дома блог страница 745

Liquor Store e спасот од пеколните горештини во Прилеп! Посетете ги!

Лоцирана во дуќанот на домот “Спиро Забрчанец” Liquor Store Prilep , е прва премиум дестинација за секаков тип на пијалоци во Прилеп.

А кога велиме се’ и сешто, навистина мислиме така. Вo Liquor Store има 100 различни видови на пиво, буквално се’ од жестоки и безалкохолни пијалоци, а љубителите на квалитетни тутунски производи, тука можат да си набават кубански и италијански пури.

Секој кој ги посетил ќе ви каже дека Liquor Store e лекот за овие летни горештини. Ќе најдете се за сечиј џеб и убаво ќе се разладите.

Следете ги редовно на нивната ФЕЈСБУК ФАН СТРАНА, затоа што речиси секој ден имаат разни промоции и намаленија.

Maнифестација која прерасна во бренд на Прилеп: По 17-ти пат се одржа “Поетско Маркукуле” (ФОТО)

Во саботата, на 10. август, на летната сцена во Центарот за култура “Марко Цепенков”, се одржа 17-тата по ред поетска манифестација “Поетско Маркукуле”.

И оваа година манифестацијата предизвика огромен интерес кај поетите од Македонија и од странство. Оваа година беше промовиран и зборникот Поетско Маркукуле 2024, во кој со поезија се застапени околу 220 поети од десетина различни земји.

Настанот го проследија 160 присутни, од кои 25 гости од странство Така, така што Прилеп повторно беше центар за славење на поезијата и убавиот пишан збор, место кое ги сплоти поетите од десетина земји и од сите градови во Македонија, и повторно докажа дека оваа традиционална меѓународна поетска манифестација прерасна во препознатлив поетски бренд.

Покровители на проектот ПОЕТСКО МАРКУКУЛЕ 2024 се општина Прилеп и градоначалникот д-р Борче Јовчески, како и Министерството за култура на Република Македонија.

Клубот на литературни творци Прилеп, како организатор на овој настан, јавно им се заблагодарува на општествено одговорните институции и компании кои ја потпомогнаа реализацијата на овој настан: Прилепска пиварница, ПИ Витаминка-Прилеп, ДОО Магрони – Скопје и НУЦК “Марко Цепенков” – Прилеп!

Емотивна разделба на навичите од Абердин и Бојан Миовски: Нашиот голгетер поздравен со громогласни овации (ВИДЕО)

Фановите на Абердин се збогуваа со својот миленик – Бојан Миовски. Македонскиот репрезентативец во новата сезона ќе игра во дресот на Жирона. Тој во шпанскиот тим оди од таборот на Абердин во кој успеа да стане еден од лидерите и да ги освои срцата на фановите.

Навивачите на шкотскиот тим громогласно го поздравија нашиот репрезентативец, а тој не можеше да ги задржи солзите.

Од денеска вистински ПЕКОЛ! Владата донесе препораки, овие категории на граѓани да се ослободат од работа!

Поради најавениот интензитет и траење на топлониот бран, Владата ја информира јавноста дека покрај предвидените понеделник и вторник, истите мерки се однесуваат и на среда 14 август.

За овие три дена, од 12.08.2024 до 14.08.2024 година (понеделник, вторник и среда) важат истите дополнителни мерки за превенција, и тоа:

1. Oслободување од работни обврски за најралнивите групи на населениението: бремените жени и лица на возраст над 60 години. Во истиот период, работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

2. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

3. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

4. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомни лица.

Партнер на секој дом, за чистота и здравје! Посетете го “ХЕМИС” маркет во Прилеп, и пазарете хемиски производи по најниски цени! (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Хигиената е половина здравје, а во овие модерни времиња кога сме опкружени и постојано сме под закана од нови вируси и бактерии, за нашето и здравјето на нашите најмили треба постојано да бидеме подготвени.

А за да бидеме подготвени, треба редовно домот да го снабдиме со соодветни хемиски производи. За среќа сега има каде и тоа на едно место и по најниски цени.

На улица “Битолска” во Прилеп, на раскрсницата кај театарот, веднаш до свеќарот, се наоѓа “ХЕМИС” маркет, продавница каде ќе најдете буквално се’ од хемиски производи. Снабдени, преснабдени, подредено како во аптека, избор за секого и цени какви што нема никаде.

Веќе подолго време “ХЕМИС” маркет е главен партнер на голем број семејства во Прилеп, во борбата против разните бактерии, вируси, дамките и гарант на чистотата во домовите.

