Уште денес сонце, па доаѓа невреме ширум Македонија

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 29 до 36 степени.

 

dozd-1-640x424

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 34 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 7.

Вo среда попладне и кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста и услови за краткотраен локален дожд со ретки грмежи, а в четврток на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд,  грмежи и засилен ветер, кога ќе има и услови за локална појава на невреме со град.

12




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.