дома блог страница 5412

Денеска е Прочка: Дали им простивте на ближните

procks

Денеска е Прочка или Велики поклади — ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на Велигденскиот пост.

Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден. Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, кој треба да го следи примерот на Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето. Прошка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога“. Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде месо, туку се јадат млечни производи или сукани пити. Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца. Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата.

Детето што ќе успее го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда. Денот по Прочка е чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост. Прочка го означува и крајот на зимските и почетокот на пролетните празници. Еден од главните елементи на Прочка е маскирањето и преоблекувањето. Според обичајот, за Велики поклади порано се маскирале само мажите, а маските требало да бидат што пострашни и посмешни. Најпознатиот настан за Велики поклади во Македонија е Струмичкиот карневал или Тримери кој е влезен и во Светскиот календар на карневалите и во последните години стана голема туристичка атракција.

Чај кој лекува анемија

caj-630x396

Чајот се подготвува многу брзо и лесно од достапни состојки, а потребно е да пиете по една чаша дневно пред ручек.

Кога организмот се бори со недостаток на железо, најдобро е да започнете со здрава исхрана и природни лекови.

Ако сте исцрпени, бледи, бргу се уморувате, лесно останувате без воздух и чувствувате омалаксаност, треба да го проверите нивото на железо во крвта, бидејќи е можно да патите од анемија.

Анемијата е честа болест кај децата и жените, особено оние кои се во репродуктивна возраст. Се лекува под надзор од лекар, но природните лекови само ќе го забрзаат процесот на оздравување. Затоа подгответе го овој лековит чај од ореви.

Потребни ви се 20 грама свежи листови од орев и еден литар вода.

Во вода варете ги листовите од ореви околу 15 минути, а потоа исцедете. Секој ден пијте по една чаша пред ручек и набрзо ќе ги забележите резултатите, не само на лабараториските наоди, но и генерално ќе се чувствувате подобро

Утре е Прочка, зошто се празнува?

Откако три пати ќе се поклони помладиот му вели на постариот: „Прости ми!“, на што овој одговара: „Простено да ти е и од мене и од Господа“, или само: „Просто да ви е“. Во некои краишта на Македонија тој што барал прошка носел некаков подарок како портокал, лимон, суво грозје, алва, јајце и др. и во таа смисла во некои краишта портокалот останал како симбол на проштевањето.

121212

Прочка претставува голем празник за македонскиот народ и со него се поврзани голем број обичаи и верувања. Очигледно е дека проштевањето е обичај востановен под влијание на црквата, додека огновите, гатањата, карневалите и сл. се остатоци од претхристијанските пролетни забави.

Празникот Прочка или Велики Поклади, меѓу народот познат и како Проштени Поклади, спаѓа во најголемите христијански празници, според некои веднаш по Божик и Велигден. Овој празник доаѓа по неколкуте зимски празници како што се: Бадник, Божик, Водици, Св. Трифун и ги поврзува со поголемиот број пролетни празници како што се: Тодорова Сабота, Летник, Св. 40 маченици (Младенци), Благовештение, Цветници, Лазарева Сабота, Велигден, Ѓурѓовден и др. Со Прочка започнуваат и долгите Велигденски пости, период исполнет со многу обичаи и верувања, со многу одречувања и надежи за пречек на Христовото воскресение (Велигден) за причесна и идентификација со Спасителот Исус Христос.

На Прочка се изведуваат богати обичаи како што се проштевањето (оттука и празникот го добил името), потоа амкањето, обредните огнови, богатата трпеза, гатањето за живот и среќа, обичаите за очистувањето од болви, вошки и други штетници итн. Очигледно е дека некои обичаи како што е на пр. проштевањето имаат христијанска основа, додека другите се остатоци од претхристијанските пролетни празнувања.

Кога станува збор за празникот Прочка не смее да се изостават деновите што му претходат на овој празник. Една недела пред Прочка (поточно во саботата) е Задушница.

Неделата пред Прочка се вика Месопусна или Месна недела, а некои ја викаат и Месни поклади зашто на тој ден се запокладува (односно се запостува) со месо, месни производи и свинска маст. Овој период од седум дена од Месни поклади до Прочка се вика и Сирна недела или Сирници поради тоа што во овој период се јадат млечни производи. Некои ја викаат и Бела недела.

Од Сирни поклади, односно од Прочка не се јадат и млечни производи со што започнуват големите, долги седум недели, Велигденски пости, што траат до Велигден.

