дома блог страница 59

Битолски театар подготвен за премиерата на „Кориолан“ на 66.Охридско лето

Народен театар Битола ќе ја изведе својата најнова продукција „Кориолан“ на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“ – една од најзначајните и најреномирани меѓународни културни манифестации во регионот. Во современа адаптација и режија на Џон Блондел, оваа безвременска трагедија на Вилијам Шекспир носи моќен сценски јазик и отвора прашања за власта, честа, политичката одговорност и судирот помеѓу поединецот и општеството. Во претставата играат: Васко Мавровски, Петар Горко, Марјан Георгиевски, Борче Ѓаковски, Петар Спировски, Јулијана Мирчевска, Сандра Грибовска Илиевска.

Адаптација и режија: Џон Блондел, асистент на режија Дамјан Димовски, сценографија и костими Благој Мицевски, дизајн на светло Џонатан Хикс, светло-мајстор Горан Петровски, музика Александар Димовски, видео Владимир Переловски, инспициент Оливер Петровски, суфлер Мирјана Христовска.

„Кориолан“ е петта соработка на Џон Блондел со Народниот театар Битола и негова четврта режија на Шекспир. Неговите претходни шекспирови продукции вклучуваат: „Хенри VI, дел 3“ за Глоуб-ту-Глоуб фестивалот во Шекспирс Глоуб во Лондон во 2012 година, „Антониј и Клеопатра“ во 2015 година и „Сон на летната ноќ“ во 2018 година – сите прикажани на изданијата на „Охридско лето“ во тие сезони.

Битола претставува еден вид уметнички дом за Блондел од 2009 година, а ансамблот и индивидуалните уметници имаат освоено престижни награди и имаат реализирано бројни меѓународни турнеи, вклучително во Лондон, Санта Барбара, Пекинг и други градови.

Премиерата ќе се изведе на 15 јули 2026 (среда), 21:30 часот, во предворјето на црквата „Св. Софија“, Охрид.ж

Премиерната изведба на „Кориолан“ во рамките на фестивалот „Охридско лето“ претставува значаен момент за Битолскиот театар и можност оваа продукција да биде претставена пред фестивалска публика во еден од највпечатливите сценски простори во Македонија.

Веднаш потоа, НТБ со оваа претстава патува за Верона, Италија каде на фестивалот Verona Shakespeare Fringe Festival, „Кориолан“ ќе ја има светската премиера.

ВАКА СЕ САКА ПРИЛЕП! Овие луѓе заслужуваат секаква пофалба – приклучете се и вие на следната акција!

Додека многумина секојдневно зборуваат за проблемите со нечистотијата во градот, волонтерите од иницијативата „Мој Прилеп“ повторно покажаа дека вистинските промени започнуваат со личен пример.

Во рамки на акцијата „Чистиме Џубрината #1“, десетици граѓани доброволно го исчистија и уредија паркот и детското игралиште кај зградите во населбата Бончејца. Со метли, гребла, тримери, колички и многу ентузијазам, тие за само неколку часа целосно го променија изгледот на просторот.

Акцијата беше реализирана во соработка со ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, чии екипи се вклучија со косење на дополнителните површини и подигнување на собраниот отпад. На тој начин, уште еден дел од градот доби почиста и поуредена слика.

Од „Мој Прилеп“ упатија благодарност до сите волонтери и до граѓаните кои помогнаа со освежување, истакнувајќи дека со секоја нова акција бројот на учесници расте, а заедно со тоа расте и свеста дека Прилеп може да биде поубав ако секој даде мал придонес.

Ваквите луѓе заслужуваат искрена почит. Наместо да чекаат некој друг да ја заврши работата, тие покажуваат дека со добра волја, организација и заедништво може да се направи вистинска промена.

Секоја чест за волонтерите од „Мој Прилеп“! Нивниот пример заслужува да биде следен, а доколку сакате и вие да придонесете за поубав и почист Прилеп, приклучете се на нивната наредна акција. Градот е наш – да се грижиме за него заедно.

Собранието денеска ќе гласа за новите министри во Владата

Собранието денеска се очекува да ја започне 112. седница на која треба да бидат разрешени и избрани нови членови на Владата.

