дома блог страница 5177

Нови огласи за позиции со високо образование во фабриката на “Гентерм” во Прилеп

genterm-1-640x390

Откако  се проширија производствените капацитети и официјално беше отворена фабриката  на американскиот гигант “Гентерм” во Прилеп, зачестија и огласите за нови работни места.

За најновите два огласи на кои може да се аплицира од вчера, се бараат кадри со високо образование односно завршен Економски факултет.

Огласите се прикачени на веб страната www.vrabotuvanje.com.mk и можете да ги погледнете ТУКА

 

ВИДЕО: Семејството го погреба а тој по 2 месеци се појави “мртов пијан”

mrtov-pijan

Мексиканецот Мигуел Ангел Гомар Луна (74), минатата година избегал од старски дом. Неговата зависност од пиењето била посилна од него, така што избегал среде зима. По неколку месеци семејството добило повик од полиција.

Им објасниле дека пронашле речиси распаднато тело кое одговарало на описот на старецот кој побегнал. Фотографиите од телото и биле покажани на неговата ќерка Луцери Гомар Рамос.

Ќерката на Мигуел не сакала да ризикува па набрзо организирала погреб. Два месеци покасно, семејството добило уште еден  повик.

-Вашиот  татко и  дедо е жив. Полицијата го пронашла на улица додека просел пари за алкохол.

Мигуел уште истиот ден го однеле дома да закрепне од повеќе месечното пијанство.

 

 

ОКОТО МИ ОСТАНА ВО СОЛУН: Се викам Ленче Тунговска, и ова е мојата потресна приказна за ѕверствата врз Македонскиот народ во Егејска Македонија!

untitled

Јас се викам Тунговска (Тунгуска?) Ленче. Инвалид сам 100%, без очи. Иначе сам од Солун.

Мојта мајка се вика Маргарита, татко ми се вика Јордан. Имам сестри. Они се, едните се во Грција, едни се во Бугарија, имам роднини и во Америка, во Њу Јорк, само не ги знам точно дека и како.

Друго да ви кажам: кога мене ме фанаа грците 1939-та, а иначе работам во Организацијата од 1937-та година како курир. ’39-та ме фанаа у школото, само писмото шо го носев не можеа да ми го пронајдат оти јас го изедех. И они не можеа да ми го најдат. И ме земаа од школото и однесеја ме, затворија ме.
Осудија ме прво да ме бесат; оти бех малолетна, на 15 годинки немав, тогај ме осудија на 105 години затвор. 3 години лежах у затвор, тепаа ме, мачија ме… у Солун. Грците ме судија. Како политички, зашо работев у Организацијата на „ЕМ“. Таа е „Единствена Македонија“. И пред тоа, втори пат ко ме носија па да ме судат, поминаа ме покрај мајка ми, покрај куќата во Солун, грците: едната раката врзана со синџир, и ногата; другата рака врзана за друг. И мојта рака и неговата со синџири и однесеја не на суџење. Мојта мајка гледаше низ џамо, ама не смееше да одговоре дума. И тогај ме осудија на 105 години затвор.

1941-та година грците, у затворо, однесеја ме во една голема соба; у неа имаше 4-5 души. 4 на сите 4 души на по едан и едан у средината. И фатија да не питат, на грчки, они на грчки, јас на македонски: македонка сам, не можам да бидам јаска гркина.
И фатија да не псуват, на грчки. Земе тај во средината, бутни ме на тај, од тај на тај, само, како фудбал ме играа.

И ми веле тај во средината:
– Да знаеш, веле, ќе ти ги извајме очите.
Велам:
– Шо сакате правејте, јас не знам ништо.

Значи, да ме заколат, да ме отепат, јас Организација не кажувам. Оти ако е кажам, ќе го фатат тај, тај ???????, ќе се открие.

И тај у средината зема извади нож. И ми веле:
– Очите ќе ти ги извадам!

Шо сакаш прави.
И земаа со нож, ми го извртеа левото око, со нож ми го извртеа. И јас сам паднала и сам се изгубила.

Након коа се освестих, се најдех у ќелијата доле, сама у ќелија, нема други со нас у ќелија да седат. Секој засебна ќелија, политички… ќелијката ни беше метар и пол на метар и пол (1.5х1.5 метри). На 24 сата ми даваа по 100 грама леб. И секој ден сабајле, ручок и вечер ќутек: прво ќе не тепат и након ќе ни даат да јајме. Не ти се ни јаде.

Након клучарот на затворо шо беше, пред да дојдат германците тоа биде, клучаро шо беше на затворо он беше со нас работник. И ние седевме, ама се знаевме, сета политика каква е. И он не пушти, 10 души не пушти. Сосе една пушка, един пиштол и 10 куршума. Пушти не, од затворо, да бегаме.

