дома блог страница 66

Прашања од поранешен агент на ФИФА и УЕФА: “Што се случува со ФК ПОБЕДА?”

Неизвесноста околу иднината на ФК Победа продолжува да биде една од најактуелните теми меѓу прилепските љубители на спортот. Во меѓувреме, на социјалните мрежи со јавен повик за одговорност се огласи професионалниот спортски менаџер Александар Ѓорѓиески, сопственик на организацијата „Идеал спорт“ и поранешен агент на ФИФА и УЕФА, кој постави конкретни прашања до Општина Прилеп и до Сашко Попоски, чие семејство е мнозински сопственик на клубот.

Еве што јавно пишува Александар Ѓорѓиески

„Прашање до Општина Прилеп и Сашко Попоски

Дали ФК Победа ќе стартува во новата сезона?

Ако одговорот е ДА

-Кога започнуваат подготовките?

-Кој ќе биде тренер?

-Каков играчки кадар се планира?

-Кога стартува Младинската школа?

-Кои се целите на клубот?

Ако одговорот е НЕ

-Кои се причините?

-Кој е планот за иднината на ФК Победа?

И доста со „доколку“, „ќе“, „че“, „ама“, „тое“, „наскоро“, „ќе видиме“.

Навивачите, играчите и целиот град предолго чекаат. Доста е со празни изјави, шпекулации, гласини и одговори без суштина од Америка до Австралија не однесовте… доста со приказни.

Време е за јасен, конкретен и искрен одговор!

Времето одамна помина…

#стопзаполитикавоспортот“

Николоски: Автопатот Скопје–Блаце е стратешки проект што ја позиционира Македонија како сообраќајна крстосница на Балканот

Автопатот Скопје – Блаце е важен чекор во реализацијата на стратешката визија Македонија да стане клучна сообраќајна крстосница на Балканот. Тој е дел од транс-европската рута 6, која Македонија ја поврзува со Косово, со пристаништата во Албанија и Црна Гора и што го прави значаен во аспект на трговија, бизнис и развој на туризмот, истакна денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на потпишувањето на Договорот за инвестициски грант меѓу Јавното претпријатие за државни патишта и Европската банка за обнова и развој.

Грант средствата во вредност од 30,8 милиони се обезбедени преку Инвестициската рамка за Западен Балкан – ВБИФ.

„Навистина е убаво кога почнуваат нови проекти и денеска сме на почеток на еден нов проект, а тоа е изградба на едно автопатско решение кое треба да оди по Трансевропската рута 6, која ќе ги поврзе Скопје и Приштина, а понатаму ќе продолжи кон Тирана и Драч, како и кон Бар. Со тоа, кон Скопје се отвора уште едно пристаниште и уште една можност за трговија, бизнис и развој на туризмот“, изјави Николоски.

Тој нагласи дека проектот е конкретна реализација на визијата, што како што рече, поставена од премиерот Христијан Мицкоски во јуни 2024 година – Македонија да ја искористи својата стратешка позиција на Балканот, каде што се вкрстуваат паневропските коридори 8 и 10, како и другите регионални транспортни правци.

„Без разлика што немаме излез на море, на овој начин државата може да стане стратешки најважна точка на Балканот, преку која ќе се вкрстуваат бизнисот, трговијата, туризмот и економската размена. Токму реализацијата на овој проект е конкретна поддршка на таа визија“, потенцира Николоски.

Тој информираше дека рокот за изградба е четири години, но изрази очекување работите да завршат и пред предвидениот рок.

„Особено ме радува што по долги години, би рекол и децении, игнорирање на домашната градежна оператива, избраниот изведувач е домашната компанија ГРАНИТ. Со тоа покажуваме дека македонските компании имаат капацитет успешно да реализираат големи инфраструктурни проекти“, истакна Николоски.

Вицепремиерот упати благодарност до премиерот Мицкоски, вработените во Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за транспорт, како и до Европската Унија и Европската банка за обнова и развој за заедничката посветеност во реализацијата на проектот.

Автопатот Скопје – Блаце е во должина од 10,5 км, претставува инженерски предизвик, каде на трасата ќе се изградат околку четириесетина објекти.

