дома блог страница 75

За краток одмор и долги спомени – Аванс до плата

PR објава

Плановите за викенд најчесто почнуваат со едно „Ајде да одиме!“

Еден телефонски повик од пријателите. Сончев викенд што не бил во прогнозата. Понуда за сместување што изгледа предобро за да се пропушти. А потоа следува реалноста: резервации, гориво, ручеци, кафе покрај езеро, некој непланиран шопинг… и уште неколку трошоци што не биле во план.

Но, добрите моменти не треба да чекаат следна плата.

Со Аванс до плата од Минт Кредит (ФД Минт СН), можеш да ги реализираш плановите кога ти одговара тебе, а не кога ќе покаже календарот.

✔ До 40.000 денари
✔ 0% камата
✔ 0% трошоци
Брзаиедноставнаапликација

Затоа што летото не трае вечно, викендите поминуваат брзо, а најубавите спомени најчесто се создаваат спонтано.

Не ги одложувај малите бегства, семејните прошетки или викенд авантурите што те полнат со енергија.

Аплицирај денес за дополнителни финансиска поддршка кога ти е најпотребна.За повеќе информации за Аванс до плата, јавете се на 15 007 или посетете ја нашата веб-страна.

Аванс до плата – кога летните планови не треба да чекаат.

*Оваа понуда важи за првиот земен кредит од ваков тип.

Oдлична програма со македонски изведувачи, три дена забава – Вечерва започнува Ohrid Wine Festival Vol. 5

Вечерва на Кеј Македонија во Охрид започнува Ohrid Wine Festival Vol. 5, тридневен настан кој од 25 до 27 јуни ќе ги обедини македонските вина, домашната музичка програма, гастро понудата и летната атмосфера покрај езерото. Фестивалското дружење започнува во 19:00 часот, додека музичките настапи стартуваат еден час подоцна.

Првата фестивалска вечер носи настапи на Група Сарај, Дани Димитровска и Меморија, со програма наменета за различни генерации и публика која сака музика, дружење и вечерно излегување во Охрид.

Во текот на трите вечери, посетителите ќе имаат можност да дегустираат исклучиво македонски вина од домашни винарии и производители. Со тоа, фестивалот го става во фокус домашното винско производство и создава простор за промоција на македонскиот квалитет пред охриѓани, туристите и посетителите кои во овој период престојуваат во градот.

Програмата продолжува на 26 јуни со Брос Марама, Ѓоко Ѓорчев со Кате Танева, Куку Леле и Пауза за ракија. На 27 јуни, завршната вечер ќе настапат Солзи и Смеа, DJ Fic, Битолски камерен оркестар и Суперхикс.

Ohrid Wine Festival Vol. 5 ќе се одржува на Кеј Македонија, каде што посетителите во следните три вечери ќе можат да уживаат во вино, музика, храна и дружење во отворен летен амбиент покрај езерото.

Организаторите упатуваат покана до охриѓани, туристите, посетителите и сите љубители на виното, музиката и летната атмосфера да бидат дел од фестивалот кој вечерва започнува во Охрид.

Мицкоски: Со Чебрен и Галиште драматично ќе се зајакне стратешката позиција на државата, не само за електрична енергија, туку и акумулација за вода и туристички

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, истакна дека со проектот Чебрен и Галиште драматично ќе се зајакне стратешката позиција на државата, односно дека проектот стратешки може да ја зајакне позицијата на државата која за жал не излегува на море и тој ќе биде таа предност која ја имаме, имајќи ги предвид климатските промени, потребата за вода, но и туризмот и производството на електрична енергија.

