дома блог страница 56

Затворениците во акција: Ќе ги чистат магистралните и регионалните патишта во државата

Од вчера започна седумдневната работна акција која ќе трае до 22.07.2026 година во соработка со Управата на извршување на санкциите и ЈП Македонија Пат согласно потпишан Меморандум за соработка за работно ангажирање на осудени лица кои ќе помагаат за одржување на хигиената на магистралните и регионалните патишта на целата територија на Република Македонија.

Во оваа работна акција ќе бидат вклучени повеќе казнено-поправни домови и казнено-поправни установи, и тоа: КПД Затвор Идризово, КПД Затвор Штип, КПД Затвор Прилеп, КПУ Затвор Куманово, КПУ Затвор Битола, КПУ Затвор Скопје, КПУ Затвор Гевгелија, КПУ Затвор Струмица и КПУ Затвор Струга.

Осудените лица кои се работно ангажирани на магистралните и регионалните патишта се во непосредна близина на казнено-поправните установи каде што ја издржуваат својата казна и истите се под постојан надзор на припадниците на затворската полиција.

Миленикот на балканската публика Саша Ковачевиќ доаѓа во Битола – ексклузивен концерт на 26 јули на магичната Хераклеја

Еден од најпопуларните поп-пејачи на Балканот, Саша Ковачевиќ, на 26 јули (недела) ќе одржи ексклузивен концерт на античкиот локалитет Хераклеја во Битола, со почеток во 20:00 часот.

Познат по својот препознатлив вокал, харизма и емотивни балади, Саша Ковачевиќ повеќе од две децении е еден од најомилените изведувачи во регионот. Неговите песни редовно ги полнат концертните сали, а хитови како „Пиши ми“, „Шта да радим“, „Температура“, „Лапсус“, „Случајно“, „Живим да те волим“ и многу други, се дел од репертоарот што публиката го пее во еден глас.

Она што ги прави неговите концерти посебни е спојот на силни емоции, врвна продукција и енергијата што ја создава со публиката. Без разлика дали станува збор за романтични балади или динамични поп-хитови, атмосферата секогаш е исполнета со многу емоции и одлична забава.

Дополнителна магија на концертот ќе му даде и амбиентот на античкиот локалитет Хераклеја, едно од најубавите места за одржување концерти во Македонија, каде музиката и историјата создаваат уникатно доживување.

Организаторите најавуваат спектакуларна музичка вечер исполнета со безвременски хитови, а интересот за концертот е голем.

🎟 Билетите се достапни преку KupiKarta, како и во Тобако Димпо и Brothers.

📞 Информации и резервации на: 076/942-600

Не пропуштајте!

Прилепчанка измамена за 700.000 денари преку Фејсбук, мислела дека помага за лекување на болно дете

Жена од Прилеп пријавила во полиција дека била измамена за околу 700.000 денари од лице со кое комуницирала преку социјални мрежи.

Според пријавата, комуникацијата започнала во февруари годинава, кога лицето побарало финансиска помош, тврдејќи дека парите му се потребни за лекување на неговото болно дете. Верувајќи во приказната, жената во неколку наврати му уплатила вкупно околу 700.000 денари.

Подоцна сфатила дека станува збор за измама и случајот го пријавила во ОВР Прилеп.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Вандалски чин во Кривогаштани: Оштетени вентили на водоводот, без вода останаа населените места Годивле и Кореница

Во текот на ноќта помеѓу 14 и 15 јули 2026 година, засега непознат сторител или повеќе сторители оштетиле два вентили од јавната водоводна инсталација што ги снабдува со вода населените места Годивле и Кореница, со што било нарушено редовното водоснабдување на жителите.

За инцидентот информираше градоначалникот на Општина Кривогаштани, Игор Каравилоски, кој посочи дека случајот веднаш бил пријавен во Министерството за внатрешни работи, а надлежните служби извршиле увид на местото на настанот.

„Најостро го осудувам секој облик на уништување на јавната инфраструктура, особено кога со таквите постапки директно се загрозува нормалното функционирање и квалитетот на живот на граѓаните“, истакна Каравилоски.