Прилепската болница продолжува да го зајакнува тимот – Д-р Кире Стојаноски е нов специјалист во Одделението за психијатрија

Одделението за психијатрија при ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Прилеп го зајакна својот стручен кадар со ангажирањето на д-р Кире Стојаноски, специјалист по психијатрија со повеќе од десетгодишно професионално искуство.

Д-р Стојаноски доаѓа од ЈЗУ Психијатриска болница Демир Хисар, каде во изминатите години активно работел во областа на психијатриската здравствена заштита и третманот на пациенти со различни психички нарушувања.

Со неговото приклучување, тимот на Одделението за психијатрија во прилепската болница сега брои пет доктори специјалисти по психијатрија и еден специјализант, кој во наредниот период повторно ќе се врати и ќе биде дел од тимот.

Од болницата информираат дека континуирано се работи на подобрување на здравствените услуги и јакнење на кадровските капацитети, со цел пациентите да добијат навремена, достапна и квалитетна здравствена грижа.

На Одделението за психијатрија секојдневно се обезбедуваат дежурства и амбулантски прегледи преку системот „Мој термин“, овозможувајќи им на пациентите полесен пристап до специјалистички услуги.

Од здравствената установа му посакаа добредојде на д-р Стојаноски, со желби за успешна работа, професионални достигнувања и плодна соработка со колегите и пациентите.

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: Б.Р. ОД ГОСТИВАР ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 6.686.088 ДЕНАРИ

Најновиот добитник на СУПЕР МИЛИОНЕР е Б.Р од Гостивар. Тој освои џекпот вреден 6.686.088 денари.

Најпосакуваната ВЛТ добивка е освоена на видеолотариските терминали кај деловниот соработник Спортлајф на 16.06.2026 година во Гостивар.

Среќната игра е Брнинг хот. Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија му честита на добитникот.

Во периодот од 22.06.2026 до 28.06.2026 година, Видеолотарија Касинос Австрија исплати вкупно 14.148.352 денари кон играчите на ВЛТ терминалите низ Македонија, и тоа:

• 1 СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот добивка, исплатени 5.538.983 денари

• 5 МИЛИОНЕР џекпот добивки, со вкупно исплатени 7.339.053 денари

• МИНИ џекпот добивки, преку кои играчите заедно освоија 1.270.316 денари

Во пресрет на најголемиот фудбалски спектакл- Светското првенство во фудбал, Видеолотарија Касинос Австрија за играчите на ВЛТ подготви уште повеќе возбуда, адреналин и можности за големи добивки. Јуни со кампањата, донесе нова серија добивки и дури 25 нови милионери на ВЛТ терминалите од Видеолотарија Касинос Австрија. Благодарение на кампањата „Секој ден нов милионер“, секојдневно се создаваа нови причини за славење и незаборавни моменти за играчите ширум Македонија. Во периодот од 1 до 30 јуни 2026 година, за ВЛТ џекпот добивки беа исплатени вкупно 58.356.737 денари.

Мицкоски: Очекувам дизелот да поскапии за 2 до 2,5 ден., и понатаму сме држава со најниски цени на горивата

Очекувам да имаме зголемување од околу 2 до 2,5 денари за литар за дизел горивото и околу денар за бензините. Но, да почекаме Регулаторната комисија да ги каже последните бројки, изјави вчера при посетата на Кавадарци премиерот Христијан Мицкоски.

Како што рече, има зголемување на цената на нафтата од околу 5-6 проценти на светските берзи во текот на минатата седмица и благо зголемување на цената на бензините за 2 до 3 проценти.

-Но, и покрај тоа што станува збор за берзански производ, повторно остануваме убедливо држава со најниски цени на дизел горивата и на бензините, додаде претседателот на Владата одговарајќи на новинарски прашања по поставување камен-темелник на изградба на објект во рамки на Спортскиот центар „Јасмин“ во Кавадарци.

Kaвадарци добива сала за гимнастика и картинг патека

Кавадарци ќе добие два нови спортски објекта од вториот повик на Владата. Едниот е во подготовка, а за другиот денеска беше поставен камен темелник, на кој присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт Борко Ристовски.