Собранието треба да го разреши Игор Филков, министер за правда (ЗНАМ), а на негово место да го избере Јетон Шасивари (Вреди). Иван Стоилковиќ (Коалиција ВМРО-ДПМНЕ), ќе биде разрешен од Министерството за односи меѓу заедниците, но треба да ја преземе министерската функција во локална самоуправа. Златко Перински, актуелниот министер за локална самоупрва ќе биде разрешен и ќе ја преземе директорската функција во Фондот за здравствено осигурување каде на чело е Сашо Клековски (ВМРО-ДПМНЕ), кој пак се очекува да биде избран од Собранието за нов министер за здравство на местото на Азир Алиу. За министер за односи меѓу заедниците е предложен Агон Ферати (Вреди). Цветан Трипуновски, ќе биде разреше од функцијата министер земјоделство, шумарство и водостопанство, а на негово место ќе дојде Борче Серафимовски (ЗНАМ). Фатмир Лимани, треба да биде разрешен од министерската позиција во социјална политика, демографија и млади, а таа позиција да ја преземе Ѓоко Велковски (ВМРО-ДПМНЕ). Зоран Љутков, ќе биде разрешен од министерската позиција во култура и туризам, а на негово место е предложен Седат Сулејмани (Вреди). На местото на Шабан Салиу, министер без ресор, е предложен Ерџан Демир (ВМРО-ДПМНЕ).

На седницата се очекува преседателот на Владата, Мицкоски да ја образложи смената на министрите, која ја најавуваше подолго време.

Согласно Деловникот за работа на Собранието, по предлогот за разрешување на член на Владата се отвора претрес, кој трае најмногу два дена. Членот на Владата за кого е поднесен предлог за разрешување може да се изјасни по предлогот во траење од 15 минути. Новите министри се бираат со мнозинство од вкупниот број пратеници.

По склучувањето на договорот за соработка на ВМРО-ДПМНЕ со Демократската партија на Турците наскоро до Собранието треба да биде доставен предлог за уште еден нов министер во Владата, а владејачкото мнозинство се зголеми за уште еден пратеник. Исто така новина што премиерот ја соопшти пред извесно време е што во Владата веќе нема да има вицепремиер и министер за добро владеење, туку тие обврски ќе ги преземе лице од неговиот Кабинет. Изборот на заменици министри, како што најави Мицкоски, ќе биде во септември.

Промената на министрите во Владата се случува на половина од мандатот на премиерот Мицкоски. На прес-конференција по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, чиј претседател е, рече дека оваа реконструкција на Владата означува почеток на нова фаза по изминати две години, од работата на оваа Влада, исполнети со сериозни предизвици, поставување темели, стабилизација на состојбите и реализација на крупни проекти.

-Сега следува период, во кој фокусот уште повеќе ќе биде ставен на ефикасноста, динамиката и испораката на резултати за граѓаните. Нова енергија за ново забрзување – рече премиерот Мицкоски.

Секој функционер, потенцира тој, мора да биде достапен, одговорен и целосно посветен на работата.

– Тоа останува принцип од кој нема отстапување. Граѓаните очекуваат темпо, дисциплина и резултати, а токму тоа ќе биде обврска на секој член на Владата – рече премиерот Мицкоски.

Денес е ПАВЛОВДЕН: Апостолот кој најпрвин дошол во Македонија да го шири христијанството

Павловден — голем христијански празник од летниот циклус кој се слави на 13 јули. Овој ден е Собор на 12 Апостоли, односно вториот ден од завршувањето на Петровденскиот пост.

Апостол Павле, познат и како Свети Павле или Павле од Тарсус, е еден од најважните светци во проповедењето и распространувањето на христијанство. Познат како тринаесетти Христов апостол. Единствените податоци за животот на Свети Павле се текстовите од Новиот Завет.

Роден е во Тарс во Киликија (денешна Турција) во еврејско семејство. Неговото име на хебрејски јазик е Саул (Савел, Савле). Во исто време се здобил и со римско државјанство.

