72-годишниот Е.Х. и 51-годишниот Р.Т. од селото Житоше, општина Долнени, заработи кривична поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. Тој околу 12 часот и 30 минути во селото го паркирал своето возило пред влезната врата од дворот на Е.Х., кој во тоа време бил пред вратата од својот двор и побарал од Р.T. да не го паркира пред влезот затоа што имал намера да излегува со своето возило. Р.Т. му кажал дека нема да го тргне затоа што има повреден човек кој требало да го носи во болница во Прилеп. Откако Р.Т. повеќе пати му кажал на Е.Х. дека нема да го тргне возилото, Е.Х. замавнал со вила кон него, но во тој момент Р.Т. ја фатил вилата, ја повлекол кон себе и при одземањето се здобил со површинска повреда на главата. Потоа Р.Т. возвратил и неколку пати со тупаница го удрил Е.Х. Во тој момент притрчале Х.Х. и А.К., застанале помеѓу пријавените и ги раздвоиле. После тоа Е.Х. уште еднаш се обидел со вилата да го удри Р.Т., но Х.Х. успеал да му ја одземе. Во тие моменти Е.Х. со нож се втурнал кон Р.Т. и му нанел две лесни телесни повреди во пределот на градите. Кога Р.Т. забележал дека на себе има крв влегол во дворот на Е.Х. и со пресечените дрва, кои биле во дворот, почнал да фрла по него при што Е.Х. се здобил со лесни телесни повреди во грбот.
Подрачните училишта во Ново Лагово и Големо Коњари со нови инвестиции
Подрачното ОУ „Круме Волнароски“ во населеното место Ново Лагово наскоро ќе добие детско игралиште кое ќе го користат како учениците така и останатите деца од ова населено место. Во тек е и реконструкција на една училница во подрачното училиште ОУ„ Страшо Пинџур“ во населеното место Големо Коњари. Реконструкцијата ќе чини сто осумдесет и четири илјади денари, средства обезбедени од Буџетот на општина Прилеп.
Со реализацијата на овие два проекти значително ќе се подобрат условите за одвивање на воспитно – образовната дејност во подрачните училишта. Заложбите на Локалната самоуправа и понатаму остануваат главен преоритет за инвестирање во образованието како главен приоритет.
ООУ „Кочо Рацин“ во населбата Рид доби ново дворно уредување
Едно од најстарите основни училишта во градот ООУ „Кочо Рацин“ на Рид наскоро ќе добие нов двор. Реконструкцијата ќе опфати нова ограда, летна училиница (летниковец), зеленило и осветлување со што комплетно ќе се заврши уредувањето на ова основно училиште, посочи во својата изјава градоначалникот Марјан Ристески при посетата. Градоначалникот посочи дека наскоро ќе биде комплетно уредено и детското игралиште пред училиштето.
Во изминатиов период во ООУ „Кочо Рацин“ на Рид извршена е комплента реконструкција на училишната зграда почнувајќи од: промена на покрив, поставување на ПВЦ дограма, нови подови, санација на ѕидовите и таваните на училниците, опремување нови клупи и столчиња, направена е целосна санација на санитарните јазли и нова фасада, а подрачното ООУ „ Кочо Рацин“ на Рид доби и нова котлара и комплетна инсталација за парно грење.
Досега не видена снимка од распоредувањето на Лавовите за време на конфликтот во 2001 година
Конфликтот во 2001 година е минато. Изминаа 15 години, но сеќавањата сеуште живеат. Македонија ги памети паднатите херои од тоа време, се сеќава на нивната жртва, на нивната кауза, на нивната борба.
Тоа беа времиња на мрачни сценарија, на поделба на херои и предавници, на политички игри и превирања, непознати за обичниот граѓанин.
Единицата за брзи интервенции “Лавови” тогаш беше една од главните предводници на одбраната на територијата и заштитата на граѓаните.
Со нивната храброст и пожртвуваност си поиграа некои македонски политичари и ја извисија нивната посветеност за стопирање на редефинирањето и разнебитувањето на македонската држава.
Ова е до сега необјавено видео кое сведочи за нивната храброст, спремност и жар во тоа време:
А.Г.
Момче пронајдено починато кај Демир Капија, трагаа по него цела ноќ
Починато лице утрово околу 5:40 часот е пронајдено на патниот правец Демир Капија- Неготино, во близина на местото викано „Прждевски Споменик“, потврдуваат од МВР за Курир додавајќи дека увидот е во текот.
Како што неофицијално дознаваме станува збор за 25 годишниот К. С. од Кавадарци кој вчера бил пријавен за исчезнат.
На социјалните мрежи вчера се споделуваше информацијата за неговото исчезнување. Според пишувањата на истите, тој последен пат бил виден на собир со мотори, од каде заминал со мотор Хонда, по што му се губи трагата. Негови пријатели и блиски се организирале и го пребарувале теренот речиси 10 часа, по што момчето било пронајдено починато.
Од полицијата информираат дека повеќе детали ќе бидат познати по завршувањето на увидот.