Камен темелник беше поставен на нов објект во рамки на Спортски центар „Јасмин“. На површина од 1.000 квадратни метри во основа, со подрум, приземје и кат ќе има куглана, бифе, сала за гимнастика, како и апартмани за сместување на спортисти на горниот кат. За тоа ќе се потрошат 118.000.000 денари, целосно преку Влада – втор повик и претставува голем чекор напред за спортот и развојот на општината.

Премиерот изврши увид и на уште една локација во Кавадарци каде што во тек се подготовките на просторот за изградба на новата картинг – патека во месноста Моклиште. Комплексот ќе се простира на површина од 2.700 квадратни метри и покрај современата картинг-патека, ќе содржи и пропратни објекти што ќе овозможат комплетно спортско и рекреативно доживување за посетителите

Со овој проект градот ќе добие нова спортско-рекреативна содржина што досега недостасуваше во регионот – место за адреналин, дружење и развој на мото-спортот. Инвестицијата е во висина од 35 247 407 денари.

Премиерот Мицкоски во изјавата за медиуми нагласи дека успешноста се мери со економските параметри и потсети дека преку повиците на владата за користење на пари од страна на општините се финансираат 1.200 проекти на целата територија на државата.

– Ние планираме да продолжиме и во годините коишто следат на овој начин да функционираме како Влада, бидејќи цениме дека успешните проекти треба да бидат продолжени, а ние препознавме дека овие проекти донесоа додадена вредност врз квалитетот на животот на граѓаните. Нека е со среќа почетокот на изградбата на овој објект и отприлика, како што ми кажа градоначалникот, за година дена да се собереме повторно овде и да го пуштиме во употреба – рече Мицкоски.

Министерот за спорт Ристовски рече дека станува збор за два спортски инфраструктурни проекти што се доста важни за подобрувањето на спортската инфраструктура.

– Ние денеска почнуваме со градби, за Македонија утре да може да создава шампиони на коишто сите ќе се радуваме, ќе нè направат горди и на крајот на денот, ќе се претворат во успешни луѓе коишто ќе ја претставуваат, ќе си ја сакаат својата татковина – нагласи Ристовски.

Градоначалникот Митко Јанчев се заблагодари на максималната поддршка од Владата и на министерот за спорт, бидејќи преку ова ресорно министерство се и двата проекти.

Јанчев се осврна и на проектите што се отпочнати и на оние што допрва следуваат, а се од огормна важност за регионот и за општина Кавадарци. Реконструкција на отворен базен, изградба на објект за биохрана, затворен базен и спа-центар. Градоначалникот ги спомена и првата фаза на гасификација, домот за стари лица, дневен центар за лица со телесна и ментална попреченост.

Прилепските РОТАРИ донираа пет професионални ролери на Домот за стари лица „Киро Крстески Платник“

Ротари клубот од Прилеп донираше пет професионални ролери на Домот за стари лица „Киро Крстески Платник“, со цел да придонесе кон подобрување на условите за престој на корисниците и олеснување на работата на вработените.

Од клубот информираат дека во моментот во установата престојуваат 135 корисници, а ваквата донација е дел од нивните континуирани активности насочени кон поддршка на локалната заедница.

„Ќе продолжиме да обезбедуваме опрема и средства за оваа значајна установа и да придонесуваме за подобри услови за нејзините корисници“, порачаа од Ротари клубот.

Со оваа донација уште еднаш се потврдува важноста на хуманоста и заедничката грижа за повозрасните сограѓани.

По пауза од 26 години се враќа средното полициско училиште, ќе се запишат 200 ученици

„Облечи ја униформата со гордост!“ е мотото на  јавниот повик на Министерството за внатрешни работи за прием на 200 ученици во новото државно Средно полициско училиште – Полициска академија за учебната 2026/2027 година. Со него ќе се возобнови средното полициско образование во државава по пауза од 26 години, односно од завршувањето на последната генерација (1996-2000) пред укинувањето на тогашниот Центар за образование на кадри од областа на безбедноста (ЦОКОБ) „Елисие Поповски-Марко“.