„Јас сум убеден дека овој проект Чебрен и Галиште има стратешко значење, не само заради производство на електрична енергија, туку и за други намени. Да споменам дека во април месец оваа година, за прв пат после не знам колку време, производството на електрична енергија покрива 88,8% од вкупниот конзум кај нас, значи ние се приближуваме веќе до целосно да можеме да го покриваме она кое што го трошиме од аспект на електрична енергија, а рековме цел на оваа влада е во мандатот да имаме година кога ќе бидеме нето извозник, на крај на годината кога ќе се сумираат билансите, тоа што сме го произвеле и тоа што сме го консумирале и тоа што сме го извезле да биде споредливо, односно да извезуваме електрична енергија, тоа беше целта како влада и ценам дека тоа го правиме“, посочи премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски воедно додаде дека состојбата во ЕЛЕМ е консолидирана од 7-8% акумулации и минус 150 милиони евра сега ќе оди во плус десетина и околу 80% состојба на акумулации и тоа во ек на сезона на наводнување, што значи се работи посветено, а на тоа се додава и фактот дека следната година ќе заврши гасниот интерконектор со Грција, објавен е тендерот за интерконекторот со Србија, пуштен е продуктиводот од солунското пристаниште со ОКТА, а ги заживуваат Штип-Велес гасоводот, гасоводот до Кичево, отсечката за влез до Косово, и го рестартиравме далноводот со Албанија, за да буквално бидеме раскрсница на Балканот.

„Кога ќе се анализира целокупната слика дојдовме до една фаза кога можеме да бидеме горди на тоа што го правиме. Она кое што за нас преставува вистински предизвик и се спремаме, тоа е проектот Чебрен и Галиште и тука имаме два концепти кои се спротивставени од правна гледна точка инаку во суштина не се, тоа е првиот да ние направиме синдикат на заемодаватели, меѓународни финансиски институции кои ќе обезбедат пари со доволен грејс период додека трае градбата, и потоа во одреден период да почнеме со поврат, односно АД ЕСМ. И вториот концепт е да одиме со јавно приватно партнерство. Лично и како човек од фелата и универзитетски професор, а сега и претседател на македонската Влада, ценам дека за првиот концепт треба да ги исцрпиме сите можности за да го реализираме, имајќи ги предвид климатските промени ценам дека не само на нас како држава и на регионот ни се потребни два вакви сериозни проекти кои ќе обезбедат дополнителни количини на вода, не само за производство на електрична енергија, туку и за наводнување да речеме на Тиквешко Поле. Ценам дека еден ваков проект повеќенаменски може да допринесе многу, трето да го заживее тој крај, Мариово, може да се развива како туристички центар. Така што овој проект Чебрен и Галиште треба да се гледа како стратешки проект, а не како проект за енергетика и производство на електрична енергија, тоа е така се сложувам ќе биде драјвер на економијата, допринесе во БДП, една милијарда и 300 милиони до 500 милиони отприлика очекуваме да чини, ќе го подобри капацитетот на електроенергетскиот систем“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Во однос на чекорите за реализација, премиерот Мицкоски на крај појасни дека се развива концептот, да се ажурираат физибилити студиите во една, како и тоа дека веќе сме во сериозни разговори и АД ЕСМ и ние како влада со потенцијални големи светски финансиски институции, од типот на Светска Банка, Европска инвестициска банка коишто би требало да направат своевиден синдикат, да обезбедат буџет и на тој начин сето тоа ние да го развиваме.

Им здодеа купишта ѓубре да им мириса под тераси: Станарите кај Касарните во Прилеп сами направија еколошко катче (ФОТО)

На станарите од зградите на улица „Васко Карангелески“ бр. 125, кај Касарните во Прилеп, им дојде преку глава секојдневно да гледаат купишта отпад и да го чувствуваат непријатниот мирис кој доаѓаше од импровизираниот пункт за фрлање ѓубре.

Наместо само да се жалат, тие одлучија да преземат иницијатива и сами да го разубават просторот пред своите згради.

Со добра организација, волја и малку креативност, за помалку од една седмица никна вистинско еколошко острово – уреден простор со наменски поставени контејнери, кој освен што ќе овозможи полесно собирање на отпадот, ќе придонесе и за почиста и поуредна околина.

