дома блог страница 747

Важна порака од гинеколошката ординација Д-р МОНИКА – Прилеп

Бидете внимателни, чувајте го своето здравје!

Правете редовни контроли на градите поради високиот пораст на карциномот на дојка !

Закажете преглед 071 469 469 кај нашиот ценет Д-р Гога Мрмески.

Специјалистичката амбуланта по гинекологија и акушерство ПЗУ Д-р Моника веќе четврта година работи  посветено и одговорно за вас со најсовремен ЕХО апарат.

Д-р Моника Грашеска Илиеска има искуство повеќе од 12 години во својата специјалност.

Продолжуваат и понатаму со персонализирана грижа за секој пациент за што повеќе задоволни,здрави и среќни пациенти!

Закажете го вашиот термин
Телефон: 071 469 469
                   048 404 469
Улица: Васко Карангелески 60/3 -Прилеп

Голем број естрадни ѕвезди доаѓаат во Прилеп, и ќе пејат за доизградба на манастирските конаци во манастирот Св. Никола во прилепско Загорани – Картите се пуштени во продажба!

Иницијативниот одбор за доизградба на манастирските конаци во манастирот Св. Никола, село Загорани, прилепско, ве поканува на вториот хуманитарен концерт, кој ќе се одржи на 25.април во ресторант “Центар” во Прилеп, со почеток од 20.00 часот.

Оваа година ќе имате можност во живо да се дружите и да ве забавуваат околу 20 звезди од македонската естрада. Дополнително има организирано богата лотарија со над 30 добитници на ваучери и награди.

Билетите се пуштени во продажба во кафе Hive и бутик Appolo или директно кај Ице Дамчески 075545010 и Марјан Мицкоски 071705915.

Освен наведената понуда на флаерот има можност и за посно мени само треба при купување на билетите да не известите.

Резервациите се во тек ПОБРЗАЈТЕ, набавете билети, ЗАБАВУВАЈТЕ се и ДОНИРАЈТЕ.

Ако имате другарче во МВР ќе треба да чести: Бонус плата 36 000

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев беше во работна посета на подрачјето на СВР Куманово и СВР Штип каде што оствари работни средби со раководствата на Полициското одделение Старо Нагоричане, Одделенијата за внатрешни работи во Кратово и Пробиштип, во рамки на серијата посети со цел увид во постигнатите резултати и секојдневните работни активности, но и во евентуалните проблеми во рамки на работниот процес.

„Заклучокот од сите состаноци беше дека безбедносната состојба е поволна и стабилна. Штабовите за претседателските и парламентарните избори функционираат, прибираат информации, со цел фер, слободни и деморкатски избори, како што беа од 2017 година навака, а така ќе бид еи овие избори ќе го дадеме максимумот од МВР.

„Во делот на реконструирани објекти на територијата на СВР Куманово, 100% сите полициски објекти во овој реон се реконструирани а меѓу нив се и: полициската станица Кратово со 3.800.000 денари, полициското одделение Старо Нагоричане со 3.460.000 денари и Полициското одделение Ранковце со 1.400.000 денари, средства издвоени од буџетот на МВР, а при изведбата беа имплементирани и мерки за поголема енергетска ефикасност на објектот, а со тоа и поголеми заштеди како и заштита на животната средина”, истакна Бојмацалиев во изјава за медиумите. Притоа, тој потсети дека и на територија на СВР Штип во период од шест години се реконструирани осум објекти.

„Во делот на реконструирани објекти на територијата на СВР Штип изминативе шест години беа реконструирани осум објекти меѓу кои и објектот каде што бевме денеска во посета ОВР Пробиштип (четири милиони денари) ,ОВР Свети Николе, ПС за БПС Штип, ПК Македонска Каменица, ОВР Кочани, ОВР Виница, ОВР Берово и ОВР Делчево за што од буџетот на МВР беа издвоени вкупно над 90 милиони денари. Само еден објект на подрачје на СВР Штип не е реконструиран, за што се обврзуваме во наредниот период да го реконструираме, со што и тука ќе дојдеме до 100% опфатеност на подобрување на условите за работа”, рече Бојмацалиев, со уверување дека подобрените работни услови на колегите од СВР Куманово и СВР Штип, по цели 50-60 години, ќе бидат мотив и понатаму да продолжат со несмален интензитет во полициското работење, а со цел одржување на поволна безбедносна состојба и гарантирање на фер и демократски Изборен процес што ни претстои наредниов период.