Обичајот проштевање тргнува од христијанското сфаќање за помагање и проштевање меѓу луѓето. Се верува дека на овој ден и небото и земјата се проштеваат па тоа треба да го сторат и луѓето. Небото затоа што ѝ погрешило на земјата со громови, мразеви, поројни дождови и сл. бара прошка. И луѓето еден од друг бараат прошка за грешките. Притоа, секогаш помалиот бара прошка од постариот, децата од родителите, крштеникот од кумот, а се проштеваат и пријатели, роднини, соседи итн. Откако три пати ќе се поклони помладиот му вели на постариот: „Прости ми!“, на што овој одговара: „Простено да ти е и од мене и од Господа“, или само: „Просто да ви е“. Во некои краишта на Македонија тој што барал прошка носел некаков подарок како портокал, лимон, суво грозје, алва, јајце и др. и во таа смисла во некои краишта портокалот останал како симбол на проштевањето. Во населените места посебен впечаток во вечерните часови на овој ден остава раздвиженоста на населението, кога многумина во групи брзаат да се простат со родителите, роднините, пријателите, а потоа да се најдат покрај богатата трпеза. Останало забележано дека и младите вљубени се проштевале на чешмата со по некој бакнеж, зашто за време на Велигденските пости и бакнувањето се сметало за грев.

Амкањето е интересен обичај кој особено на децата им причинувал голема радост. Се изведувал на тој начин што едно варено бело јајце се прободувало со игла, потоа низ него се провирал конец (некаде конопен во други места памучен) кој се врзувал за урката, за таванот или за синџирот од огништето. Најстариот човек во куќата, најчесто домаќинката го држела конецот (урката и сл.) и сите почнувајќи од постарите амкале, обидувајќи се да го лапнат јајцето, но без при тоа да се послужат со рацете. Само на помалите деца им се дозволувало да се послужат со рачињата. Велат, чинело човек барем со забите да го допре јајцето за да му бидат бели и здрави. Ако некој го лапнел јајцето, му го давале да го изеде, а амкањето продолжувало со друго.

Понеделникот по Прочка се вика Чист Понеделник и тогаш започнуваат долгите Велигденски пости. На овој ден се чисти куќата, особено се внимава садовите за храна да се измијат и испоснат од мрсното. Во минатото тоа се правело со брашно или пепел и со подолго вриење. Ефтим Спространов забележал дека во Охрид, во втората половина на минатиот век, целата ова недела по Прочка се викала Чиста недела и секој ден одделно: Чист понеделник, Чист вторник итн. Понабожните три дена ништо не јаделе, а во средата оделе во црквата каде што земале светена вода наезмо, а потоа дома приредувале гозба, со посна храна, на која ги канеле роднините и пријателите. Овој строг пост трите дена по Прочка се вика Тримери,асамиот чин постење, односно гладување тримерење.

Во врска со овој празник се и карневалите што се одржуваат во Струмица и Прилеп. Празнувањата во Струмица се во врска со тримерските празнувања, кога се изведуваат богати обичаи за свршените.

Празникот Прочка претставува голем празник за македонскиот народ и со него се поврзани богати обичаи и верувања. Очигледно е дека проштевањето е обичај востановен под влијание на црквата, а забавите, како што се оние околу огновите, гатањата за среќа, карневалите и сл. се остатоци од претхристијанските пролетни забави.

ЕКСКЛУЗИВНО: МАРКУКУЛЕ.МК ВО СОЛУН НА КОНЦЕРТ НА “ЉУБОЈНА” – ВИДЕО

BBB69633-C8D6-4E8D-985A-EB685A02CABD_w800_h450

Македонската етно група Љубојна вчеравечер настапи на еднодневниот “Балкан фест” во Солун, Грција. Maркукуле.мк ексклузивно ви го пренесува настапот преку неколку видеа.

Прекрасно чувство, емоции, овации и бисови, беа дел од атмосферата на нивниот настап. Љубојна е најголемиот промотор на македонскиот етно музички фолклор и по којзнае кој пат го докажа тоа.

12784452_10207361483369729_2025968969_n

По настапите на „Балкан арт перформинг“ во 2006 година и на Фестивалот на јазиците на светот во 2014, ЉУБОЈНА по трет пат  ја сподели сопствената музичка визија со публиката во соседна Грција.

Уживајте во видеата…

 

 

Саботно карневалско кафе Прилеп – 12.03.2016

IMG_3179

[Best_Wordpress_Gallery id=”173″ gal_title=”SabotnoKarnevalskoKafe”]

Маркукуле.мк и Жито Прилеп, заедно ви ги доближуваат сите најинтересни моменти од карневалот “Прочка 2016” .

IMG_3242

IMG_3257

IMG_3305

IMG_3214

Со дефилето на повеќе од 300 учесници во групни маски, од ученици од прилепските училишта и градинки, до 12 годишна возраст и жонглери, акробати и коловнови, денеска на плоштадот „Методија Андонов-Ченто, во центарот на градот се одржа детскиот карневал, како претходница на утрешното издание на 15-то јубилејно издание на Меѓународниот карневал „Прочка 2016“.