Станарите беа информирани од КОМУНАЛЕЦ дека отпадот повеќе нема да се остава на стариот пункт кај мостот, кој со години беше претворен во дива депонија и место каде несовесни граѓани оставаа секаков вид отпад, а комуналците не успеваа да се справат.

За жителите од овие згради се обезбедени посебни контејнери за мешан комунален отпад, како и за селекција на отпад.

Секоја чест за станарите кои покажаа дека промените понекогаш почнуваат од самите нас.

Неофицијално: Борко заминува од фотелјата, ќе останат лажните ветувања за салите во Прилеп?!

Ќе има ротација на ресори во Владата меѓу коалициските партнери, а нови имиња се очекува да има барем во седум или осум министерства – пишува “ФОКУС”.

Извори за “ФОКУС” од владеачката партија информираат дека меѓу партнерите постои начелен договор околу распределбата на министерските ресори во рамки на најавената реконструкција на Владата.

Според овие информации, ВЛЕН треба да ги отстапи ресорите Здравство и Социјална политика, демографија и млади, а за возврат од ВМРО-ДПМНЕ да ги преземе Министерството за култура и туризам, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, како и ресорот спорт.

Доколку договорот биде потврден во финалната верзија за реконструкцијата, тоа би значело дека албанскиот партнер во власта би имал еден ресор повеќе во новата распределба.

Според истите извори, од министерските позиции би заминале Зоран Љутков, Борко Ристовски, Иван Стоиљковиќ, како и Фатмир Лимани, за кого веќе подолг период се шпекулираше дека нема да биде дел од новиот состав на Владата.

Интересно е што меѓу имињата на министрите кои НЕОФИЦИЈАЛНО ја напуштаат Владата е и поранешниот репрезентативец и легендарна ракометна икона, Борко Ристоски, човекот во кој особено Прилеп имаше големи надежи и очекувања.

Имено по неговото назначување на министерската позиција во новоформираното министерство, меѓу првите посети на Ристовски беше Прилеп, каде вети за најбрзо време враќање во функција на Универзалната сала, спортскиот храм на прилепчани кој со години не работи.

Оттогаш поминаа две години, а Универзална продолжува да скапува, спортските клубови во Прилеп играат во училишни сали кои не исполнуваат услови за меѓународни натпревари, ниту пак имаат капацитет да ги соберат сите заинтересирани кои сакаат да проследат спортски натпревар.

Ветувањето беше Универзална од ПУИГ да дојде во владение на Министерството за спорт, а потоа да се даде на користење на компанијата „Комфи Ангел“. При посетата на Прилеп на 05.03.2025, Ристовски даде ветување и за сала “Македонија”, за која вети раскинување на договорот за концесија и реконструирање, а вети и дека Министерството ќе го земе под свое стопанисување и комплексот “Маркови Кули” или Градски базен, и ќе бара начин преку јавно-приватно партнерство да го даде на инвеститор.

Дали доколку и официјално Ристовски ја напушти министерската функција, и ветувањата за спортската инфраструктура во Прилеп ќе се заборават…. останува да видеме во периодот кој претстои….

Кавадарци се подготвува за најголемата винска приказна: Познати музичките имиња кои ќе настапат на „Тиквешки гроздобер 2026“

Кавадарци и годинава ќе биде центарот на винската традиција, музиката и забавата. Советот на Општина Кавадарци на својата 11-та седница ја усвои официјалната програма за „Тиквешки гроздобер 2026“ – манифестацијата која со години го претставува најзначајниот симбол на лозарството и винарството во овој регион.

Фестивалот ќе се одржи од 4 до 6 септември, а организаторите најавуваат богата тридневна програма која ќе ги спои традицијата, културата, винските обичаи и атрактивните музички настапи. Со ова издание, „Тиквешки гроздобер“ повторно ја потврдува својата позиција како една од најпосетените општински манифестации во Македонија.

