дома блог страница 54

Крушево е светска сцена за најдобрите млади параглајдеристи: Отворено Светското јуниорско првенство во параглајдинг (Фото галерија)

Во Центарот за параглајдинг во Крушево вчера свечено беше отворен натпреварувачкиот дел од Светското јуниорско првенство во параглајдинг на ФАИ, „Крушево 2026“.

На првенството учествуваат млади пилоти и натпреварувачки тимови од 13 земји од целиот свет.

Свеченоста воедно беше можност за промоција на резултатите од проектот „Крушево и Елбасан, Патување во природа и авантура“, финансиран од Европската Унија преку ИПА III Програмата за прекугранична соработка Северна Македонија и Албанија.

Еден од најзначајните резултати на проектот во Крушево е изградбата на две нови полетувалишта на Црн Врв, како дел од развојот на Параглајдинг центарот Крушево.

Новите полетувалишта го зголемуваат капацитетот на центарот и создаваат подобри услови за пилотите и за организација на меѓународни натпревари. Со оваа инвестиција дополнително се зајакнува позицијата на Крушево како дестинација за спортски, активен и авантуристички туризам.

„Новите две полетувалишта се важен чекор за развојот на параглајдинг центарот и за создавање подобри услови за пилотите. Ова е инвестиција во спортот, туризмот и во идниот развој на Крушево. Воедно, претставува пример како природниот потенцијал на градот се претвора во конкретна развојна можност за локалната заедница”, изјави градоначалникот на Крушево, Нико Чонески.

На свеченоста присуствуваа претставници на Европската Унија, националните и локалните институции, Општина Елбасан, организаторите на првенството, проектните партнери, учесниците на првенството и претставници на локалната заедница.

УХМР: Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и услови за невреме

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Берово и Виница, каде се измерени по 6 литри на метар квадратен, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според утринската информација на УХМР, 4 литри на метар квадратен се измерени на Попова Шапка, а по 2 литри во Струмица и Гевгелија. Од Управата посочуваат дека количините на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР и дека поради локалниот карактер на врнежите, на одделни места е можно да наврнала и значително поголема количина дожд.

За денеска синоптичарите најавуваат сончево и топло време во претпладневните часови, додека попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе има нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално, како што соопшти УХМР, процесите ќе бидат поинтензивни и ќе има услови за појава на невреме со засилен до силен ветер и град.

Максималната дневна температура ќе се движи од 32 до 38 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 38 степени.

ЛЕТОТО УШТЕ ТРАЕ, А КАЛИТЕА ВЕ ОЧЕКУВА: Модерно сместување, совршена локација и летен одмор за паметење во Athina Mare-Sole

Кога се бара идеалната дестинација за летен одмор во Грција, Калитеа на Халкидики е избор кој со години им е меѓу омилените на македонските туристи. Прекрасните плажи, чистото Егејско Море, одличните ресторани, кафулињата, вечерната атмосфера и бројните можности за забава и релаксација ја прават Калитеа место каде што секој може да го пронајде својот совршен летен ритам.

А кога дестинацијата е одлична, подеднакво важно е да имате и место каде што ќе се чувствувате удобно по денот поминат на плажа. Токму тука се издвојува Athina Mare-Sole – модерен, целосно реновиран хотел создаден за пријатен и безгрижен престој.

Уште при пристигнувањето, хотелот остава впечаток со својот современ изглед, уредноста и пријатниот амбиент. Сè е внимателно организирано за гостите да имаат удобен престој и да можат целосно да се опуштат, без непотребни компромиси.

Собите се светли, пространи и модерно уредени, со нов мебел и пријатен ентериер. Посебно внимание е посветено на креветите, кои се нови и опремени со висококвалитетни анатомски душеци, овозможувајќи удобен сон и вистински одмор по долг летен ден.

Целосно реновираните бањи со нова санитарна опрема и фен за коса се уште еден детал кој го подигнува нивото на удобност и придонесува престојот да биде уште попријатен.

За гостите кои сакаат утрото да го започнат во свој ритам, сместувачките единици располагаат со опремени кујни. Така, утринското кафе или појадокот може да се подготват во удобноста на сопственото сместување, а потоа да се ужива на пространиот балкон.

Athina Mare-Sole располага со различни типови на сместување, што го прави погоден избор за различни гости – од парови кои бараат мирен одмор, до семејства и помали друштва кои сакаат функционален и удобен простор.

Она што дополнително ја издвојува оваа сместувачка опција е комбинацијата од модерно уредување, удобност и мирна атмосфера, но и близината до сите содржини што ја прават Калитеа една од најпосетуваните летни дестинации на Халкидики.

Во текот на денот ве очекуваат сонце, море и песочни плажи, а по враќањето од плажа – пријатен простор во кој можете да се одморите и да го наполните денот со нова енергија.

Калитеа е дестинација која нуди многу повеќе од само плажа. Таа е место за долги летни денови, вечерни прошетки, добра храна, дружење и создавање спомени кои остануваат долго по завршувањето на летото.

