дома блог страница 5410

Чудо: Се појави потопена црква – народот вели не е на арно (ВИДЕО)

Screenshot_1

Поплавената црква од 16. век повторно се појави на површината во Мексико поради сушниот период.

Католичката црква која е изградена во 16 век за да го шири христијанството во регионот, потопена е заедно со целиот град халапа Виехо за да се изгради браната Бенито Хуарез во 1962 година.

Од тогаш, секогаш кога подрачјето било зафатено од суша, градбата се појавувала и тоа досега се случило трипати.

Во една прилика нивното на водата во браната било под 40 отсто од вообичаеното поради што локалното население странувало за наводнувањето на нивните посеви. Водата од браната ја користат околу 247 општини.

Локалниот рибар Луси Гутиерез изјави дека во градот годинава немало врнежи и затоа црквата повторно се појавила, а надлежните се загрижени дека ситуациајта може да се влоши.

Црквата претставува реликт од шпансктие конквистадори во Мексико.

Репертоар на театарот ,,Војдан Чернодрински” Прилеп

10400245_978662428880894_8143661212701231057_n (1)

Петок, 18. 3. 2016 – 19.30

,,Премиера во…” режија на Коле Ангеловски

 Сабота, 19.3.2016 – 19.30 

,,Човекот кој што не знаеше да каже не” режија на Мартин Кочовски

 Недела, 20.3.2016 

12.00 – ,,Како се станува цар” режија на Кирил Петрески

17.00 часот – ,,Волшебникот од Оз”

Бесплатни претстави за деца по повод меѓународниот ден на театарот за деца

За останатите претстави, влезници на Билетарницата на театарот. резервации на 428 644 или 076 442 378

Цела болница плачела по Драган Николиќ: “Што правам јас овде, носете ме во кафеана”

dragan-nikolic-foto- (1)

Последните денови пред смртта, Драган Николиќ, ги помина во болница. Актерот кој почина на 72 години, верувал дека ќе се извлече од канџите на смртта, постојано се смеел и бил пријател со лекарите.

– Беше особено внимателен, го знаеше името на секој од медицинскиот персона, доктор, сестра, болничар, како и нивните прекари. Ведриот дух и позитивното размислување ги задржа и покрај тешката болест. Секогаш пријатен, шармантен и насмеан. Во деновите кога беше расположен бараше да оди во кафеана со својата сопруга и кумата. Што правам тука, велеше…сакам во кафеана таму ми е местото…велел Гаги, вели извор од болницата.

Тој следел се што медиумите пишуваат за него и се заблагодарувал за огромната поддршка од фановите. Целиот колектив на болницата многу жалел за трагедијата.Велат плачеле како деца кога тој починал.

Таблета што сигурно ја имате дома, а ќе ви го продолжи животот за 12 години

aapcinja-kocaniii (1)

Во серијата експерименти, популарните аналгетици – ибупруфен го продолжиле животниот век на квасецот, мувите и црвите за 15 отсто. Во човечки години, тоа би значело дека ќе живеет 12 години подолго. Но, она што е можеби уште позначајно е дека дополнителните години се покажале како исклучително здрави, што значи дека би можеле да добиеме дополнителни години квалитетен живот.

Американските научници изјавиле дека има многу причини за радост. Ибупруфенот е релативно сигурен лек што може да се најде во голем број домови, а за време на истражувањето „испитаниците“ добивале слични дози со оние што секојдневно ги земаат милион луѓе во целиот свет, за да се решат од главоболките, болките во зглобовите, грипот и различни исчашувања.

Сепак, сеуште не е јасно како овој лек, што овој пат се користи под името нурофен, го забавува стареењето. Научниците претпоставуваат дека процесот некакоњ е поврзан со сопирање на станиците од превземање на триптофен – аминокиселината што ја има во јајцата, чоколадата и мисирковото месо.

Научникот Мајкл Полименис кој беше дел од истражувачкиот тим изјави:

Сметаме дека е мошне охрабрувачки аспектот од нашето истражување дека постојат голем број сигурни лекови како што е ибупруфенот и коишто можеме и понатаму да ги истражуваме.  Исто така нашето истражување ја поддржува идејата дека лековите што вообичаено се употребуваат може да имаат неочекувани позитивни ефекти. Само се потребни понатамошни истражувања за да сфатиме поради што се случува тоа.

Иако ибупруфен се смета дека е сигурен лек, тој може да предизвика проблеми со варењето и чир на желудникот, па затоа не се препорачува самостојно лекување со него. Исто така, долгорочното земање на поголеми дози за артритис, на пример, може да го зголеми ризикот од мозочен и срцев удар, па дури и да ја намали плодноста кај жените.

Од друга страна со анализа на истражувањата на ибупруфенот, аспиринот и сличните аналгетици, откриено е дека за една петтина ја намалува шансата од заболување од вториот од трите најголеми видови карцином: ракот на кожата.

 

Големо невреме го очекува Балканот- ветрови и до 145 км/ч

dozd-4

Во внатрешноста на земјата, а на места и долж јадранскиот брег се очекува дожд, а во централните области и снег, проследени со грмотевици во планинските области.

Метеоролозите во Хрватска денеска предупредија за опасност од оркански ветар, дожд и снег, пишува. „Јутарњи лист”.

За реонот на полуостровот Истра и северното крајбрежје е прогласено ниво на црвена тревога за опасност поради очекувања за оркански ветар, кој според прогнозите, на моменти ќе достигне до 145 километри на час.

За Загреб и целиот северозападен дел на земјата е прогласен жолт код. Таму се очекува североисточен ветер со брзина до 95 километри на час

Објавен оглас за обука за занаетчии

zanaetcii-640x317

Обука на невработени лица кај занаетчии на стари занаети е новата меркана Владата на РМ која денеска ја најави заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов при посетата Роберт Ценевски занаетчија-лимар во скопското село Стајковци.