Пораснал во Ерусалим. Се занимавал со изработка на шатори. Од рабинот Гамалиел бил учен на фарисејството, студент интересирајќи го Талмудот а станал и еден од главните членови на антихристијанскиот еврејски совет, во чии активности спаѓа прогонувањето на христијаните и убиството на Свети Стефан, кое го одобрувал и самиот Павле.

Христијанските текстови оделуваат големо значење во преминувањето на Апостол Павле во христијанската вера. ВоБиблијата се раскажува дека на пат кон Дамаск тој видол необична светлина од која тој ослепил и го слушнал гласот наГоспод од небото, кој му рекол: „Савле, Савле, зошто ме прогонуваш? Јас сум Исус, којшто ти го прогонуваш“. Тој настан бил преврт во неговиот живот, прекрстувајќи се во Дамаск и станувајќи еден од најголемите проповедници на христијанството.

По враќањето во Ерусалим, во почетокот неговите истомисленици се сомневале во него, неверувајќи му. На своето прво мисионерско патување, бил испратен од страна на Барнаба, кој претходно го внесол во заедницата на Ерусалимската црква. Проповедал во Антиохија, Киликија, Кипар, Ефес, Атина, Македонија, Коринт иШпанија. Обично за Свети Павле се споменуваат четири мисионерски патување, со кој тој првин во саботите влегувал во синагога за да на евреи|евреите им го сподели евангелие|евангелието, но кога почнале евреите да не го прифаќаат и не го пуштаат во нивните храмови, тој им се обраќал и на поганите.

Во 67 година, Свети Павле бил осуден на смрт и погубен во Рим. Од овде се смета дека Свети Павле бил римски државник бидејќи само римските граѓани биле егзекутирани на таков начин. Според христијанската митологија, со смртта му настапиле големи чуда. Пресечената глава на апостолто продолжувала да го слави името Господово, а на местото каде што паднала се отвориле три извора, односно на местото на денешниот манастир “Три Фонтани“ кај Рим.

Во неговите посланија, кој се составен дел на Новиот Завет, Свети Павле одговара на проблемите на христијаните, на проблемите околу црква|црквата со другите религии, средбата со Исус Христос, потоа со Апостол Петар и останатите апостоли во Ерусалим, за неговото мачење, затварање и прогонување.

Светиот апостол Павле особено е значаен за Македонците. Своето прво патување надвор од Азија тој го направил во Македонија. Тоа започнало во 51, а завршило во 54 година. При своите патувања апостолот Павле организирал нови христијански општини, а старите ги утврдувал во новата вера. Според тоа се смета дека Македонија е вратата низ која христијанството влегло во Европа. Во Македонија тоа ги совладувало првите тешкотии, се судрувало со старите пагански обичаи и верувања. Тука се добиени и првите битки во походот на христијанството кон Европа и светот.

Овој ден се нарекува Собор на 12 Апостоли и тоа е главен заеднички празник на сите 12 апостоли, слично како што има соборни денови и за свети Јован Крстител, за архангел Михаил итн. Апостолите се слават како темели на црквата, со оглед на тоа што тие се првите луѓе кои во потполност ја примиле благата вест за единствениот можен Спасител на луѓето и на светот и затоа што истата вест ја проширија по сите краишта на светот.

Павловден жените го слават како празник повеќе од Петровден. Во некои места на овој ден не треба да ве касне пајак, да не го касне некого при полските работи, жетва, врзување снопови, и сл. Се верува дека човек каснат од пајак на овој ден тешко ќе оздрави.

Затоа овој ден е познат и како Пајаковден.

Не се работи на овој свет ден и никако не треба да се карате со најблиските, а ни со вашите пријатели и пошироката околина. Треба да појдете во црква и да се помолите за спасение, а убаво би било на овој ден да искажете колку ги сакате вашите најмили.

Во некои краишта, на пр. во Гевгелиско, народот сметал дека Павле бил брат на Петар и дека на луѓето им правел разни добри дела. Народот велел дека св. Петар бил богат и сербес, а св. Павле сиромав и добродушен.

