дома блог страница 74

61-годишен прилепчанец возел со 1,65 промили алкохол во крвта – Ќе одговара кривично!

На 25.06.2026 во 00:10 часот на ул. „Сотка Ѓорѓиоски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода И.П.(61) од Прилеп.

При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.П., при што било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,65 промили алкохол во крвта.

По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава, информираат од СВР – Битола.

Стефковски: Настава без мобилни во Гази Баба за поголемо внимание и знаење

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, на Фејсбук објави дека општината започнала со настава без мобилни телефони за повеќе внимание и знаење.

-Нашата цел е училиштето да биде место каде што учениците ќе бидат целосно посветени на знаењето, наставата и својот личен развој.

Токму затоа, во сите општински основни училишта на територијата на општина Гази Баба успешно се реализира наставата без користење на мобилни телефони за време на часовите.

Во секоја училница се поставени специјално изработени џебови, а дел од училиштата располагаат и со специјализирани шкафови за безбедно оставање на мобилните телефони

На почетокот на секој наставен час, секој ученик го остава својот мобилен телефон во џебот означен со неговиот број од дневникот, а по завршувањето на наставата го презема назад.

На крајот од учебната година веќе јасно се гледа дека оваа мерка дава одлични резултати. Учениците се многу поконцентрирани, поактивни на часовите, повеќе комуницираат меѓусебно и покажуваат поголема посветеност кон учењето.

Продолжуваме да вложуваме во квалитетно образование, затоа што секоја инвестиција во знаењето е инвестиција во иднината на нашите деца.

Гази Баба останува општина која создава најдобри услови за раст, развој и успех на секој ученик, напиша градоначалникот.

БРАВО! Тоа што се чекаше 10 години, дечкиве го направија за 10 часа (ФОТО)

Иницијативата која што ја започна “МОЈ ПРИЛЕП” за промена на состојбите во градот, наиде на голема поддршка кај прилепчани, и кај младите, но и кај постарите.

На повикот да се помогне околу уредување на некогаш култното игралиште кај интернатот, се јавија десетици доброволци, па сега игралиштето одново изгледа уредно и чисто.

Нов изглед доби и кошот за баскет, култниот кош кој пред повеќе од една деценија собираше млади луѓе од целиот град, се чекаше ред за да се одигра термин…. едни убави времиња кога Прилеп вриеше од млади луѓе.

Наша цел во периодот кој следи е целосно афирмирање на активностите на овие млади луѓе и максимална поддршка на нивниот ентузијазам да ги засукаат ракавите и да ги променат сами работите.

Дечки капа долу, а сите вие кои сакате да се вклучите и да помогнете, следете го МОЈ ПРИЛЕП и навреме информирајте се за следните работни акции.

КМФ Победа реагира по одлуката за распределба на средства од Општина Прилеп: „Спортот не смее да биде жртва на селективни одлуки“

Клубот за мал фудбал „Победа“ излезе со јавна реакција по објавените резултати од Јавниот повик за финансирање на спортски клубови и здруженија од страна на Општина Прилеп, откако нивното барање за финансиска поддршка било одбиено од Комисијата за финансирање и буџет.

Од клубот велат дека образложението за одбивањето било дека доставената документација била некомплетна, но изразуваат несогласување со ваквата одлука, посочувајќи дека истата документација во претходните години била прифаќана и врз нејзина основа клубот добивал средства.

Во продолжение следува интегралната реакција на КМФ Победа:

„Со жалење ја информираме јавноста дека барањето на нашиот клуб по Јавниот повик за финансирање на спортски клубови и здруженија беше одбиено од страна на Комисијата за финансирање и буџет при Општина Прилеп.

Образложението што беше објавено е дека документацијата била некомплетна. Сепак, останува нејасно како документација која во претходните години била прифатена и врз основа на која на клубот му биле доделувани средства, сега одеднаш претставува причина за одбивање. Дополнително, истата документација е во меѓувреме и дополнета.

Ова остава сериозен сомнеж дека критериумите не се применуваат еднакво за сите учесници на повикот. Како клуб, не можеме да се ослободиме од впечатокот дека одлуката е мотивирана од причини кои не се поврзани со спортот и јавниот интерес, туку со лични и политички несогласувања, насочени кон нашиот претседател Никола Трајкоски.

Особено загрижува фактот што Комисијата, која треба независно и професионално да одлучува, донесе одлука која, според нас, е на штета на спортот во Прилеп.

Со оваа одлука не е оштетен само нашиот клуб. Оштетен е футсалот во Прилеп, но и целиот Пелагониски регион. Во нашиот клуб настапуваа играчи од повеќе општини, а бројни млади и искусни футсалери конечно добија можност да играат за својот град. Денес, поради оваа одлука, Прилеп повторно останува без футсал клуб, а играчите ќе бидат принудени да ја продолжат својата кариера во други градови.

