ФЕСТИВАЛ НА ПИПЕРКАТА во Кривогаштани! Одлична забава која не смее да се пропушти овој викенд

Кривогаштани повторно ќе биде во знакот на пиперката, традицијата и добрата забава. На 29 август 2026 година, на Плоштадот во Кривогаштани, ќе се одржи овогодишното издание на Фестивалот на пиперката, манифестација посветена на еден од најзначајните земјоделски производи и препознатливите симболи на овој крај.

Фестивалот ќе започне во 19:00 часот со детската програма „Магијата на пиперките“, која ќе донесе посебна атмосфера и содржини за најмладите посетители.

Од 20:00 часот започнува музичката програма, со настапи на Пајак, Мелос Бенд, Тајана Стефановска, Кико и Тикса Бенд, како и DJ Tammy.

Организаторите најавуваат вечер исполнета со музика, забава и дружење, но и можност преку манифестацијата да се промовираат локалната традиција, земјоделското производство и пиперката како значаен производ за Кривогаштани и регионот.

Фестивалот на пиперката се реализира со поддршка на Општина Кривогаштани, а во организацијата и поддршката учествуваат и локални партнери и организации.

На 29 август, Кривогаштани ги очекува сите посетители на Плоштадот, каде традицијата, музиката и добрата атмосфера ќе бидат дел од една заедничка фестивалска вечер.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.