дома блог страница 5193

Победа се сака секогаш: Мајмуни бројни на “Тумбе кафе” во Битола

pobeda1

Победа беше поразена на денешниот натпревар против шампионот Вардар, од третото  коло, што како домаќин го играше на стадионот “Тумбекафе” во Битола.

Голот во 40-та минута на Дамир Којашевиќ, беше пресуден за трите бода на овој натпревар.

Она  што беше впечатливо е огромната поддршка што црвено-белите ја уживаат и на туѓ терен.

И денес на трибините присутни беа голем број од навивачката група “Мајмуни” кои грмеа на трибините и го бодреа својот клуб.

14081440_10208597923239953_379528771_n

14081062_10208597923279954_1602854318_n

Најпознатите грешни митови за здравјето кои ни ги кажуваа нашите родители

Цел живот слушате различни здравствени совети и се придржувате до нив. Но колку вистина има во нив?

 

hrana-1-640x302

Кората на лебот е многу поздрава од средината

Вистина: Научниците открија дека за време на печењето во лебот се создава нов вид антиканцероген андиоксиданс, кој повеќе се содржи во кората отколку во средишниот дел. Најздрав е лебот од интегрално брашно и од интегрални житарки – со кора или без – бидејќи е побогат со хранливи материи од белиот леб.

Ако излезете со мокра коса сигурно ќе настинете

Вистина: Ќе ви биде постудено, но мократа коса не претставува закана за здравјето. Многу истражувања потврдуваат дека основни предизвикувачи на болести се вирусите и бактериите. Освен тоа, истражувачите велат дека чувството на студ не го слабее имунитетот.

Kонсумирањето риба ја зголемува интелигенцијата

Вистина: Кога станува збор за деца од 3 до 4 год., тоа е точно. Рибата, особено масната (лосос, туна, сардини) е богата со омега-3 масни киселини, вклучувајќи ја и ДХА (докосахексеноична киселина). ДХА е особено важна во првите две години за развој на мозокот, когнитивните способности и на видот. Истражувањата покажаа значителен напредок во зголемување на речникот и на когнитивните функции кај четиригодишни деца што секојдневно земале ДХА во форма на суплемент.

Преку главата се губат 75% од телесната топлина

Вистина: Овој процент е добиен врз основа на големината на главата на бебето, која во однос на телото е многу поголема од главата на возрасен човек. Затоа е важно главата на бебето да биде покриена кога студи. Кога станува збор за возрасните, се работи за 10% од телесната топлина. Освен тоа, топлината се губи кога е откриен кој било дел од телото, па носењето капа не е поважно од, на пример, носење ракавици или шал.

 

Едно јаболко дневно е доволно за одржување на здравјето

Вистина: Грст боровинки е уште подобра заштита од болести. Ова зрнесто овошје е вистинска хранлива бомба – богата со антиоксиданси и со растителни влакна. Со консумирање различни видови овошје и зеленчук може да се спречи појава на многу хронични заболувања, како што се срцеви болести и дијабетес.

Икањето прекинува кога ќе се исплашите

Вистина: Многу традиционални методи, како што се пиење вода и задржување на здивот – не се научно потврдени. Сепак еден трик може да помогне: Испијте лажичка кристален шеќер. Оваа тактика се покажала ефикасна кај 19 од 20 испитаници.

Еден час по јадење не смеете да пливате

Вистина: Слободно пливајте! Иако по јадењето крвта од мускулите се слева во желудникот, тоа нема да ве онеспособи за каква било физичка активност. Ќе бидете малку побавни, но тоа е се.

 

Голтнатата мастика долго се задржува во желудникот

Вистина: Нема причина за загриженост: течноста ќе ја пренесе низ дигестивниот систем и за ден-два ќе биде исфрлена од организмот. Иако не се разградува лесно, сепак не предизвикува болки.

(Вознемирувачко)СИЛНА ЕКСПЛОЗИЈА ВО ТУРЦИЈА: Експлодираше бомба на свадбена веселба, повеќе од 50 мртви!

received_10208842569413010

Бројот на жртвите од бомбашкиопт напад, извршен во југоисточниот турски град Газиантепе достигна 50 лица, информира гувернерот на округот Газиантепе, цитиран од светските агенции.

Бомбашкиот напад беше извршен за време на свадбена веселба. Меѓу жртвите има жени и деца.

Турскиот вицепремиер Мехмет Шимшек изјави дека експлозијата во Газиантепе, што се наоѓа во близина на границата со Сирија, веројатно е дело на атентатор самоубиец.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган утринава изјави дека групата Исламска држава најверојатно е наредбодателот на синоќешниот напад.

Засега ниту една терористичка организација не ја презеде одговорноста за крвавиот терористички акт.

 

Најголем шок: Понуда за брак со несреќен крај

Иако сите помислија дека е ова понуда за брак, на крајот на текстот се шокираа.

received_10208842004838896

– Џенифер, ќе се омажиш за мене? Само се шегувам, ти раскинувам, имаш 6 дена да се иселиш од дома, гласи пораката.

Ноќен живот во Прилеп – Јелена Розга – 20.08.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”346″ gal_title=”JelenaRozga2″]

ВЕТУВАЊАТА СЕ ИСПОЛНУВААТ: Инвестиции во патната инфраструктура, граѓаните задоволни

Се реализираат ветувањата од теренските посети за изградба и инвестиции во патната инфраструктура.

 

1

Механизацијата на патниот правец Росоман-Градско е на терен и активно се работи на патот во должина од 12 километри, за што се вложуваат повеќе од 70 милиони денари. Очекувањата се дека истиот треба да биде завршен до крајот на годинава.

