КОНВОЈ ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ОД РУСИЈА: Од Москва кон Македонија тргнува конвој со хуманитарна помош за братскиот народ!

Руското министерство за вонредни ситуации испрати конвој со хуманитарна помош во Македонија во кој се наоѓа голема количина на опрема потребна за расчситување на последиците од поплавите кои го зафатиа Скопје и околината на 6-ти и 7-ми Август годинава

konvoj_rusija

Конвојот ќе тргне кон Македонија од центарот за кризи и спасување во Ногинск, град во близината на Москва.
„Ќе бидат вклучени пет возила кои ќе ги пренесуваат мобилните генератори, моторни пумпи како и храна во вид на конзервирано месо и риба“ велат од прес центарот на Министерството

Камионите ќе бидат управувани од искусни возачи кои учествувале во поголем број на хуманитарни мисии, вклучително и во хуманитарната мисија на југоистокот на Украина.
Руските власти понудија помош на Македонија веднаш по поплавите, а истата е испратена веднаш по барањето кое властите во Македонија го испратиле до Руската влада.

На 16-ти Август, Македонскиот премиер Емил Димитриев испрати писмо до неговиот Руски колега Димитриј Медведев со барање за помош. Ова барање доаѓа како одговор на понудената помош на Рускиот Министер за вонредни ситуации Владимир Пучков.

На 6 и 7-ми август, за само една ноќ падна количина еднаква на едномесечни врнежи за соодветниот период. За неколку часа животот го загубија 22 лица, а повеќе од 100 се повредени. Околу 5.000 домаќинства беа уништени во катаклизмичната поплава.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.