Тој упати апел до Министерството за внатрешни работи да ги преземе сите неопходни мерки за што побрзо откривање на сторителот или сторителите и нивно санкционирање согласно одредбите од Кривичниот законик.

Од Општина Кривогаштани најавуваат дека ќе продолжат да соработуваат со сите надлежни институции со цел целосно расчистување на случајот и заштита на јавната инфраструктура, која, како што наведуваат, е сопственост на сите граѓани.

(ВИДЕО) Кузманоска одлично ги објасни владините мерки

Интегрален текст од говорот на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Биљана Кузманоска:

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува и докажува како се работи во интерес на граѓаните, развојот на стопанство и раст на економијата.

Се преземаат мерки и се имплементираат политики кои значат вработување на македонските граѓани, зголемување на вработеноста преку мерки за самовработување и отворање на нови работни места.

Во оваа насока Владата донесе Оперативен план за вработување за 2026 година, во чии рамки е отворен и јавниот повик за финансиска „Поддршка за креирање на нови работни места“ во микро, мали и средни претпријатија, во социјални претпријатија, граѓански организации.

Основна цел на мерката е поддршка со вкупен буџет од 332.650.000 денари или околу 5,4 милиони евра и креирање на нови работни места.

Со мерката една компанија може да добие поддршка за вработување на најмногу 5 лица и финансиска поддршка од 800.000 денари до 1.250.000 денари во зависност од целната група и од бројот на одобрени вработувања.

Ова претставува одлична можност за македонските стопанственици кои сакаат да го прошират и развијат сопствениот бизнис, со отворање на нови работни места и со тоа да придонесат за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на македонските граѓани.

Почитувани,

По јавниот повик за самовработување кој беше насочен кон лица што сакаат да отворат сопствени бизниси, мерката за финансиска поддршка за креирање на нови работни места е втора по ред од Оперативниот план за вработување за оваа година, насочена кон компаниите.“

Мицкоски: Владата има мандат, но ако сме предизвикани на предвремени избори подготвени сме да одговориме

Премиерот Христијан Мицкоски го коментираше наметнување на темата предвремени парламентарни избори од страна на опозицијата.

-Опозицијата е оптеретена бидејќи често пат кај нив Фројд работи и тоа е нивен најголем проблем. Мојот став е јасен, оваа Влада има мандат до пролетта 2028 година. Ние сме фокусирани на тој мандат да го испорачаме она кое граѓаните го очекуваат од нас. Но, се разбира доколку сме предизвикани, ние сме тука, подготвени сме да одговориме на тој предизвик, посочи Мицкоски.

Во однос на распишувањето на локалните избори за Општина Брвеница по смртта на градоначалникот Јовица Илиевски, Мицкоски истакна дека владата го донела заклучокот кој е испратен во парламентот. Се очекува до крајот на месецот Собранието да започне постапка за распишување на локалните избори за оваа општина. Изборите најверојатно ќе се одржат во октомври месец.

Утре повеќе улици во Прилеп неколку часа ќе бидат без струја

Регионалниот центар за управување со кризи по известување од ЕВН информира дека во четврток, 16 јули и петок, 17 јули се планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија на следните улици и населени места во Општина Прилеп:

ПЛАНИРАН ПРЕКИН НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ќе има на следните улици во Општина Прилеп на 16.07.2026 година (четврток) и од 04:00 ч. до 15:00 часот: “5-та Прилепска Бригада”, “Александер Македонски”, “Славеј Планина”, “Радовишка”, “Маргара” и “Никола Тесла”.

ПЛАНИРАН ПРЕКИН НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ќе има во следните населени места во Општина Прилеп на 17.07.2026 година (петок) од 09:00 ч. до 15:30 часот: Волково, Чумово, Прилепец, Штавица, Кронејца и ПВПП – СОЛАР ПРО.

Ристески ги седна на една маса претставниците од најголемите стопански комори во државава

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, денеска одржа работна средба со претставници на трите најголеми стопански комори во државата – Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија.