Бегаме, кријаме се по селата. Тука-тамо, додека да стапам веза сос, сос партизаните, сос на Гоце, сос на Гоце Керамитчиев со бригадата, Првата ударна егејска бригада. Цела Грција ја шетаме. Дури… ооо, тука, како викат ова, Драма, у градо, ние тамо беме партизани у Драма, надвор од Драма, тоа се оде од Драма за Неврокоп, тоа е Бугарија, Гоце Делчев како викат сеа тај град, не знам. Ние тамо беме се собрале и си чистехме оружјето и некој не предаде. Па, шпионите предадеа не и ние од тамо, од Драма, до Ѓумурџина, това, дивија гач (?) пеш преко планината ојдеме на дивија гач (?).

Дажи у селото Крива, Гуменичко, тамо држаме, одржаваме предавање, говор. Не предадеа и ние бегаме и по нас го запалија селото, грците. Одехме, борби водехме, се тепаме; грци имаше, и грци партизани, ама беа против нас македонците, нејќеа да чујат за нас македонците воопште. У бригадата имаше и грци и те тераа, грците те тераа да зборваш грчко, не македонски.

06:34

Излегов партизанка, од Солуна града,
од Солуна града одехме по планини,
по Балкани ниту мили, ниту драги.
Ние ќе ојме за Солуна, за Солуна града,
тамо ќе развијме знаме, знамето МАКЕДОНСКО.

Ќе дојде ден и нема да остајме така. Јас сакам лично да идам у Обединетите нации, јас лично да му кажам на Мицотакис, у очи, пред сите:
– Ти си тај шпионо, ти си тај шо на мене грците ми вадија очите со нож, ама треба да знајш: МАКЕДОНЦИ СМЕ! МАКЕДОНСКО ИМЕ НИКОЈПАТ НЕМА ДА СЕ ЗАБРАВЕ! Треба да се знае: МАКЕДОНЦИ СМЕ РОДЕНИ, МАКЕДОНЦИ ЌЕ УМРИМЕ! Дури и крвта ни е македонска!

Јас не можам, како дојде тука министеро, јас му речех:
– Јас сам македонка, мајка ми е македонка, татко ми е македонец, дури и крвта ми е македонска! Јас имање не сакам, ама македонското име не го давам!!

 

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: СМРТ ВО ЖИВО: Го снимал својот скок незнаеќи дека му е последен !

bejs-skok-vulkan-600x387

Пред скокот италјанецот Админ  Шмидер насмеан им порача на своите следачи да “летаат со него”.

Овој 28 годишен љубител на екстремни спортови, скокал од врвот на планината во близина на Кандерштег, Швајцарија.

Во снимката која сам ја направил со помош на камерата наместена на неговото одело за летање, се слуша неговиот врисок и звукот на ударот.

Дали Хилари Клинтон умира ?! Ова е најголемата тајна на Америка !

50503_djavo02-reuter-dave-kaup_ff

Американскиот весник “Haftington post” ги отстрани текстовите и го блокираше налогот на еден свој вработен новинар кој се осмели да го испитува здравјето на кандидатката за претседател на САД, Хилари Клинтон.

Според информациите на “Brajtbart”, уредниците го отпуштиле новинарот Дејвид Симан, откако тој овој месец објави две колумни кои се поврзани со здравјето  на 68 годишната Хилари.

Во своите текстови тој пишувал дека Хилари треба да ја запознае јавноста со тие информации. Подоцна тие колумни биле тргнати од весникот без образложение.

ФОТО: Владимир Путин уапсен во Флорида

Владимир Путин е уапсен во САД! Го уапсила полиција на Вест палм, Флорида. Полицијата го уапсила заради малтретирање на работници во еден супермаркет. Дури и се противел на апсењето, соопштува локалната полиција.

police-1-640x320

Но, уапсениот е американски граѓанин, воопшто не е и ниту наликува на рускиот претседател.

Не е невообичаено во САД луѓето да ги менуваат имињата ниту да имаат лажни лични карти со имиња на познати личности. Сепак, заради ова името на уапсениот, веста стана хит на социјалните мрежи.

putin-crnec

 

ВИДЕО – ИНОВАТИВНО ЧУДО: Асфалт кој буквално ги впива атмосферските води и превенира поплави!

121

Комапнијата „Тармак“ од Велика Британија разви високопорозен цемент кој може да се употребува во изградбата на улици и патишта, а според официјалните спефицикации е во можност да апсорбира 4.000 литри вода во првите 60 секунди, и 600 литри по минута на метар квадратен.

