дома блог страница 63

Мицкоски: Очекуваме евроинтеграција врз јасни критериуми и исполнување реформски обврски, а не да биде оптоварена со билатерални прашања!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата имаше средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос. По средбата искажа благодарност до ЕУ за поддршката, која ја добива Македонија во реализација на проектите. „Денешната средба и посета претставува можност за отворен, искрен и суштински разговор за нашата европската перспектива, за реформите што ги спроведуваме и за потребата процесот на проширување да остане доследен на принципите врз кои е изградена Европската Унија – доверба, предвидливост, еднаков третман и почитување на достоинството на секоја држава кандидат.“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Мицкоски.

Натаму премиерот истакна: Изминатиот период од две години Владата покажа дека реформите не се декларативна определба, туку конкретна работа што се мери преку резултати, преку институционални промени, преку економски показатели и преку создавање подобри услови за живот на граѓани. Нашата цел е изградба на функционални институции, посилно владеење на правото, поефикасна јавна администрација, конкурентна економија и амбиент што ќе ја зајакне довербата на граѓаните кај инвеститорите. Тоа не го правиме затоа што некој тоа го бара од нас, туку затоа што веруваме дека тоа е единствениот исправен пат за развој на нашата татковина и за создавање стабилни институции кои ќе можат да одговорат на потребите на сегашните и на идните генерации.

Во тој процес ја цениме поддршката што ја добиваме од Европската комисија, како и стручната и финансиската помош што придонесува реформите да се реализираат побрзо и поквалитетно. Истовремено, очекуваме европската интеграција да остане процес кој се темели на јасни критериуми, на вредности и на исполнување на реформските обврски, а не процес кој ќе биде оптоварен со билатерални прашања што создаваат неизвесност кај македонските граѓани, изјави Мицкоски по средбата.

71-годишник од Прилеп пријавен дека полово вознемирувал 40-годишна сограѓанка

-На 07.07.2026 во 19:00 часот полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Д.В. (71) од Прилеп, постапувајќи по пријава од 40-годишна прилепчанка дека во нејзиниот дом во Прилеп, додека пријавителката била заедно со нејзината малолетна ќерка, дошол Д.В., по што полово ја вознемирувал, а се обидел и да ја допира пријавителката по телото.

По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок – информираат од СВР Битола.

Познати првичните причини од што починала младата девојка од Прилеп, чие тело беше пронајдено во стан во Солун

Првичните наоди од форензичката обдукција покажуваат дека смртта на 24-годишната девојка од Прилеп, која во понеделникот беше пронајдена мртва во стан во солунската населба Сикиес, најверојатно е последица на патолошки причини, односно природен процес во организмот.

Според грчкиот медиум Thestival.gr, засега не се пронајдени индиции што би укажувале на криминално дело, додека конечниот одговор за причината на смртта се очекува по добивањето на резултатите од токсиколошките анализи.

-Според досегашните информации, при обдукцијата не биле пронајдени знаци кои би укажале на криминално дело. Надлежните органи ги очекуваат резултатите од токсиколошките анализи, кои треба да дадат дополнителни информации и да ја потврдат точната причина за смртта. 24-годишната жена, која била со потекло од Македонија, била пријавена за исчезната откако нејзиното семејство не можело да стапи во контакт со неа. Случајот сè уште се истражува, а надлежните ги проверуваат сите достапни информации поврзани со околностите на нејзината смрт, пишува медиумот.

Николоски: Завршивме со реконструкција на железничката обиколница Скопје, линијата Драчево – Илинден (ВИДЕО)

Завршена е реконструкција на железничката обиколница Скопје, пругата од Драчево до Илинден со што се овозможува пренасочување на товарните возови надвор од Скопје. Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и диркторот на ЈП Железница Инфраструктура Синиша Ивановски, направија увид до реконструираната пруга каде се изврши и тест возење.

По оваа делница ќе се одвива исклучиво товарниот железнички сообраќај, истакна Николоски, што ќе придонесе за подобра организација и развој на целокупниот транспорт.

“Драго ми е што правиме тест возење на обновениот железнички коридор, практичната обиколница на Грaдот Скопје, линијата меѓу Дрaчево и Илинден, со која што товарните возови се вадат надвор од Градот Скопје.

Со реализација на овој проект, многу се помага во заштита на животната средина и намалување на загадувањето во Скопје имајќи предвид дека товарните возови нема да влегуваат во Град Скопје.

Ова е проект кој го работеше ЈП Железници Инфраструктура, го заврши во максимално брз рок, во моментов има тест период, за што е потребно да се направии технички прием и очекувам за дваесетина дена карго возовите да ја користат оваа делница. Тоа ќе значи многу за заштита на животната средина и за намалување на загадувањето во Скопје од една страна, но од друга страна ќе значи побрз карго сообраќај на Коридор 10, што ќе значи повеќе бизнис и повеќе железнички композициии на македонските пруги што многу ќе приоднесе за развој на бизнисот и целокупниот транспорт.

За многу брзо време, не подоцна од 1 септември се гледаме и на пуштање на употреба и на Градскиот воз, првата линија која ќе оди од Зелениково преку Драчево до центарот на Скопје”- изјави Николоски.

