дома блог страница 62

165 милиони денари инвестиции во Гевгелија, Николоски во обиколка на проектите кои се реализираат (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

-Големо задоволсто е кога се гледа дека се реализираат големи проекти, навистина ова што го гледаме е еден прекрасен проект, ќе даде целосно нов лик на овој дел од градот, на овој Гевгелија. Ќе ја врати автентичноста, но исто така има доста модерни елементи, тоа што целокупната инсталација се решава и оди подземно. И тоа што има едно подземно осветлување кое што навечер ќе даде целосно нов дух на овој дел од градот. Мислам дека ќе го смени целосно ликот, што ќе значи многу за околните жители и нивните имоти да добијат вредност тука, зошто да не се отворат и угостителски објекти во кои што ќе можат да доаѓаат гости од државата но и од странство кои што често знаат да ја посетат Гевгелија, рече Николоски и додаде:

„Во таа насока, драго ми е што дадовме поддршка како влада и како министерство за транспорт во реализација на оввој проек во вкупна вредност од некаде од 81 милион денари и да најавам дека веќе се работи на решение кое што треба да продолжи од градската библиотека до крајот на оваа улица, дека ќе продолжиме да даваме поддршка и дека сериозно ќе разгледаме да го поддржиме и тој проект, а пред некој нден со градоначалникот разговаравме за ново влез во градот кој што ќе го преземе како обврска министерството за транспорт, така што еве официјално да најавам дека ќе работиме на нов влез на градот“.

Вицепремиерот Николоски најави изградба на нов влез во градот.

-Досега владата прку министерството за транспорт во општина Гевгелија има инвестирано или инвестира 165 милиони денари што е една сериозна сума, имајќи го во предвид и буџетот и големината на општината. Покрај оваа улица на која сме во моментов, тоа е улицата која што оди од улица Гевгелиски партизански одреди до улица Железничка, завршена е и изградбата на улицата Новопланирана во вредност од 2,4 милиони денари, како и изградбата на парк со детско игралиште на улицата Деко Ковачев во вредност од 7,1 милион денари, завршена е реконструкција и рехабилитација на дел од Бул. Гевгелија и натпатник на улица Железничка во првиот повик 71,7 милиони денари преку средства од министерството за транспорт завршивме и реконструиравме улици во село Моин, во село Прдејци и во село Богородица и завршен е западниот Булевар, фаза 3 со средства обезбедени од министерството за транспорт со поддршка Светска банка во вредност од 30, 8 милиони денари. Сето ова заедно 165 милиони денари вложување во инфраструктурата во општина Гевгелија. Најавувам дека и во следниот период ќе продолжиме да ја поддржуваме општината и дека ќе има нови проекти и еден од тие ќе биде нов влез во градот, потенцираше Николоски.

Функционер во Кина осуден на смрт за земање мито (ВИДЕО)

Суд во источна Кина осуди поранешен градски службеник на смрт за земање мито од повеќе од 2,2 милијарди јуани (околу 325 милиони долари) во период од 30 години.

Јанг Јулин, кој извршувал разни функции во градот Нанџинг од 1993 до 2023 година, беше прогласен за виновен и за проневера, злоупотреба на службена должност и перење пари, при што нелегално стекнатото богатство е едно од најголемите регистрирани во последните години.

Државните медиуми тврдат дека 69-годишниот Јанг ги користел своите позиции за да им овозможи на други да добијат договори за изградба, трансфер на земјиште и финансирање, примајќи пари и други вредни предмети за возврат.

Истрагата против Јанг беше покрената како дел од антикорупциската кампања на претседателот Си Џинпинг, во која беа вклучени високите воени претставници, банкарскиот сектор и други области.

Јанг, кој поголемиот дел од својата кариера го помина работејќи на економскиот и технолошкиот развој на Нанџинг, изврши кривични дела од „исклучително сериозна природа“ кои „предизвикаа исклучително големи загуби за интересите на државата и народот“, соопшти во понеделник суд во градот Чангжу.

