дома блог страница 5179

Балканскиот Могли: Израснал со волци, а го убиле луѓе

За малиот Харис, кој во осумдесеттите години бил пронајден на тромеѓето помеѓу Босна, Црна Гора и Србија, во шума меѓу волци од босанските ловџии и неговата необична судбина, ретко кој би знаел ако Вук Ршумовиќ не го снимил филмот “Ничие дете”. Денес судбината на Харис е доборо позната. Тој загинал во војната при распадот на Југославија во деведесеттите, на 17-18 години, но не се знае во чија војска го загуби животот.

volci2-520x336

Беше крупен, рус со сини очи и со многу долги раце, некако неуреден, објаснуваат за него.

-Социјалните работници го донесоа 1988 година и ни рекоа дека ловци го нашле на тромеѓето Босна, Србија и Црна Гора во дувло на волци. Не знаевме колку е стар, но имаше некаде помеѓу 10-12, се сеќава Драган Роловиќ, директор на Заводот за воспитување деца и младинци во Белград.

Тој во тоа време бил млад воспитувач кој во Централното прифатилиште за деца и младинци, како што се викал тогаш домот, каде работел само една година. Таму биле носени деца од цела Југославија, повеќето од нив за ситни кривични дела, но некои останувале и по 10 години.

-Не зборуваше, испушташе звуци како ‘ржење или шушкање. Затоа што брзо напредуваше и брзо научи да зборва, заклучивме дека во раното детство бил во контакт со луѓе. По се беше различен, а деца како деца, мета си им ако се разликуваш. Сепак, тој не беше жртва на подбив, дури малку и како да му се плашеа, иако не беше најсилен. Подоцна другите деца го засакаа и го почитуваа, раскажува Роловиќ за Новости.рс.

volci1-520x387

Малиот Пуцке, како што го викале другите деца од домот, морал да научи се од човековото однесување. Му покажувале како се користи метла и лопатка, како се мести кревет, како да се однесува со воспитувачите и да ги почитува домските правила. Тој малку се движел, а често знаел да седне или да чучне во дворот на домот, и само да гледа наоколу. Кога јадел со двете раце ја штител чинијата, а децата понекогаш го забележувале како бара коски по ѓубрето зад домот.

-Се случуваше да падне само од одење, па мислевме дека има проблеми со центарот за рамнотежа и го пративме на лекар. Но, таму докторката утврдила дека стои сосема нормално. Потоа дознавме дека не знае да оди во чевли, се сеќава воспитувачот.

Како едни од најинтересни случки кои се случиле во домот со Харис, детето израснато со волци, тој ги издвојува моментите кога Харис прв пат видел уклучен телевизор, па толку многу се уплашил што се скрил под кревет и кога џамлијата му паднала во ВЦ шоља, па ја скршил за да ја најде.

Сепак, овaa несекојдневна приказна нема убав крај. Кога почнале војните при распадот на СФРЈ, југословенските републики почнале да ги повлекуваат своите деца во армиите. Разделбата со своите другари биле тешка и момчињата плачеле од прв до последен. Се ушто не е познато Харис на чија страна се борел.

 

БЕЗ ПАРИ НО СО ГОЛЕМО СРЦЕ: Погледнете што доби бездомникот за возврат на доброто дело !

Wallet6-1

Иако бил гладен, овој 44 годиншен бездомник почувствувал потреба да постапи правилно. Паричникот кој го пронашол бил сопственост на познат дизајнер.

Во паричникот имало околу 500 долари, со кои би можел да си дозволи јадење и сместување за неколку дена. Но сепак овој човек се одлучил да му го врати на сопственикот.

30 годишниот дизајнер Нити Понгкриангос не забележал дека му го нема паричникот, но бил изненаден од постапката на бездомникот.

За доброто дело човекот е награден со апартман во кој ќе живее и со добра работа во фирмата на Нити.

See SWNS story SWHOME; A homeless man who handed in a designer wallet full of cash was rewarded with a JOB and a new FLAT to live in. Good-hearted Woralop (corr), 45, had just nine baht (0.20p) to his name when he spotted the Hermes wallet with 20,000baht (£440gbp) and credit cards on the street earlier this month. Despite having barely eaten, he trudged to the local police station and gave police the expensive brown leather wallet with all the money still inside. Owner Niity Pongkriangyos, 30, was so thrilled when cops tracked him down that he offered destitute Woralop, who has no surname, a job at his metalwork factory in Bangkok, Thailand.

