дома блог страница 748

Тешка сообраќајка кај прилепско Обршани: Малолетник заврши со тешки повреди

На 06.08.2024 во 11.50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека кај с.Обршани, прилепско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес” со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.Д.(25) од с. Пашино Рувци, прилепско и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 15 – годишник од с.Обршани.

Во несреќата, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Прилеп – информираат од СВР Битола.

Денеска е Св. Петка Летна, заштитничка од несреќи и болести

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 јули, се празнува Света преподобна маченичка Петка Римјанка, или кај народот позната како летна Света Петка Параскева.

Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни нecpeќи, но и од многу болecти, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води. Петковден како домашен празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености го празнуваат голем број македонски семејства.

Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка…

Светата православна црква празнува три личности со исто име Параскева-Петка поради што кај народот често се мешаат и се мисли дека се работи за иста личност. Најчесто трите се идентификуваат со св. Петка Епиватска позната и како Трновска, чиј спомен се одбележува на 27 /14 октомври. Името го добиле поради тоа што се родени во петок, а петокот како ден пред сабота, бил ден за подготовки за празникот. Во претхристијанскиот период кај Евреите саботата бил празник, а не неделата. Оттука, Параскева значи подготовка.

Првата света Петка е преподобната маченица Параскева Римјанка. Се празнува на 26 јули /8 август и меѓу народот е позната како летна Света Петка. Во нејзиното житие се вели дека нејзините родители биле Римјани и дека и дека таа како единствена ќерка им се родила по долги и искрени молитви кон Бога. Рано се замонашила а подоцна како и многумина други настрадала за верата Христова за време на царувањето на Антонин. На нејзиното мачење присуствувал и самиот император, но кога била фрлена во котел со врело масло и катран таа останалаа неповредена, а од течноста му прснало во очите на императорот по што ослепел. Параскева се помолила на Бога и тој оздравел. Гледајќи ги нејзините страдања, но и чудата што се случувале со нејзино посредство, многумина ја примиле христијанската вера. Поради тоа била исечена со меч, а подоцна моштите ѝ биле пренесени во Цариград. На иконите света Петка Римјанка во рацете држи чинија во која има очи.

Оваа Параскева (Петка) беше родум од Рим. Родителите и беа христијани, така што од мали нозе ја воспитаа во Христовиот дух. Кога и умреа родителите го раздаде целиот свој имот на бедните и се замонаши. Со голема ревност го проповедаше словото Божјо, не криејќи се од никого.

Така и стигна до римскиот суд. Неколку пати беше предавана на маки, но Господ ја исцелуваше на чудесен начин. Најпосле, некој кнез Тарасиј и ја отсече главата. Моштите и беа зачувани, а подоцна пренесени во Цариград. Пострада за Христа во вториот век.

На тој ден се избегнува да се работат тешки работи на нива и дома.

Порано жените верувале дека на утрешниот ден не треба да се меси леб, да се пере, да се изнесува пепел или да се шие, за да не им трнат рацете преку цела година.

23 години болка и сеќавање: Вечна слава на паднатите xepoи од Карпалак

22 години од загинувањето на десетмината херои, 21 години непребол и солзи за прилепчаните кои 2001-та загинаа свирепо. Прилеп се сеќава…

На 8 август 2001 година на патот Скопје – Тетово во близина на селото Групчин кај месноста Карпалак од заседа беше нападнат конвој на Армијата на Република Македонија, при што загинаа десет армиски припадници:

Нане Наумоски (48), резервен капетан, Сашо Китановски (40), резервен поручник, Горан Миновски (29), воен обврзник, Ердоган Шабановски (21), воен обврзник, Љубе Грујоски (32), воен обврзник, Бранко Секулоски (43), воен обврзник, Дарко Велјановски (27), воен обврзник, Пеце Секуловски (31), воен обврзник, Веби Рушитовски (26), воен обврзник и Мирко Деспотовски (27), воен обврзник, сите од Прилеп и Прилепско.

Тој ужасен ден, кога мајките ги загубија своите синови, кога сопругите останаа без своите сопрузи, а децата плачеа по своите таткоци, ќе остане вечно во сеќавање на овој град и овој народ, како кобен ден, ден на болка и тага за Прилеп и Македонија.

Градот херој на своите храбри синови им се оддолжи со монументално дело во центарот на градот, спомен обележје кое вечно ќе потсеќа на нивните прерано згаснати животи.

Домаќините и црковниот одбор при манастирот Св. Никола кај Прилепец, ги покануваат сите верници за празникот Голема Богородица

Домаќините и црковниот одбор на манастирот Св. Никола кај село Прилепец, ги покануваат сите верници, по повод празникот Голема Богородица на ден 27.08.2024 вечерта и 28.08.2024 дентa, на масовен собир и свечена литургија.

Вечерната литургија започнува во 19:00ч, а утринската во 07:00ч.

Веднаш потоа ќе има дружба со жива музика, заедно со нас “ОК БЕНД”.

27.08.2024 почеток 20:00ч
28.08.2024 почеток 10:30ч

Викендов сите угостителски објекти во Прилеп ќе работат со продолжено работно време

Советот на Oпштина Прилеп на седницата одржана на 03.07.2024 година, донесе Oдлука за продолжување на работното време на угостителските објекти за време на одржување на фестивалот на пивото 2024 година (PRILEP BEER WEEKEND).

Со оваа Одлука се продолжува работното време на угостителските објекти во градот и штандовите учесници на фестивалот на пивото ,,PRILEP BEER WEEKEND’’ 2024 за време од 2 часа подолго од работното време на угостителските објекти определено со член 23 од Законот за угостителската дејност.

