дома блог страница 64

Гордост на родителите, гордост и на градот: Младиот прилепчанец Мартин Ристески е пингпонгарски државен првак на Македонија

На 24 мај, во Пехчево се одржа турнир во пинг понг за кадети до 15 години, турнир помеѓу најдобрите 8 во машка и женска конкуренција.

Според тежината на турнирот ова е најтешкиот турнир од домашните натпревари, бидејќи помеѓу себе играат најдобрите 8 играчи според ранг листата, и во еден ден секој играч треба да oдигра по 7 мечеви, за кои пред се е потребна концентрација, физичка издржливост но и психолошка подготвеност.

Најголемата прилепска надеж во овој спорт и член на пинг-понгарскиот клуб ПОЛИОСПОРТ, Мартин Ристески, учествуваше на овој турнир како второрангиран.

Турнирот го започна лошо, со пораз, за да потоа се корегира и да нареди 6 победи со ред, победувајќи ги сите свои конкуренти, со што го освои најтешкиот турнир ТОП 8 во пинг понг со заслуженото прво место.

Овој турнир за Мартин имаше и уште една бариера. Неговиот тренер и татко, Рубинчо Ристески, беше отсутен од државата, бидејќи беше на натпревар во пинг-понг во Варна, Бугарија. Поради тоа помошта и техничката поддршка Мартин ја добиваше од своите соиграчи, Драган Шкоф и Дарко Крагељ, од Академскиот пинг-понгарски клуб СТУДЕНТ – Скопје, кој е сопственост на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, а Мартин е регистриран со двојна регистрација за тој клуб.

Согласно постигнатиот успех на ТОП 8 турнирот, Мартин го завзеде конечното прво место на ранг листата на Пинг-понгарската федерација на Македонија за 2026 година, крунисано со освојување на титулата ДРЖАВЕН ПРВАК за 2026 година и освојувач на ТОП 8 за 2026 година во категорија на Кадети до 15 години.

Согласно постигнатите резултати Мартин очекува повторно повик во репрезентацијата и да ја претставува Македонија на меѓународни натпревари. Во текот на месец јуни треба да се одржи Балканското првенство во Елбасан, Албанија, за кадети и јуниори, додека во јули во Гондомар, Португалија, треба да се одржи Европското првенство за кадети и јуниори, на кој секако очекува повик.

Да им посакаме среќа! Прилепскиот карате клуб “Феникс” со најголем број репрезентативци на престојното Балканско првенство во Турција

Прилепскиот карате клуб Феникс со најголем број на репрезентативци на претстојното Балканско првенство што ќе се одржи во Истанбул Турција од 29 до 31 мај 2026 година.

Боите на Македонија ќе ги бранат:

• Антонио Нунески
• Димитар Јанески
• Јована Конеска
• Јована Димитриоска
• Андреа Чочева
• Доротеа Стојаноска
• Сергеј Ѓурик
• Горазд Мантароски
• Филип Момироски
• Ненад Гоцевски
• Звонко Николоски (тренер)

Многу познати урбани ликови продефилираа во новата “Серенада за Прилеп” – Дали видовте кои се? (ВИДЕО)

Песна исполнета со емоција, спомени и љубов кон градот, во изведба на Блага Петреска, Дац и Александар Митевски.

Прилеп и прилепчани добија прекрасна СЕРЕНАДА која ќе одекнува со години.

Станува збор за музички проект кој претставува огромна промоција за Прилеп, а за кој најзаслужен е Генералниот извршен директор на прилепска “Витаминка”, Сашо Наумоски. Неговата идеја на најдобар можен начи ја реализираа Александар, Дац и нашата единствена Блага Петреска, а видео спотот го прикажа убавиот центар на градот, Марковите Кули, Могилата на непобедените, кафеаните…, со кадри од голем број урбани градски ликови, занаетчии, глумци, луѓе познати во своите професии и дејности, како и обични луѓе кои се прилепски еснафи.

Погледнете и уживајте во продолжение:

Мирисот на домашно зготвен ручек веќе се шири низ градот – повелете во МЕНЗА, најдобрата кујна во Прилеп

Крцкаво, сочно, топло и подготвено со многу љубов, денешното мени во МЕНЗА е создадено за сите што сакаат вистински вкус и комплетно уживање!

Од традиционални специјалитети, богати чорби и тави, до кремасти сосови, крцкаво пилешко и совршено подготвени месни јадења, денес гладни нема да останете!

А најубавото?

Во МЕНЗА не е само „земи-носи“!

Повелете и уживајте во пријатен простор за седење, совршен за ручек со семејството, ручек дружење колегите од работа… На раат, со вкусна храна и домашна атмосфера.

