дома блог страница 58

Николоски и eвроамбасадорот Рокас на промоција на нови возила за Државниот инспекторат за транспорт

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска ќе присуствуваат на промоција на нови возила – донација од ЕУ за потребите на Државниот инспекторат за транспорт.

На промоцијата ќе присуствува и амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас.

Ансамблот „10-те Бузуки на Домна“ од Грција го отвораат јубилејното 20 -тото издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест – музика и традиција“

Годинешното јубилејно 20-тото издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест – музика и традиција“ се отвора во Хераклеја со спектакуларниот настап на ансамблот „10-те бузуки на Домна“ од Грција. Под ѕвезденото небо на Античкиот театар, публиката ќе ужива во уникатен музички спој на традиција, емоција и виртуозност, преку звуците на 10 бузуки, гитара, контрабас и впечатливи вокални изведби како и танцувачка група.

„10-те Бузуки на Домна“ (грчки: Ta 10 Bouzoukia tis Domnas) е познат грчки музички ансамбл специјализиран за изведба на традиционална и современа грчка музика со доминантна улога на бузуки инструментот. Ансамблот е основан од Јанис Карасавас член и основач на ансамблот кој го сочинуваат врвни музичари и виртуози на бузуки, кои преку своите концерти ја претставуваат богатата музичка традиција на Грција. Нивниот репертоар опфаќа rеbetiko, лаико, народни песни од различни региони на Грција, како и современи композиции инспирирани од традиционалните музички форми.

Со настапи на бројни фестивали и културни манифестации во Грција и странство, ансамблот се истакнува по својата енергична интерпретација, виртуозна изведба и автентичен грчки музички израз. Нивните концерти претставуваат музичко патување низ историјата и културата на Грција, пренесувајќи ја атмосферата на грчките острови, градови и традиционални свечености.

Една од целите на овој настан е интензивирање на пограничната културна соработка како алатка за развој на културниот туризам преку промовирање на културното наследство и традиција како сцена и атрактивен туристички мотив, заложба која Локум фест ја промовира со години. Концертот е резултат на соработката со Амбасадата на Република Грција во Скопје и Генералниот конзулат во Битола.

Локум фест е проект од национален интерес поддржан од Министерство за култура и туризам и Општина Битола, а се одржува во рамките на Бит фест 2026 г. Оваа година ќе се одржи од 16. до 18.јули. Втората и третата вечер се резервирани за концерти во автентичната атмосфера на Старата битолска чаршија, каде што пред 20 години почна „Локум фест“.

Ги празнуваме светите Козма и Дамјан, за многу години!

Денеска се празнува денот на Св. маченици и бесребреници Козма и Дамјан.

Лекари, бесребрници и чудотворци. Овие двајца Светители беа родени браќа, родум од Рим, уште како деца крстени и воспитани во христијански дух. Имаа голема благодат од Бога да ги лечат луѓето и животните од секоја болест и мака, и тоа со едноставно полагање на рацете врз нив. За својот труд не бараа никаква награда, од болниот бараа единствено да поверува во Господ Исус Христос. Наследија голем имот, но го раздадоа милостиво на бедните и неволните. Во тоа време во Рим царуваше царот Карин.

Пред него гонителите на христијанството ги доведоа овие свети браќа оковани во синџири. По долго испрашување царот им нареди да се одречат од Христа, а да им принесат жртви на идолите. Но Козма и Дамјан не само што не го послушаа царот туку уште и му посоветуваа и самиот да отстапи од мртвите идоли и да Го признае единствениот вистински Бог.

„Нашиот Бог не е создаден, туку е Создател на с ? , а вашите богови се човечки измислици и дела од рацете на уметниците. И да ги немаше уметниците да ви ги направат тие богови, вие не би имале пред што да се поклонувате.“ После чудото извршено над самиот цар – бидејќи чудесно го исцелија од една тешка мака – царот и самиот ја изјави својата вера во Христа и ги пушти браќата во мир. А тие продолжија да Го слават Господа и да исцелуваат болни, а и самите беа од народот прославувани на сите страни. Им позавиде на славата еден лекар, којшто некогаш им беше учител и под изговор заедно да појдат да берат лековити билки ги однесе в планина, па ги уби со камења. Чесно пострадаа за верата Христова во 284 година. Нивниот спомен остана траен во Црквата на земјата, а душите им се преселија во Царството Божјо, за да живеат вечно во слава и радост.