Гостување на претставата „ПОВИК“ во Прилеп – влезот е бесплатен

На 9 и 10 јули (четврток и петок) 2026г. од 20.00 часот на сцена 105 ќе биде изведена претставата „ПОВИК“.

Автор и режија: Јован Ристовски,
Костимограф: Марта Дојчиновска

Во претставата играат:

Марија Стефановска – Сликарка
Катерина Аневска – Актерка
Николе Стефанов – Режисер
Маја Андоновска Илијевски – Кустос
Наталија Ристеска – Сенка на Сликарката
Марија Талеска – Бабар / Мечкар – Сенка на Сликарката

„Повик“ е приказна за современиот уметник, раскажана низ судбината на една млада сликарка која се обидува да ја пронајде вистината во свет во кој уметноста сè почесто станува производ, нарачка и кич. Претставата отвора прашања за изгубениот идентитет, за судирот меѓу личниот интегритет и очекувањата на општеството, како и за конфликтот помеѓу слободното творештво и системите што настојуваат да го обликуваат човекот. Нејзината борба не е само професионална – таа е борба да остане човек, да не го изгуби сопствениот глас и да остане верна на својата интуиција.

Но ова не е приказна за поразот. Ова е приказна за можноста повторно да се роди уметноста. За надежта дека, и покрај политичките, економските и општествените притисоци, човекот сè уште може да ја избере вистината, слободата и автентичноста. Инспирирана од научните трудови на Карл Густав Јунг, претставата ги истражува архетиповите, сенката и процесот на лична трансформација, отворајќи силни прашања за индивидуалниот и колективниот идентитет. Воедно, ова е и омаж на жените – на нивната сила, мудрост и способност да создаваат, обновуваат и менуваат, затоа што секоја вистинска преродба започнува со храброста гласно да се изговори вистината. Низ претставата одекнува една силна мисла – „НИЕ МОЛЧИМЕ.“

Театарската претстава е независен проект, поддржан во рамки на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Heartefact Fund. Претставата е дополнително поддржана од Германија преку Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ North Macedonia). Партнер и логистичка поддршка е НУ Центар за култура – Битола.

Влезот е слободен. Влезниците можат да се подигнат од билетарницата од Центарот за култура на: 9 јули од 10:00 до 12:00 часот и од 18:00 до 20:00 часот и 10 јули од 18:00 до 20:00 часот

Прилепчанки, сè уште не е доцна за посакуваното тело за ова лето! Инвестирајте во вашата виталност во „Ласер и Убавина“

Во динамичното секојдневие, честопати забораваме дека најважната инвестиција не е во работите што ги поседуваме, туку во сопственото здравје, енергија и благосостојба. Кога ќе одлучите да се грижите за себе, не правите само чекор кон поубав изглед, туку вложувате во вашата виталност, самодоверба и поквалитетен живот.

Токму со оваа филозофија работи салонот „Ласер и Убавина“ во Прилеп, каде секоја жена добива индивидуален пристап и програма создадена според нејзините потреби. Современите третмани за слабеење и обликување на телото не се базираат на универзални решенија, туку започнуваат со детална стручна консултација, анализа на телото и внимателно креиран план кој ги таргетира зоните што сакате да ги подобрите.

Целта не е само намалување на обемот, туку создавање хармонична силуета, поцврста и поеластична кожа, чувство на леснотија и повеќе енергија во секојдневието. Кога третманите се комбинираат со професионален пристап и посветеност, резултатите стануваат дел од еден нов начин на живот, исполнет со поголема самодоверба и задоволство.

Понекогаш е потребна само една одлука за да започне вистинската трансформација. Одлука да си посветите време, да се чувствувате подобро во сопственото тело и да направите нешто добро за себе.

Доколку сакате професионален пристап, индивидуална програма и третмани кои носат видливи резултати, контактирајте го салонот „Ласер и Убавина“ на 070 287 842 или посетете ги во самиот центар на Прилеп, на булевар „Гоце Делчев“, во зградите спроти „Палма Шоп“ (влез 1, стан 7). Вашата виталност заслужува да биде приоритет.

Следете ги и профилите на “ЛАСЕР и УБАВИНА” на: ФЕЈСБУК и ИНСТАГРАМ и навреме информирајте се за сите новитети.

Бесплатно паркирање на јавните паркиралишта во Битола за лица со аутистичен спектар

Советот на Општина Битола на денешната седница донесе Одлука за бесплатно паркирање на јавните паркиралишта на ЈП „Паркинзи“ за лица со аутистичен спектар.

Повластената паркинг карта може да ја користат на следните паркинг зони: Б1, Б2, Б5, Б7, Д1, Х1, А8, А10 и А2.

Картичката е со важност од една година и се издава на барателот по претходно поднесено барање, таа не е пренослива на други лица, односно не може да ја користат други лица или други возила и е со важност од една година.

Повластената паркинг карта се издава на физички лица кои се со регистрирано живеалиште или престојувалиште во Општина Битола и се издава само за едно патничко моторно возило.

