни пристапи, изложбата се обидува да ја артикулира емотивната каденца на април, кој е месец што се карактеризира со трансформативна моќ. Уметниците се движат низ дихотомијата на природата и луѓе, плетејќи наратив кој ги одразува испреплетените судбини на природата и човештвото среде позадината на предизвикувачкото време што го живееме каде има војна и мртви луѓе. Групната изложба им овозможува на гледачите да ја доживеат дихотомијата на април, суровата убавина на природата и сложеноста на човековите емоции. Тоа го повторува книжевното прикажување на април како најсуров месец на единствен и привлечен начин.

Влажен бран се движи кон Македонија – доаѓа многу дожд

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени Целзиусови.

Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 25 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од утре до почетокот на следната седмица подрачјето на нашава земја ќе биде под влијание на серија на влажни бранови кои што ќе предизвикаат времето да е променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Утре и в четврток ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер од над 70 километри начас, локално во форма на невреме. Од петок, а особено за време на викендот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд на планините и повисоките места ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Врнежите повремено ќе имаат обилен карактер, наместа над 40 литри на квадратен метар за краток период.

Најпознатото пиво сега само за 49 денари – вреди за се посети овој објект во Прилеп!

Лоцирана во дуќанот на домот “Спиро Забрчанец” Liquor Store Prilep , е прва премиум дестинација за секаков тип на пијалоци во Прилеп.

Вo Liquor Store има 100 различни видови на пиво, буквално се’ од жестоки и безалкохолни пијалоци, a редовно имаат и акциски намалувања

На огромно задоволство на љубителите на добрата капка, најпознатото мексиканско пиво “Корона”, сега по уште пониска цена од само 49 денари.

Посетете ги и уверете се во огромниот избор и промотивните цени.

Наздравје!

СОВРШЕНСТВО! Леона Митревска е победник на манифестацијата “Вешта жена 2024” (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Во ресторанот “Центар” во неделата се одржа манифестацијата “Вешта жена 2024”, каде одново можеше да се видат голем број вешти гастрономски креации.

Оваа година учеснички во Прилеп беа:

МАСА 1 – Ане Рисеска со темата “Мода”

MAСА 2 – Соња Шијакоска со темата “Вршникот на баба”

MAСА 3 – Леона Митревска со темата “Остров со скриеното богатство”, и е победник за град Прилеп.

МАСА 4 – Маргарита Петреска со темата “Вера, надеж, љубов”

MAСА 5 – Даница Талеска со темата “Мајчинска љубов”

Додека пак Маргарита Чолакоска, со темата “Традиција и елеганција” освои Гран При награда.

Димитриевски: Гласовите на граѓаните му даваат сила и легитимитет на Претседателот на државата да и каже НЕ на извршната и на законодавната власт

Кандидатот за Претседател на Македонија, Максим Димитриевски, од Движењето ЗНАМ- За наша Македонија, вечерва се обрати пред граѓаните на
Гостивар.

„Влеговме во еден процес којшто се вика одбрана на државата. За да си ја одбраниш државата треба првично да имаш храбри и мотивирани граѓани”, рече Димитриевски и додаде дека – спас ќе има ако се кренеме. Зашто спасот е во нас самите, да се поткрепиме, да се потпреме еден на друг и да тргнеме во една организирана борба. Оваа генерација на луѓе мора да го носи тој товар и ние сме тие кои треба да ја преземеме одгворноста.

Нашата борба се вика поубава, подостоинствена Македонија и достоинствен граѓанин којшто е среќен во неа“, рече Димитриевски.

Тој потенцира дека може да се направи реална промена, за што пример е неговото Куманово.

„Се одваживме во Куманово, кога сите не отпишуваа. Се организиравме и на крајот СДСМ катастрофално изгуби, а ВМРО не победи. Ајде тоа да го сториме тука во Гостивар, а и во цела Македонија“.

Тој, пред гостиварчани рече дека треба да се стави крај на самовластието, енормната корупција и криминалот којшто е на секој чекор.

„Наша цел во Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, првенствено е Македонија да ја вратиме таму од каде тргнала, на Крушевскиот Манифест, на АСНОМ-ските повелби кои се згазени. Македонецот никогаш во историјата не побарал од никого ништо, нити зел нешто што не е негово, а во континуитет сакаат да му земат. Искрено да ви кажам доволно беше!“ рече Димитриевски.

