дома блог страница 5162

КОНВОЈ ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ОД РУСИЈА: Од Москва кон Македонија тргнува конвој со хуманитарна помош за братскиот народ!

Руското министерство за вонредни ситуации испрати конвој со хуманитарна помош во Македонија во кој се наоѓа голема количина на опрема потребна за расчситување на последиците од поплавите кои го зафатиа Скопје и околината на 6-ти и 7-ми Август годинава

konvoj_rusija

Конвојот ќе тргне кон Македонија од центарот за кризи и спасување во Ногинск, град во близината на Москва.
„Ќе бидат вклучени пет возила кои ќе ги пренесуваат мобилните генератори, моторни пумпи како и храна во вид на конзервирано месо и риба“ велат од прес центарот на Министерството

Камионите ќе бидат управувани од искусни возачи кои учествувале во поголем број на хуманитарни мисии, вклучително и во хуманитарната мисија на југоистокот на Украина.
Руските власти понудија помош на Македонија веднаш по поплавите, а истата е испратена веднаш по барањето кое властите во Македонија го испратиле до Руската влада.

На 16-ти Август, Македонскиот премиер Емил Димитриев испрати писмо до неговиот Руски колега Димитриј Медведев со барање за помош. Ова барање доаѓа како одговор на понудената помош на Рускиот Министер за вонредни ситуации Владимир Пучков.

На 6 и 7-ми август, за само една ноќ падна количина еднаква на едномесечни врнежи за соодветниот период. За неколку часа животот го загубија 22 лица, а повеќе од 100 се повредени. Околу 5.000 домаќинства беа уништени во катаклизмичната поплава.

 

25 години независна Република Македонија – Втор дел: Преродбата

slikas

2006 година за Република Македонија претставува по многу нешта пресвртна година. Таа година од власт си замина т.н. „државотворна“ партија-СДСМ. Со нејзиното заминување, за жал не заминаа и лицата што во името на оваа партија владееја со државата (тие се уште некако опстојуваат), но беше сменета идеологијата, односно методите и политиките на нејзиното дотогашно владеење. Што оставија зад себе? Оставија вистински економски пустош, уништена економија, затворени фабрики, огромна армија на невработени, огромна сиромаштија и економска бесперспективност. Но, оставија и понижена нација, држава со контраверзно име, Рамковен договор и замрзнат меѓунационален конфликт.

Денес 2016 година ситуацијата е сосема различна, без разлика дали некој ќе го негира тој факт. Особено на економски план. Разликата пред се може да се забележи во речиси преку сите економски показатели, како што се раст на БДП, раст на извоз, раст на девизни резерви, раст на странски директни инвестиции. Но најдобар показател што ја илустрира таквата состојба е стапката на невработеност. Ако за времето на СДСМ во 2005 година невработеноста била на ниво од 37%, денес во 2016 година е сведена на 24,5%. Иако, и ова ниво е големо, сепак падот за 12,5% претставува историски успех од два аспекти: прво, претставува континуиран пад од 2006 наваму, нешто што не беше својствено за периодот пред 2006 година, и второ, перспективите за понатамошен пад на невработеноста се позитивни, имајќи ги предвид најавените пред се, странски инвестиции, но и очекувањата за зголемување на домашните инвестициски активности.

Што се смени во периодот од 2006 година наваму? Многу работи. Прво се смени партијата на власт. ВМРО ДПМНЕ како владејачка парија донесе нови лица во политиката, но и нови политики. ВМРО ДПМНЕ пред граѓаните излезе со конкретни проекти и временски рокови за реализација, со што понуди реална, остварлива и економски просперитетна визија. Потоа посветено продолжи со реализација на зацртаната програма.

Главен приоритет на владите на ВМРО ДПМНЕ во овој период беше борбата со невработеноста и сиромаштијата. Намалувањето на високата невработеност и сиромаштијата кај граѓаните беше главна цел кон која беа насочени сите останати политики.

Што се смени во економијата? Во економијата се промовираа нови политики со кои се креира нов стимулативен економски амбиент, ново поволно економско опкружување, односно нова поволна економска рамка за дејствување и на бизнисот и на трудот. Во што се состоеа овие нови политики:

Прво, Владата на ВМРО ДПМНЕ го воведе т.н.„рамен данок“ со што изврши изедначување на данокот на добивка и персоналниот данок на доход на ниво од 10%. Во рамките на промена на даночната политика се воспостави таков даночен систем што го фаворизира реинвестирањето на добивката, односно се воведе 0% данок на добивка на реинвестираната добивка.