Откако дојде на власт, Си Џинпинг започна повеќе бранови антикорупциски кампањи, за кои критичарите тврдат дека се користеле и како алатка за елиминирање на политичките ривали.

Смртните казни за финансиски криминал се уште се ретки во Кина, иако повремено се изрекуваат, главно во случаи на поткуп или проневера на повеќе од милијарда јуани.

Така, поранешниот финансиски директор Лаи Сјаомин беше погубен во 2021 година откако беше осуден за прифаќање на 1,8 милијарди јуани мито во текот на десет години.

Поранешниот функционер на Внатрешна Монголија, Ли Џианпинг, беше погубен во 2024 година за проневера и поткуп во вкупен износ од повеќе од три милијарди јуани.

Во многу други случаи, судовите изрекоа затворски казни или условни смртни казни, кои по одредено време беа заменети со доживотен затвор.

Во некои случаи, казните беа намалени за осудениците кои соработуваа со властите и пријавија други сторители.

Иако Јанг, исто така, им пружи одредена помош на истражните органи, судот во Чангжу заклучи дека неговите злосторства биле толку сериозни што оваа соработка „не била доволна за да оправда поблага казна“.

Според државните медиуми, Јанг ја признал својата вина и изразил каење во својот завршен говор.

Витаминка го сподели своето ESG искуство на Националниот бизнис форум за одржливост

Витаминка беше дел од Националниот бизнис форум „Turning Sustainability into Competitiveness: Building Resilient Businesses in an Uncertain World“, организиран од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Стопанската комора на Северна Македонија и Обединетите Нации.

Во рамки на работилницата „Sustainable Supply Chains and Export Readiness“, нашата компанија го претстави своето искуство во воведувањето на ESG принципите и подготовката на првиот ESG извештај, нагласувајќи дека одржливоста денес претставува предуслов за доверба, конкурентност и пристап до меѓународните пазари.

За Витаминка, ESG не е само известување. Тоа е процес на подобро управување, поголема транспарентност и континуирано подобрување низ целиот синџир на вредност.

Горди сме што имавме можност да го споделиме нашето искуство и да придонесеме во националната дискусија за иднината на одржливото и конкурентно македонско стопанство.

Секоја чест за овие луѓе: Исчисти го сопствениот двор, кога веќе градот послабо се чисти (ВИДЕО)

Додека многумина секојдневно се жалат на нечистотијата низ градот, група млади прилепчани решија да покажат дека промените не започнуваат со критики, туку со личен пример. Иницијативата „Мој Прилеп“ успешно ја реализираше првата работна акција „Чистиме Џубрината #1“, во која десетици граѓани доброволно се вклучија за да го исчистат и уредат паркот и детското игралиште кај зградите во населбата Бончејца.

Со метли, гребла, тримери, колички и многу добра волја, волонтерите за неколку часа успеаја целосно да го променат изгледот на просторот, покажувајќи дека кога постои желба, резултатите не изостануваат.

Особено радува фактот што на повикот на „Мој Прилеп“ се одзваа голем број прилепчани од различни генерации. Некои работеа, други донираа освежување, а сите заедно испратија силна порака дека грижата за градот е обврска на секој од нас.

„Уште една успешна акција – Џабе работи, џабе не седи! Благодарност до сите што дојдоа, помогнаа и донесоа освежување. Со секоја акција бројот ни се зголемува“, порачаа од „Мој Прилеп“ по завршувањето на акцијата.

Ваквите иницијативи заслужуваат искрена поддршка и почит. Наместо да чекаат некој друг да ја заврши работата, овие млади луѓе покажаа дека со малку труд, организација и заедништво може да се направи голема промена. Токму затоа – секоја чест за нивниот пример, кој заслужува да го следат што повеќе граѓани.

Панк-рок свирка вечерва на Камена бина во центарот на Прилеп

Вечерва како дел од проектот “Од 0 до култура”, со почеток од 21 часот на Камената бина во Прилеп ќе настапат Side Quest.