Цементот има горен пропустлив слој направен од релативно крупен песок низ кои водата истекува речиси инстантно. Под овој прв слој има одводен слој кој ја спроведува водата до одводните системи.

Проблемот со овој систем е во тоа што истиот не може да се поставува на места кои редовно имаат температури пониски од нулата, бидејќи тогаш целата вода која се наоѓа во слоевите би замрзнала и би го уништила системот.

Се решаваат проблемите, се создаваат услови за соработка: Компанијата се издига од пепелата – Интервју со Марјан Додовски, директор на Еурокомпозит АД Прилеп

Некогашниот гигант 11 Октомври Еурокомпозит АД Прилеп, после долгогодишните турбуленции, штрајкови и загуби, полека, но сигурно, се издига од пепелта. Со нови соработки и добро осмислена стратегија е на пат да ги надмине проблемите и повторно да го врати страиот сјај од минатото. Работите со сигурност тргнаа на подобро, откако менаџерската палка во компанијата ја презеде сегашниот генерален директор Марјан Додовски, човек со долго искуство зад себе и висок интелектуален бекраунд  во своите раце. За моменталните активности и идните планови, разговараме токму со директорот, кој открива кои конкретни чекори се преземаат за заживување на компанијата.

1008867_398695286913402_1099029194_o

Кои промени се случија во 11 Октомври Еурокомпозит АД Прилеп откако сте назначени за генерален директор. Што би издвоиле накратко како клучни чекори во работењето на компанијата?

11 Октомври Еурокомпозит претставува исклучително важен стопански субјект во Република Македонија, кој ги надминува рамките на класичното трговско работење. Стратешкото производство во наменската индустрија поврзано со државните безбедносни и одбрамбени политики на Република Македонија, треба да претставува основа како за развојот на компанијата, така и за опремување на безбедносните сили на нашата држава.

Кога сакаме  да говориме за сегашната состојба во која се наоѓа Еурокомпозит, мораме да се навратиме наназад во делот на развојот на компанијата и нејзиното етаблирање на пазарот, како и на улогата на факторите кои влијаеа за дестабилизирање на компанијата. Стратешката позиција на Еурокомпозит која ја имал како дел од целиот систем на воено-индустрискиот комплекс во поранешна Југославија се темелело на планирано производство и изградба на систем на организирање на работата на поврзано производство со фабриките од воено-индустрискиот комплекс на поранешна Југославија. Со распадот на Југославија се распаднал и целиот тој систем на воено-индустрискиот комплекс. Во тој транзициски период во раните деведесетти години, транзициски преживеаа само поединци, додека целиот комплекс од фабрики во Македонија како дел од овој воено-индустриски комплекс почна да тоне во дезинтегративни процеси и во загуби. Како резултат од старите времиња останаа само навиките за работа од старото време, кое се провлекуваат и до ден денес.

Со цел започнување на процес на излегување од оваа летаргична состојба, во изминатиот период многу работи се раздвижија и се започна со активности за консолидацијата на фирмата. Ова значи дека претстои сложен и динамичен процес, кој наметнува потреба сите вработени да се навикнат и на нови услови и начини на работа. Знам дека промените знаат да бидат и тешки и дека за одредена група на вработени ќе бидат и тешко адаптибилни. Ова пред се е заради старосната структура на вработените (59-60 години е просечната возраст на вработените), потоа старите навики за работа, а кај дел од вработените е присутна навиката на Еурокомпозит да се гледа како на извор на средства, кој по автоматизам им следува, па работните приоритетите им се измешани.

Како клучни проблеми на почетокот од моето назначување се истакнуваа неколку отворени прашања, пред се поврзани со немањето на здравствено осигурување на вработените што претставуваше голем товар за секој вработен во остварувањето на елементарните здравствени потреби. Исто така како постојан проблем беше и исплатата на редовните месечни примања. Многуте заостанати плати и неколку други обврски беа дел од овој социјален и економски товар на фирмата.

Денес можам со гордост да истакнам дека за нешто повеќе од една година од моето назначување на кормилото на Еурокомпозит, успешно се решени главните проблеми кои ја држеа фирмата во застој. Пред се, го затворивме долгогодишниот проблем со здравственото осигурување и денес нашите вработени се здравствено осигурани. Понатаму, се воспостави нормализацијата во редовното  исплаќање на вработените секој месец. Исто така, платите за вработените од минатата година се зголемија за 20% и се започна со процесот на обезбедување на работа преку склучувањето на новите договори.

Што претставува како проблем во работењето на 11 Октомври Еурокомпозит АД Прилеп?

