дома блог страница 57

Под мотото „Доверба, интегритет и резултати: темели на модерна и европска јавна администрација“, Македонија денеска ќе го одбележи Денот на јавната администрација

Министерството за јавна администрација денеска ќе го одбележи Денот на јавната администрација под мотото „Доверба, интегритет и резултати: темели на модерна и европска јавна администрација“.

Настанот ќе се одржи во Македонската филхармонија, а предвидени се обраќања на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за јавна администрација Горан Минчев и шефот за соработка во Делегацијата на Европската унија, Штефан Худолин.

Со одбележувањето се нагласува значењето на професионална, ефикасна и транспарентна јавна администрација како еден од клучните столбови за европската интеграција и за обезбедување квалитетни услуги за граѓаните и стопанството.

Преполн локал, насмеани лица, уживање… Не чекајте друг да ви раскажува, еве каде во сабота во Прилеп ќе биде најживо (Фото галерија)

По одличниот прв настап, а на ваше огромно барање, Pub Club Terasa одново го носи Дарко Гроздановски, момчето од Битола кое шармира и освојува со својот глас.

Полн локал, насмеани и распеани гости кои уживаа од прва до последна минута, ете така може да се опише неговото прво гостување во најдобрата тераса во Прилеп.

А вие, ако досега не сте го слушнале во живо, подгответе се за вечер каде што нема седење и нема тивка атмосфера. Дарко не е од оние изведувачи што само ќе излезат и ќе испеат неколку песни. Неговите настапи се гласни, моќни, полни со емоција, адреналин и атмосфера што буквално ја крева публиката на нозе.

Токму затоа и се издвојува од останатите на сцената. Комбинацијата од одличен вокал, сценска енергија, музичка харизма и контакт со публиката прават секој негов настап да изгледа како голем концерт, без разлика дали е клубска вечер или голема сцена.

САБОТА, 27.06. се гледаме на TERASA

Резервирајте навреме на телефонскиот број: 070 304 967

А во продолжение погледнете како си поминавме минатиот пат:

Полицијата пронајде синтетичка дpoга во домот на битолчанец – заработи кривична пријава

-СВР Битола поднесе кривична пријава против О.Н.(40) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 01.02.2026, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што бил пронајден и одземен „MMB-CHMICA“ – синтетички канабиноид, информираат од МВР.

За Комуналец само „остен“ требало – браво за екоактивистите од „Мој Прилеп“

Понекогаш за да се направи голема промена е потребна само една иницијатива, една добра идеја и неколку луѓе кои ќе кажат: „Ајде да направиме нешто“.

Токму тоа го направија екоактивистите од „Мој Прилеп“, кои ја започнаа акцијата за расчистување на дворот на Ученичкиот дом „Орде Чопела“ – простор кој со години беше запоставен, обраснат со трева, трње, шипови и наталожен отпад.

Без многу зборови и чекање некој друг да го реши проблемот, тие ги зедоа работите во свои раце. Со сопствен труд и ентузијазам го вратија животот во просторот, а нивниот пример покажа дека кога има волја, можат да се направат конкретни резултати.

По нивната акција, се вклучи и ЈП „Комуналец“, чии екипи со механизација и човечки ресурси го завршија финалното расчистување – собирање и транспорт на отпадот до депонијата во Алинци.

Од „Комуналец“ посочија дека и во иднина ќе продолжат со заеднички акции со екоактивистите, особено за површини кои не се во директна надлежност на претпријатието, но се од интерес за сите граѓани и за подобар изглед на градот.

И тука е најголемата вредност на оваа приказна – не е само исчистен еден двор. Испратена е порака дека граѓанската иницијатива може да биде двигател на промени.

За Комуналец, изгледа, само „остен“ требало. Една мала иницијатива и добар пример беа доволни за да се придвижат работите.

Но најголемото браво оди кај момците и девојките од „Мој Прилеп“ – луѓето кои покажаа дека градот не е само на институциите, туку на сите нас.

Дворот на Ученичкиот дом „Орде Чопела“ денеска е чист и уреден.

Битола продолжува да се развива: Се враќа култното кино “Партизан”, министерот во увид на градежните работи (Фото галерија)

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска престојуваше во работна посета на Битола каде, заедно со градоначалникот Тони Коњановски, изврши увид во повеќе капитални проекти од областа на културата и заштитата на културното наследство.