Според него Македонија заслужува Претседател кој е од граѓаните и е за граѓаните.

„Претседател кој ќе го штити интересот на нашата држава, нашите граѓани, но притоа ќе ја почитува својата етногенеза и историја. Јас го нудам тоа со мојата програма „Манифест за Македонија“. Во неа се наброени најнеопходните активности што треба да се направат за да се надминат генерираните проблеми со конкретни рокови. Тука, во Гостивар ќе истакнам само еден од приоритетите. За мене како иден Претседател на Македонија е неприфатлива смена на Уставот во делот на изборот на Претседателот во парламентот. Затоа што тој ја црпи својата сила од гласовите кои ги добива на непосредни избори од граѓаните. Тоа му дава легитимитет да каже не и на извршната и на законодавната власт“, потенцира тој.

Димитриевски ги повика гостиварчани масовно да излезат на 24 април, затоа што од овие избори зависи која насока ќе ја избере Македонија.
Дали ќе продолжи да биде приватна држава на поединци или ќе биде реална граѓанска држава во која еднакави права ќе имаат сите граѓани.

Силјановска Давкова од Прилеп: Ќе се залагам АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучува повеќе жени!

Претседателот е врховен командант на вооружените сили. А вооружените сили се бранителот на територијалната независност и интегритет на Македонија. Во војската мора да има ред! Во војската мора да има хиерархија! Во војската мора да има стандарди! Особено мора да ги почитуваме НАТО стандардите бидјеќи сме членка на сојузот!

Ова го истакна кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска-Давкова од митингот во Прилеп.

-Меѓутоа ако и таму има политизација и партизација, ако нема доволни жени на клучни позиции, тогаш мислам дека прашалникот е голем. Зошто жени? Бидејќи и јас како и сите жени, сум горда и знам дека во сите области можеме да внесеме нешто ново. А важно е бидејќи главните жртви во сите војни се жените и децата. Кога има жени во Армијата и на клучни фукции, на клучните позиции во државата, тогаш има поголеми гаранции за мир!

(ФОТО/ВОДЕО) Рекордна победа на повидок во Прилеп – Мицкоски со одличен настап!

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата вечерва одржаа голем народен митинг на плоштадот “Методија Андонов – Ченто” во Прилеп, на кој беше претставена изборната програма на кандидатката за претседател на државата, Гордана Силјаноска Давкова.

Плоштадот во Прилеп беше претесен да ги собере сите граѓани кои присуствуваа на овој масовен собир и најавија дека во Прилеп победата на партијата е на повидок.

Свое обраќање покрај Силјановска, пред присутните имаше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, чиј говор беше проследен со громогласни аплаузи и овации.

– Народот има загубено контрола над сопствените институции и над сопствената држава. Државата не служи на народот, туку на стотина луѓе од ДУИ, а ти се служат со Македонија за полнење на своите џебови. Проблемот овде во Прилеп и во сите други градови не е само слабото владеење на СДСМ, туку што и самата СДСМ, бидејќи таа на тацна ја даде Македонија на Артан, Бујар, Талат и Ахмети, рече Мицкоски.

Мицкоски воедно истакна дека СДСМ, Ковачевски и Стево Пендаровски немаат реална и издржана програма, а нивната понуда е еден исклучително примитивен говор на омраза стимулиран директно од Стево Пендаровски.

– Човекот не пропушта митинг лично да не навредува заедно со професорката Гордана Силјановска Давкова која е одличен професор е и жена, мајка, сопруга. Таквите отрови и навреди кои секој настап се подгревани од првенците на власта, се пренесуваат како зараза и на нивните членови. Па така вчера од Куманово, донеле некој член на СДСМ каде со микрофонот во рака нареди едно чудо навреди кон идниот претседател на Македонија Гордана Силјановска Давкова. професорката. И не само што поради таквото однесување Стево Пендаровски и нивната портпаролка требаше да пропаднат во земја, и веднаш да се оградат, туку со образ ѓон Стево аплаудираше на навредите, а Богданка се смееше, какво дно од луѓе, каков е овој човек? – вели Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека Пендаровски освен што е арогантен, стана прототип на балкански женомрзец. фали уште Фрчковски да му се приклучи и да формираат клуб на женомрзци.

