По повод големиот јубилеј – 80 години од основањето на ООУ „ Пецо Даскалот“ Долнени, на ден 22.04.2026, се одржа свечен настан исполнет со радост, гордост и благодарност. Со овој јубилеј се одбележува континуираната посветеност на наставниот кадар, учениците и локалната заедница во градењето на знаење, вредности и традиција.
ООУ „Пецо Даскалот“ Долнени останува симбол на учење, напредок и заедништво, со визија да продолжи да создава успешни генерации и во иднина. 80 години знаење. 80 години вредности. 80 години – „Пецо Даскалот“!






