79-годишник со автомобил, се судрил со свој сограѓанин на мопед во Битола

-На 11.07.2026 во 19:35 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Г.Васко Карангелевски“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа” со битолски регистарски ознаки управувано од К.С.(79) од Битола и мотоцикл „џонвеј” со битолски регистарски ознаки управуван од Ж.В.(62) од Битола. По несреќата возачот на мотоциклот со возило на Итна медицинска помош Битола бил пренесен во Клиничка болница Битола каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола, стои во соопштението од МВР.

Николоски: Истовремено градиме 6 автопати, Македонија добива модерна автопатска мрежа

Во Македонија во моментов се градат шест автопати истовремено, што е невидено во целиот регион. Динамиката на работите на секоја од овие делници се одвива одлично и во наредните години ќе имаме модерно патно поврзување во сите делови на државата, истакна заменик-претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски во гостување во поткастот „Радар“.

Вицепремиерот детално информираше за напредокот на сите автопатски проекти што во моментов се реализираат низ државата.

За автопатот Скопје–Блаце, Николоски потсети дека веќе е потпишан Договорот за грант со кој се обезбедени околу 31 милион евра, што претставува околу 15 проценти од вредноста на проектот. Тој посочи дека избран е ГРАНИТ како изведувач, оценувајќи дека ова е позитивен момент за домашната градежна оператива.

Осврнувајќи се на автопатот Кичево–Охрид, министерот истакна дека досега се изградени 37 километри, од кои 34 километри веќе се пуштени во сообраќај, а за летово најави и нови делници за сообраќај.

Говорејќи за автопатот Гостивар–Букојчани, министерот рече дека градежните работи се одвиваат подобро од очекуваното.

-Иако се работи за ултракомплициран терен, немаме проблеми со експропријација ниту со пристап до градилиштето. Од 31 километар, колку што ќе биде долг автопатот, веќе се пробиени 17 километри.Ова е првиот автопат во Македонија што се гради истовремено од двата краеви, од правец на Гостивар и од правец на Букојчани и ќе го скрати патувањето за околу 15 километри, изјави тој.

Тој очекува оваа делница целосно да биде завршена во втората половина на 2029 година, додека автопатот Тетово–Гостивар ќе биде завршен и порано.

Николоски најави и скорешен почеток на изградбата на делницата Букојчани–Кичево, долга 12 километри, која ќе го поврзе автопатот што го гради конзорциумот „Бехтел и Енка“ со автопатот Кичево–Охрид.

-Проектот ќе се реализира со поддршка од Европската банка за обнова и развој и очекувам во следните десетина дена да биде избран изведувачот, по што ќе започне изградбата, рече министерот.

Осврнувајќи се на автопатот Битола–Прилеп, Николоски истакна дека станува збор за најдолгиот автопатски проект што моментално се гради во државата.

-Динамиката на работите е добра и очекувам во првата половина на следната година во употреба да бидат пуштени првите 10 до 11 километри како целосно автопатско решение, изјави Николоски.

На крајот, тој нагласи дека со реализацијата на овие шест автопатски проекти, Македонија во следните години ќе добие современа и значително подобрена патна инфраструктура, оценувајќи дека ваков обем на истовремена изградба на автопати досега не е забележан ниту во земјата, ниту во регионот.

Ново поглавје за Slow Food Прилеп – Филип Петкоски доаѓа на местото на Тодорка Наумоска – Димески

По шест години успешно лидерство на Тодорка Наумоска-Димески, конвивиумот Slow Food Prilep доби нов лидер. На чело на организацијата доаѓа Филип Петкоски, еден од нејзините основачи и долгогодишен активен член, кој најавува продолжување на мисијата за афирмација на локалната храна, традиционалните вредности и одржливото производство.

Со својата посветеност, енергија и визија, Тодорка Наумоска-Димески остави силен белег во развојот на Слоу Фуд Прилеп. Во изминатите шест години конвивиумот реализираше бројни проекти, настани и иницијативи, создаде нови партнерства и ја зацврсти врската меѓу производителите, заедницата и љубителите на добрата, чиста и правична храна.