Тоа покажува и состојба на длабока психолошка внатрешна раздразнетост на Пендаровски и голема доза на омраза и чувство на интелектуална инфериорност во однос на професорката Гордана Силјановска Давкова. Говорот на омраза има име и тоа е Стево Пендаровски. И не го гледам денес Пендаровски да се извини затоа што тој само со навреди и говор на омраза може да биде силен, впрочем како и сите слаби луѓе кои се предводници во мизогинијата, рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека професорката Гордана Силјановска Давкова е решението за претседател на Македонија, жена со принципи која непоколебливо верува во правдата, во вредностите и во Македонија, која има свој став, кој може да му се допаѓа некому или не, но таа до крај се бори за него, затоа што верува во него.

Гордана Силјановска Давкова покажа лојалност кон своите принципи и е еден од најдобрите експерти и познавачи на уставното право и политичкиот систем, работи кои овие години најмногу ги газеше немилосрдно оваа власт. На Македонија и треба претседател а не измеќар на ДУИ. Времињата се тешки, но изборот никогаш не бил појасен. Заокружувањето за бројот 2 и поддршката за Гордана Силјановска Давкова на овие избори за претседател подразбира значи избор за Македонија која ќе биде повторно горда, за Македонија која ќе има цврсти ставови и кичма која нема да се витка, изјави Мицкоски.

Мицкоски ги повика граѓаните да бидат дел од промените, затоа што е доста од хаос корупција, безредија.

Овој народ се спротивставувал секогаш во тешки моменти. Секогаш знаел да се избори за своето. Македонија ќе ја направиме повторно горда, Македонија повторно твоја, промените во ваши раце, изјави Мицкоски.

(ФОТО) Глутница “чека деца” што одат на училиште во ООУ “Кире Гаврилоски”

Цел чопор кучиња скитници деновиве се страв и закана за жителите од населбата “Вишне” во Прилеп, недалеку од ООУ “Кире Гаврилоски-Јане”.

Билтенот на МВР врие од каснати од кучиња скитници, а надлежните крај не можат да најдат со исплати на оштети. Затоа крајно време е ЈКП Комуналец Прилеп поконкретно да се позанимава со овој горлив проблем, особено сега кога имаат и соодветна шинтерска опрема.

За жал оваа појава не е ниту нова, ниту од пред 2-3 години, туку отсекогаш. Всушност животните не се криви, тие се безгрешни суштества кои не по своја вина се запоставени и оставени без нечија грижа, но во 21 век ваквите чопори по улиците и плоштадите воопшто не изгледаат убаво.

Дизелот поевтинува, цената на бензините останува иста

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,38% во однос на одлуката од 8.4.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,536%, кај дизелот намалувањето е за 0,730%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 0,580% и кај мазутот намалувањето е за 2,057%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,362%

Од 16.4.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 77,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 77,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 44,302 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,871 ден/кг и сега ќе изнесува 44,302 ден/кг.

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 16.4.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Адреналинско уживање: Над 500 моторџии од цела Македонија ја отворија мото сезоната од плоштадот “Магнолија” во Битола (ВИДЕО)

Вчера Битола и битолчани беа сведоци на едно прекрасно адреналинско шоу. Над 500 моторџии од цела Македонија со своите миленици пристигнаа на плоштадот “Магнолија”, каде ја отворија мото сезоната за 2024 година.

Настанот беше во организација на Мото асосцијацијата на Македонија на мото клубови, а домаќини во Битола беа членовите на Мото клубот “Конзули”.

Битолчани беа воодушевени од глетката и ја искористија можноста да се фотографираат со голем број уникатни примероци, кои на “Магнолија” ги имаше од сите брендови.

-Битола беше центарот на мото културата, градот на моторите. Првиот настан на МАМ “Отворање на мото сезона” ги надмина и нашите очекувања и со ова сме охрабрени посериозно и попосветено да продолжиме со работа. Благодариме на сите МК, МЦ, МГ и интернационални клубови и слободни возачи кои присуствуваа на настанот и го одбележуваме почетокот на мото сезоната во Македонија. Оваа традиција ќе ја негуваме секоја година и со очекување во се поголем број на членови на МАМ и посетители на настанот. Имајте безбедни километри и убави моменти со Вашите миленици на две тркала – напишаа од Мото асоцијацијата на социјалните мрежи.

ФОТО/Мото Асоцијација на Македонија на МК мото клубови