дома блог страница 5194

На 78 години лета со параглајдер: За прилепчанецот Миле не постојат граници

11

Отсекогаш, исконски било и е човекот да лета. Човекот да се почувствува како птица, како Икар од митологијата. Да се вивне во височините на средба со облаците и да ја гледа земјата од птичја перспектива.  Да се лета и да се осети возбудата на небото не се важни годините ниту ни кога се живее осмата деценија.

Пензионерот Миле Грданоски (78), поранешен машински инженер, во годините на староста се открива себе си со лет на хоризонтот со параглајдер. Ужива во екстремните спортови, планинарењето и спелеологијата и саати “губи” во комуникација со пријателите на социјалните мрежи.

2

Првото одлепување од копното, за доживувањето и летањето со параглајдер го доловува како посебно задоволство.

– Првиот лет го имав на светското првенство во змејарство во Крушево пред еден месец. Полетавме со параглајдер – тандем од Мечкин Камен од 1400 метри надморска височина.  Бидејќи термичкиот столб беше исклучително силен, со пилотот Игор од Скопје се кренавме до 2500 метри. Дел од летот бев копилот, а потоа го зазедов и кормилото на пилотот. Го управував параглајдерот. Истовремено се снимав со посебна широкоаголна камера. Повеќеминутното летање во воздухот снимив и видео од три минути – кажува Грданоски за несекојдневното летачко искуство.

Доживувањето е посебно, неверојатно, интересно.

– Се прашував која е таа сила, кој е животен порив што ги тера луѓето да ризикуваат со овој спорт. Не почувствував страв. Прекрасно задоволство и остварување на исконскиот сон на човекот да биде птица, слобода, шир, пријатен виор од кој се крева адреналинот.  Доживеав вител на задоволство, да се гледа панорамата долу, околу Крушево. Поздравот со облаците нема да биде последен. Закажав втор контакт со небото. Би сакал да ми се придружат и други пензионери, доколку  се здрави – рече Миле Грданоски.

Тој првин теоретски преку интернет го проучувал  параглајдерството, бидејќи тоа не е само спорт, туку и наука што е тесно поврзана со неговата струка и пасија – термотехниката и метеорологијата.

Грданоски работниот век го заврши како директор на секторот за развој во Тутунскиот комбинат. Работел и на компјутерско цртање. Кога не е врзан за социјланите мрежи, каде веќе заразил и друго колеги од неговата возраст, пензионерските денови ги минува во друштво со природата. Често планинари и ги крстари македонските шуми.          Мераклија е и за откривање на мистериите и декорот на пештерите. Основал спелеолошка секција во планинарското друштва Златоврв. Заљубен е во чистиот воздухот и движењето.

– Се интересирав преку интернет за екстремните спортови, не само во височините, планинарењето, ами и во водата и воздухот. Сум се спуштил во многу пештери и планински јами во поранешна Југославија, Бугарија. Не се плашам ниту од небото, ниту од утробата на земјата – објаснува бестрашниот пензионер.

Грданоски по пензионирањето им е “роб” и е секојдневно опседнат со повеќе страсти.

ИЗВОР: НЕДЕЛНИК ЗЕНИТ

 

 

ФОТО: ИСИС се повлекува со жив штит од 2.000 заробеници

Сириските демократски сили, фракцијата поддржана од САД, објави фотографија на која се гледа како се повлекуваат џихадистите од ИСИС од градот Манџиб.

 

isispovlacenjeTwitter

Откако увиделе дека ја губат контролата над градот, исламистите одлучиле да се повлечат кон Јарабулус, град на сириско-турката граница.

Но, со себе понеле и околу 2.000 цивили кои ги користеле како жив штит, плашејќи се да не бидат бомбардирани при повлекувањето.

На фотографиите се гледаат многу автомобили, камиони, дури и еден багер како се возат во колона. Нив ги следат бројни пешаци, веројатно цивили, кои се распоредени од двете страни на колоната.

Моторџиско “лудило” во Прилеп: Моторџии од цела Македонија на седмиот по ред “Мото фестивал” – ГАЛЕРИЈА

DSC_0033

Во Прилеп денеска се одржува седмиот по ред “Мото фестивал”, кој во 17 часот започна со мото собир и дефиле на моторџии од целата земја.

Високи октани, разновидност на мотори и голема доза на адреналин, така изгледаше сликата во центарот на Прилеп од 17 до 19 часот, а погледот на случајните минувачи го одземаа глвните актери, момците во кожни елеци, моторџиите.