А доколку барате сместување кое ќе го надополни токму таквото летно искуство, Athina Mare-Sole е избор кој вреди да се земе предвид.

Резервирајте го вашиот престој преку Booking и подгответе се за лето исполнето со сонце, море, удобност и незаборавни моменти во Калитеа.

Резервирајте го вашиот престој преку Booking

Athina Mare-Sole – вашето место за одмор во срцето на Калитеа.

Николоски: Владата прави се што е во наша моќ да помогнеме на превозниците, склучуваме билатерални договори со земјите дел од Шенген зоната

Владата има целосно разбирање за македонските транспортери, преземаме активности за изнаоѓање решенија преку билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и потенцира дека Македонија наскоро ќе склучи нови договори со земји членки на Шенген зоната и на тој начин самостојно го решава проблемот.

„Имаме целосно разбирање за транспортерите и се обидуваме во рамки на нашите можности да помогнеме и да изнајдеме решенија. Се работи за правила во Шенген зоната, а она што ние можеме да го направиме е да потпишуваме билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната. Тоа веќе го правиме и веќе постигнавме договор со неколку земји, а во следниот период интензивно ќе работиме и на договор со други земји. Во текот на септември е најавена средба на високо ниво со австриската влада, во текот на октомври со словенечката влада, така што ние не застануваме и продолжуваме да работиме на билатерални договори со сите земји кои што се расположени“, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт.

Тој посочи дека целта е да се обезбеди покриеност на рутите по кои најчесто се движат македонските транспортери.

„Гледаме генерално да ги покриеме рутите каде што традиционално македонските транспортери најчесто одат. Со Швајцарија веќе има договор, со Хрватска има договор, со Романија има договор. Како што кажав, следни за разговор се Австрија и Словенија, и исто така работиме и со Германија“, истакна Николоски.

Според него, на овој начин се опфаќаат земјите каде што има најголема фреквенција на македонски транспортери, а Владата и Министерството продолжува со работа за изнаоѓање дополнителни решенија.

Ќе уживаме во продолжен викенд – Потоа следи уште еден неработен ден

По продолжениот викенд за Илинден, граѓаните наскоро ги очекуваат нови неработни денови и можност за уште неколку дена одмор.

Следниот неработен ден е 28 август, петок, кога православните верници го одбележуваат празникот Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица. Бидејќи празникот паѓа во петок, граѓаните ќе имаат продолжен викенд од три дена.

Потоа следува 8 Септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија. Празникот годинава се одбележува во вторник, што повторно отвора можност за продолжен одмор со спојување на деновите околу викендот.

За сите граѓани на РМ

8 септември (вторник) – Ден на независноста
12 октомври (понеделник) – Ден на народното востание (бидејќи 11 октомври е во недела) (Продолжен викенд)
23 октомври (петок) – Ден на македонската револуционерна борба (Продолжен викенд)
8 декември (вторник) – Св. Климент Охридски

За граѓаните од православна вероисповед

Покрај државните празници, православните верници имаат дополнителни неработни денови кои исто така формираат продолжени викенди:

28 август (петок) – Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) (Продолжен викенд)

За граѓаните од католичка вероисповед

1 ноември (недела) – Празникот на сите светци
25 декември (петок) – Божиќ, првиот ден на Божиќ

ФЕСТИВАЛ НА ПИПЕРКАТА во Кривогаштани! Одлична забава која не смее да се пропушти овој викенд

Кривогаштани повторно ќе биде во знакот на пиперката, традицијата и добрата забава. На 29 август 2026 година, на Плоштадот во Кривогаштани, ќе се одржи овогодишното издание на Фестивалот на пиперката, манифестација посветена на еден од најзначајните земјоделски производи и препознатливите симболи на овој крај.

Фестивалот ќе започне во 19:00 часот со детската програма „Магијата на пиперките“, која ќе донесе посебна атмосфера и содржини за најмладите посетители.

Од 20:00 часот започнува музичката програма, со настапи на Пајак, Мелос Бенд, Тајана Стефановска, Кико и Тикса Бенд, како и DJ Tammy.

Организаторите најавуваат вечер исполнета со музика, забава и дружење, но и можност преку манифестацијата да се промовираат локалната традиција, земјоделското производство и пиперката како значаен производ за Кривогаштани и регионот.

Фестивалот на пиперката се реализира со поддршка на Општина Кривогаштани, а во организацијата и поддршката учествуваат и локални партнери и организации.

На 29 август, Кривогаштани ги очекува сите посетители на Плоштадот, каде традицијата, музиката и добрата атмосфера ќе бидат дел од една заедничка фестивалска вечер.

Врбјанска Чука оживеа со магичните ноти на Ратко и Драган Даутовски (Фото галерија)

Археолошкиот локалитет Врбјанска Чука вчера беше претворен во уникатна музичка сцена, каде што посетителите уживаа во настапот на Ратко и Драган Даутовски.