Воедно, Бојмацалиев информираше дека колегите ги информирал дека бонус платата од 36.000 денари за 2023 година ќе биде исплатена на вработените во МВР кои ги исполнуваат условите по завршување на техничката Влада, согласно позитивните законски прописи. Тој додаде дека до 2017 година не беа исплаќани бонус платите, од 2017 година до денеска сите бонус плати се исплаќаат редовно, така ќе продолжи и во наредниот период.

“Запејте со Алтернатор” нов музички проект во кој го слушаме прилепчанецот Мартин Стојаноски

Дел од него, срасната за душата, не може без неа , не сака без неа , ете така е Мартин Стојаноски со песната. По сите овие 18 години музичко растење и зреење со песната, Мартин и пред себе и пред публиката потврди дека го одбрал вистинското. Глас кој може да испее се, харизма која се чита од прва, пеач кој преку неговите емоции во интерпретацијата ја буди публиката.

Со два збора кажано комплетен артист. Од 2021 година Мартин е фронтмен и вокал на битолската група “Алтернатор”. Заедно снимија неколку убави авторски песни кои имаат чиста македонска боја.

Деновиве на публиката и подарија и нов видео проект, со кој ја канат да запее со нив. “Запејте со Алтернатор” така ги потпишаа тринаесетте песни кои имаат уникатна емоција идентификувана преку вокалот и енергијата на Мартин кој ја води групата, но и секој што ќе го слушне или види.

Внимателно одбрани песни кои немаат рок на траење, едноставно речено песни ” вековиште”. Снимени во пријатен амбиент, максимално спонтано, убаво, искрено. Песни кои сите ги знаеме наизуст, кој Мартин и “Алтернатор” ги раскажаа по свое. Гледајќи го видеото кое трае 30 минути , изведбата на Мартин ќе ве наврати во некое време, на некои места, а песните ќе ви ги претвори во некои драги луѓе. Отпеано со ќеиф и љубов, тоа најдобро го препознава публиката. Група” Алтернатор” годинава слави и убав јубилеј 30 години живот. Честитки за се.

Полицијата фатила прилепчанец и битолчанец додека цртаат графити во центарот на Скопје

На 17.04.2024 во 02.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар ги затекнале Ј.М.(24) од Скопје, П.Н.(23) од Прилеп, Д.Б.(23) од Скопје, М.Ј.(25) од Битола и А.М.(24) од Скопје додека пишувале графит.

Од нив биле одземени неколку канти со поликолор и боја и други предмети.

По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок – информираат од МВР.

Даштевски: Училиштата ќе работат во вторник, ќе бидат затворени само просториите со избирачки материјал

Училиштата во кои ќе се одржи гласањето за претседателските избори ќе работат во вторник, ден пред изборите. Ќе бидат заклучени само оние простории каде ќе сместен избирачкиот материјал.

– Тоа е веќе договорено и мислам дека е ставено на веб страницата. Тие училишта ќе работат меѓутоа просториите во кои ќе биде избирачкиот материјал, ќе бидат заклучени и ќе ги обезбедува Министерството за внатрешни работи, изјави денеска претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски, одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Кодексот за фер и демократски парламентарни избори.

Првиот круг на претседателските избори ќе се одржи следната среда на 24 април.

Заради непречено спроведување на претседателските и парламентарните избори, закажани за 24 април и 8 мај, Владата вчера донесе одлука овие два дена да бидат неработни и да не се одработуваат.

Гимназијалецот Михаил Живковиќ од Прилеп, освои бронзен медал на Македонската математичка олимпијада

На 07.04.2024, во Скопје на ПМФ се одржа Македонската математичка олимпијада, на која oд прилепската гимназија “Мирче Ацев” од Прилеп, учество зедоја учениците:

-Михаил Живковиќ од втора година под менторство на проф. Евгенија Нешкоска и

-Иван Јованоски од четврта година, под менторство на проф. Афродита Стефаноска

Михаил Живковиќ освои бронзен медал и по којзнае кој пат докажа дека прилепската гимназија е расадник на ученици со знаење.