Посетата започна со работна средба во Општина Битола, на која беа разгледани актуелните и идните проекти кои се реализираат во соработка помеѓу Министерството за култура и туризам и локалната самоуправа. Во фокусот на разговорите беа инвестициите во културната инфраструктура, заштитата на културното наследство и развојот на културниот туризам.

Во рамките на посетата, министерот Љутков изврши увид во градежните активности за реконструкција, санација и адаптација на објектот на поранешното кино „Партизан“, еден од најзначајните капитални проекти во Битола, вреден 94 милиони денари.

„Кино „Партизан” со години беше запуштен и нефункционален објект. Денес гледаме дека работите се одвиваат со добра динамика и дека чекор по чекор создаваме современ, мултифункционален, културен центар кој ќе биде дом на бројни културни настани и ново место за средба на уметниците и граѓаните“- истакна министерот Љутков.

Тој потсети дека објектот ќе биде целосно обновен и ставен во функција до 2027 година, кога Битола ќе добие нов простор за концерти, изложби, кино-проекции и други културни содржини.

Министерот изврши увид и во конзерваторско-реставраторските работи во Јени џамија, еден од најрепрезентативните споменици на културата во државата. За реализација на овој повеќегодишен проект Министерството обезбеди околу 12 милиони денари.

„Нашата обврска е да ги зачуваме највредните сведоштва на нашата историја. Јени џамија е дел од културниот идентитет на Битола и затоа вложуваме сериозни средства за нејзина целосна заштита и реставрација“- нагласи Љутков.

Работната посета продолжи на археолошкиот локалитет „Хераклеја Линкестис”, еден од најзначајните археолошки локалитети во Македонија. Годинава Министерството издвои 700 илјади денари за заштита на локалитетот и мозаиците, кои претставуваат негово најголемо богатство.

„Хераклеја не е само дел од нашето минато, туку и значаен потенцијал за иднината. Фактот што локалитетот го посетуваат до 25 илјади посетители годишно, покажува колкав е интересот за нашето културно наследство. Затоа продолжуваме да инвестираме во негова заштита и презентација“ – рече министерот.

Во изминатите две години, Министерството за култура и туризам инвестираше околу 32 милиони денари во проекти што ги реализира НУ „Завод и Музеј” – Битола, меѓу кои реставрација на фасадата на музејот, партерно уредување на лапидариумот, обновување на сувенирницата, како и конзервација на спомен-куќите на Гоце Делчев и Стив Наумов.

Битола останува еден од најважните културни центри во Македонија. Преку инвестиции во културната инфраструктура, заштита на културното наследство и развој на културниот туризам, Министерството за култура и туризам продолжува да создава услови за зачувување на националниот идентитет и за афирмација на македонските културни вредности пред домашната и меѓународната јавност.

Мицкоски: Цените на основните прехранбени производи треба да се намалат, оправдување и изговори не прифаќам, во спротивно ќе преземеме мерки

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека денеска во Владата ќе има состанок со сите дистрибутери, трговци и маркети и како што рече ќе им упати порака оти кризата завршува и дека граѓаните биле толерантни, поради што, како што истакна, сега е на ред тие да им се одолжат и ги намалат цените на производите, посебно основните прехранбени производи. Додаде дека нема да прифати никакво оправување за да не постапат така како што се очекува од нив.

-Па, денеска имаме во во Владата состанок со сите дистрибутери, трговци и маркети и мојата порака ќе биде јасна. Завршува кризата, граѓаните беа толерантни, сега е на ред тие да им се одолжат на на граѓаните и веднаш да пристапат кон намалување на цените на на производите, посебно основните прехранбени производи. Тоа го очекувам од нив. И исто така ние како Влада имаме механизми, доколку тоа не се случи, на еден поинаков начин да го спроведеме. Оправдување и изговори не прифаќам, од типот „не ни ги качиле, не ни ги намалиле цените“ и слично. Доколку не се види реакција од страна на маркетите, дистрибутерите и производителите во следните денови, тогаш ние како Влада ќе реагираме, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по учеството на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите – ЦЕФ (2026 Annual Meeting of the CEF Governing Board).

Тој не можеше да каже колкаво наланување на цените очекува и каде најмногу ќе има намалување, но истакна оти тоа треба да се случи.