Сметаме дека спортот не смее да биде жртва на селективни одлуки и различни аршини. Институциите имаат обврска да постапуваат транспарентно, еднакво и исклучиво во интерес на спортот и граѓаните.

Затоа бараме јавно и детално образложение за критериумите по кои е донесена оваа одлука, како и еднаков третман за сите спортски клубови.

Со оваа одлука, градоначалникот Дејан Проданоски и мнозинството кое го поддржува во Комисијата, според нас, го покажаа своето вистинско лице. Наместо да бидат партнери на спортот и младите, избраа одлука која го остава Прилеп без футсал клуб и им ја одзема можноста на многу спортисти да настапуваат за својот град. Наместо да застанат зад спортот, младите и интересот на граѓаните, тие избраа политика на селективност и поделби.

Можеби успеаја да го згаснат нашиот клуб на момент, но нема да ја згаснат љубовта кон футсалот, ниту желбата на младите прилепчани да го претставуваат својот град.

Ова не е крај на нашата борба – ова е почеток. Ќе продолжиме да се бориме за правда, за еднаков третман и за враќање на футсалот таму каде што му е местото на Прилеп.

Ќе продолжиме со сите законски и институционални средства да се бориме за вистината, за достоинството на нашиот клуб и за иднината на футсалот во Прилеп.

Историјата ќе покаже кој работел за развојот на спортот, а кој придонел за неговото назадување.

Спортот заслужува поддршка, а не селективност.“

https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=1241016485755415&id=100095412256297&rdid=cN8BMIFXXP2Hp0h5#

Скандал со прилепски делегат во РФМ, ни во Северна Кореја го нема ова

Бизарно, за даден предлог на Собрание на контолори и делегати, дисциплинската комисија при РФМ изрече казна: ЗАБРАНА за работа во ракометот во наредните 2 години на прилепскиот спортски работник, Рубинчо Седлоски.

Седлоски на предлогот од комесарот на лигата Мајнов, добронамерно го дополнил со идејата: “Да немаат право вработени во федерација да бидат службени лица, затоа што можат директно да влијаат на регуларноста на лигите”, зборови во кои дисциплинската комисија виде навреда и му изрече монструозна казна.

Со ова се оневозможува на Собранието да има конструктивни дискусии и предлози.

За овој преседан ќе бидат известени сите ракомерни тела во Македонија, но и во EHF.

ПРАВДАТА МОРА ДА БИДЕ ЗАДОВОЛЕНА!

Владиката Петар ќе чиноначалствува со Светата Архиерејска Литургија во недела во црквата Св. Петка во Прилеп

Храмот Св. Петка во населбата Точила во Прилеп, ги известува верниците дека во Четвртата недела по Педесетница, на 28 јуни, храмот ќе има особена чест и радост да го пречека својот духовен отец и архипастир, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, кој ќе чиноначалствува со Светата Архиерејска Литургија.

-Присусвтото на нашиот владика меѓу нас е секогаш благослов и потсетник дека Црквата е едно живо тело, собрано околу Христа и предводено од своите пастири. Затоа, ве покануваме сите заедно да се собереме во молитва, да го примиме архипастирскиот благослов и да го посведочиме единството на нашата црковна заедница. Нека ова неделно литургиско собрание биде можност за духовно укрепување, за заедничка молитва и за средба со Господа во Светата Евхаристија. Добредојдени сте сите во нашиот храм – стои во соопштението од храмот.

⛪ Храм „Св. Петка“ – Прилеп
📅 Недела, 28 јуни 2026 година
🕘 Света Архиерејска Литургија – 08:00 часот

Oткриен криминал во Тутунскиот Комбинат во Прилеп: Финансов директор плаќал фиктивни фактури од специјална сметка

Кривична пријава за продолжено кривично дело во врска со „злоупотреба на службена положба“, „фалсификување службена исправа“ и „фалсификување или уништување деловни книги“

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Г.К. (46) и Л.К. (54), двајцата од Прилеп за сторено продолжено кривично дело во врска со кривичните дела „злоупотреба на службената положба и овластувања“, „фалсификување службена исправа“ и „фалсификување или уништување деловни книги“ и правно лице од Прилеп за продолжено кривично дело во врска со „фалсификување или уништување деловни книги“.

Првопријавениот во својство на финансов директор во АД „Тутунски комбинат Прилеп“ – акционерско друштво со доминантен државен капитал, искористувајќи ја својата службена положба и овластувањето, со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за второпријавениот и правното лице на кое второпријавениот е управител, во периодот од 2021 до крајот на 2024 година во договор со второпријавениот, вршел прием на невистинити фактури/испратници од правното лице од Прилеп – изготвени и заверени со печат на друштвото од страна на второпријавениот, за наводно извршени услуги – без потпис за прием на извршената услуга од страна на вработени од АД „Тутунски комбинат Прилеп“, ги задолжувал вработените во сметководство да ги евидентираат како обврски во книговодствената евиденција на АД „Тутунски комбинат Прилеп“, по што ги повлекувал од книговодството на друштвото и ги одобрувал за исплата, без притоа наведените услуги да бидат извршени ниту пак потребата од истите да биде евидентирана во интерниот систем на нарачки на АД „Тутунски комбинат Прилеп“.

