дома блог страница 5411

Поранешни професионални војници ќе потпишат договори за вработување

arm-vojnici-640x426

Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска ќе потпишува договори за вработување поранешни професионални војници во Армијата на Република Македонија.

Согласно одлуката на Владата, вработени ќе бидат поранешните професионални војници, чиј договор за служба во АРМ завршил со навршување на старосната граница од 35, односно 38 години.

Се работи за лица кои потоа останале невработени, а врз основа на Законот за служба во АРМ поднеле барања за вработување најдоцна до крајот на јануари годинава.

Облачно и посвежо време со локални дождови

silen-veter

Времето денеска ќе биде облачно и посвежо со локални слаби врнежи од дожд.

Во текот на денот врнежите ќе престануваат. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер од северен и североисточен правец, кој на места ќе достигнува брзина околу 60 километри на час.

Минималната утринска температура ќе биде од 3 до 7, а дневната од 6 до 13 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени, но послаби врнежи од дожд. На планините ќе има слаби врнежи од снег

Излекувајте ги воспалените синуси со боровинки

borovinki-650x396

За време на есенските и зимските месеци воспалението на синуси може да биде навистина исцрпувачки. Боровниките ќе ви помогнат да го надминете овој проблем и значително да го подобрите дишењето.

Лековитото својство на боровинките им било познато уште на нашите прабаби кои ги користеле за различни цели. Тие на различни начини со боровинки успешно лекувале инфекции на уринарниот тракт, зголемен холестерол, запек, но и дијареа, пореметувања на видот и воспаление на синусите.

Имено, инхалацијата на синусите со боровинки успешно ќе ја активира циркулацијата, а со самото тоа и ширењето на крвните садови. Веќе со првата инхалација ќе ги почувствувате резултатите, бидејќи дишењето ќе стане полесно, а со самото тоа и вашите воспалени синуси ќе функционираат подобро. По третата инхалација полесно ќе го вдишувате воздухот, нормално ќе дишете, а полека ќе ви се врати и сетилото за мирис.

Начин на подготовка:

Во два литри зовриена вода ставете една рака боровинки. Поклопете со капак и оставете да отстојат, но не повеќе од пет минути.

Наведнете се над садот со боровинките, а со крпа покријте се преку главата и обидете се што подолго да се инхалирате.

Доколку не можете да ја изржите топлината, малку оддалечете се од садот и затворете ги очите.

Додека сте со главата над садот, полека вдишувајте длабоко низ нос, колку што можете, а издишувајте преку уста.

За да ги почувствувате вистинските резултати, потребни се три инхалации со боровинки три вечери по ред, непосредно пред спиење.

По инхалацијата не е препорачливо да излегувате на ладен воздух или да престојувате во загушлива просторија.

Следува продолжен викенд – еве кога ќе одмориме

zname-nerabotni-denovi-640x320

Ова се неработните денови кои останаа за годинава…

За сите граѓани на РМ:

1 Мај (недела) Ден на трудот – Понеделник неработен ден
2 Мај (понеделник) Втор ден Велигден
24 Мај (вторник) „Св. Кирил и Методиј”
7 Јули (четврток) Рамазан Бајрам, прв ден на Рамазан Бајрам
02. Август (вторник) Ден на Републиката
8 Септември (четврток) Ден на независноста
11 Октомври (вторник) Ден на народното востание
23 Октомври (сабота) Ден на македонската ревулуцинерна борба
08 декември (вторник), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед:

29 Април (петок) Велики Петок, петок пред Велигден
17 Јуни (петок) Духовден, петок пред Духовден
28 Август (недела) Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед:

28 Март (понеделник) Велигден, вториот ден на Велигден
01 ноември (вторник), Празникот на сите светци
25 декември (недела), првиот ден на Божиќ

За граѓаните од муслиманска вероисповед
• 13 септември (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
• 22 ноември (вторник), Ден на Албанската азбука

За граѓаните-припадници на ромската заедница во РМ:

8 Април (петок) Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните-припадници на влашката заедница во РМ:
23 Мај (понеделник) Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
• 12 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
• 28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
• 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик

35 години постоење EСЗ Тигар- елита меѓу елитите

Денеска навршуваат 35 години од постоењето, на специјалците Тигри. Немаат никакви посебни бенифиции, ниту повластувања, платите им се мали, но сите максимално се трудат да го извадат најдоброто од себе кога е во прашање работата, објавува телевизија Алфа.

tigar-esz-640x427

Импресивно е да се види како Тигрите реагираат во симулирани заседи, скокаат од хелихоптер, спасуваат заложници. Дури и кога гледате показна вежба и однапред ви е познато од која врата ќе влезат специјалците, штом ќе почне пукањето, не можете да останете мирни. Подготвени секогаш да одговорат на задачата и да се соочат со каква било закана. Секојдневните тренизини и оперативната дисциплина им се на високо ниво, тие кога работат немаат право на грешка, пишува Алфа.

