дома блог страница 5178

Приказната за скршено огледало е пострашна од седум години несреќа

Eдно од најраширените верувања, дека кршењето огледало носи несреќа, датира од древни времиња кога изработката на овој предмет била многу скапа, бидејќи се правело од ретки материјали, како што е вулканското стакло. Го имале само богатите.

1

Познати венециски мајстори од 15 и 16 век не сакале да го откријат занаетот, но со цел уште повеќе да ја зголемат цената на својата работа, покренале приказна дека тој кој ќе скрши огледало ќе биде несреќен. Сепак, ова не било нивен „изум”.

Старите Римјани имале и своја теорија, верувајќи дека огледалото „ја фаќа” душата додека се гледаме во него, па кога ќе го скршиме, таа останува растурена во делчиња и треба да поминат седум години за да се обнови.

Можеби токму од таа причина во некои краишта постои обичај да се покриваат огледалата и стаклата во домот кога некој ќе умре, за да може душата непречено да си оди.

Како да препознаете срцев удар еден месец пред да се случи?

Стресот, нездравата исхрана и брзиот живот значително допринесуваат за еден од главните причинители на смрт во 21 век.

 

Women-Heart-Attack

За среќа постојат начини симптомите на време да се препознаат и да се промени фаталниот исход од срцев удар.

Замор 

Кога артериите ќе се соберат, срцето добива значително помалку крв отколку што е навикнато. Поради тоа работи посилно отколку што треба, а вие чувствувате константен замор и исцрпеност секој ден.

Губење на воздух 

Ако вашето срце добива помалку крв отколку што е навикнато, тоа значи и дека вашите бели дробови добиваат помалку кислород отколку што се навикнати. Овие два системи зависат еден од друг, што значи ако имате проблем со губење на воздух, консултирајте се со доктор што поскоро.

Слабост 

Кога артериите се собрани и се забавува циркулацијата, ниту мускулите не го добиваат она на кое се навикнати, што ве прави многу слаби, па чести се падовите и повредите.

Вртоглавица и студена пот 

Лошата циркулација исто така влијае на дотокот на крв во мозокот. Ова е многу ризично и на почетокот предизвикува вртоглавица и збунетост. Не смеете да го игнорирате тоа!

Болка во градите 

Во градите ви се собира притисок кој нема каде да оди и тоа е еден од најважните симптоми кој не смеете да го игнорирате. Ако го почувствувате, задолжително посетете доктор!

Стамов: Цело лето некој води хајка против Дојран

borce-stamov-1-650x396

Градоначалникот на општина Дојран, Борче Стамов, вчера реагираше на написите во дел од медиумите дека во Дојранското Езеро има пирани кои искасале риболовци.

Тој во изјава за „Курир“ вели дека станува збор за хајка која се прави против градот уште од стартот на туристичката сезона. Стамов бара надлежните институции да направат детални анализи на случајот.

Цело лето некој води хајка против Дојранско Езеро од причини кои веројатно само нему му се јасни. Доколку целта беше да пропадне туристичката сезона и локалните власти да се прогласат како некомпетенти, ваквиот налудничав чин нема никакво оправдување. Првиот пат ја заплашуваа јавноста со водата, која била опасна за здравјето, а сега гледаме дека некој нечовек е подготвен и директно да го загрози здравјето на туристите. Очекуваме официјални анализи за видот и потеклото на рибата од надлежните институции. Според неофицијалните информации, она што го знам е дека не станува збор за пирана, станува збор за аквариумска риба која не е опасна и може да се набави и пушти во водите на езерото во мала количина и не може да преживее подолго време во него, вели Стамов за Курир.

 

ТРАГЕДИЈА: Младо момче загина на Водно

Младо момче почина во тешка сообраќајна несреќа која синоќа се случила во 23:15 минути на локалниот пат Скопје-Средно Водно.

 

soobrakajka-pesak-640x360

Во сообраќајката учествувал мотоцикл марка „Сузуки 750“ со скопски регистарски таблици, управуван од граѓанин на Скопје, роден 1994 година. Тој со мотоциклот удрил во метални еластични браници.