За упис во новото училиште, кое е именувано „7 Мај“ (Денот на македонската полиција), ќе може да конкурираат ученици со завршена втора година средно образование во кое било четиригодишно средно училиште во државава.  Учениците што ќе се запишат ќе имаат настава по стручни и општообразовни предмети и ќе престојуваат во ученички дом (интернат) во склоп на Центарот за обука на МВР (Полициска академија) во Идризово, каде што за полицајци се школувани 24 генерации, од 1972 до 2000 година, во некогашното четиригодишно полициско училиште. Во согласност со јавниот повик, кога ќе матурираат МВР ќе им обезбеди работно место – полицаец.

За да се запишат кандидатите треба да ги исполнат  условите од конкурсот и да ја поминат селекцијата која ќе биде во три фази: проверка на моторички способности; писмено тестирање (општообразовен тест) и поединечен разговор (интервју) со кандидатот. Конкурсот е отворен од 3 јули и ќе трае 15 дена, до кога заинтересираните треба да ги достават потребните документи со пријавата, која е достапна за преземање во повикот на МВР.

Општи услови кои кандидатот треба да ги исполни се:да е државјанин на Република Северна Македонија, да нема навршено 18 години возраст на денот на објавување на јавниот повик, активно да го користи македонскиот јазик и да е здравствено и психофизички способен, што се потврдува со лекарско уверение издадено од лиценцирана установа.

Во посебните услови е наведено дека општиот успех во двете завршени години средно образование треба да биде најмалку „добар“ и на ученикот да не му се изрекувани педагошки мерки во училиштето каде што ги завршил прва и втора година средно образование. Во посебните услови се и успешно поминати трите фази од селекцијата.

Пријавата треба да ја поднесе родителот/старателот на кандидатот, заедно со потребните докази за исполнетост на општите услови. Како што е наведено во јавниот повик, пријавите се поднесуваат во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје (полициските станици Гази Баба, Бит-пазар или Карпош) и во секторите за внатрешни работи во Битола, Велес, Куманово; Тетово, Охрид, Струмица и Штип. Селекцијата на пријавените кандидати ќе ја прави комисија формирана од министерот за внатрешни работи. Сите три фази од селекцијата ќе се спроведат во Средното полициско училиште – Полициска академија и од секоја фаза кандидатот ќе има освоено бодови.

Врз основа на вкупниот број освоени бодови од поединечните фази на селекција, Комисијата за прием и селекција на ученици ќе направи конечна ранг–листа на примени ученици, која ќе биде објавена на огласната табла на училиштето и на веб-страницата на Министерството за внатрешни работи.

М-р Влатко Митковски, помошник на министерот на Центарот за обука на МВР, за МИА изјави дека целиот процес на реализација на конкурсот и селекцијата се очекува да заврши околу средината на август. Вели дека секторите за внатрешни работи се веќе „блокирани“ од пријави на кандидати.

-Бројот од двесте кандидати ќе се пополни и очекуваме голема конкуренција, а кога има повеќе пријавени кандидати може да се направи и добра селекција. Комисијата е на одобрување кај министерот, ќе има претседател и најмалку четворица членови и нивни заменици од релевантните организациски единици на Министерството. Очекуваме до 15-20 август да заврши сè и потоа учениците ќе имаат мал одмор и време да ги средат административните обврски за отпишување од претходното училиште и запишување во училиштето „7 Мај“, изјави Митковски.

Средното полициско училиште – Полициска академија е формирано со одлука на Владата и врз основа на Законот за средно полициско училиште, кој беше донесен во август минатата година поради недостигот од формализирано средно полициско образование.

Пред објавувањето на повикот на МВР,  МИА го посети училиштето во Центарот за обука каде што интензивно се работеше на подготовка на капацитетите за првата генерација на возобновеното училиште.

Откога во 2000 училиштето беше укинато се спроведува основна полициска обука на кандидати од 18 до 25 години, избрани на јавен оглас, кои по една година во Центарот за обука засноваат работен однос во МВР.

Во зависност од потребите на Министерство за внатрешни работи, ќе постои можност паралелно со полициското училиште да продолжи да постои и  едногодишната основна обука за полицаец.