Србинка по втор пат влезе во Гинисовата книга на рекорди – го направи тоа што не можат најголем број од мажите

Милица Наранчиќ, српска фитнес шампионка, по вторпат влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Атрактивната Милица Наранчиќ за 60 секунди направи 64 склекови одбивање на дланките од земја со што го израмни рекордот во машка конкуренција, кој три години го држеше повеќекратниот Гинисов рекордер, маестралниот Грк Јоргос Коцимпос.

Просечната брзина на склек беше 0,94 стотинки.

„Го срушив сопствениот рекорд во Њујорк, во фитнес центарот Crunch, на 19. Февруари (на мојот роденден) 2024 година, а официјалната потврда од Лондон пристигна вчера. Стручниот штаб го сочинуваа: државниот функционер, адвокатот Расел Сиринционе, генералниот менаџер на фитнес центарот Crunch Луис Росалес и елитните тренери Ари Бауман и Нора Левин“, напиша Милица на социјалните мрежи, пренесува Pink.rs.

Браво за малото СОПИШТЕ! Атракција во која ќе уживаат сите љубители на природата (ФОТО)

Од оваа недела нашата општина е побогата со уште една туристичка атракција. Имено, станува збор за проект наречен Гризли Иглос единствен на Балканот а и пошироко, кој што претставува вистински рај за сите љубители на природата и еколошката одговорност. Оваа туристичка атракција се наоѓа на планинскиот масив Јасен. Проектот нуди неверојатни можности за авантури, но во исто време ја чува и штити природата – информираше на социјалните мрежи градоначалникот на оваа општина Стефче Трпкоски.

Главниот фокус е зачувување на природата и одржување на еколошкиот баланс. Сите активности се спроведуваат со почитување на природните ресурси и животната средина. Планината е дом на голем број растителни и животински видови, кои се внимателно заштитени. Посетителите можат да уживаат во пешачење по еко-патеки, јавање, или планинарење, додека се восхитуваат на убавината на околината.

Сместувачките капацитети се комплетно македонско производство, монтажни, еколошки и одржливи, користејќи обновливи извори на енергија и рециклирани материјали. Тие се изградени во хармонија со природата, обезбедувајќи комфорен престој за гостите, без да го нарушуваат еколошкиот баланс.

Сите заинтересирани ќе можат да се приклучат на организирани тури водени од искусни водичи кои ве учат за локалната флора и фауна, историјата и културата на областа. Оваа туристичка атракција има за цел да ја поттикне свеста за зачувување и грижа за националниот парк и природата, додека нуди единствено искуство на своите посетители.

Прв случај на голема кашлица во Прилеп? Дијагностицирана кај 9-месечно бебе?

Маркукуле дознава дека е дијагностициран прв случај на голема кашлица – Пертусис кај 9-месечно бебе од прилепско, кое било хоспитализирано во детското одделение на прилепската болница “Борка Талески”.

Според нашите информации бебето е префрлено на понатамошно лекување во Институтот за белодробни заболувања во Козле, и засега не е познато во каква состојба се наоѓа.

За случајот се обидовме да добиеме одговор и од директорката на прилепската болница, Кети Смилеска, која ни кажа дека одделот за педијатрија за секој сомнителен пациент, испраќа примерок од земен брис до Центарот за јавно здравје во Битола, без притоа да ја потврди или негира информацијата.

Се обидовме да стапиме во контакт и со ЦЗЈ Битола, но на телефонските повици до нивниот телефонски број објавен на веб страната cjzbt.org.mk, никој не одговори.

Инаку, според најновите информации од Институтот за јавно здравје 5 до 11 април биле пријавени 44 случаи на голема кашлица, од кои најголем дел во Скопје.

Тоа според статистиката е намалување на бројот на случаи од 10 отсто во споредба со претходниот седумдневен период.

Според последниот извештајот на ИЈЗ, освен во Скопје, случаи беа регистирани и во Битола, Куманово, Кратово и во Крива Паланка. Возраста на заболените е од еден месец до 75 години. Најмногу случаи се во возрасната група од 10 до 14 години.