Bongas & Guitares ќе ја исполнат вечерта со музика – И овој четврток во Прилеп се гледаме во Cipriani (ВИДЕО)

Додека летните вечери го разубавуваат градот под Марковите Кули, Cipriani Fine Dining & Lounge Bar започна мисија да го врати ноќниот живот во четврток во Прилеп, и тоа вечери исполнети со жива музика, врвна гастрономија и амбиент во кој секој момент се претвора во убав спомен.

Овој четврток, 16 јули, со почеток од 21:00 часот, уживајте во настапот на Bongas & Guitares, музичко дуо кое ќе ви приреди вечер со совршен летен ритам.

Без разлика дали сте расположени за вечера со саканата личност, дружење со пријателите или едноставно сакате да избегате од секојдневието, Cipriani е местото каде што вкусот, музиката и амбиентот се спојуваат во едно незаборавно искуство.

Резервирајте навреме на телефонскиот број: 078 534 334 или во порака на ФЕЈСБУК и ИНСТАГРАМ.

Тимот на Cipriani ве очекува на уште една незаборавна летна вечер!

„УЈП: Над 208 илјади граѓани имаат доплата, а 313 илјади имаат повеќе платен данок“

Завршена е постапката за годишното оданочување на граѓаните за 2025 година, при што во годишните даночни пријави се пријавени приходи од над 612 милијарди денари. Вкупно пресметаниот данок на личен доход изнесува 39,8 милијарди денари, информира Управата за јавни приходи.

Од УЈП посочуваат дека во споредба со 2024 година, пријавениот доход е зголемен за 74,1 милијарда денари, додека пресметаниот данок е повисок за 4,86 милијарди денари.

За 2025 година се генерирани 863.100 годишни даночни пријави. Од нив, 704.443 се достапни преку системот „е-Даночни услуги“, додека останатите се однесуваат на граѓани кои сè уште немаат креирано кориснички профил и не можат да извршат увид во својата пријава.

УЈП ги повика сите физички лица кои немаат профил на електронскиот систем да се регистрираат и да ги проверат податоците, бидејќи преку увидот можат да утврдат дали имаат обврска за доплата или право на поврат на данок.

Од вкупниот број достапни пријави, 26.653 биле потврдени лично од даночните обврзници, додека 1.145 биле коригирани. Останатите 676.645 пријави биле службено потврдени од страна на УЈП.

Според Управата, значителен број граѓани не извршиле лична проверка на податоците, што може да доведе до ненавремено откривање на евентуални грешки или дополнителни обврски.

Најголем дел од пријавите покажуваат дека граѓаните имале повеќе платен данок – 313.519 пријави, додека 208.857 лица имаат обврска за доплата. Кај речиси 182.000 пријави данокот бил точно пресметан и платен во текот на годината, без потреба од дополнителни плаќања или поврат.

Од граѓаните со повеќе платен данок, 617 лица побарале враќање на вкупно 32,4 милиони денари.

Затворениците во прилепскиот затвор извале 34.000 килограми јачмен од 180 декари (ФОТО)

Казнено-поправниот дом Прилеп успешно ја реализираше овогодинешната жетва на јачмен, засеан на вкупна површина од 180 декари.

-Во реализацијата на земјоделските активности активно беа вклучени и поголем број осудени лица, како дел од програмите за нивно работно ангажирање и ресоцијализација, информираат од Управа за извршување на санкции.

Од овогодинешната реколта е остварен вкупен принос од околу 34.000 килограми јачмен, кој во целост ќе биде искористен за сопствени потреби на установата, односно како добиточна храна за фармата во рамките на КПД Прилеп.

-Со ваквите активности, КПД Прилеп продолжува да ги унапредува програмите за ресоцијализација преку работно ангажирање на осудените лица, истовремено зајакнувајќи го сопственото производство, рационалното користење на ресурсите и економската самоодржливост на установата, стои во соопштението од Управа за извршување на санкции.