Заостанатите обврски и старите долгови, кои во голем дел се влечеа од раните 90-ти, претставуваат огромен товар во работењето на Еурокомпозит. Дополнителен товар во секако претставува и превработеноста и неповолната структура на вработените која силно влијае врз ефективноста и ефикасноста во работењето. Исто така, беше евидентирано дека е исклучително неповолна структурата и соодносот на производните и непроизводните работници, а тоа се должи на фактот што во изминатиот период по разни основи фирмата ја напушиле главно производните работници. Зголемениот број на вработени кои се заболени од една и повеќе заболувања дополнително влијае на работењето на фирмата.

Денес Еурокомпозит е исправен пред предизвикот на модерното време и од потребите од воспоставувањето на новите стандарди во работењето. Времето кога еден човек работи, а десетина други земаат плата полека станува дел од минатото.

?

Каде ја гледате позицијата на 11 Октомври Еурокомпозит во македонското стопанство?

Реструктуирањето на 11 Октомври Еурокомпозит треба компанијата да ја позиционира во редот на ретките субјекти кои можат да даваат мулти функционални услуги. Сето ова треба да се реализира со палетата од трите предвидени програми и тоа: 1. Воен програм кој во основа ќе се темели на производство на производи и давање услуги на министерството за одбрана и министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Како партнери треба да бидат и другите државни институции во Република Македонија, како Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, единиците на локалната самоуправа, Јавните претпријатија. Воениот програм ќе биде и дел од меѓународните договори кои ќе се одвиваат во насоката на стратешкото партнерство, пред се со членките на НАТО Алијансата.

  1. Цивилен програм во основа ќе се темели на производство на балистички ѕид, изолациони плочи и цевки, Цилиндри и цевки по FW (Filament Winding) постапка, производи за комуналните претпријатија.
  2. Сервисни услуги: физичка лабораторија, балистичка лабораторија, хемиска лабораторија, како и создавање на електро лабораторија и ставање во функција на пречистителната станица за индустриски отпадни води.

Кои конкретни чекори ги преземате за унапредување на работата на 11 Октомври АД и како функционира соработката и заедничките заложби со  Владата на Р.М.?

Првиот и основен правец за создавање на силна компанија е стратешкото партнерство со Владата на Република Македонија, пред се со Министерствата за одбрана и Внатрешни работи. Сметам дека дел од процесот на модернизацијата и опремувањето на македонската армија треба да се реализира токму преку Еурокомпозит. Би истакнал дека сорабатката со АРМ интензивно се развива и дека во претстојниот период ќе имаме и реализација на заеднички активности и проекти. Со МВР имаме воспоставено соработка и комуникација на високо ниво и веќе како компанија стратешки сме поврзани, а дел од опремата на македонските полициски единици е токму од Еурокомпозит.

Исто така работиме на комплетирањето на сопствената лепеза на производи кои ќе се пласираат како на домашниот така и на странските пазари. Со подеднаквото развивање на воената и на цивилната програма на производи, планираме дополнително да се зголеми продуктивноста и рентабилноста на компанијата.

?

 

Се појавуваат ли нови иницијативи за преземање на компанијата и враќање на истата на старите патеки од минатото(пред  транзицискиот период), кога несомнено 11 Октомври АД бил гигант во своето работење?

Многу странски компании покажаа интерес за Еурокомпозит. Дел беа заинтересирани за стратешки активности, дел за заеднички настап на странски пазари, а дел за купување на наши производи. Со неколку компании и Институти имаме потпишано договори за соработка и меморандуми за стратешко партнерство, а интензивно работиме на развивање на соработката и на неколку заеднички проекти.

Освен на раководната позиција во 11 Октомври АД вие се долго време и на политичката сцена во Р. Македонија. Како ги согледувате моменталните политички случувања во државата и кое е вашето мислење за актуелната политичка криза и двегодишното наметнато уназадување на државата?

Јасно е дека политичката криза во Република Македонија предолго трае, а се по проблематично е тоа што таа започна малигно да се шири и да зафаќа многу сегменти на социјалното, општественото и економското живеење. Сериозен проблем е кога оваа криза започнува да доминира како главна тема во секое македонско семејство, што сериозно ги нагризува семејните вредности и создава апатична состојба, за која терапијата нема да заврши со денот на одржувањето на изборите. Ќе биде потребно време Македонија повторно да застане цврсто на нозе. Важно е изборите што побрзо да се одржат, а како што гледаме веќе се создадени сите предуслуви да имаме легитимни избори, а кредибилноста веќе е утврдена со сите законски измени во Изборниот Законик, како и со сите преземени мерки и чекори направени како дел од имплементацијата на Договорот од Пржино. Сепак на крај, кредибилноста ја потврдуваат и самите граѓани со остварување на своето право на глас на денот на изборите.