Денеска навршуваат 35 години од постоењето, на специјалците Тигри. Оваа единица е чувар на уставниот поредок, безбедноста на граѓаните и државата. Бројни акции, имаат зад себе, од некои нивни реализации може да се напише и стручна литература. Колку и совршено да постапиле, не отсуствувал обидот да се поткопа нивната професионалност или уште полошо да им се залепи партиски белег и де се прикажат како убијци и силеџии.

-Повеќето од нив, се семејни луѓе, некои од нив и со деца, ги мачат истите секојдневни проблеми како и на многу граѓани во државата, вклучувајќи ги и финансиските. Немаат никакви посебни бенифиции, ниту повластувања, платите им се мали, но сите максимално се трудат да го извадат најдоброто од себе кога е во прашање работата. Овие исклучителни луѓе ја заслужуваат најдобрата опрема и услови за да можат да одговорат на задачите. Без разлика во какви услови работат, специјалците секогаш се водат од фактот дека за оваа работа се определиле од ентузијазам и љубов. Кога треба да се интервенира, сите потешкотии ги забораваат и тргнуваат во акција. За време на интервенциите главната цел на Тигрите е да се спаси животот на сите, вклучувајќи го и живот на сторителот, ако воопшто тоа е можно, пишува Алфа.

Денеска на 35 годишнината на граѓаните им беше ускратено задоволството да видат некоја совршено изведена показна вежба, што било пракса на денот на Тигрите. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски реши да не им го честита роденденот на специјалците, па базата остана затворена и за јавноста.

ГАЛЕРИЈА (240 ФОТО) – 15-ти јубилеен прилепски меѓународен карневал “Прочка 2016”

[Best_Wordpress_Gallery id=”176″ gal_title=”Прочка2016″]

На 15 -тиот јубилеен меѓународен карневал „Прочка 2016“ во Прилеп земаа учество над 1.500 учесници во групни и поединечни маски од земјава и од странство.
Карневалската атмосфера е насекаде во градот. Ечат зурли и тапани, парадираат „прочкари“ стари и млади, со клопоторци и страшни маски се познатите прилепски мечкари, бројни традиционални и модерни маски, ликови од приказните, од секојдневието.
Стручното жири ќе ги оцени маските и на најоригиналните и најуспешните поединечни и групни ќе им додели награди. Вечерва, маскираните и гостите ќе се соберат на заедничка забава под маски.

Прилепскиот карневал е културна манифестација, заснована врз една стара традиција на касапскиот еснафи и претставува врвна туристичка атракција.

Трогателно: Во болнички кревет за последен пат го гледаше омилениот тим на стадион (видео)

Крајно емотивно беше за време на синоќешниот натпревар меѓу ПСВ Ајндховен и Херенвен, откако 88-годишниот Пиет Адријанс се појави на „Филипс арена“ во болнички кревет, за последен пат во живо да го бодри својот тим. Името не значи ништо, но Адријанс важи за еден од најлојалните фанови на ПСВ, кој воедно извесен период беше и вработен на стадионот на холандскиот гигант.

psv-1-520x284

Тој има рак на белите дробови и не му останува уште многу живот, а последната желба му била – за последен пат да ги види во живо во акција своите миленици.

psv-520x338

Раководството на ПСВ ја организираше целата акција, тој во болнички кревет пристигна на стадионот и беше сместен на трибината, од каде го следеше целиот натпревар.

Сосема очекувано, тој доби овации од сите присутни на „Филипс арена“, но за жал ПСВ не успеа да слави, играјќи само 1-1 против Херенвен.

Фамилијата Ристески маскирана во традиционална руска носија

1 (1)

Фамилијата Ристески секоја година на празникот „Велики поклади“ ја негува традицијата за маскирање, оваа година градоначалникот Марјан Ристески со ќерката Михаела и сопругата Фанче, одлучија да бидат маскирани во позната традиционална руска носија. Маската говори за сличностите на обичаите на двата народа. Во Русија се празнува празникот Масленица, кој е сличен на нашиот празник кој го празнуваме „Велики поклади – Прочка“.
Празникот Масленица се одбележува како ритуал на испраќањето на зимата и пристигнувањето на пролетта и го означува преминот од зимските празници кон Велигденскиот пост. Согласно руската традиција за овој, празник младите бараат прошка од повозрасните се со цел во постот да влезат со чиста совест што има многу сличности со празникот „Велики поклади – Прочка“.