 

See SWNS story SWHOME; A homeless man who handed in a designer wallet full of cash was rewarded with a JOB and a new FLAT to live in. Good-hearted Woralop (corr), 45, had just nine baht (0.20p) to his name when he spotted the Hermes wallet with 20,000baht (£440gbp) and credit cards on the street earlier this month. Despite having barely eaten, he trudged to the local police station and gave police the expensive brown leather wallet with all the money still inside. Owner Niity Pongkriangyos, 30, was so thrilled when cops tracked him down that he offered destitute Woralop, who has no surname, a job at his metalwork factory in Bangkok, Thailand.

 

See SWNS story SWHOME; A homeless man who handed in a designer wallet full of cash was rewarded with a JOB and a new FLAT to live in. Good-hearted Woralop (corr), 45, had just nine baht (0.20p) to his name when he spotted the Hermes wallet with 20,000baht (£440gbp) and credit cards on the street earlier this month. Despite having barely eaten, he trudged to the local police station and gave police the expensive brown leather wallet with all the money still inside. Owner Niity Pongkriangyos, 30, was so thrilled when cops tracked him down that he offered destitute Woralop, who has no surname, a job at his metalwork factory in Bangkok, Thailand.

Ѓоковиќ ја изневерувал Јелена со оваа Индијка?

novak-neverstvo-640x360

Приказната на италијанскиот весник „Газета дело спорт“ добива нов тек, според кој изгледа дека боливудската афера на Новак Ѓоковиќ не била чаршиски муает.

Пред извесно време се шушкаше дека Ноле имал авантура со една позната индиска актерка, Дупико Падукон, и тоа ни две години по венчањето на црногорскиот Свети Стефан и по добивањето на синот Стефан. Во нaплив на бес Јелена тогаш, наводно, ги одвоила банковните сметки, што е чекор кон разделба од тинејџерската љубов.

Имено, тогаш се пишуваше со доза на подбив кон жолтиот печат, дека сите славни личности барем еднаш во својот живот се нашле во „љубовна афера“, која ќе им ја смести жолтиот печат. Ваква судбина го снајде и светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ, откако англиските медиуми го наместија дека имал афера со Индијката Дуплика Падукон.

2 1

Новак и Јелена ја запознале индиската актерка преку заеднички пријател. Семејството Ѓоковиќ и актерката во исто време престојувале во Лос Анџелес, па британските медиуми, односно „Дејли меил“, го искористи тоа за да ја пласира екскулзивната информација дека тенисерот и актерката биле заедно на вечера, а потоа заедно ја поминале и ноќта.

По шокантниот пораз во третото коло на Вимблдон се зборуваше дека не се работи за повреда или пад на формата на најдобриот тенисер туку за семејни проблеми, а во интервјуто за „Тајм“, тој само го потврди тоа и додаде дека секој во животот се наоѓа пред предизвици и дека тие се решаваат, па оттука се претпоставува дека Ноле ги решил проблемите со Јелена.

3

Тие се во врска од тинејџери, па не е ни чудно по толку време да се најдат во криза.

Дванаесет илјади денари за средношколци во социјален ризик

dimespasov-pres

И оваа учебна година средношколците во социјален ризик ќе имаат можност да добијат условен паричен надоместок во износ од 12.000 денари. На оваа тема денес на пресконференција говореше министерот за труд и социјална политика Диме Спасов кој информира дека е распишан новиот јавен повик за условен паричен надоместок.

Програмата на условен паричен надоместок предвидува финансиска поддршка од 12.000 денари за учениците во средно училиште кои што редовно посетуваат настава и се членови на домаќинства кои што се приматели на социјална парична помош. Сите заинтересирани потребно е да аплицираат во Центрите за социјална работа до 30-ти септември, а се предвидува ова парично право да се реализира квартално, со исплата на финансиската поддршка на мајките на овие лица. Сите оние кои што редовно посетуваат настава, односно присуствуваат повеќе од 85 проценти на наставата, односн о на часовите ќе до бијат дополнителна финансиска поддршка. Досегашните корисници на условен паричен надоместок потребно е за оваа година повторно да аплицираат во месно надлежните Центри за социјална работа, информира министерот.

Како што посочи, за реализација на оваа програма за учебната 2016/2017 година обезбедени се сретства во износ од 7 2 милиони денари и се планира финансиска поддршка на вкупно 6.000 корисници. Оваа програма се реализира од учебната 2010/2011 година. Досега се реализирани вкупно 409 милиони денари и финансиски се поддржани околу 46.000 корисници.

Реализирано ветувањето за зголемување на социјалната и постојаната парична помош

Инаку за потсетување, во насока на поддршката на социјално ранливите категории на граѓани, годинава во месец јули беше реализирано ветувањето за зголемување на социјалната и постојаната парична помош за пет проценти.