1011670_497203163729280_2087203484_n

Сметате ли дека со најавените избори ќе се реши и кризата во државата, односно дали верувате во “добронамерноста” и ветувањата на опозицијата дека понатаму нема да следат нови опструкции?

Одржувањето на Предвремените парламентарни избори се само важен исчекор во процесот за излез од политичката криза, а за стабилизирање на целокупната состојба потребно е време, доверба и визија.

Би сакал да верувам дека овој пат опозицијата ќе смогне сили и дека државните интереси и иднината на нашата татковина ќе биде пред внатрепартиските комбинаторики и битки. Секоја приказна како што има почеток, така има и крај. Штета е што по завршување на оваа приказна, Република Македонија ќе излезе со многу лузни.

За крај кои се вашите желби и кон што целосно ќе го насочите вашето  познавање, искуство и интелектуален бекраунд во иднина, во компанијата каде раководите и на полето на политиката? 

Во овој момент како прв човек во Еурокомпозит главен приоритет ми е да го дадам максимумот за да се помогне на компанијата и на вработените, започнатиот процес на стабилизирање на компанијата успешно да се заокружи, како и да се истрасира одржлив и стабилен пат за иднината на Еурокомпозит.

Ако до пред една година главна тема беа штрајковите во Еурокомпозит, битката за здравственото осигурување, дали ќе се исклучи струјата и дали ќе има работа, денес тоа е минато и чекор по чекор овие состојби се санираат. Следен важен чекор е подмладувањето на Еурокомпозит со нов млад кадар, како и доопремување и подновување на машинскиот парк.

Убеден сум дека со оваа динамика Еурокомпозит повторно ќе биде препознатлив и респектабилен фактор не само во прилепското и македонското стопанство, туку и надвор од границите на нашата држава.

 

Подготви: Александар Георгиоски

 

Успешно завршен интернационалниот Џез викенд во Прилеп

_MG_1768

Градоначалникот Марјан Ристески на денешната прес конференција им се заблагодари на организаторите за успешно организираниот „Интернационален Џез викенд“, кој заврши во саботата со настапот на македонскиот виртуоз Влатко Стефановски и на хрватскиот џез- ансамбл „Франц Кафка“ во он- програмата, како и со свирката на турскиот маестрален џезист Џингис Ибрахим со проектот „Хај џез 3“ во оф-програмата..

_MG_1780

Снежана Ристеска, Советник за култура ги сподели импресиите за бројната посетеност со што се докажа дека прилепчани имаат слух и за овој вид урбана музичка култура, посочи Ристеска во изјавата.

Од 25 до 27 август на летната сцена од ЦК „Марко Цепенков“ се претставија 10 ансамбли со 40 звучни домашни и странски имиња од светот на џез-музиката.

_MG_1785

Годинашниот јубилеен џез- викенд во Прилеп, всушност е заокружување на богатото Прилепско културно лето во чии рамки се одржаа бројни културни манифестации: изложби, концерти, театарски случувања и сл.

Во петок незаборавна забава со ДНК на Широк сокак

Момците од ДНК во петок за прв пат во кариерата ќе свират (вистинска, клупска свирка) пред битолчани, и тоа заедно со својот бенд. Станува збор за промоција на новиот материјал “Уште еден ден”, која ќе се случи на отворено. Под ведро небо. На Широк сокак.

1

За прв пат во кариерата сме во Битола со нашиот бенд на соло клупски концерт и промоција на нашиот нов албум. Уште поинтересно, а воедно и ни претставува огромна чест, е што ќе свириме буквално на Широк сокак и ќе бидеме улични свирачи, вели едната половина од двоецот Панчо.

Настанот всушност е во организација пет битолски кафулиња, кои со здружени сили прават уникатна забава, односно заеднички настап на кој ќе се забавуваат сите нивни гости. Во прашање се кафулињата Портал, Ин, Симбол, Пиано бар и Игучи.

Пред се, очекуваме добра забава со оглед на тоа дека истата никогаш не недостасувала кога сме имале дружба со битолската публика, која е една од ретките со префинет вкус и осет за кога станува збор за добра музика, додава Панчо.

Промо-турнејата по Битола продолжува во Куманово во клубот Версус и тоа на 7 семптември, а веќе кон крајот на следниот месец момците ќе се дружат со штипската публика. Односно на 24 септември за кога во Домот на млади во Штип е закажан нивниот голем солистички концерт .