ПОКАНА: Втор по ред ракометен меморијален турнир “Миле Нешкоски”
Во чест на легендата на прилепскиот ракомет Миле Нешкоски, Ракометниот Клуб Прилеп и Локалната самоуправа на општина Прилеп, упатуваат покана до сите љубители на ракометот, до сите поранешни играчи и соиграчи на, Миле, до сите пријатели, роднини и спортски работници, да присуствуваат на вториот по ред меморијален турнир “Миле Нешкоски”, кој ќе се одржи од 25-ти до 28-ми август во универзалната сала на “Тутунски Комбинат”.
Учевство на турнирот ќе земат 6 екипи, и тоа покрај екипата на РК Прилеп ќе настапат и екипите на: Пролет, Пелистер, Еурофарм Работник, Охрид и Борец.
Екипите се поделени во две групи и тоа:
Фантастична финта: Еве што се случува во лифт кога истовремено ќе ги притиснете овие две дугмина – ВИДЕО
Не сакате лифтови? Ве нервираат луѓето кои ја делат кабината со вас? Особено ви оди на живци кога лифтот застанува на секој спрат, а вие брзате? Еве ви решение!
Ретко кој сака да се вози со лифт, особено кога кабината е преполна со луѓе.
Мал простор, нема воздух, глупаво ви е да започнете разговор, уште поглупаво да молчите, па само стоите и гледате во таблата со копчиња или скришно се гледате во огледало.
Замислете одите на 15-ти спрат, а лифтот застанува на секој кат…. ужас! За оние со слабо издржливи живци или слаба бешика, овој совет ќе биде добредојден.
Притиснете ги во исто време копчето за затворање на вратата и копчето за спратот на кој сте се упатиле, па лифтот ќе ги игнорира сите претходни команди и ќе се упати баш таму каде што сакате.
А.Г.
ШОКАНТНО ВИДЕО: Сто метри широка дупка проголта плажа, капачите бегаа
Стотина метри широка дупка изненадно се отвори во популарниот камп на австралискиот брег проголтувајќи неколку автомобили и камп куќички.
Дупката на плажата во Квинсленд почна да се отвара околу полноќ. Песокот пропадна неколку метри во длабочината на морето. Една жена почна да вика по кампот полн со луѓе и ги повика да излезат од шаторите и камп куќичките, пренесува телевизијата АБЦ.
Автомобил и кампер за само неколку секунди паднаа во дупка длабока три и широка сто метри. Полицијата извести дека повеќе од 140 луѓе избегале од кампот.
На оваа плажа слична дупка се појавила и во 2011 година.
Јадете луто и намалете го ризикот од канцер
Честото конзумирање лута храна го намалува ризикот од канцер. Внесете повеќе свежа и сушена лута чили пиперка во вашата исхрана, затоа што јадењето лута храна на дневна основа сега е поврзано со понизок ризик од смрт заради канцер, срцеви заболувања или болести на белите дробови и дијабетес.
Учесниците во истражувањето објавено од страна на Бритиш медикал журнал, кои јаделе лута храна скоро секој ден, имале за споредба 14 проценти помал ризик од смрт во споредба со оние кои конзумирале зачинета храна помалку од еднаш неделно. Оваа поврзаност е иста и кај мажите и кај жените, а е поизразена кај оние кои не конзумираат алкохол.
Честото конзумирање зачинета (лута) храна е исто така поврзана со помал ризик за смрт од канцери, ослабено срце и болести на респираторниот систем, а ова е поизразено кај жените отколку кај мажите – забележале научниците во студијата која беше објавена во Бритиш медикал журнал (БМЏ).
Свежите и сушените лути чили пиперчиња се најчесто користените лути зачини кај оние кои пријавиле дека јаделе лута храна во текот на неделата. Меѓународен тим, предводен од истражувачи во Кинеската академија за медицински науки ја истражувале поврзаноста на конзумирањето на лута храна како дел од секојдневната исхрана, и севкупните ризици и причини за смртност.
Тие во истражувањето вклучиле 487,375 учесници на возраст помеѓу 30 и 79 годишна возраст. Сите учесници пополниле прашалник за тоа што генерално јадат, за физичката состојба, и за конзумирањето на лута храна, црвено месо, зеленчук и алкохол. Во споредба со учесниците кои јадат лута храна помалку од еднаш неделно, оние кои конзумирале лута храна еднаш и два пати неделно имале 10 процени помал ризик од смрт.
Оние кои јадат лута храна три до пет, шест, па и седум дена во неделата, имале 14 проценти помала веројатност за смртност.
Некои од биоактивните состојки по се изгледа се двигатели за оваа поврзаност – објаснуваат авторите и додаваат дека свежиот чили е побогат со капсаицин, витамин Ц и други корисни состојки.
Авторите повикуваат повеќе научници да се вклучат, со што може „да доведе до посовремени препораки за исхраната и до развој на функционална храна“. Претходни истражувања упатуваа дека корисните ефекти од лутата храна и нивната биоактивна состојка, наречена капсаицин, помагаат против дебелеењето, се антиоксиданси, се антивоспалителни и имаат против канцерогени својства.












