Денес Тодорка упатува искрена благодарност до сите членови, локални производители, соработници и пријатели кои беа дел од ова заедничко патување, нагласувајќи дека и понатаму ќе остане активен поддржувач на идејата и вредностите што ги негува Слоу Фуд.

„Иако повеќе нема да ја извршувам оваа функција, вредностите на Слоу Фуд остануваат дел од мене. Ќе продолжам да ги поддржувам луѓето, производителите и приказните кои не потсетуваат дека храната е култура, традиција, идентитет и начин на живот.“

Новиот лидер Филип Петкоски, правник и пчелар, е еден од основачите на Слоу Фуд Прилеп и долгогодишен член на Управниот одбор. Неговата визија е насочена кон зачувување на автентичните вкусови, поврзување и промоција на одржливото производство и едукација на младите. Дополнителен поттик, како што истакнува, му дало учеството како делегат на светскиот собир „Terra Madre 2024“ во Италија.

-Горд сум на досегашното искуство како член на Слоу Фуд Прилеп и еден од основачите, на мојата улога во Управниот одбор, вклучувајќи го претставувањето како делегат на нашиот регион на светскиот собир Terra Madre 2024 во Италија, што ми даде нова енергија и визија, која активно ја преточувавме во локалните настани во Прилеп.

Оваа посветеност е дел и од моето секојдневие, бидејќи со семејството традиционално се занимаваме со пчеларство и производство на мед- вели Филип.

“Мојот план за во иднина е уште посилно да се вклучам во организацијата на претстојните активности преку вмрежување на членовите со посети на локални производители, одржување на нашиот традиционален настан „Млеко“ во септември и Новогодишниот базар во декември, како и преку едукација на учениците со проширување на училишните градини и поголема посветеност од страна на училиштата и од нас како здружение.“

Од Slow Food Macedonia упатуваат искрена благодарност до Тодорка Наумоска-Димески за нејзината посветеност, визија и несебично залагање во изминатите шест години. Благодарение на нејзиниот ангажман, Слоу Фуд Прилеп прерасна во препознатлив конвивиум кој преку бројни успешни активности ја промовираше филозофијата на добрата, чиста и правична храна.

На Филип Петкоски му посакуваме успешен мандат, многу инспирација, енергија и нови достигнувања, со уверување дека конвивиумот ќе продолжи да расте, да обединува и да создава нови вредности.

Честит именден: Петар, Петре, Петра, Петранка, Каме…

Големиот православен празник посветен на Св. Апостол Петар што секогаш се одбележува на 12 јули се смета за еден од најголемите празници по Велигден.

Именден празнуваат: Петар, Петре, Петра, Петранка, Петруна, Каме…

За Петровден, според фолклористот Марко Китевски, постарите луѓе одат во црквата, а кој постел во петровденскиот пост се причестува. На овој ден може и да се работи зашто е во време на најголемата жетва, а според верувањето, дури и светецот (Св. Петар) тој ден зел срп и жнеел. Некој го држат празникот само до пладне, а попладне работат. Во Галичник Петровден се сметал за голем празник, тогаш доаѓале печалбарите и тогаш се правеле и свадбите. Останало забележано дека некогаш во еден ден имало 50 свадби, а удирањето на тапаните се слушало дури во Албанија, објаснува Kитевски.

Интересни обичаи и верувања поврзани со Петровден се забележани во Kуманово. Тој ден рано наутро уште пред изгрејсонце оделе во бавчите и нивите, особено оние со бостан и од сите четири страни фрлале ситни камчиња. На тој начин според верувањето засновано на принципот на имитaтивнaта магиja се влијае врз бостанот многу да врзува и брзо да расте.

Исто така, бостанот, но и другите култури се пpcкале со вода од извор за да растат силно како водата што извира. Во овие петровденски верувања интересно е и фpлaњето измeт од стокaта врз бавчите и нивите со земјоделски култури. Изметот земен од местото каде што стокaта плaднyвала (мepизувала), или од пазарот се верува ќе влијае врз родот да биде густ и обилен како што била стокaта на тоа место.

