На свети Јован Крстител црквата му посвети неколку празници, и тоа не случајно. Овој светител беше наречен најголем меѓу родените од жена, со што е потврдено неговото посебно место во човечката историја.
Тој, заедно со пресветата Дева која ни го роди Бога е врската на стариот и новиот свет, врската на Стариот и Новиот завет.
Инаку, денес се празнува почетокот на благовеста за Христос, со што се определува и посебната врска меѓу Синот Божји и последниот пророк на Стариот завет.
За тоа зборуваат стиховите од тропарот, кои гласат: се разреши немоста на татковците, т.е. почна непосредната проповед за Христовото доаѓање.
Кога ќе се спомне летување во Грција, едно од првите места што им паѓа на ум на македонските туристи е токму Калитеа. Живописното место на првиот крак на Халкидики со години важи за една од најпосетуваните летни дестинации – благодарение на кристално чистото море, долгите песочни плажи, одличната гастрономска понуда, вечерната атмосфера и бројните содржини кои нудат вистински одмор за сите генерации.
Во оваа прекрасна летна приказна свое место има и Athina Mare-Sole, модерен и целосно реновиран хотел кој на своите гости им нуди удобност, функционалност и чувство како да се дома.
Веднаш штом ќе зачекорите во хотелот ќе ја почувствувате современата естетика која е присутна во секој детал. Светли, уредни и пространи соби, нов мебел и пријатен амбиент создаваат совршени услови за вистински одмор по ден исполнет со сонце и море.
Особено внимание е посветено на удобноста на гостите. Собите располагаат со нови, модерни кревети со висококвалитетни анатомски душеци, кои обезбедуваат мирен и квалитетен сон, додека целосно реновираните бањи со нова санитарна опрема и фен за коса го надополнуваат чувството на комфор.
За оние кои сакаат денот да го започнат со кафе или појадок во мирна атмосфера, секоја сместувачка единица располага со опремена кујна, овозможувајќи им на гостите сами да подготват лесен оброк и да уживаат на пространиот балкон.
Athina Mare-Sole нуди различни типови на сместување, погодни за парови, семејства и помали друштва. Комбинацијата од современо уредени студија и апартмани, функционалноста и вниманието кон секој детал го прават овој хотел одличен избор за сите кои сакаат квалитетно сместување во една од најубавите туристички дестинации на Халкидики.
Она што дополнително го издвојува хотелот е неговата мирна атмосфера и близината до прекрасната плажа на Калитеа, па гостите можат лесно да уживаат во сите убавини што ги нуди ова познато летувалиште, а истовремено да имаат место каде навистина ќе се одморат.
Доколку ова лето сакате спој од удобност, модерен амбиент, гостопримство и незаборавни денови покрај Егејското Море, Athina Mare-Sole е избор кој вреди да го разгледате.
Резервирајте го вашиот престој преку Booking и обезбедете си незаборавен летен одмор во прекрасната Калитеа.
Општина Ѓорче Петров ќе додели 10.000 денари поддршка за секој ученик со попреченост во општината, информираше градоначалникот Александар Стојкоски.
Тој истакна дека со оваа мерка, обезбедуваат еднократна годишна финансиска поддршка од 10.000 денари за сите ученици со попреченост, согласно класификацијата МКФ и мислење на ЗМЗ, во текот на целото образование.
„Оваа поддршка е наменета за полесно покривање на трошоците поврзани со образованието, развојот и секојдневните активности на учениците, затоа што секој ученик заслужува еднакви можности за учење, напредок и достоинствен живот“, посочи Стојкоски и притоа додаде дека инклузијата не смее да биде само збор, туку дека таа мора да биде конкретна грижа, мерка и поддршка.
Иницијативата „Мој Прилеп“ упатува јавен повик до сите граѓани кои сакаат да придонесат за почист, поуреден и поубав Прилеп да се приклучат на првата работна акција „Чистиме Џубрината #1“, која ќе се одржи во среда со почеток во 17:30 часот.
Акцијата ќе се реализира во паркот и детското игралиште зад зградите во населбата Бончејца, каде волонтерите заеднички ќе работат на расчистување и уредување на просторот, испраќајќи порака дека грижата за градот започнува од секој од нас.
Организаторите ги повикуваат сите кои се во можност да понесат мотика, гребло, тример, количка, работни ракавици или вреќи, бидејќи во моментов нема доволно опрема за сите учесници.
„Мој Прилеп“ ги охрабрува сите заинтересирани да ја поддржат иницијативата и да го потврдат своето присуство преку пријавата, со цел полесно да се организира акцијата и да се види колку граѓани ќе се приклучат.
Доколку сакате да дадете свој придонес за почиста и поубава околина, ова е можност заедно да покажеме дека со малку добра волја можеме да направиме голема разлика.
