ВЕТУВАЊАТА СЕ ИСПОЛНУВААТ: Инвестиции во патната инфраструктура, граѓаните задоволни

Се реализираат ветувањата од теренските посети за изградба и инвестиции во патната инфраструктура.

 

1

Механизацијата на патниот правец Росоман-Градско е на терен и активно се работи на патот во должина од 12 километри, за што се вложуваат повеќе од 70 милиони денари. Очекувањата се дека истиот треба да биде завршен до крајот на годинава.

2

Изградбата на овој патен правец беше најавена при посетата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со министерот за транспорт и врски Мисајловски.

3

Граѓаните, а пред се жителите на околните населени места задоволни од проширувањето и санацијата на патниот правец.

-Тоа што е ветено се е исполнето. Патот Градско Росоман се прошири, со две ленти. Тоа нас многу ќе ни вреди затоа што ќе ги заштитиме децата со поголема безбедност, тие по тој пат се движат за на училиште, и има посебни патеки. Тоа е сега направено. Тоа што го вети владата го исполнија, изјавува жител на Росоман.

-Значењето на тој патен правец е многу големо. На општината Росоман ќе и донесе додадена вредност. Поголем пат, поширок е подобар, велат жителите на Росоман.

-Сега е пошироко, патниците може да се разминат…Значењето е многу големо, за општината тоа ќе придонесе многу… Тоа е добро, бидејќи се шири патот, задоволни се жителите.

4

Во меѓувреме се работи и на новиот експресен пат Градско-Прилеп кој е во должина од 33,5 километри со проценета вредност од 70 милиони евра. Овој патен правец ќе биде значајна линија на поврзување на градовите Прилеп и Битола.

Веќе се реализира првата фаза во должина од 10 километри од Фаришката до Дреновската клисура, која се гради на речиси комплетно нова траса на постојниот пат, 95 проценти се нова траса, а пет проценти ќе се спојува со стариот пат во клисурите каде ќе има проширување.

При минатомесечната посета на активностите за изградба на овој патен правец  од страна на Груевски и Мисајловски беше заклучено дека активностите се одвиваат со засилено темпо и дека во периодот што следи тие дополнително ќе се интензивираат со цел да се искористи периодот на градежната сезона.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.