НА денешното МЕНИ (среда 27.05.) ќе најдете:

🥘 Телешкo на азиски начин
🥣 Телешка чорба
🍲 Телешки гулаш
🥔 Турли тава
🍖 Свински врат во фурна со сезонски зеленчук
🧀 Лазања
🥘 Селско месо
🥔Тавче гравче
🐟 Ослич на медитерански начин
🍗 Печено пиле 1/2
🍅 Пилешко капрезе
🥛 Пилешко во бел сос
🌶️ Пилешко во кари сос
🍟 Пилешки прсти
🔥 Криспи пилешко
🌯 Пилешко бурито
🌯 Криспи бурито
🥩 Стек на скара
🌭 Домашен колбас

🥗 Салати:
• Цезар салата
• Грчка салата

🍚 Додатоци:
• Домашно пире
• Динстан ориз
• Пекарски компир
• Салата

Ќе ги најдете на Ул. “Егејска”, наспроти “Универзална сала”.

Teлефон за нарачки: 076-231-075

ВЛТ НАВИВА: ШАМПИОНОТ ВАРДАР ВЕЧЕРВА ВО ДУЕЛ СО РК БУТЕЛ

Македонскиот ракометен шампион РК Вардар 1961 вечерва го игра последниот натпревар од сезоната, натпревар што ќе биде круна на уште една шампионска приказна.

Во рамки на завршното коло, Вардарци денес, 27 мај (среда), со почеток од 19:00 часот во СЦ „Јане Сандански“ – големата сала, ќе се соочат со екипата на РК Бутел.

На крајот од натпреварот, Ракометна Федерација на Македонија официјално ќе го додели шампионскиот пехар на Вардар, рекордна 16-та титула шампион на Македонија, потврдувајќи ја доминацијата на клубот и неговото значајно место во македонскиот спорт.

Како горд партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија и вечерва стои зад шампионите, верувајќи во нивниот победнички дух, страст и борбеност до последниот свиреж.

Навиваме за шампионите, за Вардар. За уште една победа.

Не им приоѓајте на овие хороскопски знаци додека не го испијат првото кафе

Има луѓе кои се будат со насмевка, подготвени да разговараат и да донесуваат животни одлуки уште во 7 часот наутро. А има и такви за кои нивното прво утринско кафе е буквално прашање на преживување. Ако некогаш сте се обиделе да започнете сериозен разговор со некој што сè уште не го достигнал својот омилен ритуал со кофеин, постои голема веројатност дека станува збор за еден од овие хороскопски знаци.

Некои знаци едноставно не се создадени за утринска комуникација. Нивниот мозок се „вклучува“ само по првата голтка кафе, а дотогаш е најдобро да се држи безбедно растојание.

Рак

Раковите се емотивни и чувствителни, но наутро тие се посебна категорија. Ако ги разбудите прерано или ги бомбардирате со прашања пред да го испијат кафето, може да наидете на ледена тишина или пасивно-агресивен одговор. Тие треба да го започнат утрото полека, без стрес и без премногу луѓе.

За Раковите, првото кафе не е само навика, туку мал ритуал на емоционална стабилизација. Само после тоа се подготвени за разговор, планови и социјални интеракции.

Скорпија

Скорпиите не се познати по претерано разговорливите, а рано наутро ситуацијата станува уште посериозна. Додека не го испијат првото кафе, изгледаат како некој да ги натерал да постојат против нивна волја.

Ако се обидете да ги вклучите во муабет пред првото кафе, може да добиете поглед што кажува повеќе од илјада зборови. И ниту еден од тие зборови не е пријатен.

Јарец

Јарците ја сакаат рутината, дисциплината и мирот. Затоа утринскиот хаос особено ги иритира. За нив, кафето претставува премин од нивниот приватен, поспан свет кон продуктивниот дел од денот.

Пред првото кафе, тие не сакаат непотребни прашања, гласни луѓе или драма. Ако сакате нешто од Јарец, почекајте барем неколку голтки кофеин. На тој начин, ќе имате многу поголеми шанси да добиете нормален одговор.

Девица

Девиците изгледаат смирени и организирани поголемиот дел од времето, но утрата се нивна слаба точка. Додека сè уште се обидуваат ментално да го испланираат својот ден, секој дополнителен стимул го доживуваат како напад врз сопствениот мир.

Утринското кафе служи како ресетирање на системот. Само тогаш стануваат комуникативни, рационални и подготвени да функционираат меѓу луѓето. Пред тоа? Подобро е да не ризикувате.

Чкембари со историски и емотивен повик за во недела (ВИДЕО)

Сезоната во домашното фудбалско првенство ќе се затвори оваа недела со одигрувањето на бараж натпреварите за пополнување на Првата македонска лига по што ќе бидат познати сите учесници во новата сезона од битката за шампионскиот трофеј.

Бараж мечевите за пополнување на ПМФЛ ќе се одиграат в недела на 31 мај, а домаќини ќе бидат стадионите во Битола и Кавадарци.

На стадионот Петар Милошевски во Битола ќе се соочат АП Брера и Скопје додека на Градскиот стадион во Кавадарци се среќаваат Пелистер и Шкендија Арачиново.

