Битолчани знаат да живеат! Стартува првиот фестивал „Битолски чалгиски денови“

На 14 и 15 август, Битола ќе пулсира во ритамот на чалгијата!

„Битолски чалгиски денови“ – првиот фестивал посветен на чалгиската музика во градот, во рамките на БИТ ФЕСТ, во организација на Културно-информативниот центар – Битола.

Во продолжение програмата за двата фестивалски дена:

14 август

11:00 – Семинар „Канон – Чалгиска музика“, Офицерски дом

18:00 – Пајтонско дефиле, Широк Сокак

20:30 – Чапче и Тајфата

21:30 – Филип Шурбевски Езгија Квартет

22:30 – „Мерак чалгии“, Димитар Андоновски и Бојан Стојков

15 август – Стара битолска чаршија

20:30 – Чапче и Тајфата

22:00 – Љубојна и Битолскиот Чалгиски Оркестар

Два дена чалгија. Два дена традиција. Една Битола.

-Да ја оживееме музиката на чаршијата и заедно да создадеме нова битолска фестивалска традиција, порачуваат организаторите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.