Последното реализирано ветување придонесе во последните неколку години износот на социјалната парична помош да порасне за околу 69,8 проценти, додека пак постојаната парична помош за околу 68, 5 проценти.

МВР доби 25 возила „Шкода јети“ донација од Чешка

Донација од 25 возила „Шкода јети“ во вредност од 740.000 евра денеска предаде Чешката амбасада во Македонија за потребите на граничната полиција при МВР.

 

mvr-vozila-jeti

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков истакна дека оваа донација е исклучително важна за потребите на граничната полиција која моментно се справува со мигрантската криза на јужната граница.

– Имаме набавено 25 возила кои ќе бидат во функција на граничната полиција и тоа ќе биде силно засилување на вкупните капацитети на граничната полиција во МВР и не само тоа, туку генерално и на сите капацитети на Република Македонија во справувањето со бегалската криза бидејќи овие предизвици не завршија со затворањето на западната балканска рута, истакна министерот Чавков.

Според него, Македонија и понатаму е изложена на активности поврзани со превенирање и сузбивање на криминални мрежи коишто се актуелни, а кои затворањето на балканската рута сакаат да го заменат со нивните организирани криминални активности на меѓународно ниво.

Со донацијата, посочи  министерот Чавков, МВР ќе покаже уште посилен капацитет во справувањето со разбивањето на криминалните мрежи кои ја злоупотребуваат неволјата на бегалците.

Заменик амбасадорот на Чешката Република Јосеф Брож истакна дека вистинските пријатели се препознаваат во тешките моменти, а така се препознаваат и државите која од нив е вистински пријател. Република Чешка ви е вистински пријател.

– Се надевам дека Македонија чувствува која е вистинската држава пријател, дека тоа е Република Чешка, а тоа го покажавме и со посетата на нашиот претседател, но и во рамките на долготрајната помош на Република Македонија во нејзините амбиции за членство во ЕУ и НАТО, истакна Брош.

Доаѓа невреме со грмежи и град, погледнете кои градови ќе бидат најпогодени

До утре ќе се задржи стабилно, сончево и топло време со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.

 

dozd-2

Од таму велат дека вo среда попладне и кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста и услови за краткотраен локален дожд со ретки грмежи.

Во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер,  кога ќе има и услови за локално појава на невреме со град.

uhmr-soopstenie

 

БЕРОВО ПРЕПОЛНО: Северина направи спектакл за кој долго ќе се зборува (ВИДЕО)

Балканската музичка ѕвезда Северина вo саботата направи вистински спектакл во Берово каде настапи во рамки на Етно плоштад фестивалот.

 

severina-nastap-berovo2-640x360

Над 30.000 лица го преплавија прекрасниот град и уживаа во големите хитови на Северина.

 

2 1

Пејачката приреди спектакл за кој долго ќе се зборува.

 

Цеца фрлете ја во ќелија со глувци – Чедо нареди мачење!

13 (1)

Некогашниот потпретседател Владо Чедомир Јовановиќ за време на акцијата „Сабја“ и вонредната состојба во 2003 по убиството на премиерот на Србија Зоран Џинџиќ, толку бил опседнат со Светлана Ражнатовиќ што бараше пејачката да престојува во нечовечки услови.

„Глувците и бубачките требаше да бидат во друштво на Ражнатовиќ, вели тој“.

Нов напад го потресе светот – мртви на сите страни

12 (1)

Во самоубиствен напад врз воен камп за обука во Аден загинаа најмалку 45 лица, а 60 се повредени, соопшти организацијата Лекари без граници.

Напаѓачот со возило влетал во група регрути.

Нападот е изведен во северниот дел на Аден, каде има припадници на Народниот отпор, локални сили кои и помагаат на армијата да ги протераат Хутите од главниот град на Јемен, Сана.

Хутите имаат поддршка од Иран.

Во Јемен има судири откако Саудиска Арабија почна воена интервенција против шиитските бунтовници Хутите.

Татко ѝ ја фатил среде секс во колата што ѝ ја купил, па седнал во багерот (ВИДЕО)

Видеото предизвика бура од коментари на Фејсбук, од кои повеќето не се согласуваат со начинот на кој Мајк решил да ја казни ќерката

bager-640x362

Кога Мајк Кард од Џорџија ја видел ќерка си Ашлин во автомобилот со дечкото, кој не требало да биде тука, решил да го уништо “аудито” што тој и го подарил.

Го уништил така што седнал во мал багер и го превртувал возилото се додека потполно не го уништил. Акцијата ја снимал синот Кејлор, кој потоа видеото го ставил на Фејсбук со коментар “кога тато сака да докаже нешто”.