Потребната документација се доставува до ЈП „Паркинзи“, а оваа мерка е поддршка за лица со попреченост и нивните семејства и барањето за спроведување на одлуката за бесплатен паркинг за родители на деца со аутизам.

Советот беше едногласен за оваа одлука.

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: ГОЦЕВ СТОЛЕ ОД РАДОВИШ ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ ВРЕДЕН 1.739.712 ДЕНАРИ

Најновиот милионер во Македонија е Гоцев Столе од Радовиш. Тој освои МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ вреден 1.739.712 денари.

Најчесто уплаќам спортска прогноза. Тоа го правев и сега за време на СП во фудбал, кога и одлучив да си ја пробам среќата на ВЛТ. Во првиот момент кога се случи, кога го слушнав сигналот, не знаев што се случува. Мислев дека се случи некоја грешка. Вработената ми објасни дека освоив МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ. И во тие мигови, никако не можев да поверерувам дека тоа навистина ми се случува мене, ја започна својата среќна приказна, нашиот најнов среќен добитник-милионер, Столе Гоцев од Радовиш.

Тој освои МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ вреден 1.739.712 денари. Парите од одбивката ќе ги искористи да си купи нов стан.

МИЛИОНЕР џекпотот вреден 1.739.712 денари е освоен кај нашиот деловен соработник Спортлајф во Радовиш на 04.07.2026. Среќната игра на Столе е 40 Супер хот. Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија со задоволство му честита на добитникот.

Во периодот од 29.06.2026 до 05.07.2026 година, Видеолотарија Касинос Австрија исплати вкупно 15.973.107 денари кон играчите на ВЛТ терминалите низ Македонија, и тоа:

• 1 СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот добивка, исплатени 5.671.489 денари

• 6 МИЛИОНЕР џекпот добивки, со вкупно исплатени 8.764.308 денари

• МИНИ џекпот добивки, со кои играчите заедно освоија 1.537.310 денари

Во пресрет на најголемиот фудбалски спектакл- Светското првенство во фудбал, Видеолотарија Касинос Австрија за играчите на ВЛТ подготви уште повеќе возбуда, адреналин и можности за големи добивки. Јуни со кампањата, донесе нова серија добивки и дури 25 нови милионери на ВЛТ терминалите од Видеолотарија Касинос Австрија. Благодарение на кампањата „Секој ден нов милионер“, секојдневно се создаваа нови причини за славење и незаборавни моменти за играчите ширум Македонија. Во периодот од 1 до 30 јуни 2026 година, за ВЛТ џекпот добивки беа исплатени вкупно 58.356.737 денари.

Лозано, Тони Зен и 2Бона ќе настапат на „С.О.С. Фестивал“ во Битола

Најголемиот музички фестивал што ќе се одржи под отворено небо ова лето на 8-ми август на Ракометното игралиште во Битола, ќе биде С.О.С. фестивал. Замислен како музички настан со префинето селектирана концертна програма од врвни македонски музички артисти, тој е и своевиден повик на музичка борба против увезениот турбофолк, шундот и кичот. Токму затоа учесниците на С.О.С. фестивал се жанровски различни, но врвни македонски музички ѕвезди кои припаѓаат на самиот крем на домашната естрада. Така, таа вечер на отворената сцена под ѕвездите ќе блескаат предводниците на новата урбана генерација – 2БОНА, кои со години го држат врвот на македонската трап сцена.

Покрај нив познатиот хип-хоп артист, рапер и продуцент Тони Зен, придружуван од својот бенд во живо ќе ги изведе своите најголеми хитови од неговата „стиховна агенда“ која урбаниот скопски рапер ќе ја донесе во свој стил на сцената на Ракометното во Битола.

Секако тука ќе биде и настапот на пејачот со кадифен глас, Влатко Лозаноски – Лозано, кој со својата емоција преточена во неговите хитови ќе и ја разгали душата на публиката на 8-ми август во Битола.

С.О.С. фестивал кој е во организација на „Fresh Union – Film, Music and Booking Agency“ е проект во рамките на Бит Фест 2026 поддржан од Општина Битола и Министерството за култура на Македонија.

Влезниците за С.О.С. фестивал се во продажба по промотивна цена од 790 денари и можат да се набават онлајн на www.wayin.mk

Фреш Унион ќе слави роденден со акција во Битола за битолчани (купи 1+1 подарок) од 01.07.2026 до 20.07.2026 само во продажните тобака на Димпо Тобако (Широк Сокак), Гроздо, Ленски мост, Нов Пазар и Tobacco Brothers (Широк Сокак).

Aпсења на две локации во Прилеп – кај 25-годишна девојка и кај 31-годишник пронајдена мapихуaна

Извадоци од полицискиот билтен на МВР:

-На 06.07.2026 во 15:20 часот на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода А.П.(41) и Н.Н.(25), двајцата од Прилеп. При контрола на патничко возило „сеат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.П., а во кое сопатничка била Н.Н., пронајдена е марихуана.

-На 06.07.2026 во 18:00 часот во Прилеп, во близина на вештачкото езеро, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода М.Ц.(31) од Прилеп, бидејќи при преглед кај него била пронајдена марихуана.

По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци – велат од МВР.