Второ, Владата на ВМРО ДПМНЕ неколкукратно изврши намалување на висината на стапките на придонесите со што влијаеше врз намалување на цената на трудот, а со самото тоа и на трошоците на работењето на бизнисот. Од друга страна, со воведувањето на концептот на „бруто плата“, како и пропишувањето на законска  „минимална плата“ на вработените им гарантираат минимални примања како и редовност на тие примања. Со тоа се имаше за цел да се спречат секакви злоупотреби на работодавачите на грбот на работниците. А за злоупотребите што се случување на ова поле во претходниот период може многу да се пишува.

Трето, Владата на ВМРО ДПМНЕ изврши намалување на царинските стапки за увоз на производи што се битни за одредени економски сектори во македонската економија, како што се земјоделието, туризмот, некои индустриски гранки и сл. Сето ова имаше за цел намалување на трошоците на бизнисот а со тоа подигнување на конкурентската способност на македонските фирми, односно на македонската економија како целина.

Четвто, Владата на ВМРО ДПМНЕ изврши прераспределба на буџетските расходи во корист на одредени категории граѓани, а особено во корист на капиталните расходи. Од една страна, за прв пат беа воведени субвенции за земјоделците, со што се подобри нивната финансиска состојба и се стимулираа за поголемо производство. Се зголемија платите на администрацијата, пензиите и социјалните трансфери и се воведоа нови социјални надоместоци, особено за најранливите категории граѓани. Но, од друга страна, како најважен момент пред се, е зголемувањето на обемот на капиталните инвестиции, со што се даде дополнителен позитивен импулс врз домашната економска активност. Во овој период започнаа да се реализираат големи инвестиции во патната и железничката инфраструктура, започнаа да се градат нови магистрални, регионални и локални патишта, се осовремени железничкиот сообраќај, но се продолжи со засилено темпо и со инвестициите во образованието, здравството и другите сфери на општественото живеење.

Петто, Владата на ВМРО ДПМНЕ формира неколку технолошко-индустриски развојни зони, лоцирани во различни делови од Република Македонија и пропиша посебни услови за работа во тие зони.

Шесто, Владата на ВМРО ДПМНЕ спроведе кампања во светски рамки „Инвестирај во Македонија“, ангажира лица за економска промоција и одржа голем број т.н.„ роуд шоу“  средби со кои ги презентирање инвестициските можности во Република Македонија.

Резултат на сето ова е следното:

-странските директви инвестиции во Република Македонија во периодот од 2007-2014 година изнесува околу 2.200 мил. евра што претставува далеку поголем износ од оној постигнат во претходниот период. Долг е списокот на странски инвеститори што до сега инвестирале, но и на оние кои имаат намера да инвестираат не само во ТИРЗ, но и надвор од ТИРЗ, во повеќе општини во Република Македонија.

-најголем дел од отворените фабрики во ТИРЗ, односно т.н. „грин филд“ инвестиции, пред се се извозно ориентирани фирми. Тоа од своја страна влијаеше врз подобрување на висината и структурата на извозот и увозот, како и стеснување на трговскиот дефицит.

-како резултат на новоотворените капацитети, од една страна и дополнителниот стимул на истите врз домашните фирми, но и буџетскиот стимул врз домашната економија, растот на БДП во претходните години е позитивен. Исто така, во периодот на светската економска и финансиска криза, во Република Македонија немаше драстичен пар да економската активност. Сето ова ја прави Република Македонија земја што не трпеше сериозни последици од светската еконмска и финанскиска криза, нешто што им се случи на поразвиени земји од нас, туку како земја-позитивен пример на водење на економска политика.

Сето тоа денес резултира со намалување на стапката на невработеност од 37% во 2006 година на 24,5% во првиот квартал од  2016 година.

Затоа 2006  година навистина претставува пресвртна година за Република Македонија. Од таа година се смени речиси се: од владата до перспективите во иднина. Од бесперспективност, апатија, сега имаме надеж дека работите одат на подобро.