-Јас не би можел да кажам колкаво и каде најмногу, само кажувам дека основните прехранбени производи потребно е да претрпат корекција бидејќи граѓаните беа толерантни до сега, сега е време тие да се одолжат на на граѓаните. И ќе направиме некои споредби какви се цените во регионот, какви се цените кај нас за некои од основните прехранбени производи и во одредени маркети, ако треба, и по име и по презиме од утре јавно ќе ги објавуваме ние, па понатаму оставаме на нив, истакна премиерот во одговор на прашањето што очекува од денешниот состанок.

21-годишно момче од Прилеп заврши со тешки повреди, откако со автомобил излетал од патот на излезот од градот кај “Варош”

-На 22.06.2026 во 02:10 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на ул„Орде Чопела“ во Прилеп, патничко возило „поло“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот Д.М. од Прилеп, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градска болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Прилеп, информираат од МВР.

ПОЛНЕТЕ РЕЗЕРВОАРИ ПО ПОЛНОЌ – Големо намалување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,61% во однос на одлуката од 15.6.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 8,216%, кај дизелот за 12,699%, кај екстра лесното масло за 12,354% и кај мазутот намалувањето е за 11,352%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0396%.

Од 23.6.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 80,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 79,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 42,291 (денари/килограм)

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 4,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 7,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 3,932 ден/кг и сега ќе изнесува 42,291 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 23.6.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИСПЛАТИ 57.146.863 ДЕНАРИ ЗА ВЛТ ДОБИВКИ ВО МАJ

Видеолотарија Касинос Австрија продолжува да создава нови добитници и незаборавни моменти за своите играчи. Во периодот од 1 до 31 мај 2026 година, на играчите на ВЛТ терминалите ширум Македонија им беа исплатени вкупно 57.146.863 денари преку ВЛТ џекпот добивки.

Овие бројки претставуваат илјадници причини за насмевка и десетици нови среќни приказни низ целата држава.

Во текот на мај беа реализирани:

• 4 СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот добивки, со вкупно исплатени 28.382.276 денари

• 15 МИЛИОНЕР џекпот добивки, со вкупно исплатени 21.983.616 денари

• 1511 МИНИ џекпот добивки, преку кои играчите заедно освоија 6.780.971 денари

Во пресрет на најголемиот светски фудбалски спектакл, Светското првенство во фудбал, Видеолотарија Касинос Австрија подготви уште повеќе возбуда, адреналин и шанси за големи добивки за сите љубители на ВЛТ забавата.

Фудбалот отсекогаш бил симбол на соништа, неизвесност и големи победи. Токму затоа, Видеолотарија ја спојува магијата на најзначајниот фудбалски настан со препознатливата ВЛТ возбуда и можноста за освојување атрактивни џекпот добивки.

За време на шампионатот, Видеолотарија Касинос Австрија обезбеди зголемен вкупен фонд за ВЛТ џекпот добивки во текот на сите фудбалски денoви. Кампањата „Секој ден нов милионер“ ќе донесе дополнителна возбуда за играчите, со нови шанси за големи добивки секој ден.

Објавен јавниот оглас за самовработување, грантови до 10.000 евра за младите – АПЛИЦИРАЈТЕ!

Агенцијата за вработување информираше дека од денеска е објавен Јавниот оглас за учество во програмата „Самовработување“. Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да аплицираат, тоа ќе можат да го сторат во 30-те центри за вработување ширум земјава, а процесот ќе трае до 3. јули.

Од Агенцијата посочија дека процесот на селекција се одвива низ неколку фази и има за цел да поддржи најдобри идеи и бизнис планови. Финансиската помош за започнување сопствен бизнис е распределена во неколку категории, со посебен акцент на поддршка на младите претприемачи.

Висината на финансиската поддршка во форма на грант за основање и започнување на бизнисите, изнесува 7.000 евра доколку аплицира лице кое е постаро од 29 години. Доколку пак станува збор за младо лице на возраст до 29 години, висината на финансиската поддршка изнесува 10.000 евра.

За оние кои планираат заеднички бизнис потфати, предвидени се поголеми буџети. Доколку пак станува збор за здружување на корисници во ДОО, поддршката изнесува до 20.000 евра, зависно од целните групи.

Сите детални информации околу критериумите и потребните документи се достапни на официјалната веб-страница на Агенцијата за вработување.

Повеќе информации на следниот линк: https://av.gov.mk/oglasi-za-aktivni-merki.nspx.