Според Китевски, во гевгелиско за јадење на овој ден правеле млечник за да бидат цела година благи како млекото, а во Скопска Црна Гора се верувало дека кој ќе се омpcи во петровденските пости ќе се скpaстави. Во овој крај ако било сушно времето на овој ден, носеле крсти (литии) и со песната „Крсти носам бога мoлaм“ се мoлeле за дожд.

Kитевски забележува дека Павловден жените го држеле како празник повеќе од Петровден. Во некои места на овој ден нe се paботело за да нe бидат каснати од пајак бидејќи се верувало дека човек каснат од паjaк на овој ден тешкo ќе оздpaви. Затоа овој ден е познат и како Паjаковден.

На иконите двајцата апостоли се претставени заедно, Петар со клучеви од paјот, а Павле со мeч, симбол на coпствената cмpт. И двајцата држат отворени книги. Според фолклористот Мирко Kитевски, на празникот му претходи петровденскиот пocт, чија должина зависи од празникот Велигден. Овој пocт е еден од четирите повеќедневни пocти во текот на годината, а започнува од првата недела по Дyхoвден, а бидејќи овој празник е со непocтојан датум и зависи од Велигден, така и петровденскиот пocт секогаш нe трае исто.

Апостолот Петар се прославува како образец на цврстата и искрена вера, а Павле како оној што најмногу се потpyдил во проповедањето на paспнатиот и воскpeснат Иcyс Христoc. Инаку, тие, како и сите останати апостоли, имаат свои посебни празници во текот на богослужбеното годишно време.

Kитевски смета дека cвeтиот апостол Павле е особено значаен за Македонија. Тој своето прво патување надвор од Азија го направил во Македонија. Тоа започнало во 51, а завршило во 54 година. При своите патувања апостолот Павле организирал нови христијански општини, а старите ги утвpдyвал во новата вера.

Во книгата „Дела на cвeтите апостоли од cвeтиот апостол Лука“, што е дел од Светото писмо, се истакнува дека кога cвeтиот апостол Павле се наоѓал во Тријада, една ноќ имал видeниe: „…стоеше пред него еден човек Македонец, кој го мoлeше и му велеше: ’Премини во Македонија и пoмoгни ни!’ По тоа видение, веднаш поcaкавме да тргнеме за Македонија, бидејќи paзбравме дека Господ н` повиkaл таму да го пpoповедаме Евангелието (Дела 16-9,10).

Kако што стои во ова сведоштво, една богобоjaзлива жена од градот Тијатир, по име Лидија, прва се поkpстила заедно со своите домашни, а потоа ги поканила апостолот и неговите соpaботници во нејзиниот дом. „Ако сте ме пpизнaле за вepна на Господа, тогаш влeзeте и живejте во мојата куќа!“, им рекла таа. Потоа и многу други жители на овој град биле покpcтени со што се poдила првата христијанска општина во Европа. Kитевски смета дека поради тоа може да се рече дека Македонија е вратата низ која христијанството влегло во Европа. Во Македонија тоа ги coвладувало првите тешкoтии, се cyдрувало со стapите паганcки oбичaи и веpyвања.

Дали е и колку е зголемен бројот на заболени од СИДА во Прилеп?!

Во изминативе денови на социјалните мрежи во Прилеп масовно се шират непроверени информации дека во градот има околу 50 новоинфицирани лица со ХИВ, па дури и тврдења дека Центарот за јавно здравје Прилеп спроведувал организирани тестирања во повеќе компании. Од Центарот за јавно здравје категорично ги демантираат ваквите информации и апелираат граѓаните да не наседнуваат на шпекулации.

Директорот на Центарот за јавно здравје Прилеп, д-р Горан Кузески, истакнува дека бројките се јасни и официјално евидентирани.

„Се шпекулира со некои бројки од 50 новоинфицирани лица, се споменува дека има и млада популација инфицирана. Сакам да ги оттурлам овие шпекулации, бројките се тие што се. Од 1987 година до денес во Прилеп официјално потврдени се 37 случаи на ХИВ/СИДА. Сакам да го известам населението да не наседнува на овие непроверени и неточни информации. Секој што сака да го дознае својот ХИВ статус слободно може да се обрати во Центарот за јавно здравје Прилеп, каде бесплатно може да направи ХИВ тест“, вели Кузески.