Настанот, кој се одржа во рамки на јубилејното 15. издание на Prilep Jazz Weekend, привлече голем број посетители, а прекрасниот амбиент и музиката создадоа посебна атмосфера на еден од најзначајните неолитски локалитети во Пелагонија.

Со спојот на музиката и културното наследство, Врбјанска Чука уште еднаш покажа дека археолошките локалитети можат да бидат и места за современи културни настани, преку кои нивното значење дополнително се доближува до јавноста.

Градоначалникот на Општина Кривогаштани, Игор Каравилоски, посочи дека ваквите настани се потврда дека музиката и културното наследство можат да одат рака под рака, нагласувајќи ја поддршката на општината за идните активности поврзани со локалитетот.

Screenshot

„Општина Кривогаштани ќе продолжи да ги поддржува активностите за истражување, заштита и промоција на овој уникатен локалитет“, порача Каравилоски.

Концертот на Даутовски беше вовед во официјалната програма на 15. издание на Prilep Jazz Weekend, која ќе се одржи на 1, 2 и 3 октомври во НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп.

РЕКОРД! Дизелот замина “стотка” од полноќ

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за 3,5 денари за литар, а цената на бензините се зголемува за 1,5 денар – одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,62 отсто.

Новата максимална малопродажна цена на „евросупер БС-95“ ќе изнесува 93 денари за литар, „евросупер БС-98“ ќе се продава за 95, а „евродизелот БС (Д-Е V)“ 101,5 денар за литар. Со одлуката на РКЕ за два денари за литар се зголемува малопродажната цена на екстра-лесното масло за горење (ЕЛ-1) и ќе чини 100,5 денари, а „мазутот М-1 НС“ поскапува за 1,850 денар за килограм и ќе се продава за 45,576 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 3,795 отсто, кај дизелот за 4,842, кај екстра-лесното масло за 3,958 и кај „мазутот“ за 6,467 отсто. Курсот на денарот, пак, во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,5340 отсто.

Секоја чест! Младите тенисери и нивните родители го светнаа тениското игралиште во ООУ „Гоце Делчев“

Тенискиот терен во ООУ „Гоце Делчев“ повторно блесна во ново руво, благодарение на заедничката иницијатива и ангажман на младите тенисери од ТК „Break Point – Прилеп“, нивните родители и членовите на клубот.

Во рамките на акцијата целосно беа обновени тениските линии, поставена е нова мрежа, а санирана е и заштитната ограда, со што теренот повторно е подготвен за тренинзи и спортски активности на најмладите.

Она што особено радува е што во акцијата активно учествуваа токму децата, заедно со своите родители и тренерите од клубот. Со труд, ентузијазам и заедничка работа, тие покажаа дека спортот не е само натпревар и победа, туку и заедништво, одговорност и грижа за просторот во кој се спортува.

Од ТК „Break Point – Прилеп“ велат дека целта е преку тенисот да се создава здрава спортска средина во која децата ќе растат во дисциплинирани, одговорни и чесни личности.

Реконструираниот терен не е само место за тренинг. Тој е простор каде што најмладите создаваат пријателства, ги прават своите први спортски чекори и учат дека секој успех се гради со заеднички труд.

Со вакви иницијативи се испраќа важна порака – спортските терени се наше заедничко богатство и сите треба да се грижиме да ги оставиме подобри за генерациите што доаѓаат.

Секоја чест за младите тенисери, нивните родители и ТК „Break Point – Прилеп“ за прекрасниот пример како со заеднички ангажман може да се направи нешто вредно за најмладите.

Отворено Светското јуниорско првенство во параглајдинг Крушево 2026

Во Центарот за параглајдинг во Крушево денес свечено беше отворен натпреварувачкиот дел од Светското јуниорско првенство во параглајдинг на ФАИ, „Крушево 2026“.

На првенството учествуваат млади пилоти и натпреварувачки тимови од 13 земји од целиот свет.

Свеченоста воедно беше можност за промоција на резултатите од проектот „Крушево и Елбасан, Патување во природа и авантура“, финансиран од Европската Унија преку ИПА III Програмата за прекугранична соработка Северна Македонија и Албанија.

Еден од најзначајните резултати на проектот во Крушево е изградбата на две нови полетувалишта на Црн Врв, како дел од развојот на Параглајдинг центарот Крушево.

Новите полетувалишта го зголемуваат капацитетот на центарот и создаваат подобри услови за пилотите и за организација на меѓународни натпревари. Со оваа инвестиција дополнително се зајакнува позицијата на Крушево како дестинација за спортски, активен и авантуристички туризам.

„Новите две полетувалишта се важен чекор за развојот на параглајдинг центарот и за создавање подобри услови за пилотите. Ова е инвестиција во спортот, туризмот и во идниот развој на Крушево. Воедно, претставува пример како природниот потенцијал на градот се претвора во конкретна развојна можност за локалната заедница, изјави градоначалникот на Крушево, Нико Чонески.

На свеченоста присуствуваа претставници на Европската Унија, националните и локалните институции, Општина Елбасан, организаторите на првенството, проектните партнери, учесниците на првенството и претставници на локалната заедница.