Дополнително, во периодот од 31.05.2023 првопријавениот ја вршел исплатата на спорните фактури преку сметка на друштвото на која тој бил единствен потписник, а која сметка и начин на исплата со единечен потписник согласно статутот на друштвото било предвидено за интервентни ситуации.

На ваков начин противправно исплатил парични средства во вкупен износ од 1.439.573 денари во корист на правното лице од Прилеп – од кои само преку сметката каде бил назначен за единствен потписник од 31.05.2023 по основ на спорните фактури извршил исплата во вкупен износ од 874.540 денари.

Цела Пелагонија ќе биде на едно место! На Иванден во преубавиот манастир Св. Јован Крстител во село Беранци

Беранци е поголемо село сместено помеѓу планинската падина на Древеник на запад и рамнината Пелагонија на исток. Околни села се: Долно Српци, Вашарејца и Могила.

Беранци е македонско село, а за тие што не знаат, над селото се наоѓа преубавиот манастир Свети Јован Крстител, или познат како Беранечки манастир. Манастирската црква, која е осветена на 2 август 1879 година, е прекрасно светилиште кое во изминатите години собира голем број верници и гости, а еден од деновите кога тука е највесело, е празникот кога слави раѓањето на Свети Јован Претеча и Крстител Господов – Иванден.

И оваа година портите на храмот ќе бидат отворени за сите верници и добронамерници. По повод празникот на 06.07.2026 ќе се одржи вечерната служба, а после службата гостите ќе ги забавува Музичката група “ОСКАР”.

На 07.07. на сам ден Иванден, по утринската богослужба ќе следува уште едно дружење со овие музички имиња и секако посен празничен ручек.

Од црковниот одбор упатуваат покана до сите кои сакаат да го посетат прекрасниот манастир да дојдат за Иванден, да запалат свеќа и да се помолат за своето и здравјето на своите најблиски.

Eве како беше минатата година, кога пред илјадниците посетители настапи естрадниот уметник, Благоја Грујовски.

Настан кој ќе ги обедини хуморот, сатирата, народната мудрост и фолклорот: Наскоро прв Меѓународен Фолклорен Фестивал „Итар Пејо“ во Прилеп

Прилеп добива нова културна приказна, ќе се одржи првиот Меѓународен „Итар Пејо Фестивал“, настан кој ќе ги обедини хуморот, сатирата, народната мудрост, фолклорот и препознатливиот дух на градот под Марковите Кули.

-Инспириран од најпознатиот македонски шегобиец и симбол на снаодливоста и мудроста – Итар Пејо, фестивалот ќе има за цел да ја оживее традицијата, но и да донесе нова енергија, смеа и дружење за сите генерации, стои во најавата на социјалните мрежи.

Со многу содржини, интересна програма и изненадувања, Прилеп наскоро ќе стане место каде што итрината, добриот хумор и македонскиот дух ќе бидат главни ѕвезди.

Следете ја Фејсбук страната Меѓународен Фолклорен Фестивал „Итар Пејо“

Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес на седницата во Собранието, одговарајќи на пратеничкото прашање на претседателот на опозицијата Венко Филипче му порача дека причината поради која граѓаните планираат да ја напуштат Македонија, не е недостаток на перспектива, туку недоверба во правдата и институциите, бидејќи како што рече го гледаат токму Филипче и поранешните функционери од СДСМ како уживаат на Харис Џиновиќ во Дубаи и на јахти, наместо да се најдат позади решетки и да одговараат.

„Велите секој трет човек планира да ја напушти Македонија, но знаете ли зошто? Затоа што ве гледаат вас во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ, а не сте во затвор. Затоа што гледаат таму како уживаат поранешни функционери на јахти, а не се во затвор и да дадат одговор зошто се таму. Е затоа се разочарани луѓето кога ќе ве видат како се смеете позади решетки, тогаш ќе бидат среќни и задоволни затоа што правдата дошла“, рече Мицкоски и додаде:

„И последно тука ќе завршам. Јас признавам дека сум виновен, тоа што поминаа две години, а вие уште уживате на јахтите во Паљури, наместо на друго место. Признавам дека сум виновен. Но, исто така ве гледам во очи и ви ветувам дека нема повеќе да ги разочаруваме македонските граѓани како поранешни функционери уживаат на јахти и во мелосот на Харис Џиновиќ. Ете тоа е желбата на народот“.