Според официјалните податоци, од првиот регистриран случај во 1987 година до денес во Прилеп се евидентирани вкупно 37 лица со ХИВ/СИДА. Од нив 23 се ХИВ-позитивни, 14 се заболени од СИДА, а до крајот на 2025 година починале седум лица. Во текот на 2026 година се регистрирани уште три нови случаи, што значи дека моментално во градот живеат околу 30 лица кои се ХИВ-позитивни или заболени од СИДА.

Податоците покажуваат дека најголемиот дел од регистрираните случаи се кај мажи. Од вкупно 37 случаи, 33 се мажи, а 4 се жени. Во возрасната структура, околу 78 проценти од заболените се на возраст меѓу 20 и 39 години.

Во однос на начинот на пренос, најголем дел од случаите се кај мажи кои имаат сексуални односи со мажи (МСМ) – 27 случаи или околу 72 проценти од вкупниот број. Хетеросексуален пренос е регистриран кај седум лица, еден случај е поврзан со инјектирање дроги, а два случаи се резултат на вертикална трансмисија од мајка на дете.

Според податоците на ЦЈЗ, во последните неколку години во Прилеп најчесто се регистрирале еден до два нови случаи на ХИВ годишно, додека во првите шест месеци од оваа година се регистрирани три нови случаи на СИДА.

Од Центарот за јавно здравје повторуваат дека нема место за паника, но апелираат до граѓаните да бидат одговорни и да практикуваат безбедно сексуално однесување. Најдобра заштита од ХИВ и другите сексуално преносливи инфекции е користењето кондом, а секој што смета дека бил изложен на ризик може бесплатно и доверливо да се тестира во Центарот за јавно здравје Прилеп.

Кузманоска брилира во Собранието, еве го последниот настап (ВИДЕО)

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Биљана Кузманоска во изјава за медиумите оцени дека ребалансот на Буџетот е насочен кон зголемување на капиталните инвестиции и реализација на инфраструктурни проекти низ државата.

-За секој буџет, па и за овој, најважно прашање е – каде одат парите? Со ребалансот на државната каса, одговорот е јасен: во патишта, железници, водоводи, училишта и уште многу други проекти кои ќе бидат додадена вредност за Македонија, изјави Кузманоска.

Според неа, со ребалансот капиталните инвестиции се зголемуваат за 5,8 милијарди денари, со што нивниот вкупен износ достигнува 45,9 милијарди денари, односно 14,5 проценти повеќе средства за оваа намена.

Кузманоска истакна дека дополнителните средства ќе бидат распределени во сите министерства и сектори, а ќе овозможат продолжување на изградбата на значајни инфраструктурни проекти.

-Продолжува изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10-д, автопатот Кичево – Букојчани, автопатот Кичево – Охрид, проширувањето на автопатот Тетово – Гостивар, делницата Гостивар – Букојчани, патниот правец Прилеп – Битола, како и автопатот Скопје – Блаце, рече таа.

Таа додаде дека продолжува и изградбата на источниот дел од железничкиот Коридор 8, на делницата Бељаковце – Крива Паланка, а започнува и реализацијата на заедничкиот железнички граничен премин Табановце со Србија.

Во делот на образованието, Кузманоска посочи дека се обезбедени средства за изградба и реконструкција на основни и средни училишта, детски градинки, спортски и училишни сали, како и студентски и ученички домови.

-Средства има и за хидросистеми, откупно-дистрибутивни центри, нови капацитети во затворот Идризово, како и за многу други проекти кои ќе придонесат за рамномерен регионален развој, нагласи таа.

Според Кузманоска, ребалансот предвидува финансиска поддршка за нови инфраструктурни проекти во општините, со цел придобивките да ги почувствуваат граѓаните во сите делови од државата.

-Зборуваме за капитални инвестиции во висина од 4,1 проценти од бруто-домашниот производ. Зборуваме за развоен и домаќински буџет. Овие бројки не се само очигледен чекор напред, туку претставуваат отскок кон развој, кон современа и модерна Македонија, порача Кузманоска.