-Засега може да потврдиме дека во согласност со потребите на МВР ќе продолжи и едногодишната обука, меѓутоа не се знае кога би имало нареден конкурс. Сè зависи какви ќе бидат потребите затоа што сега ни завршува една класа, во моментов има селекција за друга класа, за Скопје 150, кои би почнале заедно со среднистите од 1 септември. Така што веќе ќе имаме една генерација во тек. За понатаму не може да кажеме, меѓутоа нема да запре. Какви ќе бидат потребите, така ќе се пушта конкурсот, изјави Митковски. (МИА)

Kaролина Гочева доаѓа во Прилеп на вториот AirFlow Music Festival

По успешното прво издание, AirFlow Music Festival и ова лето се враќа на Спортскиот аеродром во Прилеп. На 28 и 29 август прилепчани и посетителите од целата држава ќе уживаат во два дена исполнети со одлична музика, дружење и незаборавна фестивалска атмосфера.

Организаторите денеска започнаа со објавување на изведувачите кои ќе настапат на второто издание на фестивалот, а првото име кое го открија е едно од најголемите на македонската музичка сцена – Каролина Гочева.

„Со огромна чест и задоволство го најавуваме првиот изведувач на овогодишниот AirFlow Music Festival – легендарната Каролина Гочева доаѓа во Прилеп! Подгответе се за емоции, хитови што ги знаеме сите и незаборавна вечер исполнета со многу дружење и музика“, порачаа организаторите на социјалните мрежи.

Минатогодишното дебитантско издание покажа дека Прилеп има капацитет за ваков современ музички фестивал. Освен одличната програма и големата посетеност, AirFlow остави силен впечаток и по својата хумана мисија, при што беа собрани 807.500 денари кои беа донирани за поддршка на повредените од трагичниот пожар во Кочани.

Хуманоста останува еден од главните белези на фестивалот и оваа година. Дел од средствата собрани од второто издание ќе бидат наменети за лекувањето на малиот Никодим Мидоски, односно за неговата терапија во Турција, со што секоја купена влезница ќе претставува и директна поддршка за оваа благородна цел.

Покрај богатата музичка програма, организаторите најавуваат и бројни дополнителни активности и изненадувања за посетителите, кои ќе бидат откривани во периодот што следува.

Доколку првото издание беше одличен почеток, второто најавува фестивал кој полека, но сигурно, прераснува во една од најубавите летни традиции во Прилеп – настан што ги спојува музиката, добрата атмосфера и хуманоста на едно место.

И Бутел ќе добие градски базен (ВИДЕО)

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на поставување на камен темелник на изградба на затворен базен во ООУ „Ацо Шопов“, во Општина Бутел.

Премиерот се обрати пред присутните, во продолжение ви го пренесуваме говорот во целост:

„Убав ден денес, сабота овде во Бутел се почнува нешто ново, базен, се довршува нешто што веќе е започнато, доградбата на училиштето „Ацо Шопов“ и мислам дека сето ова ќе додаде вредност во квалитетот на животот на луѓето од Општина Бутел од овој дел од Радишани.

Чувствувам дека со овие проекти успеваме полека но сигурно да обезбедиме подобри услови за живот на граѓаните во сите општини низ целата територија на државата, тоа значи дека проектот ја постигнал својата цел полека но сигурно ги завршуваме со воведување во работа или поставување камен темелник оние проекти коишто сè уште кои не беа отпочнати, оние коишто се отпочнати ги завршуваме и веќе размислуваме за следната 2027 година да реплицираме слична ваква иницијатива бидејќи навистина се покажа како успешна.

Да му честитам на градоначалникот за посветената работа којашто ја прави овде во Бутел, да се заблагодарам на советниците што ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата во Општина Бутел, на пратеничката којашто доаѓа оттука од Општина Бутел којашто секогаш се бори за проект повеќе, да се заблагодарам на мојата колешка од Владата, министерката за образование и на сите впрочем колеги од Владата коишто го препознаа проектот и даваат голема поддршка за истиот да се реализира во повеќе ресори, проектот на децентрализирање на средства од централниот буџет кон општините. Она коешто можам да го кажам од името на Владата е дека остануваме посветени и во периодот којшто следи на реализирање на проекти и на исправање на сите оние недостатоци коишто за жал во минатото се таложеа.“