Side Quest е панк-рок, поп-панк бенд од Прилеп кој во 2023 се приклучуваат на македонската алтернативна сцена.
Оваа година на проектот “Од 0 до КултурА” ќе изведат песни по хронолошки редослед од панк рок културата како стилско движење кое еволуира до денес. Ќе слушнете песни од бендови кои го формирале стилот, креирале суб-култури и оставиле свои печат во текот на времето.

Моментално работат на нивниот прв деби албум, а до денес имаат издадено еден сингл (Нема иднина), снимена песна за прилепскиот фудбалски клуб “Победа” и преработка на македонската народна песна “Ако одам во Битола”.

Покрај клупски настапи имаат свирено како предгрупа на концерти на Паркети, My Tear и Нема Лабаво. Исто така беа финалисти на минатогодишниот фестивал за млади бендови “Лузер Фест“.

Бендот го сочинуваат:

Елена Хаџи-Спироска – вокал
Ангел Ѓоргиоски – вокал
Александар Ристески – гитара
Христијан Богдановски – гитара
Мартин Трајковски – бас
Филип Богдановски – тапани

Oпштината ќе дава по 6.000 ден. субвенција за возачка дозвола за сите матуранти

Добра вест за матурантите од Општина Долнени. Локалната самоуправа и оваа година продолжува со мерките за поддршка на младите, обезбедувајќи финансиска помош за стекнување возачка дозвола од Б категорија. За таа цел е објавен јавен повик преку кој матурантите од учебната 2025/2026 година ќе можат да добијат ваучер во вредност од 6.000 денари за обука и полагање, а распределбата ќе се врши по принципот „прв дојден – прв услужен“.

Право на учество

Право на пријавување имаат сите матуранти кои во учебната 2025/2026 година завршиле средно образование и имаат живеалиште на територијата на Општина Долнени.

Вредност на ваучерот

Секој избран кандидат ќе добие ваучер во вредност од 6.000 денари за обука и полагање за возачка дозвола – Б категорија.

Потребни документи

Изјава дека кандидатот во учебната 2025/2026 година завршил средно образование, односно дека е матурант.
Образецот на изјавата се подигнува во архивата на Општина Долнени при поднесување на пријавата.
Копија од лична карта.

Начин на доделување

Ваучерите ќе се доделуваат по принципот „прв дојден – прв услужен“, до исцрпување на предвидениот број ваучери и исполнување на условите од јавниот повик.

Рок за пријавување

Пријавувањето трае 10 (десет) дена од денот на објавување на јавниот повик.

Пријавите со потребната документација се доставуваат во архивата на Општина Долнени, во работно време.

Ги повикуваме сите матуранти кои ги исполнуваат условите навремено да аплицираат и да ја искористат оваа можност за финансиска поддршка при стекнување возачка дозвола. – Стои во соопштението од општина Долнени.

Мицкоски денеска во посета на Битола

Претседателот на владата, Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Битола, а потоа ќе изврши увид во градежните активности за реконструкција на новата училишна зграда на ООУ „Коле Канински“ во населбата Буковски Ливади.

Како што соопшти владината прес-служба, посетата на фабриката „Кромберг и Шуберт“ е предвидена за 12 часот, додека во 13 часот премиерот Мицкоски ќе ја посети локацијата каде се одвива реконструкцијата на училиштето во Општина Битола.

Предвидено е премиерот Мицкоски по посетите да даде изјава за медиумите.

Се враќа една убава летна традиција во Прилеп, четврток со жива музика

Додека поголемиот дел од градот четвртокот го поминува во вообичаено темпо, Cipriani Fine Dining & Lounge Bar ова лето враќа една убава традција во градот под Марковите Кули, четврточни вечери исполнети со жива музика, пријатна атмосфера и уживање кое ќе стане нова прилепска традиција.