Детскиот карневал за отворен го прогласи градоначалникот г-дин Марјан Ристески, кој меѓудругото истакна:

„Детскиот карневал е новина оваа година. Во иднина карневалот ќе има два дела, саботата за најмладите до 12 години, каде, со групни маски ќе бидат вклучени и основните училишта и градинките, а додека пак, во недела, на утрешниот карневалски ден, ќе се претстават возрасните со групни и поединачни маски.

IMG_3201

Утре во Прилеп ќе продефилираат преку 2.000 маскирани луѓе, од земјава и странство, со групни и поединачни маски:

„Па не случајно очекуваме да биде забавно и лудо маскебалски, како што му доликува на карневалски Прилеп“, посочи градоначалникот Ристески.

Карневалот „Прочка 2016“, со своето јубилејно издание, веќе прераснува во бренд за Прилеп и Република Македонија. Хотелските капацитете веќе се преполни во очкување на утрешниот ден. Утрешниот карневалски ден започнува во 13 часот, а дефилето на маските ќе започне од плоштадот „Методија Андонов Ченто“. Карневалот „Прочка 2016“, ќе го отвори традиционалната прилепска маска „Прилепски мечкари„ .

Ноќен живот Крушево – 11.03.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”174″ gal_title=”KrusevoNoken11032016″]

Петгодишно девојче загина во сообраќајка на патот Градско-Прилеп

Петгодишно девојче загина во сообраќајна несреќа која попладнево се случи на патот Градско-Прилеп пред тунелите кај Дреновската клисура, потврди Итната медицинска помош во Кавадарци.

soo-1

– Станува збор за неготинска фамилија, татко со девојче и баба и дедо кои оделе кон Ресен. Најверојатно, поради влажниот коловоз возилото марка „Форд фиеста” излетало од патот. Девојчето починало на лице место, а таткото и бабата завршиле во кавадаречката болница. Дедото е исто така повреден и не е во животна опасност. Најверојатно има скршеница, во шок е и одбива помош, информираа од Брзата помош.

Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес, информира дека според првичните информации околу 15:15 часот на патот Градско-Прилеп, кај ресторанот „Ловец“ од засега непознати причини се превртел автомобил и оти во сообраќајната несреќа починало едно лице, а три се повредени.

– Засега не може да се кажат повеќе детали, увидот на лице место трае, изјави Стојковска.

ГАЛЕРИЈА – Започна карневалското шоу во Прилеп

[Best_Wordpress_Gallery id=”172″ gal_title=”Карневал”]

По 15ти јубилеен пат, започна карневалот “Прочка 2016”. Оваа година новитет е детскиот карневал, кој се одржа денеска на плоштадот “Методија Андонов – Ченто” Продефилираа маски на 300 ученици од основините училишта од градот и населените места. Карневалското шоу продолжува утре, кога низ прилепскиот плоштад ќе поминат 1 500 учесници, од државата, од Балканот, а ќе има учесници и од Италија.

Денешниот детски карневал понуди многу групни и фантастично изработени маски, меѓу кои и грашковци, македонски навивачи, каменковци, возот на среќата, Алиса во земјата на театарот, и многу други.

Денешната еуфорија и атмосфера ветува многу, а очигледна е и се подобрата организација на карневалот од страна на општинските власти на градот.

„Хафингтон Пост“: Босна и Херцеговина фаворит за победа на Евросонгот (ВИДЕО)

До одржувањето на овогодишниот Избор за песна на Евровизија има уште два месеци, но уште од сега се прават листи на топ фаворити за победа на ова музичко натпреварување.

BiH-evrovizija

Меѓу оние кои излегоа со свои прогнози за победникот на Еврсонгот 2016, се најде и популарниот американски интернет весник „Хафингтон Пост“, кој смета дека главен фаворит за победа е песната претставник на Босна и Херцеговина.

-Песната на БиХ доживеа неверојатен успех и според мислењето на фановите на Евросонгот ширум Европа таа е фаворит за победа. Дали ова е годината во која ќе засјаат претставниците на БиХ, наведува „Хафингтон Пост“.

БиХ годинава на Евровизија ќе ја претставува песната „Љубовта е“, која ја изведуваат Дин, Далал, Јала и Ана Руцнер.

Покрај БиХ, според „Хафингтон Пост“, меѓу фаворитите за победник на Евросонгот се и претставниците на Летонија и Шпанија.

Овогодишниот Избор за песна на Евровизија ќе се одржи во Стокхолм од 10 до 14 мај. Македонија на Изборот ќе ја претставува Калиопи со песната „Дона“.

ВИДЕО – На градите му паднал огромен камион, но потоа се случило чудо…

12121

Bruce Van Natta преживеал чудо. На градите бил потиснат од огромен камион, но успеал да се извлечи и да преживее.

Во видеото Bruce раскажува за чудото кое му се случило и вели дека е спасен од ангели чувари. Погледнете….

A.Г.