Но, за жал овде повторно дојде до израз СДСМ и нејзините политики. СДСМ во периодот 2006-2016 година не доби ниту еден изборен циклус, без разлика дали станува збор за парламентарни, локални или претседателски избори. Ваквата состојба на политичка дефанзивност не им оди во прилог на т.н. „елита на СДСМ“. Наместо во сопствено повлекување и давање на простор на останатите членови кои искрено и чесно сакаат да и помогнат на таа партија, а со тоа и на Република Македонија, тие се ставија во функција на некои други структури и започнаа една крајно ризична операција (ризична пред се за Република Македонија) за соборување на власта на ВМРО ДПМНЕ. Оваа „елита“ наместо со визија, со проекти, со идеи како да ја стави Македонија на патот на напредокот и просперитетот, во период од речиси две години (2015-2016 година)  се занимава со тоа како да дојди на власт без избори. Најпрвин го поставија аболицираниот градоначалник Зоран Заев, човек со крајно сомнително минато (бидејќи доби аболиција од неговиот ментор, па не се расчистија сомневањата), а за негов заменик ја ставија Шеќеринска, човек што во својата политичка кариера сменила неколку функции, а не оставила зад себе никаков проект или дело во корист на Македонија, туку беше слеп послушник на Црвенковски, а со тоа и подеднакво одговорна за сите промаршувања на СДСМ. И така ова раководство што е крајно неинвентивно, неспособно да ја сфати сегашноста се обидува преку стари комунистички методи да ја собори легално избраната власт и себе си да се инсталира на тоа место. Речиси две години ги малтретираа граѓаните преку разни шарени револуции, бојкоти, барикади на патишта и улици и некакви герила акции.

Последиците на овие т.н. „револуционерни“ активности повторно ги чувствуваат граѓаните. Иако штетата врз економијата не е особено голема, сепак сето ова влијаеше врз забавувањето на позитивниот тренд на раст и развој на македонската економија, а со тоа и врз подобрувањето на животниот стандард на граѓаните.

Но, денот за полагање на сметките се ближи. На 11 декември оваа година конечно треба да се одржат вонредни парламентарни избори. На овие избори граѓаните треба да се изјаснат дали ги поддржуваат политиките за економски раст и развој на ВМРО ДПМНЕ или политиките на аболицираните и транзициските политичари чии резултати не е можно да се препознаат. На 11 декември пред народот ќе се соочи и ВМРО ДПМНЕ со резултатите од своите политики во овие десет години, но и СДСМ со резултатите од нивните т.н. „бомби“, шарени револуции и герила акции.

На крајот граѓаните се тие што ќе одлучат. Од нивната одлука во голема мера ќе се дефинира и поблиската иднина, како за ВМРО ДПМНЕ и за СДСМ, но пред се за граѓаните на Република Македонија, особено за Македонците.

Денес граѓаните не се истите од пред 20-тина години кои, пред се поради неинформираност лесно ги „купуваа“ ефтините финти на малските мангупи. Не се исти затоа што веќе имаме нови генерации кои тогаш и не биле родени, а денес се полнолетни, но и повозрасните граѓани стекнале доволно политичко искуство. Едноставно старите финти веќе се прочитани.

И сосема на крај, нека ни е честит 8-ми Септември, денот на независноста на Република Македонија. Да живее Република Македонија.

 

 Иле Тасески

Дипл.економист

МИЈАЛКОВ ЕДВАЈ ГО НАТЕРА КИРО ДА СЕ КАЧИ НА БИНА: Сеќавања на 8 Септември 1991 година!

Милан Талевски бил претседател на Собранието на Град Скопје во референдумската 1991 година или човекот со црна коса, очила и мустаќи од фотографиите кој наздравува на бината на градскиот плоштад. Еден од најзаслужните за спонтаната организација на прославата на плоштадот, човекот кој го донесе виното и чашите од кои дел од тогашна политичка елита наздрави за независноста на Македонија. Инсистирал тоа да биде македонско вино.

intervju_milan_talevski

-Вечерта, односно дента на прогласувањето на самостојна и суверена Македонија на градскиот плоштад имаше голема свеченост, голема веселба, еден голем ентузијазам. И сега кога зборувам, како да го доживувам тој момент. Едноставно, таа вечер е неповторлива, таа возбуда… Имаше многу луѓе на плоштадот. Можеби и повеќе од 30 илјади луѓе, но кој го гледал тоа, и кој броел тогаш. Во тој историски момент мореше некако да се снаоѓаме, бидејќи немаше никаков протокол, со возбуда раскажува Талевски во интервју за Прес24.

Талевски вели дека воопшто немало организација ниту ако биде ниту ако не биде поволен резултатот од референдумот. Околу 17 часот веќе имало опипливи резултати од излезеноста на граѓаните. Договорот бил да се сумираат резултатите од Скопје, кое тогаш имало пет општини и Градот Скопје, и Талевски да ги соопшти.

