Teренот на градскиот стадион е искосен и раззеленет, но од клуб и фудбалери ни трага во Прилеп

Два месеци по објавата на Маркукуле и реакциите на вљубениците во фудбалот и спортската јавност во Прилеп, надлежните конечно се сетија на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп и се фатија за работа да го вратат теренот во нормална состојба.

Денеска од ЈКП “Комуналец” се пофалија на социјалните мрежи дека теренот на “Градски” е зелен, чист и подготвен за натпревари, ама за какви натпревари нема кој да каже….

Пред стартот на новата сезона, никој не знае што се случува со прилепска Победа, чиј дом е стадионот “Гоце Делчев”. Никој не знае дали клубот е подготвен за натпревари, дали има фудбалери, дали воопшто се’ уште постои….

Фудбалските вљубеници во Прилеп чекаат позитивна вест, па макар на “Градски” да се гледа ТРЕТОЛИГАШКИ ФУДБАЛ… Во спротивно, не е лошо општината стадионот да им го отстапи на фудбалските школи, нека тренираат млади деца, којзнае, можеби од нив ќе изникнат нови таленти кои ќе го предводат фудбалот во Прилеп и ќе ги полнат трибините на “Гоце Делчев”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.