На средбата беше презентирана мерката од јавниот повик „Вработување и раст на правни субјекти“, чија цел е да им обезбеди финансиска поддршка на микро, малите и средните претпријатија, социјалните претпријатија и граѓанските организации за отворање нови работни места.

„Со мерката се предвидува поддршка за компаниите во вкупен износ од 5,4 милиони евра, со што ќе се овозможи вработување на 1.385 лица“, истакна Ристески.

Тој ги повика сите компании кои ги исполнуваат условите и имаат потреба од нови вработувања да ја искористат можноста и да аплицираат преку центрите на Агенцијата за вработување.

Јавниот повик останува отворен до 24 јули 2026 година, а мерката претставува дел од активните политики за поттикнување на вработувањето, поддршка на стопанството и создавање нови можности за економски раст.

Над 22 милиони прегледи за 90 дена – Маркукуле.мк е партнер за успех на вашиот бизнис

Довербата на читателите и следбениците не се гради преку ноќ. Таа се стекнува со години посветена работа, навремено информирање и содржини кои секојдневно ги интересираат граѓаните.

Тоа го потврдуваат и најновите статистики на Facebook страницата на Маркукуле.мк, кои покажуваат дека во последните 90 дена нашите објави достигнале импресивни бројки.

📊 Во периодот од 16 април до 14 јули, содржините објавени на Facebook страницата на Markukule.mk оствариле:

✅ 22.209.578 прегледи

Овие резултати се потврда дека содржините на Markukule.mk секојдневно допираат до огромен број корисници на социјалните мрежи. Meta денес ја користи метриката „Views“ како главен показател за тоа колку пати содржината била прикажана на корисниците, без разлика дали станува збор за видео, фотографија или текстуална објава.

Токму затоа, сè поголем број компании, угостителски објекти, продавници, здравствени установи и други бизниси го избираат Markukule.mk како свој медиумски партнер, преку кој ги претставуваат своите производи, услуги, акции и настани пред широка публика.

Доколку сакате вашата компанија, бренд, производ или услуга да биде видена од десетици илјади потенцијални клиенти секој ден, Markukule.mk нуди повеќе можности за промоција – банер рекламирање, ПР текстови, спонзорирани објави и медиумска поддршка при организирање настани.

Вашата приказна заслужува да стигне до вистинската публика!

Прилепчанецот Димитар Иваноски најдобар на меѓународниот фестивал „Tryavna Music Cup“ во Бугарија (ВИДЕО)

Уште еден голем меѓународен успех за младиот талент од Прилеп, Димитар Иваноски, кој со својот извонреден настап го освои првото место на Интернационалниот фестивал „Tryavna Music Cup“, што се одржа во бугарскиот град Трјавна.

Во силна конкуренција од над 400 натпреварувачи од целиот регион, Иваноски беше прогласен за најдобар во својата категорија, освојувајќи ја првата награда и достојно претставувајќи ги Македонија и Прилеп. Покрај признанието, тој доби и големи пофалби од директорот и жирито на фестивалот.

Димитар веќе шест години активно се занимава со пеење, а исто толку време посетува часови по соло пеење кај Денис Димоски, член на Македонската опера и балет и учесник на Детската Евровизија.

Во својата досегашна кариера има настапувано на повеќе од десетина меѓународни натпревари, зад себе има две авторски песни, како и освоени три први места, покрај бројните втори и трети награди на фестивали и натпревари.

На 29 мај беше единствениот претставник од Македонија на педесеттиот јубилеен фестивал за детски песни „Мајска песма“ во Ниш, еден од најстарите детски фестивали на овие простори. Таму настапи во живо со својата најнова авторска песна „Нов почеток“, придружуван од камерен оркестар составен од 30 членови и детски хор од 50 членови, освојувајќи ги симпатиите на публиката, жирито и организаторите.

Иваноски бележи успеси и на домашната сцена. На последниот државен натпревар по пеење, како претставник на своето училиште „Блаже Конески“, го освои првото место.