Утре, четврток (9 јули), со почеток од 21:00 часот, ќе уживате во божествениот амбиент на Cipriani, врвната храна и услуга, заедно со Aлександар Здравков, нашето младо и талентирано момче од Прилеп, кој секогаш знае да создаде опуштена, топла и пријатна атмосфера.

Ако се’ уште не сте ги посетиле, еве ви одлична прилика за прв пат да се уверите во тоа што точно доби градот со ова место. Ова е приказна која не се раскажува со зборови, туку се ужива во секој миг од престојот, со секоја голтка и секој залак.

Резервирајте навреме на: 078 534 334 и заследете го Cipriani Fine Dining & Lounge Bar на социјалните мрежи: ФЕЈСБУК и ИНСТАГРАМ

Се асфалтира ул. “Леринска” во Битола (ФОТО)

Се асфалтира улицaта „Леринска“ и крак од улицата „Христо Узунов“ како дел од проектот за реконструкција на улиците, каде претходно беше изведена мешовита ( фекална и атмосферска) канализација и приклучоци за куќите – информираат од општина Битола.

Денеска увид во градежните работи изврши градоначалникот на Битола Тони Коњановски со одговорните лица за проектот.
Вкупната должина е околу 206 метри, со дебелина на асфалтот од 7 см.

Сумата за реконструкција на коловозот изнесува 4.004.100 денари, а за изведбата на канализацијата 2.872.960 денари.
Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Битола.

-И со овој проект се подобруваат условите на уличната мрежа во градот. Општината продолжува со реализација и на други инфраструктурни проекти исполнувајќи ја програмата за работа и заложбата за подобри услови за жителите, стои во соопштението од Општина Битола.

Ќе ви стане слатка навика за секој ден летово: Локал во Прилеп кој мора да го посетите (Фото галерија)

Надвор од градската гужва, во просторот на поранешно „Жито Прилеп“, веднаш до Градската болница, се наоѓа едно од оние места каде што секоја посета лесно прераснува во навика. Пријатна атмосфера, голема летна бавча, богато мени и секогаш насмеан персонал – токму тоа е Brunch Box Café, омиленото катче на сè поголем број прилепчани.

Денот можете да го започнете со ароматично кафе, вкусен доручек, свеж кроасан или некој од нивните добро познати бургери, тортиљи и сендвичи. Но, во овие жешки летни денови, главната причина да ги посетите е нивната нова летна понуда на освежувања, создадена за уживање преку ден, но и за вечерни дружби.

На коктел менито ќе ги пронајдете вистинските летни класици – Mojito, Sex on the Beach, Hugo и Aperol Spritz, подготвени со квалитетни состојки и совршено разладени за високите температури. Без разлика дали сте љубител на свежите цитрусни вкусови, овошните ароми или пенливите коктели, овде сигурно ќе го пронајдете омиленото летно освежување.

А викендите во Brunch Box Café носат уште една причина повеќе за дружење. Секој петок, сабота и недела важи акцијата „3 + 1 ГРАТИС“, односно купувате три коктели, а четвртиот е подарок. Совршена можност да го соберете друштвото и да уживате во долгите летни вечери во една од најубавите летни бавчи во градот.

Освен коктелите, во понудата се и освежителните Monin ладни чаеви со вкусови на манго, јаболко и јагода – лесен и вкусен избор за секој што бара безалкохолно освежување.

А кога ќе посакате нешто слатко, тешко дека ќе најдете подобра комбинација од нивната летна акција – кафе и сладолед за само 90 денари. Мал детал што го прави денот поубав, без разлика дали сте на кратка пауза од работа, во друштво со пријателите или едноставно сакате неколку минути за себе.

Токму затоа Brunch Box Café не е само место каде што се јаде добро. Тоа е место каде што се создаваат убави летни моменти – од првото утринско кафе, преку попладневното освежување, па сè до вечерните коктели под отворено небо.

Ова лето направете си нова навика – посетете го Brunch Box Café и откријте зошто сè повеќе прилепчани токму тука го поминуваат најубавиот дел од денот.