-Првите резултати ги имав веќе околу 22.40 и тие беа соопштени на една репортажна кола на „Македонското радио“, лево од бината. Потоа кога се качивме на бината, целиот републички врв дојде од страната на „Метропол“. Пред 20, или 20 часот и 30 минути имаше многу малку луѓе на плоштадот затоа што се правеше бината. Мирко Стефановски, одговорен за културно-просветната заедница на Град Скопје доби упатства. Во таа работа беше вклучен и Мартин Треневски, како одговорен на ниво на Републиката. Тогаш насоките беа набрзина да се направи една бина. Таа бина беше многу едноставно и набрзина направена. За два часа. Значи од 17 и некоја минута дадена задача, бидејќи ние не знаевме ништо, ниту дали ќе помине и што ќе биде со референдумот, особено што имаше и дилеми кај луѓето, но народот си го кажа своето. И тогаш се направи таа бина без некој посебен протокол, ние тоа воопшто не го подготвуваме.

Без сценарио, народот почнал да се собира и да пее, а потоа на бината се качиле и првите изведувачи, кои се изделиле од народот и дале свој придонес во прославата. Првите политичари дошле околу 23 часот. Потоа претседателот на Републичката изборна комисија, Коневски почнал да ги чита резултатите.

Сепак, многу политичари од државниот врв не биле на бината таа вечер.

-Па погледнете ги сликите и ќе видите колку вкупно функционери има. Колку што јас знам, Мијалков, министерот Мијалков и министерот Наумов, со заеднички сили го убедиле претседателот Киро Глигоров да се појави на бината… Тој сепак е претседател на држава и тој мораше да излезе и да го соопшти тоа. Јас тогаш не видов никој друг од оној политички блок, не беше ни Андов, кој тогаш беше претседател на Собранието, но никој за тоа тогаш не мислеше… Во таа еуфорија важно беше да заврши чинот и сето тоа да се прогласи до 23 часот и 59 минути за да не не фати 9 септември, денот на ослободување на источните комшии… Ентузијазмот, еланот, желбата на граѓаните за независност на Македонија стана реалност. Искрено, тој резултат сите ние потајно го очекувавме…

Откако претседателот Глигоров кажал „Нека ни е честита суверена и независна Македонија“, започнала прославата со вино за наздравување.

-Двете шишиња шампањско од десната страна беа донесени од Метропол, а јас од другата страна донесов едно или две шишиња „Повардарски бисер“ за да наздравиме… Тоа шише се гледа во рацете на Ченто… Со македонско вино, „Повардарски бисер“, се славеше независноста, а шампањското што го отвори претседателот на Владата Никола Ќусев, беше отворено, но тоа остана долу, а чашите кои беа наполнети, осум вкупно на број, се наполнети со „Повардарски бисер“. Сето тоа со чашите и виното го организирав јас лично… едноставно е. Каде и да одите во една таква еуфорија знаете дека ќе се случи нешто и секако ќе се наздравува…

Одбележан Денот на независноста 8-ми Септември

По повод 8 Септември, Денот на независноста на Македонија, делегации од локалната самоуправа на Прилеп, Сојузот на борците, на политичките партии и граѓанските здруженија положија цвеќе и им оддадоа почит на прилепските дејци кои се бореа за слободна и самостојна држава.

6370-odbelezan-denot-na-nezavisnosta-8-mi-septemvri-960x600-51

Цвеќе беше положено на споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ Методија Андонов Ченто, пред споменикот на идеологот на Народната револуција во НОБ Кузман Јосифоски Питу, пред спомениците на Пере Тошев и Ѓорче Петров, на Могилата на непобедените и Алејата на народните херои и пред споменикот „Карпалак“.

6370-odbelezan-denot-na-nezavisnosta-8-mi-septemvri-960x600-10

„Осми септември е сонот на бројни генерации за самостојна и независна Македонија. Денес тој е стварност. Борбата на современите генерации е да изградиме просперитетна, економски силна и стабилна држава, а во неа и економски цврст Прилеп со нови работни места и многу инвестиции“, порача градоначалникот Марјан Ристески.

6370-odbelezan-denot-na-nezavisnosta-8-mi-septemvri-960x600-12 6370-odbelezan-denot-na-nezavisnosta-8-mi-septemvri-960x600-4

Поради лошите временски услови голем број од настаните предвидени по повод празникот беа откажани.

6370-odbelezan-denot-na-nezavisnosta-8-mi-septemvri-960x600-16

ВИДЕО: НЛО вчеравечер на небото во Скопје?

Пет летачки објекти вчеравечер беа забележани на небото над Скопје, прилично поголеми од патничките авиони, објави порталот А1ОН. Објектите летаа во права линија еден по друг, со голема брзина и околу нив имаше јака црвена светлина.