За подготовката и реализацијата на културно-забавниот дел од програмата задолжена ќе биде компанијата „Иноватива груп“ ДОО Скопје, додека главните концертни случувања ќе се одвиваат на Градскиот плоштад во Кавадарци.

Фестивалската атмосфера ќе започне во петок, 4 септември, со вечер посветена на помладата публика и современите музички звуци. На сцената ќе настапи македонскиот состав Зи Бомб, потоа следува настапот на регионалната трап ѕвезда Де Вито, а вечерта ќе заврши со музички сет на DJ Галовски.

Сабота, 5 септември, ќе донесе комбинација од поп, рок и добро познати хитови. Публиката ќе има можност да ги слушне настапите на Дупер и Нокаут, а специјален гостин и главна ѕвезда на вечерта ќе биде легендарниот Жељко Самарџиќ.

Последната фестивалска вечер, недела (6 септември), ќе биде резервирана за големо финале. Пред кавадарчани и гостите ќе настапат младата музичка ѕвезда Џејла Рамовиќ и популарниот Пеџа Јовановиќ, а по завршувањето на концертната програма, точно во 01:00 часот, фестивалот ќе биде заокружен со спектакуларен огномет.

Покрај вечерните концерти, посетителите ќе имаат можност да уживаат и во низа дневни активности кои ја слават традицијата на Тиквешијата. Централниот настан – традиционалниот карневал, ќе се одржи во сабота, додека недела ќе биде посветена на најмладите со Детското карневалско дефиле, проследено со музичка програма со DJ Bono.

Градскиот плоштад ќе биде претворен во вистинска винска зона, со уредени простори за презентација и дегустација на познатите тиквешки вина, ракија, маџун и традиционални специјалитети. Во духот на народното творештво ќе биде збогатено и Полициското паркче.

Програмата опфаќа и спортски, културни и забавни содржини – кошаркарскиот турнир „Сестри Китеви“ во спортскиот центар „Јасмин“, мото-рели низ градските улици, изложба на олдтајмери на улицата „Илинденска“, како и традиционалната таблијада.

Посебна атмосфера ќе има и во Паркот на револуцијата, каде во текот на трите фестивалски денови ќе се слуша староградска музика, а посетителите ќе можат да уживаат во традиционална скара.

Со новото издание на „Тиквешки гроздобер“, Кавадарци повторно ќе ги отвори вратите за гости од целата држава и регионот, продолжувајќи ја приказната за градот како вистинска винска престолнина на Македонија.

Kрикот на прилепските пазарџии: “Аман решете ги дивите продавачи, станавме како најголемо село во Македонија”

Закупниците на тезги во градскиот пазар во Прилеп, со години реагираат на неажурноста на надлежните во справување со дивите продавачи кои како печурки никнуваат низ целиот град, претставуваат нелојална конкуренција, не плаќаат давачки и често го загрозуваат сообраќајот и узурпираат просторот наменет за паркинг.

Особено просторот околу катната гаража во центарот на градот, е постојано узурпиран од вакви продавачи, и тоа на простор кој е наменет за паркинг на возила. Сето тоа предизвикува гужви, нервози и недостиг на паркинг места.

Еве што на добронамерен начин вели еден наш сограѓанин и долгогодишен закупец на тезга во градскиот пазар:

-Прашање до надлежните институции за отстранување на дивите продавачи кои се лоцирани околу катната гаража и на просторот кој е наменет за паркинг, а не за продажба, и на кој простор со закон е забрането да се продава, освен на определено место за тоа, што во овој случај е пазарот, во кој има еден куп тезги и со кој стопанисува ЈКП ПАЗАРИ, а не презема воопшто мерки за внесување на сите ко печурки никнати диви продавачи низ цел град.