Димитровска oд ВМРО-ДПМНЕ: Спортот повторно е меѓу врвните национални приоритети (ВИДЕО)

„Спортот и инвестирањето во здравјето и развојот на младите, повторно е дел од врвните национални приоритетии и тоа го прави токму Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, пишува во денешното соопштение од прес-конференција на Катерина Димитровска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Од преземањето на одговорноста ВМРО-ДПМНЕ да ја предводи Владата, започна силното вложување во капитални инвестиции и спортска инфраструктура. Се реализираа отпочнатите и незавршени проекти, се отпочнаа многу нови и се прават планови за следни капитални инфраструктурни објекти и проекти. Оваа Влада не зборува само за спорт, оваа Влада посветено гради спорт и тоа може да се види со тоа што само за две години, реализираше и започна 60 спортски проекти со вкупна вредност од над 21 милион евра“, истакна Димитровска.

„Во изминатиот двегодишен период се реконструираа и започнаа повеќе капитални инфраструктурни проекти, меѓу кои спортската сала „Расадник“, атлетските патеки во Велес и во Гевгелија, спортската сала во Радовиш“, рече Димитровска.

„Започна долгоочекуваната реконструкцијата на спортската сала на УКИМ, изградбата на нови спортски сали во Општина Аеродром, во Крушево и во Воената академија во Скопје, како и изградбата на новите трибини на градскиот стадион во Тетово. Исто така, изградени и реконструирани се бројни игралишта, мултифункционални терени и спортски објекти, а во различни фази на реализација се и девет базени низ државата. Инвестираме во спортот и младите, затоа што крајна цел е да изградиме систем што ќе создава шампиони и инфраструктура што ќе служи со децении“, пишува во соопштението од денештата прес- конференција на Димитровска.

Започнува летната приказна на AVRA – новото урбано место за незаборавни летни ноќи во Прилеп

Некои места едноставно не се посетуваат само за пијалак или вечера. Се посетуваат поради чувството. Поради атмосферата. Поради моментите кои остануваат да се паметат.

Токму затоа, AVRA – Bites & Cocktails ова лето започнува една нова приказна која има амбиција да стане препознатлив симбол на урбаните четврточни вечери во Прилеп.

По успешното отворање и бројните позитивни реакции за уникатниот амбиент, современиот lounge концепт и префинетата естетика, дојде време AVRA да го претстави и првиот музички настан ова лето.

Во четврток, 16 јули, атмосферата ќе биде во рацете на младиот DJ Miilo, кој со својот внимателно избран музички стил ќе создаде вечер исполнета со позитивна енергија, добар ритам и вистинско летно расположение.

Но, ова е само почеток.

Од AVRA најавуваат дека четвртоците ќе станат ден резервиран за музика, одлична атмосфера, специјални промоции, внимателно подготвени коктел-понуди и уште многу пријатни изненадувања кои ќе се откриваат од недела во недела.

Доколку сè уште не сте го посетиле ова прекрасно место, ова е вистинската можност. Од елегантниот ентериер, внимателно уредената летна тераса и врвната услуга, па сè до богатата понуда на коктели и вкусни bites специјалитети – AVRA нуди искуство кое тешко може да се спореди со нешто друго во градот.

Дополнителна предност е и пространиот паркинг веднаш до локалот, кој овозможува безгрижно пристигнување и уште поопуштено уживање во вечерта.

Резервирајте навреме на телефонските броеви:

077 987 396 и
071 304 043

Или пишете им во DM на Facebook и Instagram

Не го пропуштајте ритуалот! Се гледаме во AVRA!

Тешка сообраќајка на патот Крушево-Прилеп, 26-годишно момче со тешки повреди донесено во прилепската болница

-На 12.07.2026 во 16:26 часот во ОВР Крушево е пријавено дека на регионалниот пат Крушево- Прилеп кај место викано „Двојна кривина”, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.Т.(61) од с. Житоше, општина Долнени и мотоцикл „хамачи”, без регистарски ознаки, управуван од М.Б.(26) од с.Житоше, општина Долнени. М.Б. со возило на Итна медицинска помош Крушево бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Крушево, информираат од МВР.

Бензините поскапуваат за 1,5 ден., а ГОЛЕМО ПОСКАПУВАЊЕ кај ДИЗЕЛОТ

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за промена на цените на нафтените деривати кои ќе стапи на сила од полноќ.

Согласоно одлуката, бензините поскапуваат за 1,50 денари, а дизелот за 5,50 денари.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 89,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 5,50 ден/лит, и со тоа ќе изнесува 88,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 4,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.07.2026 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 86,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,938 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.07.2026 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 42,168 ден/кг.