– Рачно изработените производи, произведени од занаетчиите имаат голема вредност. Тоа се македонски производи што се приоизведени од рацете на овие луѓе кои имаат поголема вредност и познат квалитет, истакна Спасов.

Информира дека за обуката се обезбедени средства за обучувачите односно за занаетчиите по 30.000 денари од обучено лице. Обуките ќе траат до шест месеци, додека невработените лица кои ќе посетуваат обука ќе добијат по 6.200 денари месечно за храна, превоз и осигурување за повреда при работа.

– Најуспешните или оние занаетчии кои ќе сакаат да се самовработат, оние кои ќе ги завршат успешно обуките ќе добијат сартификат за завршена обука. Оние кои ќе имаат идеја за вработување ќе бидат вклучени во програмата за самовработување односно ќе им биде доделен грант од 200.000 денари за првите 20 обучени лица, појасни Спасов.

Директорот на  Агенцијата за вработување на Македонија Влатко Поповски нагласи дека оваа мерка Агенцијата ја применува поради, како што рече, потребата од старите занаети кои се барани на пазарот, како што се лимари, јорганџии, бочвари… коишто изработуваат предмети барани од населението.

– На обуките можат да се пријават сите невработени лица кои се евидентираат во АВРМ и доволно е само да поднесат апликација. По нејзиното разгледување ќе се склучи договор со комората и со изведувачите на обука, а потоа ќе започнат самите обуки, појасни Поповски.

Напомена дека во оваа мерка можат да се приклучат и корисниците на социјална парична помош со тоа што, помошта, додека трае обуката нема да се укине и ќе остане во важност се додека лицата кои се обучуваат не одлучат да отворат сопствена компанија или да се вработат.

Според лимарот Ценевски, од неговиот занает добро се заработува. Тој како лимар работи четири години, а со бизнисот започнал со грант-средства за почнување сопствен бизнис од Агенцијата, и досега вработил неколку мајстори.

– Имам потреба од работници, но тешко се наоѓаат лица за оваа работа. Постари има, но нас ни требаат млади за да ги обучиме, додаде Ценевски и додаде дека ќе се вклучи во новата мерка на Владата и дека секој мајстор кај него ќе може да обучи по две-три лица.

Огласот е објавен на веб страната на АВРМ, а пријавувањето ќе трае до 30 април 2016 година. Обуките се однесуваат на старите занаети: ковачи, јорганџии, стаклари, лимари, оџачари и бочвари.

Ноќен живот Крушево – 12.03.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”179″ gal_title=”НоќенКрушево_12032016″]

Започнуваат Велигденските пости

posti-640x366

Православните христијани го пречекуваат последниот ден од покладите и од денеска ги почнуваат постите за најголемиот христијански празник Велигден. Но, постот значи не само откажување од мрсна и обилна храна, туку и контрола на страстите, и откажување од алкохол.

Во текот на посебниот чин на проштевање, кое на овој ден се одвива во сите храмови, свештенослужителите читаат молитви за Господ да им помогне на луѓето достојно да го одржат великиот пост. Потоа, според традицијата, свештенството, вклучително и архиепископот, бараат прошка од сите луѓе во црквата, а мирјаните бараат прошка од свештениците, од своите блиски и познати.

Традицијата на барање проштевање пред почетокот на велигденските пости во православниот свет има свои корени во древните палестински и египетски манастири. За време на Великиот пост монасите ги напуштале своите братства и постот го минувале длабоко во пустината. Пред излегувањето од манастирот сите монаси се собирале и барале прошка еден од друг, а потоа се распрснувале за да ги извршат своите подвизи.

Велигденскиот пост е најстрог и најдолг. Трае од Прочка до Велигден. Тука се 40 дена (Четириесетница), од Чист понеделник до Лазарева сабота и уште Страстната недела од Цветници до Велигден, вкупно 48 дена.

Постот започнува со Чист понеделник, денот по Прочка. Но неделата пред Прочка се вика Месопусна недела, народот ја вика и месопусни поклади зашто тогаш се запокладува. Во текот на оваа недела се јаде сирење и други млечни производи поради што се вика и Сирна недела, некои ја викаат и Бела недела. Прочка се вика уште и Сирни поклади поради што од тогаш се пости и од млечни производи, а се вика и Проштени поклади, бидејќи тогаш луѓето меѓу себе си ги простуваат гревовите.

Инаку, бидејќи рибата не се смета за мрсна храна може да се јаде за време на Велигденските пости, но само на Благовештение и Цветници. Одобрувањето риба да се јаде на поголемите празници и за време на пост (како и виното и маслото) доаѓа од потребата од една страна да се запази постот, а од друга на празникот да му даде поголема свеченост во празнувањето.

Пешак во кома по сообраќајна незгода во Битола

bitola

Вчеравечер во 21.50 часот во Битола на крстосницата од ул. „Македонски Гемиџии“ и ул. „Даме Груев“, се случила сообраќајна незгода во која возило „фолксваген поло“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.М. (55) од Битола, удрило во пешакот Љ.М. (55) од Битола.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Љ.М., кому му е укажана лекарска помош во битолската болница и е во кома.

Увид извршила екипа од ПС за БПС-Битола.

Ретроспективна изложба и промоција на Монографија за 15-тото јубилејно издание на карневалот

IMG_4383

Синоќа во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ беше одржана ретроспективна изложба на која беа презентирани повеќе маски од  досегашните  карневалски изданија, а исто така беше промовирана и Монографијата за 15-тото јубилејно издание на карневалот. На изложбата земаа учество градоначалникот Марјан Ристески како и гостите на карневалот, кои секоја година даваат максимален допринос со своето учество.