Дали некој навистина ќе се заземе и ќе го реши овај долгогодишен проблем, кој воедно го грди лицето на градот во централно градско подрачје, посебно заради ионака малиот број на паркинг места, кои се баш за таа намена, а не за продажба на се’ и сешто, а воедно и да ја регулира фреквенцијата на возила и луѓе околу центарот и ги заштити сите оние кои уредно си ги подмируваат своите долгови кон ЈКП ПАЗАРИ, а и оние кои низ градот имаат дуќани и продаваат пиљарски производи, за чии дуќани плаќаат кирија, данок и се’ што е во границите на законот, за да придонесат полнење на општинскиот буџет.

Значи искрено, станавме едно големо село во кое може секој да прави што сака и како сака, а воедно со ништо да не придонесе за подобро утре на нашиот град… Па навистина ова е нешто што не’ загрижува сите прилепчани. Пред се хигиената и условите за живот на сите нас.

Сакам само да напоменам уште ова дека продавачите кај катна и кај железничка станица ни го грдат и она малку убаво на нашиот град, и прават смет кој итекако го оптоварува и ЈКП Комуналец, кој сигурно неможе и да сака се’ да постигнe…

Затоа ги молам надлежните институции да си ја преземат обврската и ветувањата, дека овој долгогодишен проблем ќе биде ефективно решен, како што е и во некои други градови во Mакедонија. Кванташки пазар и пазар на мало кој го имаме и е еден од најголемите во Македонија, а капацитетот му е огромен, а неискористен максимално.

П.С. Напишано со намера да се створат подобри услови за стопанисување на ЈКП ПАЗАРИ, а и со цел заштита на целокупната продажна мрежа која итекако придонесува за Прилеп.

Важно соопштение од Општина Прилеп за исправноста на водата од овие чешми во околината на градот

СООПШТЕНИЕ ОД ОПШТИНА ПРИЛЕП ЗА ИСПРАВНОСТ НА ВОДАТА ВО ПРИЛЕПСКО:

-Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата од мерно место локален водоснабдителен систем Канатларци – бензинска – на основа на резултатите од извршените испитувања и стручната анализа, примерокот одговара за употреба,
согласно прописите за здравствена исправност.

Л.в.с – Ерековци – Кочоски Пецо – на основа од извршените испитувања и стручната анализа, примерокот одговара за употреба, но количината на резидуален хлор во мрежата да се зголеми и да се движи во гранаците од 0,2-0,5 мг/л.вода.

Додека водата од Л.в.с –Оревоец – јавна чешма сред село, Л.в.с – Беловодица – двор, како и Л.в.с -Плетвар – јавна чешма – водата не е здравствено исправна заради наод на бактерии од цревно потекло и не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 мин. Неопходно е соодветно техничко решение за објектот со можност за редовна дезинфекција на водата.

Дојде вистинско лето, денеска температури до 38 степени, попладне дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Според прогнозата на УХМР, утре и задутре во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на град.

За време на викендот и почетокот на следната седмица времето ќе биде претежно сончево и топло.

Коктели, тераса, одлична музика, промотивни цени – Што може да биде подобро од ова за излегување во петок навечер во Прилеп?

Летото на TERASA започна, а со летните температури оди и одлично освежување. Кога на тоа ќе се додаде прекрасниот амбиент и музика, тогаш навистина нема подобра викенд дестинација за добар помин.

Овој петок за забавата ќе се погрижат дечките од МЕTROPOLIS BAND, познати по своите енергични настапи, препознатливата харизма и музика која ги крева сите на нозе.

А за целосно уживање, Terasa подготви и специјална коктел понуда по промотивни цени.

Изберете помеѓу: 🍸 Johnnie Lemonade 🍹 The Faithful и 🍓 Pretty Woman и нека започне викенд одморот од работните обврски.

И секако, резервирајте навреме на 070-304-967, за да не барате маса во 5 до 12, оти ќе нема!