дома блог страница 5161

Околу 1.500 малолетни деца стапиле во брак во Германија

Германскиот регистер за странски државјани денеска објави информации според кои 1.475 деца на странски државјани кои што живеат во Германија се во во брак.

received_10209005565407808

Според официјалниот извештај на регистерот реалниот број на деца кои се во брак е уште поголем затоа што понекогаш браковите кои се договараат меѓу родителите на малолетниците не се заверуваат пред германските институции.

Според информациите кои ги објави партијата на „Зелените“ најголем дел од овие деца се девојчиња (1.152). Меѓу нив најголем број се деца на бегалци од Блискиот Исток но многу од децата доаѓаат од земји членки на ЕУ. На листата на детски бракови во Германија води Сирија (664), по неа е Авганистан (157) а присутни се и Бугарија (65), Полска (41), Романија (33) и Грција (32).

Најголем дел од малолетните бракови се склучени меѓу 16 и 18 години старост, а има и 361 дете под 14 годишна возраст кои се легално во брак. Во Германија бракови можат да склучуваат партнери над 18 години а во некои исклучоци може да се дозволи и на лица над 16 години старост.

Дел од политичките претставници бараат забрана за малолетнички бракови без разлика на потеклото на партнерите затоа што во најголемиот дел од случаите се работи за малолетни невести кои насилно се мажат за постари партнери. Проблемот со малолетничките бракови сега ќе го решава специјална работна група во министерството за правда.

Еврото скокна на највисоко ниво

received_10209003880045675

Еврото скокна на највисоко ниво за две недели, 1,1328 долари, што е дневен скок од 0,8 отсто. Оваа ситуација доаѓа откако претседателот на Европската централна банка Марио Драги истакна дека Управниот совет на ЕЦБ не ја разгледува можноста за зголемување на програмата за откуп на акции, пренесе „Ројтерс“.

Еврото се засили на двонеделен максимум, приносите на обврзниците на членките на еврозоната, исто така, пораснаа, додека по изјавата на Драги, европските берзи се во пад.

ЕЦБ, како и што се очекуваше, по вчерашниот состанок ги задржа рекордно ниските каматни стапки, одлучувајќи пред да преземе драстични акции, да почека да се се создаде јасна слика за целосните последици од ефектите на „Брегзит“.

Каматната стапка по главните операции за рефинансирање останува нула проценти, а таа на граничното кредитно олеснување е 0,25 проценти. Депозитна камата е на негативна територија во износ од минус 0,4 проценти.

ЕЦБ, исто така, благо ја намали прогнозата за економскиот пораст (од 1,7 на 1,6 отсто) на еврозоната и инфлацијата (од 1,3 на 1,2 отсто) во 2017 година.

ИЗВОР: РЕПУБЛИКА

Нови 100 вработувања преку неповратни грантови од по 3.000 евра

Започнува третата и последна фаза за оваа година од владината мерка грант за самовработување. Огласот е веќе објавен и сите невработени лица регистрирани во Агенцијата за вработување на Република Македонија кои имаат добра бизнис идеја ќе можат да аплицираат и добијат грант од 3000 евра за основање на свој сопствен бизнис.

 

dime-spasov-640x363

Заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов истакна дека во третата фаза ќе бидат опфатени 100 невработени лица кои најпрво ќе треба да посетат соодветна обука, а потоа ќе ги добијат и неповратните средства.

-Оваа трета фаза  предвидува 100 нови вработувања, 100 новоотворени работни места. Оваа година досега се формирани вкупно 422 компании, додека пак до крајот на месецот очекуваме да започне процесот на регистрација на уште 390 мали компании преку проектот грант за самовработување. За реализација на овие нови 100 вработувања  се обезбедени средства во износ од 20 милиони денари, додека пак за целата година предвидуваме вкупно 1010 грантови да се доделат за самовработување, со тоа да се отворат 1010 нови работни места и за реализација на овие нови работни места се обезбедени 225 милиони денари, истакна Спасов.

Заменик министерот  упати апел до сите невработени лица да ја искористат оваа последна можност  за 2016 година, да аплицираат и да добијат неповратни средства од државата.

Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски истакна дека од 2007 година, од кога се спроведува проектот, досега се формирани над 8.100 компании, и оти над 70 проценти се уште работат.  Во 35 од нив, рече тој, има дополнителни над 250 вработувања.

Во текот на наредниот месец, додаде, се очекува да се соберат сите апликации и да се почне со едукација за бизнис. По обуката, најдобрите 100 кои ќе ги добијат грантовите ќе имаат можност од Агенцијата за претпримништво да добијат ментор експерт кој ќе им помогне во деталите и разработката на бизнис планот.

– Во наредните две години тие ќе добиваат техничка помош од АВРМ и УНДП, со можност да го доразвиваат сопствениот бизнис кој го отвориле, истакна Поповски.

Во изминатите години се отворени  мали бизниси во различни области како услуги, производство, градинка, игротеки, пекари, работилници, услужни дејности од областа на софтвер и софтверски материјали. Со оваа програма не се финансираат дејности од земјоделство и такси превоз.

ВИДЕО: Река во Сибир станала црвена како крв

Руските инспектори за зачувување на животната средина се обидуваат да утврдат зошто во близина на индустрискиот комплекс „Норилск никел“, реката добила боја на крв.

reka

Фотографиите од оваа необична појава на реката Далдикан ги објавија сите руски медиуми.

„Руска газета“ пишува дека промената на бојата е предизвикано од испуштањето на отпад од фабриката за преработка на никел, во која се наоѓа висока концентрација на тој метал и бакар.

„Норилс никел“ е инаку најголемиот производител на никел и паладиум во светот.

Подигнати се огромни печки  на полуостровот Тајмир во Сибир уште во времето на СССР.

Сепак, од фабриката изјавуваат дека не знаеле дека било каков отпад се пушта во реката.

Претседател на компанијата е милијардерот Владимир Потањин.

ПЕТ ПРИЧИНИ ЗОШТО Е ЗДРАВО ДА СЕ ПИЕ РАКИЈА!

raaaaaaaaaa-696x382

Пиењето ракија не е само своевиден доказ за машкоста. Конзумацијата на ракија може да ви донесе и неколку здравствени предности – секако, доколку не претерувате! Ова се 5 причини за тоа:

Преголеми количини ракија, и било кој друг алкохол, дефинитивно ќе ви го скратат животниот век, но умерена количина може да ви го продолжи. И тоа поради што антиоксидансите помагаат во борбата против радикалите кои се главен причинител за староста.

Ослободува од стрес

Доколку пиете во умерени количини, ракијата делува на нервниот систем, така што ве опушта. Повторуваме – само доколку пиете во умерени количини.

Го намалува ризикот од мозочен и срцев удар

Одлична работа кај ракијата е што спречува наслаги на холестерол во вашиот кардиоваскуларен систем. А сето тоа ја намалува опасноста ос срцев и мозочен удар.

Помага при спречување настинка

Веројатно не сте знаеле дека ракијата може да послужи и како одличен сируп за кашлица. Исто така алкохолот ги убива бактериите во грлото. Најдобар ефект ќе постигнете ако го измешате со топла вода и лимон.

Не дебелее

Еве одличен аргумент – за разлика од газираните, па дури и некои „природни“ сокови, ракијата е алкохол со многу мал број калории.

Таа е топлес чистачка, заработува по 175 долари на час (Видео)

Се вика Џесика Хјуз и нашла начин како да заработи екстра од чистењето куќи.

toples-cistacka

Се нарекува „топлес чистачка“ затоа што чисти топлес и облечена само во мини суќниче.

Татко и од друга страна не го одобрува тоа што го прави, но таа е задоволна со оглед дека заработува по 175 долари на час.

Македонија и Бугарија заедно ќе извезуваат земјоделски производи во Кина

izvoz-640x294-640x294

Според Цветков, Македонија и Бугарија тешко ќе можат самостојно да извезат свежо овошје и зеленчук во Кина поради големата далечина, но со заеднички заложби пристапот на огромниот кинески пазар не е недостижен.