Организацијата на фестивалот е во рацете на Мото клубот “Рисови” oд Прилеп, а за сите оние кои сакаат вечерва да се дружат со нив, добредојдени се на луда мото забава до утринските часови на градскиот базен во Прилеп.

Уживајте во галеријата која ја подготвивме за вас:

[Best_Wordpress_Gallery id=”345″ gal_title=”MotoFestival”]

БОМБА: Вдишете длабоко и погледнете како изгледа девојката на Усаин Болт!

bolt-devojka

Каси Бенет многу емотивно ги доживува настапите на Усаин Болт на Олимписките игри, што не е ни чудо бидеќи токму таа е негова девојка.

Во продолжение можете да погледнете како го поддржува, а исто така ви пренесуваме неколку нејзини фотографии, кои покажуваат зошто токму таа е избраничката на најбрзиот човек на светот.

А.Г.

ВИДЕО: Јапонка освои злато па го претепа тренерот.

japonka

Јапонката Рисако Каваи на својата држава и го донесе четвртото злато во борење на Олимписките игри во Рио.

Каваи во категорија до 63 килограми славеше во финалето против европската шампионка Марија Мамашук со 6-0, а после борбата приреди вистинска забава за публиката.

Победата ја прослави демонстрираќи зафати на својот тренер Кузухиту Сакае, кој го фрлаше по партерот со голема леснотија.

 

Саботно кафе во Прилеп – 20.08.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”344″ gal_title=”AvgustSabotno3-2″]

ВИДЕО: Секоја година, на празникот Преображение за време на литургијата се појавува мистеризен облак

Секоја година, на 19 август (Преображение на Господ Исус Христос), за време на празничната служба, се појавува мистеризен облак над крстот од црквата Свето Преображение, на врвот на планината Тавор во Израел, кој потоа се шири и се спушта над верниците како животворна влага.

 

1

Оваа црква е изградена на местото каде што Исус Христос се преобразил пред апостолите Петар, Јаков и Јован и разговарал со Мојсеј и Илија, Евангелие според Марко, глава 9 (Исусовото преображение)… (…И се појави облак, па ги засени; и од облакот дојде глас, кој велеше: „Овој е Мојот возљубен Син, Него слушајте Го!“)

Овој благодатен облак е едно од трите чуда што се случуваат секоја година во Израел, покрај благодатниот оган на Велика сабота и фрлањето на крстот во реката Јордан (Богојавление – Водици) кога реката почнува да тече во спротивна насока штом крстот ќе ја допре водата.

Руските и израелските метеоролози тврдат дека оваа магла не може да се формира на толку сув воздух и на толкава температура и немаат одговор за овој феномен.

Сергеј Миров, кој учествува во истражувањето на руските и израелските метеоролози вели дека научниците заклучиле дека оваа магла не може да се формира на толку сув воздух и на толкава температура.

Тој вели дека овој „благословен облак“ се спушта само на подрачјето на манастирот.

ПЕНТАГОН НЕ МОЖЕ ДА ПОВЕРУВА: Погледнете чии специјалци ќе им помагаат на русите во Сирија!

kina-vojska-helikopter-600x403

Поради самитот на Г20 кој треба да се одржи на 4 и 5 септември, Кина издаде јавно соопштение во врска со војната во Сирија.

Постигнат е договор во врска со кризата во Сирија, кинеската војска значително ќе ја зголеми својата улога во сирискиот конфликт, односно ќе испрати повеќе специјални советници, воени инструктори и зголемување на воениот персонал.

Кина исто така ќе почне да ја финансира сириската војска и ќе понуди голема хуманитарна помош. Моментално стотици кинески воени советници се вклучени во Сириската  војна.

Кина има слична улога како и Русија, односно кинеската војска е активно вклучена во воените активности.

Сирискиот министер за одбрана нагласил дека Дамаск го поддржува ставот на Пекинг и се заблагодарил за кинеската воена и финансиска помош.

ВИДЕО – Погледнете како 5-годишник вози багер како професионалец

Screenshot_6-51

Ова 5-годишно момче управува со багер на градилиште и тоа без било каков надзор на возрасно лице.

Багерот  кој  го  вози  како професионалец  е тежок 20  тони, а во видеото се гледа како ја користи тешката  машина за  пренесување големи колични на песок.

Погледнете го видеото и уврете се сами:

А.Г.

Ноќен живот во Прилеп – Концерт на Игор Џамбазов кој ги разнежни прилепчани – 19.08.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”343″ gal_title=”IgorDzambazovKoncert”]