Победниците во овие дуели следната сезона ќе бидат дел од елитното фудбалско друштво во Македонија додека поразените ќе настапат во Втората лига.

Почетокот на двата натпревари е закажан за 16 часот и 30 минути, а по тој повод навивачката група “ЧКЕМБАРИ” се обрати до фудбалските вљубеници преку моќно видео. Во прогласот на социјалните мрежи стои:

-ЦЕЛА БИТОЛА ЗА ТЕБЕ СПРЕМНА.
Постојат деној каде шо ништо не е битно освен честа на градот и грбот на клубот кој претставува гордост. Недела е тој ден, за нас посебен. Недела цела Битола сме клаени на тест, ќе не биди или нема да не биди. ЈАСНА порака до сите, превземете одговорност и бидете со вашите браќа кога е најпотребно, кога е најтешко. Да покажиме карактер и демонстрираме моќ како никогаш досега. ПОВИК ЗА МАСОВНОСТ, ПОВИК ДО ЦЕЛА БИТОЛСКА МЛАДИНА, ВЕТЕРАНИ И ВЕРНИ БИТОЛСКИ ВОИНИ, ОДИМЕ ВО ЛОВ НА ЗАЈАЦИ. Чкембарски собир во 12ч на бутки! Централен собир за сите ЧКЕМБАРИ, БИТОЛЧАНИ И МАКЕДОНЦИ во 15ч на плоштадот во Кавадарци!

Прилепските судиски ракометни легенди по 900 мечеви, денес свирнаа за последен пат

Спортски Прилеп и ракометна Македонија денеска упатуваат заслужен аплауз за две имиња кои оставија длабока трага во македонскиот ракомет. По цели 27 години посветеност, професионалност и повеќе од 900 отсудени натпревари, ракометните судии Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп го означија крајот на својата богата судиска кариера.

Низ речиси три децении поминати на терените ширум Македонија, тие беа симбол на авторитет, фер-плеј и љубов кон спортот. Со свирежот на последниот натпревар, завршува едно значајно поглавје исполнето со безброј натпревари, емоции, предизвици и незаборавни моменти.

Во својата порака на благодарност, тие упатија искрена почит до ракометните клубови, играчите, тренерите, колегите судии и Ракометната федерација на Македонија за довербата и поддршката низ сите овие години. Посебна благодарност упатија и до своите семејства, кои биле нивната најголема сила и поддршка во текот на целата кариера.

„Ракометот ми даде многу – пријателства, искуства, емоции и незаборавни моменти. Ќе останам засекогаш посветен на овој спорт во кој ја оставив својата душа“, стои во емотивната порака на Рубинчо Седлоски.

Прилеп и македонскиот ракомет денес се поклонуваат пред две вистински судиски легенди.

Честитки за двајцата судии

Кузманоска распали по колегата од Крушево за економскиот пустош што го остави СДСМ (ВИДЕО)

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Билјана Кузманоска, на денешната седница на Собранието жестоко му реплицираше на својот колега од СДСМ од Крушево, Митко Трајчулески.

-Вие како СДСМ ја закопавме Република Македонија во долгови, а сега сакате да се прикажете како спасители на јавните финансии, глумите финансиски чувари на државата, а во ваше време јавниот долг експлодираше. Навистина човек треба да има голема политичка храброст после 7 години власт, после двојно зголемен јавен долг, денес да држите овде предавања за задолжувања, му порача Кузманоска на Трајчулески.

Според Кузманоска, граѓаните и државата денеска поради лошото владеење на СДСМ се задолжени со милијарди евра.

-Ние отплаќаме огромни камати поради вашето неодговорно владеење, и секој милион што оди за камати е милион помалку за болници, училишта, за плати на граѓаните…Наместо да покажете малку политичка скромност, вие продолжувате со вашите лаги и клевети и ширите непотребна политичка паника, рече Кузманоска.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека за владеењето на СДСМ јавниот долг на државата пораснал од 4,78 на 8,87 милијарди евра.

Конечно нешто добро од Комуналец – хигиената и понатаму останува на незавидно ниво

ЈКП Комуналец Прилеп информира дека од денеска повторно е отворен наплатниот центар на ул. “Самоилова” во населбата “Точила”, нешто што секојдневно го бараа граѓаните и е за пофалба.

-Во овој наплатен центар можете да ги плаќате комуналните сметки од ЈКП ,,Комуналец”- Прилеп и ЈКП,,Водовод и канализација. Работното врема на наплатниот центар е од 07:00 -15:00 часот, од понеделник до петок. Граѓаните можат да го користат и електронскиот систем за наплата www.komunalecprilep.com.mk Од денес поблиску до вашето живеалиште, со подобрени услуги градиме заедничка доверба,услужени и задоволни граѓани, во чиста и уредена општина, стои во соопштението од Комуналец.