ОВА Е ПРЕМНОГУ: Ким Јонг Ун го забрани хуморот во државата

74827_kim-dzong-un01-reuter-kcna_ff

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун ја забрани употребата на сарказмот не само во јавните гласила, туку и во секојдневните разговори.

Нема шега со Ким. За сатира воопшто да не стане збор бидеќи од денес таа е забранета.

Сатирата насочена кон режимот, па дури и индиректно критикување на власта нема да биде простено.

Интересно е тоа што забранета е и познатата изрека користена во Северна Кореа , “За се ова крива е Америка”. Заклучено е дека таа изрека може да биде сфатена како критика за било кого, па дури и режимот на Ким Јонг Ун, ако е кажана иронично.

2

 

СТАР ЈАПОНСКИ РЕЦЕПТ: Направете го ова еднаш неделно и ќе изгледате 10 години помладо

pirinac-1-ff-600x400

Жените во Јапонија важат за преубави и младолики, а за тоа и се должни старата тајна – благодетите на оризот.

Дефинитивно тајната на нивната убавина лежи во овој подарок од природата.

Исто така, склавенот од оризот ја штити кожата од штетното дејство на сончевите зраци, а оризот исто така изобилува и со витамин Е и гама оризнол, познат по своите способности да го штити срцето и да го намалува холестеролот. За жал освен јапонците никој друг не е свесен за овие докажани факти.

Што се однесува до подмладувањето на кожата, оризот вистина прави чуда. Направете ја оваа едноставна маска и уверете се сами.

  • 3 лажици ориз, 1 лажица млеко и 1 лажица мед.
  • Подготвување: Згответе го и исцедете го оризот и зачувајте ја водата во која се готвел. Додајте ја лажицата со топло млеко во оризот па потоа и лажицата со медот.

Маската секогаш клавајте ја на чиста и сува кожа и оставете ја сама да се изуши на лицето.

Олимпиец го продал својот сребрен медал за да му помогне на дете кое воопшто не го познава

screenshot_9-10-640x335

Веројатно најдобрата работа од социјалните мрежи е тоа што луѓето лесно се здружуваат за да им помогнат на оние на кои им е потребна помош.

На 4 годишно дете од Полска му бил дијагносициран редок облик на тумор на окото. За да се отстрани туморот потребна е операција во Њу Јорк, за што се потребни огромни финансиски средства. Вредноста на операцијата е 126.000 долари.

olimpijac-medalja-2

Во меѓувреме, мајката на детето добила повик од олимпиецот Пјотр Малачовски.

Ова лето Пјотр учествуваше на Олимписките игри во Рио. Тој е професионален фрлач на диск кој освои сребрен медал.

Погледнете на видеото што се случи во продолжение.

 

Oтворена првата фонтана со пиво во Европа

Во словенечкиот град Залец е отворена првата фонтана со пиво во Европа. Новата атракција, што ја осмислиле локални претприемачи, сепак нема неограничено да точи пиво, туку за ова задоволство секој ќе треба да плати по шест евра.

fontana-pivo

За возврат, секој муштерија добива чаша со микрочип, во која ќе може да наточи по еден децилитар од секоја од петте поставени славини.

2pivo-640x480

– Нашата цел не е тука луѓето да се опијат, туку да ја промовираме културата за конзумирање на пиво, изјави на отворањето градоначалникот на Залец, изразувајќи надеж дека словенечкото гратче ќе се најде на туристичката мапа на Европа..

3pivo-640x499

Подготвувате зминица: Ова е рецептот за традиционалните македонски ајвар

epokropksopkrg-640x433

Септември е месец за правење традиционалниот македонски ајвар, не веруваме дека некоја домаќинка не го знае рецептот, но ако има такви во прдоложение погледнете како да направите вкусен ајвар.

Состојки:

10 килограми црвени пиперки

3 модри домати

масло по желба

1 голема лажица шеќер

Подготвгока

Пиперките треба убаво да ги измиете, да ги испечете па подоцна да ги излупите, истата постапка и со модриот домат. Откакоубаво ќе ги излупите пиперките и откако ќе ги иавдите семките, ги ставате во машина за мелење. Истата постапка и со модрите патлиџани.

Потоа смесата ја ставате во голема шерпа и потоа на оган го пржите ајварот, откако водата ќе испари се става зејтин и шеќер. Зејтинот се става на секој 20 минути и смесата треба да се меша непрестано бидејчи маслото не смее да излезе на површина.