На нивните полици ќе пронајдете палети на производи од сите реномирани производители, ваше е само да одберете што најмногу ви одговара. A aко не ја следите нивната Фејсбук фан страна, време е тоа да го направите уште денеска, затоа што така ќе бидете во тек со сите акциски цени и намалувања, а верувајте ги има многу и тоа секој ден.

Покрај секакви хемиски производи, во “ХЕМИС” маркет ќе пронајдете голем избор на пластичарски и производи за домаќинство, козметички производи и најразлична галантерија за кујна и купатило.

Кој ги посетил знае дека заштедата е гарантирана, а домот секогаш ќе ви блеска од чистота. На сопствениците навистина треба да им се честита за напорот да понудат ваква опремена продавница, а притоа да водат грижа за сечиј семеен буџет.

Веќе утре, работната недела нека ви започне со пазарење на се’ што ви е потребно за летна генералка во домот или деловниот простор. Изберете го “ХЕМИС” маркет за ваш партнер! Ви гарантираме дека нема да зажалите!

Јокиќ качен на маса пееше! Србите медалот на Олимписките игри го прославија со “Македонско девојче” (ВИДЕО)

Неофицијалната химна на Македонија ечеше во Париз во изведба на српската кошаркарска репрезентација, за време на славјето за бронзата после големата победа над светскиот првак Германија.

Нашите соседи кошаркарскиот турнир го одиграа за злато и само малку среќа и трпение ги оддалечи од големото финале и триумф над фаворизираната репрезентација на САД.

Како и да е, екипата дружината на Јокиќ и Богдановиќ, по којзнае кој пат докажа дека и на овие простори има вистински спортски јунаци.

ЦУК: Бехтел Енка помогна да стопираме крак од голем шумски пожар

Моќен булдожер или багер може да заврши поголема работа и од хеликоптер, доколку условите на теренот дозволуваат негово движење за изработка на доволно широк противпожарен појас кој огнот не може да го помине.

Во борбата со огнената стихија која почнувајќи од минатиот месец ја зафати Македонија, за нас како држава секоја помош е добредојдена. Затоа го активиравме ЕУ механизмот за цивилна заштита, но истовремено континуирано баравме помош на локално и на централно ниво, од домашни и странски градежни компании кои располагаат со тешка градежна механизација.

На големо задоволство на Главниот штаб за управување со кризи, помош во градежна механизација ни понуди компанијата Бехтел ЕНКА, изведувач на проектот за автопатите Коридор 8 и Коридор 10д. На конструктивна средба помеѓу директорот на ЦУК Стојанче Ангелов со претставници на Бехтел ЕНКА беше договорена нивна брза реакција доколку за гаснење на некој пожар се појави потреба од нивната градежна механизација.

Во среда попладне (07.08.2024 г.) од Бехтел ЕНКА побаравме итно да помогнат со еден моќен багер за проширување на пристапниот пат и ископување широк противпожарен појас околу воен објект над густо населената област кај село Челопеци во општина Кичево, за да се спречи ширењето на големиот пожар на отворен простор. Набргу потоа багерот беше донесен на потребната локација, веднаш започна со работа и рекордно брзо го изработи потребниот појас.

Бехтел ЕНКА, исто така во четвртокот наутро (8 август 2024 г.) ја распореди својата опрема од трасата на Коридорот 8 во Делница 2, за да го ограничи и сузбие пожарот во непосредна близина на бачилото во села Бањица, општина Гостивар.

Голема благодарност до Бехтел ЕНКА за нивната отвореност за соработка како и брзата реакција со која беше спречено ширењето на овие застрашувачки пожари.

Ги повикуваме и останатите домашни и странски компании, доколку се во можност, со своите ресурси да помогнат во борбата против огнената стихија.

Центар за управување со кризи (ЦУК)

Го барале насекаде го нашле на “Пивофест”: Уапсен прилепчанец кој се барал со потерница

На 11.08.2024 година во 01.40 часот на раскрсница од ул.„Кеј 1-ви Мај“ со ул.„Орде Тутески“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Ф.З.(20) од Прилеп.

Истиот се барал по распишан централен распис од Полициска станица Аеродром Скопје за извршено кривично дело по чл.236 од Кривичен Закон – информираат од МВР.

Од понеделник портокалова фаза: Повторно температура над 40 степени

До крајот на денот сончево и топло со мала до умерена облачност, особено во источните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено долж Повардарието и во источните делови каде повремено ќе надминува 50 км/час.

Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 39 степени.УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје сончево и топло со мала облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Температура ќе биде до 36 степени.

За следните денови синоптичарите најавуваат сончево и многу топло, особено во почетокот на следната седмица кога на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури. Максималната температура наместа ќе надминува 40 степени.
Од среда попладне, а особено во четврток ќе се зголемуваат условите за појава на пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме.