Aнгелов со вонредно обраќање: Еден од најопасните пожари е во близина на Прилеп на патот кон Битола (ВИДЕО)

Вчера беше најтежок ден од почетокот на сезоната на пожари, со регистрирани најмалку 52 пожари на отворен простор, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Еден од најтешките пожари е во близина на Прилеп, покрај патот кон Битола. Иако пожарот се шири во рамничарски дел, силниот ветер значително ја отежнува интервенцијата.

Пожарот е ставен под делумна контрола, а во него изгорела штала во која имало одредена количина тутун.

Ангелов упати апел до граѓаните да бидат особено внимателни и да не предизвикуваат пожари, предупредувајќи дека секоја невнимателност во вакви услови може да има сериозни последици.

„Секојдневната битка со десетици пожари е тешка. Доволна е една искра за да се случи вистинска катастрофа“, порача Ангелов.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.