– Имајќи ја предвид огромната далечина подобро е да се насочиме на конзервирано земјоделско производство. Ние во Македонија произведуваме и многу убави вина. Може да се насочиме на конзервирано овошје и зеленчуци, месни производи, млечни производи со кои и вие во Бугарија располагате. Свежите земјоделски производи навостина многу тешко ќе можат да се пласираат поради големата далечина, рече Цветков.

Двајцата министри, како што пренесе бугарската телевизија Канал 3, разговарале и за размената на земјоделски производи меѓу Македонија и Бугарија.

Според Цветков, податоците за сегашната размена не одговара на можностите на двете земји.

Тој укажа на фактот дека стоковата размена во земјоделството меѓу двете земји не е голема. Македонија извезува во Бугарија земјоделски производи за 20 милиони евра, а увезува за околу 40 милиони евра. Според него, тие податоци не одговараат на можностите и треба да се работи на зголемување на заемната трговија не само меѓу двете земји, туку и за излегување на трети пазари.

Освен можностите за размена, двајцата министри се осврнале и на болеста јазлеста кожа која беше откриена во почетокот на април кај говедата во областите на Хасково и Стара Загора, а во се појави и во другите балкански земји.

– Неопходни се заеднички напори и организација за да се справиме со оваа болест бидејќи нејзините преносители немаат граници. Тоа беше и поводот да се сретнам со министерката Танева, рече Цветков.

Двајцата министри разговарале и за бугарското искуство во земјоделството по примерот на земјата во Европската унија.

– Македонија која е земја кандидат за членство во ЕУ ќе ги користи бугарските искуства и ќе ги организира своите земјоделски стопснатва така за да одговараат на европските барања, истакна Цветков.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков вчера и денеска во Софија учествува на Министерска конференција за болеста јазлеста кожа.

Конференцијата е организирана од Министерството за земјоделство и храна на Република Бугарија во соработка со Европската комисија.

Сеул: Северна Кореја изврши проба со нуклеарна бомба со моќност од 10 килотони

Владата на Јужна Кореја соопшти дека Северна Кореја извршила петта нуклеарна проба, јавија локалните медиуми.

koreja

Според нашите анализи, Северна Кореја извршила проба со нуклеарна бомба со моќност на експлозијата од околу 10 килотони, изјави претставник на јужнокорејското Министерство за одбрана.

Тоа е најмоќната нуклеарна проба извршена од Пјонгјанг досега.

Властите во Северна Кореја потврдија дека е извршена нуклеарна проба.

Пјонгјанг ја оквалификува пробата како успешна и изрази уверување дека нивните сили се способни да монтираат јадрени боеви глави на балистички ракети. Во соопштение објавено на државните медиуми се вели дека нуклеарната проба е извршена за да се спротистави на „непријателствата на САД“.

Државната телевизија нагласи дека при нуклеарната проба нема регистрирана радијација и нема последици за животната средина.

Променливо облачно време со пороен дожд

Времето во Македонија ќе биде  променливо облачно, во западните делови со повремен  дожд, а во источните со сончеви периоди. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

received_10209002830859446

Утринската температура ќе се движи од 11 до 17, а дневната од 21 до 27 степени. УВ-индексот ќе изнесува  4.

Во Скопје ќе биде  променливо облачно, со повремен  дожд. Попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а кон крајот на денот од северозападен  правец.

Утринската температура околу 15, а дневната ќе достигне до 24 степени.

До понеделник ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд. врнежите локално ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови. Температурата ќе биде во благ пораст. Целосно стабилизирање на времето се очекува од вторник.

Капсулите секогаш имаат две бои, но знаете ли зошто?

Сте се запрашале ли некогаш зошто капсулите не се произведуваат во една боја?

received_10209000112311484

На ова прашање постојат неколку одоговори.

Првиот е дека со создавање препознатливи комбинации на бои фарамацефтските куќи сакаат да ја намалат веројатноста консументите да ги смешаат лековите.

Вториот е за да ги пијат децата, зашто шарените капсули им се попрималиви на децата отколку белите или проѕирните таблети.

Еден од можните одговори е и дека покусиот дел служи како резервоар за лекот, а другиот е поклопец, а доаѓаат во различна боја за да се обезбеди поголема ефикасност во текот на производството на капсулите, односно за да не се измешаат двата пластични дела.