Македонската песна повторно ќе одекне меѓу вековните камени ѕидини на Античкиот театар Хераклеја. На 29 јули, со почеток во 21:00 часот, еден од најавтентичните и најемотивни интерпретатори на македонската музика, Влатко Миладиноски, ќе одржи голем концерт кој ветува незаборавно музичко доживување.
Во еден од највпечатливите културно-историски локалитети во земјата, публиката ќе има можност да ужива во вечер исполнета со безвременски македонски песни, силни емоции и внимателно осмислена музичка продукција што ќе ја спои традицијата со современиот сценски израз.
На сцената, Влатко Миладиноски ќе настапи во придружба на оркестарот на Златко Миладиноски, составен од 30 врвни музичари. За оваа пригода ќе бидат изведени авторски композиции, како и нови оркестарски аранжмани на едни од најубавите македонски песни, создавајќи единствен музички спектакл под отвореното небо.
Организаторите најавуваат и настап на специјални гости од македонската музичка сцена, чии имиња ќе бидат објавени во наредниот период, а кои дополнително ќе ја збогатат програмата на оваа единствена концертна вечер.
Концертот претставува повеќе од музички настан – тој е прослава на македонската традиција, култура и песна. Во амбиентот на Хераклеја, каде што историјата и уметноста се испреплетуваат, публиката ќе има можност да ги доживее најголемите хитови на Влатко Миладиноски во сосема ново, раскошно оркестарско издание.
Билетите се во продажба по цена од 700 денари преку mktickets.mk, како и во продажната мрежа низ државата. Во Битола, билетите се достапни во TobaccoBrothers на Широк Сокак, а во Прилеп во туристичката агенција Бран.
За повеќе информации и резервации, заинтересираните можат да се јават на 077 611 669.
На 29 јули, Античкиот театар Хераклеја ќе биде сцена на вечер што ќе ја обедини публиката околу она што најсилно ја поврзува – македонската песна. Со врвни музичари, моќни интерпретации и амбиент што остава без здив, концертот на Влатко Миладиноски најавува вистински празник за сите љубители на домашната музика.
Од полноќ, дизелот ќе поскапи за 2,5 денари, а бензините за еден денар по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 7.7.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
-На 06.07.2026 во 03:40 часот во СВР Битола е пријавено дека на плац на ул.„Довлеџик”во Битола, сопственост на правно лице, настанал пожар, при што оштетени се две товарно возило „фиат“ и „ивеко”, двете со битолски регистарски ознаки, сопственост на Н.С. од Битола. Од огнот опожарена била и бандера со електрична инсталација. Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола, информираат од МВР.
Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата од мерно место Л.в.с -Лагово – Петрески Тоде – на основа од извршените испитувања и стручната анализа примерокот одговара за употреба,но мора редовно да се хлорираи количината на резидуален хлор во мрежата да се зголеми и да се движи во гранаците од 0,2-0,5 мг/л.вода.
Л.в.с. Загорани – Ѕвездакоски – Водата не е здравствено исправна заради наод на бактерии од цревно потекло,како и зголемен број на колонии на 22 и 37 степени целзиусови и не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 минути.Водата мора редовно да се хлорира и количината на резидуален хлор во мрежата да се движи во границите од 0,2 до 0,5мг/л.вода.
Додека водата од Л.в.с – Веселчани – двор- Л.в.с – Волково – двор, Л.в.с – Прилепец – јавна чешма – како и село Волково крајпатна чешма СВ.Спас – Водата не е здравствено исправна заради наод на бактерии од цревно потекло и не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 мин. Неопходно е соодветно техничко решение за објектот со можност за редовна дезинфекција на водата.
Манастир с.Прилепец-водата не е здравствено исправна заради наод на бактерии од цревно потекло и не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 минути.
-На 05.07.2026 во 15:52 часот во СВР Битола е пријавено дека во атар на с.Породин, битолско, во близина на индустриската зона Жабени, Ф.Б.(59) од САД, при слетување со параглајдер, се здобил со тешки телесни повреди. Ф.Б. со возило на Итна медицинска помош Битола е пренесен во Клиничката болница Битола, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола, информираат од МВР.
Во ЈП „Комуналец“ Битола пристигнаа уште 2 камиони за подигнување на отпад од 12 м3, со што бројот на пристигнати возила е 6 од вкупно планираните 10.
Ова се возила кои Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање ги доделува на јавните комунални претпријатија во општините со што ќе се олесни и ќе се подобри работата на јавните комунални претпријатија, во конкретниот случај на битолски „Комуналец“.
Со ова се создаваат услови за поголема покриеност и поквалитетна услуга за граѓаните и во урбани и во рурални средини, поефикасно собирање на отпадот и зголемување на реоните за селекција уште на местото на создавање.