Продолженото работно време се однесува само за деновите кога ќе се одржува фестивалот на пивото ,,PRILEP BEER WEEKEND’’ 2024, односно 9-ти, 10-ти и 11-ти август.

Од 8 до 13 август, по 16-ти пат во Прилеп ќе се одржи Меѓународната ликовна колонија “Дрен”

Од 8 до 13 август 2024 г. по 16 пат во ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи меѓународната ликовна колонија „Марко Цепенков -Дрен 2024„ на која ќе учествуваат уметници од земјава и од странство.

-И годинава уметниците ќе работат на слободна тема. Очекуваме да се создадат нови уметнички дела што ќе бидат дел од богатата збирка на Центарот. Создадените дела на годинашната колонија ќе бидат презентирани на изложба во Центарот, а претставување ќе има и во повеќе градови низ Македонија– вели Марјан Стојаноски од ликовната дејност на Центарот.

На колонијата ќе творат Петја Ѓеоргиева од Бугарија, Небојша Станков, Среќко Здравковиќ, Јована Ѓуриќ, Немања Вучковиќ од Србија, Радица Лелова, Александар Таневски, Светлана Попова, Суарта Луфи, Ангел Коруновски, Валентина Стеваноска и Слободан Милошески од Македонија и прилепчаните Тони Чатлески Никола Димески, Марјан Стојаноски, Столе Дурланов.

Колонијата се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура, а досега збирката на слики и скулптури создадени на колонијата надминува бројка од 400 дела.

Прилепчанец со “мерцедес” учествувал во сообраќајна несреќа во Битола

На 05.08.2024 во 11.15 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од ул.„Димитар Илиевски Мурато” и ул.„Христо Христов” во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.К.(37) од Прилеп и мопед „априлија” со битолски регистарски ознаки, управуван од Н.Ѓ.(31) од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Битола – информираат од СВР Битола.

Мицкоски: Историски најголема откупна цена за лозарите зголемена за 25% согласно Законот за вино

Историски најголема откупна цена за лозарите. Производната цена на килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година, е зголемена за 25% согласно Законот за вино. Производната цена на килограм грозје Вранец зголемена за 25% ќе изнесува 20,8 ден./кг, додека производната цена на килограм грозје Смедеревка зголемена за 25% ќе изнесува 18,3 ден./кг, истакнува премиерот Христијан Мицкоски.

-За споредба, минатата година килограм грозје Смедеревка се откупувало по цена од 15 денари, што значи дека оваа година имаме зголемување за 3,3 денари односно 22%. Додека пак килограм грозје Вранец во 2023-тата година се откупувало по цена од 18 денари, во 2024 година имаме зголемување од 2,8 денари односно 15.5%. Целиот процес на откуп ќе го следи земјоделскиот инспекторат кој ќе распореди инспектори на секој откуп за да го следат процесот. Дополнително со ребалансот се издвоија 1 милијарда 250 милиони денари за исплата на заостанати долгови кон земјоделците кои минатата Влада не ги исплатила. И 350 милиони денари за АД Водостопанство и Национални шуми каде со месеци претходно не се исплаќало плата, истакна Мицкоски.

„Борбата за стандардот на земјоделците е наш приоритет. Овој пат државата создава за народот. Исполнуваме, за тебе“ – напиша премиерот.

Се празнува Успение на Св. Ана

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 јули.

Денеска е Успение на Св. Ана.

Света Ана е мајката на Богородица. Денес се празнува нејзиното успение, а нејзиниот главен празник паѓа во месец септември. Света Ана потекнуваше од Левиевото колено (еврејско свештеничко колено).

Татко и беше свештеник по име Матан. Проживеа долг и богоугоден живот и во длабока старост се претстави пред Бога.

(Фото) Музичко патување низ времето кое предизвика бура емоции: Прекрасна вечер пред Офицерски дом во Битола

Прекрасно музичко патување кое прозвучи синоќа на 5 Август пред платото на Офицерски дом во Битола, во организација на КИЦ Битола, со подршка на Општина Битола и БИТ ФЕСТ беа Премиерно претставени нови и необјавени музички материјали.

Обединети под музичките бои на Македонија, дел од нив и тесно поврзани со Битола, десетина познати и истакнати македонски музичари приредија незаборавно музичко доживување.

Проектот ,, Colors of Macedonia,, или Боите на Македонија ни ги пренесоа низ звуци, а на иницијатива на битолчаните Оливер Јосифовски, етаблиран контрабасист и композитор и основач на бендот ,,Љубојна,, и Исмаил Лумановски, виртуоз на кларинет.

На нивна покана заедно со нивните долгогодишни пријатели и музички соработници го создадоа несекојдневниот музички проект Colors of Macedonia во кој свој одраз и настап зедоа и Алек Секуловски – иноватор, професор и специјалист по тапани со богата музичка кариера кој живее и работи во Торонто, Давор Јордановски – композитор и клавијатурист кој исто така живее и работи низ целиот свет, Александар Петров – перкусионист, кој моментално живее и настапува во Дубаи, Филип Динев – гитарист, живее и работи во Хамбург -Германија, и секако Вера Милошевска добро познат женски вокал.

Овој проект е подарок од нас за нашата преубава средина – истакна Јосифовски. Додавајќи – ,,Можеме да бидеме во Њујорк, на Антартик, на разни страни од светот, тоа е сликата на една современа Македонија, но тоа се луѓе кои ја носат и пласират музичката мисла. Тоа значи боите на Македонија,,