По незгодата со возило на брза помош бил пренесен во Ургентен Центар при Комплекс Клиники Мајка Тереза каде му биле констатирани тешки телесни повреди и по извесно време им подлегнал на повредите.

Грчки сеизмолози предупредуваат: Подгответе се за силен земјотрес

2 (1)

Има акумулирана енергија, која може наскоро да ексалира, предупредуваат грчките научници.

Загриженост пројавуваат последните денови грчките сеизмолози од податоците што ги добиваат од анализите на геолошки пукнатини во земјата.

Нивните оценки зборуваат за “Озрен пукнатини” и “акумулација на енергија”, која наскоро може да ескалира.
Ги повикуваат државните органи на предупредување и да се разбудат и да преземат итни превентивни мерки, како што се прават пред земјотрес.

Четири врвни сеизмолози, неколку дена по катастрофалниот земјотрес од 6,2 степени во Италија, преку медиумите ги испратија своите пораки и предупредувања, но појаснија дека акцентот нема врска со земјотресот кој ја погоди Италија, бидејќи растојанието е огромно, за да се влијае на сеизмичка активност во Грција.

“Фактот дека долго време во Грција немало силен земјотрес, со исклучок на Кефалонија, значи дека има акумулација на енергија, некои пукнатини веќе се прочитани и порано или подоцна ќе треба да се ослободат”, рече директорот на Институтот за геодинамика во опсерваторијата во Атина, Акис Целентис.

Базен на смртта: Од овде е скоро невозможно да излезете жив – три момци пробаа, но… (ВИДЕО)

1 (1)

Доколку сте зависник од адреналин ова место е иделано за вас. Местото кое го викаат „базен на смртта“ се наоѓа на Хаваите и е доста страшен. Ако скокнете во него, големи се шансите таму и да останете.

Се наоѓа на Кип на водопади и се смета за најопасен базен виден некогаш. Локалците велат дека пливањето во него е или скок на животот или скок кој ќе ве чини живот.

Три момци скокнаа и пробаа да се забавуваат меѓутоа не поминаа најдобро.

Уште денес сонце, па доаѓа невреме ширум Македонија

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 29 до 36 степени.

 

dozd-1-640x424

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 34 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 7.

Вo среда попладне и кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста и услови за краткотраен локален дожд со ретки грмежи, а в четврток на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд,  грмежи и засилен ветер, кога ќе има и услови за локална појава на невреме со град.

12

Македонскиот рекод за алкохол во крвта: Прилепчанец бил камен пијан

Македонскиот рекордер живее во Прилеп.

1

Таму тој во полицискиот дрегер пред 4 години дувнал неверојатни 4,83 промили алкохол во крвта.

Светскиот рекорд го држеше Полјак кој во крвта имал неверојатни 12,3 промили алкохол. Тој загинал во сообраќајна несреќа.

ТАБЕЛА: Кои се нормални вредности на крвен притисок според возраста и полот

072423-blood-pressure

Еден од најраспространетите здравствени проблеми е зголемениот притисок на крвта.

Пропратен е со симптоми како лошо расположение, главоболки, несоница и други проблеми врзани со општото расположение и здравје.

Крвниот притисок може да варира повеќепати во текот на еден ден, а нормалниот крвен притисок е индивидуален.

Ако ги прашате лекарите кој е нормалниот крвен притисок според возраста на пациентот и полот, табелата изгледа вака:

tabela-pritisok-2-520x264

Госпоѓо да не ви паднаа парите!? Погледнете колку се чесни луѓето кај нас? (ВИДЕО)

111

На овие двајца момци им текнал генијален начин како да ја тестираат чесноста на македонските граѓани.

Во видеото кое следи Лео и Боки ги прашуваат случајните минувачи дали им паднале пари.

Одговорите ќе ве изненадат….

Погледнете го видеото:

А.Г.