2 3 4

Прволигашка игра за 3 бода против есенскиот првак, Љубанци-ПОБЕДА 0-1(0-1)

1614138_10208867349064988_1007843505488699547_o

Фудбалерите на Победа со машка игра во текот на сите 90 минути забележаа значајна победа на теренот на есенскиот првак во Втората лига Љубанци со 1-0(1-0), со голот на Александар Крстески во 31-та минута од натпреварот. Тој го искористи киксот на домашниот голман Ристовски, кој по корнерот на Мегленски ја испушти топката и од половина метар ја уфрли топката во мрежата. Во текот на целиот натпревар Победа беше поквалитетниот тим. Покрај голот создаде уште неколку изгледни шанси за гол: 2 мин Димитриоски бие за малку над пречката; 51-ва минута Котески бие во стативата; 63-та минута Крстески со глава, за малку над пречката; 89-та минута Карчески бие од 7-8 метри, но спасува Ристовски. Домаќините единствената шанса и закана по голот на Манчевски ја имаа во 15-тата минута кога Крстески го блокираше ударот на Велковски. Во целиот тек на мечот со максимално ангажирана, борбена и дисциплинирана игра избраниците на тренерот Крстески одиграа на потребното ниво и стигнаа до заслужени 3 бода. Коментарите на малубројните гледачи беа дека Победа има прволигашка одбрана, а денес и прволигашко издание кое треба да се повтори и на следниот меч, во сабота со Еуромилк. Иако со одредени персонални проблеми во тимот, отсуството на ,,поцрвенетиот,, Гешоски, Мирчески и Здравески кои беа ровити по повредите заработени на тренинзите, изминатава недела и Шаркоски кој има стомачни проблеми цела недела, сепак изданието на црвено-белите денес заслужува највисока отценка. За чиста 10-ка (како можеби никогаш во ова првенство) беше судењето. Само со арбитража како денешната на штипскиот судија Стојанче Стојанов и неговите помошници Горан Манасиев и Петре Новачев од Велес, може и ќе се врати вербата во македонскиот фудбал и неговата објективност и вредноста на екипите на самиот терен.

1617901_10208867350305019_2169676050888522165_o

Ова не е куртоазија или изговор затоа што Победа денес победи. Тоа е факт и вистина, клубот реагирал и ќе реагира на секоја неправда (а ги иамше многу оваа сезона), од луѓето во црно, а за волја на вистината и не реагираше кога  губeше, а имаше коректна арбитража. Едоставно судиите треба да се остават да си ја работат својата работа и да им дозволат на фудбалерите на теренот да се надигруваат, а не и самите да влегуваат во некои задкулисни игри и да бидат режисери на одредени сценарија. По завршувањето на натпреварот сите фудбалери на Победа и стручниот штаб го поздравија Влатче Петрески кој по извршената операција на лигаментите ја напушти Градската болница во Скопје и ги бодреше своите соиграчи во Ѓ.Петров. Фудбалерите победата му ја посветија токму на Влатче.

10989503_10208867349464998_1663897251248725975_o

ЉУБАНЦИ: Ристовски, Шишков(ЦК), Бојовиќ, Насевски, Чешмеџиев, Колеќевски(од 42 Крстевски), Брњачевски, Велковски(од 68 Ѓорѓиев), Јанакиевски, Фидановски Теодор., Фидановски Тихомир(од 46 мин Митев).

ПОБЕДА: Котевски(од 2 мин Манчевски), Талески(од 59 мин Здравески), Котески, Мегленски, Колески, Крстески, Димитриески, Шаркоски(од 33 мин Карчески), Дунимаглоски, Наумоски, Мирчески.

17 коло: Скопје-Кожуф 1-0, Еуромилк-Гостивар 0-0. Утре играат:Пелистер-Македонија и Тетекс-Велазерими.

Табела: Тетекс 26 (-1), Скопје 26, Љубанци 25, Македонија ЃП 25 (-1), Победа 23, Влазрими 22 (-1), Пелистер 21 (-1), Еуромилк 21, Гостивар 20, Кожуф 10.

Следно 18 коло: Победа-Еуромилк, Македонија-Љубанци, Гостивар_тетекс, Велазерими-Скопје и Кожуф Пелистер.

12841188_10208867350945035_6662754544693036326_o

Ноќен живот Прилеп – Тhe Gallery House Pub & Caffe Virus – 12.03.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”175″ gal_title=”NokenzivotPrilep_12032016″]