Прволигашка игра за 3 бода против есенскиот првак, Љубанци-ПОБЕДА 0-1(0-1)

1614138_10208867349064988_1007843505488699547_o

Фудбалерите на Победа со машка игра во текот на сите 90 минути забележаа значајна победа на теренот на есенскиот првак во Втората лига Љубанци со 1-0(1-0), со голот на Александар Крстески во 31-та минута од натпреварот. Тој го искористи киксот на домашниот голман Ристовски, кој по корнерот на Мегленски ја испушти топката и од половина метар ја уфрли топката во мрежата. Во текот на целиот натпревар Победа беше поквалитетниот тим. Покрај голот создаде уште неколку изгледни шанси за гол: 2 мин Димитриоски бие за малку над пречката; 51-ва минута Котески бие во стативата; 63-та минута Крстески со глава, за малку над пречката; 89-та минута Карчески бие од 7-8 метри, но спасува Ристовски. Домаќините единствената шанса и закана по голот на Манчевски ја имаа во 15-тата минута кога Крстески го блокираше ударот на Велковски. Во целиот тек на мечот со максимално ангажирана, борбена и дисциплинирана игра избраниците на тренерот Крстески одиграа на потребното ниво и стигнаа до заслужени 3 бода. Коментарите на малубројните гледачи беа дека Победа има прволигашка одбрана, а денес и прволигашко издание кое треба да се повтори и на следниот меч, во сабота со Еуромилк. Иако со одредени персонални проблеми во тимот, отсуството на ,,поцрвенетиот,, Гешоски, Мирчески и Здравески кои беа ровити по повредите заработени на тренинзите, изминатава недела и Шаркоски кој има стомачни проблеми цела недела, сепак изданието на црвено-белите денес заслужува највисока отценка. За чиста 10-ка (како можеби никогаш во ова првенство) беше судењето. Само со арбитража како денешната на штипскиот судија Стојанче Стојанов и неговите помошници Горан Манасиев и Петре Новачев од Велес, може и ќе се врати вербата во македонскиот фудбал и неговата објективност и вредноста на екипите на самиот терен.

1617901_10208867350305019_2169676050888522165_o

Ова не е куртоазија или изговор затоа што Победа денес победи. Тоа е факт и вистина, клубот реагирал и ќе реагира на секоја неправда (а ги иамше многу оваа сезона), од луѓето во црно, а за волја на вистината и не реагираше кога  губeше, а имаше коректна арбитража. Едоставно судиите треба да се остават да си ја работат својата работа и да им дозволат на фудбалерите на теренот да се надигруваат, а не и самите да влегуваат во некои задкулисни игри и да бидат режисери на одредени сценарија. По завршувањето на натпреварот сите фудбалери на Победа и стручниот штаб го поздравија Влатче Петрески кој по извршената операција на лигаментите ја напушти Градската болница во Скопје и ги бодреше своите соиграчи во Ѓ.Петров. Фудбалерите победата му ја посветија токму на Влатче.

10989503_10208867349464998_1663897251248725975_o

ЉУБАНЦИ: Ристовски, Шишков(ЦК), Бојовиќ, Насевски, Чешмеџиев, Колеќевски(од 42 Крстевски), Брњачевски, Велковски(од 68 Ѓорѓиев), Јанакиевски, Фидановски Теодор., Фидановски Тихомир(од 46 мин Митев).

ПОБЕДА: Котевски(од 2 мин Манчевски), Талески(од 59 мин Здравески), Котески, Мегленски, Колески, Крстески, Димитриески, Шаркоски(од 33 мин Карчески), Дунимаглоски, Наумоски, Мирчески.

17 коло: Скопје-Кожуф 1-0, Еуромилк-Гостивар 0-0. Утре играат:Пелистер-Македонија и Тетекс-Велазерими.

Табела: Тетекс 26 (-1), Скопје 26, Љубанци 25, Македонија ЃП 25 (-1), Победа 23, Влазрими 22 (-1), Пелистер 21 (-1), Еуромилк 21, Гостивар 20, Кожуф 10.

Следно 18 коло: Победа-Еуромилк, Македонија-Љубанци, Гостивар_тетекс, Велазерими-Скопје и Кожуф Пелистер.

12841188_10208867350945035_6662754544693036326_o




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.