2

Изградбата на овој патен правец беше најавена при посетата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со министерот за транспорт и врски Мисајловски.

3

Граѓаните, а пред се жителите на околните населени места задоволни од проширувањето и санацијата на патниот правец.

-Тоа што е ветено се е исполнето. Патот Градско Росоман се прошири, со две ленти. Тоа нас многу ќе ни вреди затоа што ќе ги заштитиме децата со поголема безбедност, тие по тој пат се движат за на училиште, и има посебни патеки. Тоа е сега направено. Тоа што го вети владата го исполнија, изјавува жител на Росоман.

-Значењето на тој патен правец е многу големо. На општината Росоман ќе и донесе додадена вредност. Поголем пат, поширок е подобар, велат жителите на Росоман.

-Сега е пошироко, патниците може да се разминат…Значењето е многу големо, за општината тоа ќе придонесе многу… Тоа е добро, бидејќи се шири патот, задоволни се жителите.

4

Во меѓувреме се работи и на новиот експресен пат Градско-Прилеп кој е во должина од 33,5 километри со проценета вредност од 70 милиони евра. Овој патен правец ќе биде значајна линија на поврзување на градовите Прилеп и Битола.

Веќе се реализира првата фаза во должина од 10 километри од Фаришката до Дреновската клисура, која се гради на речиси комплетно нова траса на постојниот пат, 95 проценти се нова траса, а пет проценти ќе се спојува со стариот пат во клисурите каде ќе има проширување.

При минатомесечната посета на активностите за изградба на овој патен правец  од страна на Груевски и Мисајловски беше заклучено дека активностите се одвиваат со засилено темпо и дека во периодот што следи тие дополнително ќе се интензивираат со цел да се искористи периодот на градежната сезона.

 

Изложба и концерт на Прилепско културно лето

_MG_0734

„Етно“ е тематската изложба на слики од Драги Хаџи Николов од Гевгелија, што беше отворена во галеријата од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, а на која уметникот се претстави со 25 дела преку кои пренесе една убава македонска приказна која плени. Хаџи Николов по втор пат се претставува пред прилепските љубители на уметноста, а неговите дела се нераскинливо поврзани со етнографското творештво и носат јасни и прецизни безвременски пораки со многу естетика.

_MG_0737

_MG_0761

_MG_0726

Веднаш по изложбата, љубителите на културата имаа можност да присуствувват на плоштадот „Александрија“, на камената бина каде се одржа манифестацијата „Изворен фолклор на балканските народи“ на која земаа учество КУД „Бисер“ од Македонија, КУД „Гоце Делчев“ од Бугарија и КУД „Лесковац“ од Србија, кои го презентираат богатиот изворен фолклор на своите земји.

_MG_0794

_MG_0777

_MG_0778

_MG_0786

_MG_0786 _MG_0798

_MG_0801

_MG_0807

ВИДЕО: Воз се движи со 500 км/ч и лебди над шините

voz.jpg-700-620x396

Магнетно – левитацискиот воз, „Маглев“, користи магнети за вагоните да се подигнат над шините и да го елеминира триењетото, па услугата е многу побрза и потивка.

Произведувачите тврдат дека Маглев технологијата многу малку го загадува ваздухот и на патниците им го скратува времето на патување.

Погледнете како изгледа кога воз се движи со 574 км/ч.

Навистина неверојатно: Руски научник открил начин како да го отстрани црниот слој од кожата

Истражувачите откриле начин како да го отстранат црниот слој од кожата, и како да ги избелат лицата од црна раса, се наведува во публикацијата на Московскиот факултет, пишуваат странските медиуми.

lupikozaa

Овој третман се прави со мешавина од окситан и бензодиазепин. Минувањето 5 часа во купка со 50 гр од оваа мешавина прави чуда.
После ваква купка, горниот слој кој е одговорен за бојата на кожата се лупи без проблем.
Лаборантот истражувал и подложил 254 личности на овој третман.
Руската влада очекува наскоро да го објави овој; третман. Тоа може да биде од голема корист за мигрантите со различна боја на кожа, кои ќе се чувствуваат поприродно и интегрирани кога нивната боја ќе одговара на бојата на кожата на останатите луѓе во земјата во која живеат.
Ова е една точка на гледиште, која ја затапува Здружението за човекови права.

Бизарната историја на олимписките маратони !

olympic-marathon

Низ историјата, маратоните ги трансформирале обичните луѓе во херои и борци. Но во историјата на маратоните низ Олимписките игри, содржани се најбизарните спортски приказни.

Првиот маратон се трчал во 1896 година на Олимписките игри во Атина. Се трчало низ различни делови од државата и маратонците биле изложени на различни временски непогоди. Првите три места им припаѓале на грци,  а само 9  маратонци ја  завршиле трката од вкупно 17.

По 8 години од првиот олимписки маратон следува најчудниот на сите времиња. На маратонот во 1904 година во Сент Луис се трчало на многу непристапни места, на високи ридови, во прашина и големи невремиња. Постоеле само две места каде што се земало вода, па голем број  од маратонците се соочиле со дехидрација. Поради сите овие причини,  маратонците биле принудени дел од патот да го поминат со воз, трамвај  или други превозни средства.

Маратонецот Леи Тау кој можеби ќе завршел на подобра позиција, на дел од патот го бркале бесни кучиња. Додека кубанецот Феликс Карбајалм бил принуден да преспие, но сепак завршил на четвртото место.

Победник на трката бил британецот Томас Хикс.

marathon_hicks1904