дома блог страница 744

Приведен жител од прилепско – се сомничи дека предизвикал пожар

На 12.08.2024 во 21.00 часот во с.Канатларци, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Х.М.(29) од с.Канатларци поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување шумски пожар“ по член 227 од Кривичниот законик.

Тој се сомничи дека околу 19.00 часот кај место викано „Корија“ во атар на с.Канатларци предизвикал пожар во кој горела сува трева. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема.

Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

(ВИДЕО) “ДОМА Е НАЈУБАВО” – По пречекот од над 70.000 луѓе, Ноле испрати емотивна порака

Србија синоќа им приреди спектакуларен дочек на освојувачите на медали од Олимписките игри во Париз.

Проценките се дека спортистите ги дочекаа над 70.000 луѓе кои ги поздравија своите херои. Атмосферата особено се загреа кога на терасата се појави најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ.

Ноле, кој конечно стигна до посакуваното злато на Олимписки игри и тоа беше единствениот медал кој недостасуваше во неговата витрина, доцна синоќа на Инстаграм напиша:

“Дома е најубаво”

Николоски: До крај на годината ќе се вози по новиот експресен пат Градско – Дреново (ВИДЕО)

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, на својот фејсбук профил објави видео од изградбата на експресниот пат Градско – Дреново и најави завршување на истиот до крај на оваа година.

Во продолжение објавата и видеото од експресниот пат:

-Добро утро со ова видео од патот Градско Дреново.

Воведуваме нова динамика во работењето!

Со добра работа и организација до Нова Година ќе може да се вози по овој експресен пат што ќе го скрати патувањето од Битола и Прилеп до Скопје, Гевгелија и Солун, пишува Николоски во својата објава.

ВИКЕНДОВ ПРИЛЕП СЛАВИ 100 ГОДИНИ „СКОПСКО“! Oдлична музичка програма, за два дена незаборавна забава!

„СКОПСКО“ ја лансираше новата кампања со која почнува прославувањето на 100-годишнината од постоењето на нашето најпознато пивско име.
Во 1924 година во „Пивара Скопје“ се точи првото пиво „СКОПСКО“.

Големината на „СКОПСКО“ се должи на сите тие што цели 100 години генерациски го пренесуваат неговиот дух . На пиварците што се грижат за неговиот беспрекорен квалитет, на спортистите, чиишто успеси се слават со „СКОПСКО“, на музичарите на чиишто концерти „СКОПСКО“ е најредовен гостин, на диџеите, актерите, водителите, другарите, странците, бабите, дедовците, старите, младите… на сите луѓе, кои со секоја испиена голтка „СКОПСКО“, со пивото создаваат нераскинлива врска, цел еден век!

Досега стотка со СКОПСКО прославија Струмица, Куманово и Охрид, а забавата викендов се сели во Прилеп. Од Скопска пиварница закажуваат супер забава во центарот на градот под Марковите Кули, и тоа два дена, петок и сабота (16.и 17. август), со почеток од 19 часот.

Ќе наздравиме за еден век постоење на СКОПСКО заедно со:

-петок (16.08) – DJ ЈОVAN, ТHE HOUNDS и ЉУБОЈНА
-сабота(17.08) – DJ MARTIN KAY, SHINE и НЕКСТ ТАЈМ

Дојдете да се забавуваме со прекрасна македонска музика!

Бидејќи секој од нас има приказна со „СКОПСКО“ вредна за споделување!

За наредните 100!

100 години „СКОПСКО“ и сè е можно!

Спасен убавиот пелагониски манастир: Ова се луѓето кои ја добија битката со огнените јазици (ФОТО/ВИДЕО)

Во справувањето со пожарите во Општина Новаци, синоќа најдраматична беше ситуацијата околу селото Паралово и преубавиот манастир Св. Ѓорѓи.

Се бараше помош од сите страни, потребни беа багери, механизација и што повеќе доброволци.

Конечно попладнево одекна информацијата дека светилиштето е спасено, а во локализирањето на пожарот учество зеле и доброволците од противпожарното друштво “Архангел”.

-Манастирот Св. ЃОРЃИЈА ПАРАЛОВО е спасен со појас од багер од РЕК управуван од Пеце Јанкуловски и контра оган под водтство на Ченто, Роберто Мапек и Александар и останатите ние од ДПД АРХАНГЕЛ. Селото ПАРАЛОВО е спасено од Пожарникарите на станицата Тппе Битола од Битола мештаните фам. Угревски, фам. Митровски фам.Гелевски, фам Миленковски и останатите да не ми замерат ако не ги спомнав.
СЛАВА НА БОГА ЗА ВЕТЕРОТ КОЈ ПРАТЕШЕ НА ВИСТИНСКИ ПРАВЕЦ ПО МОЛИТВИТЕ НА МАЈКАТА БОЖЈА, СВ. ЃОРГИЈА И СИТЕ КОИ СЕ МОЛЕВТЕ И БЕВТЕ СО НАС ВО МИСЛИТE
– напиша на ФБ еден од доброволците во гасењето на пожарот, Игор Петковски.

Прилепчанецот Мартин Јованоски го освои златото на Светскиот куп во параглајдерство во Турција

Еден од нашите најдобри параглајдеристи, прилепчанецот Мартин Јованоски, го освои првото место на Светскиот куп во параглајдерство кој се одржа во Турција.

Јованоски до првото место стигна после 7 исцрпни натпреварувачки денови и летање и по над 100км.

Светскиот куп во Турција е еден од петте вакви купови кои ќе се одржат до крајот на 2024 година, а на истите се собира светската елита во овој спорт.

Нашиот прилепчанец по којзнае кој пат докажа дека е спортист од светска класа и е единствениот параглајдерист кој победил на вакви купови во двете дисциплини, прецизно слетување и прелети.

Драма во затворот Идризово: Затвореник од Битола проголтал пакување со прашкаста материја

-На 11.08.2024 околу 20.00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека осуденикот М.С.(40) од Битола проголтал пакување со прашкаста материја и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје за укажување помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од МВР.

(Фото галерија) Настан кој зрачеше со љубов и топлина! Во Крушево по четврт пат се одржа литија со светите мошти на Св. Климент Охридски

Kaко и изминатите три години, и оваа година свештенството од храмот Св. Никола во Крушево, низ улиците на Крушево, одржа литија со светите мошти на патронот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Св. Климент Охридски.

На Литијата и претходеше света богослужба во црковниот храм Св. Никола, а потоа голем број крушевчани, меѓу кои и голем број млади, поминаа низ крушевските улици, а глетката беше величенствена.

Голем број верници учествуваа во литијата и се поклонија пред моштите на светиот Климент Охридски. На Литијата чиноначалствуваше Епископот делчевско – каменички г. Марко во сослужение на Митрополитот крушевски и демирхисарски г. Јован, а предавање одржа отец Предраг Поповиќ на тема “Смирението и моќта”.

Еден прекрасен настан кој како и изминатите години зрачеше со љубов, радост и топлина.

default
default
default

Ново поевтинување на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85 % во однос на одлуката од 05.8.2024 година.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,688 ден/кг и сега ќе изнесува 44,748 ден/кг.

Од 13.8.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 44,748 (денари/килограм)

Уште еден арамија фатен во Прилеп

На 11.08.2024 во 14.25 часот на улица „Александар Македонски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Е.Р.(31) од с.Ивањевци, општина Могила, поради сомнение дека во авто плац во Прилеп извршил кривично дело „кражба“, при што одзел повеќе предмети.

Кај него биле пронајдени одземените предмети и ќе бидат вратени на сопственикот. По целосно расчистување и документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.