дома блог страница 5160

ХИЛАРИ СЕ ЗАКАНИ СО ОДМАЗДА: Путин ќе плати што му помага на Трамп !

hilari-klinton-1-e1457964650338-600x362

Хилари Клинтон јасно стави до знаење дека има намера да му се одмазди на рускиот претседател Владимир Путин за вршењето услуги на Трамп, односно за теориите на завера за неа.

Според CNN, Хилари започнала да го клевети Трамп со оптужби. Овие оптужби се однесуваат на тоа што според Хилари “хакираните податоци кои протекоа низ јавноста, Доналд Трамп ги добил лично од Путин”.

 

“Ова е Вотергејт само во сајбер време ” изјави Хилари и ги спореди наводните руски хакирања со озлогласената провала во националниот комитет во 1972 година.

 

ШОКАНТНА ИЗЈАВА НА НАУЧНИК: Вегетеријанскиот начин на исхрана е штетен по здравјето !

voce-i-povrce-ff-600x396

Иако вегетеријанците истакнуваат дека нивниот начин на исхрана е подобар и здрав, научниците не сметаат така.

Научници од Универзитетот во Грац во Австрија тврдат дека вегетеријанскиот начин на исхрана е всушност лош по здравјето.

Вегетеријанците имаат послаб имунитет, поради што се често болни, за разлика од луѓето кои конзумираат месо, но и помалку пијат алкохол, пушат цигари и повеќе вежбаат.

Освен тоа, вегетеријанците често заболуваат од рак, алергии и срцеви болести а се соочуваат и со психолошки проблеми, многу повеќе од останатите луѓе.

Истражувањето покажало дека вегетеријанците имаат 166% поголем ризик да заболат од рак за разлика од луѓето кои јадат месо и 150% да добијат срцеви болести.

Исто така двојно поголема е веројатноста дека ќе се соочат со депресија или анксиозност.

 

Eден од најголемите масони тврди: Третата светска војна е почната, еве што ќе се случи!

Ова писмо ги претставува плановите за трите светски војни, а предвидени се и работи што до сега се случиле. Него го напишал  еден од најголемите масони во историјата, Алберт Пике, врховен заповедник на Шкотскиот обред на слободни ѕидари во Америка. Тој вели дека се што се случило во прва и втора светска војна е испланирано од масоните, а смета дека во светот ќе има и трета светска војна.

received_10209008878130624

Еве што пишува:

Првата светска војна мора да биде остварена за да им овозможи на илуминатите да се исфрлат од положбите на моќ на руските цареви и со тоа Русија да ја направат тврд атеистички комунизам.

Реализацијата и несогласувањето меѓу британскиот и германското царство ќе биде поттик за таа војна. На крајот на војната ќе се воспостави комунизам за преку него да се уништат и другите влади и да се ослабне влијанието на религијата.

Политичките сојузници на Англија од една страна и Германија од друга биле инструмент на воспоставување на првата светска војна.

Втората Светска војна треба да биде искористување на разликата меѓу фашистите и политичките националисти. Таа војна треба да биде воспоставена на таков начин што за последица треба да го има уништување на нацизмот и јакнење на национализмот до таа мера да овозможи воспоставување на суверени држави како Израел и Палестина.

Во текот на втората светска војна меѓународниот комунизам мора да стане толку силен да му биде противтежа на христијанството, кое ќе биде зауздено и држано во позадина се до моментот кога ќе биде потребно за конечна социјална катаклизма.

Третата светска војна мора да биде потикната со искористување на различностите, предизвикана од агентура, илуминати, меѓу политичките националисти и водачи на исламскиот свет.

Војната треба да биде водена на таков начин што Исламот (муслиманскиот арапски свет) и политичкиот Ционизам (држава Израел) меѓусебно ќе се уништат. Во меѓувреме останататите нации, уште еднаш ќе се поделат по тоа прашање, и ќе бидат присилени да се борат до точката на целосна физичка, морална, духовна и економска исцрпеност… Атеистите ќе испровоцираат огромна социјална катаклизма, која во своите страшни народи јасно ќе покажат целосен атеизам, извор на дивјаштво и најкрваво превирање.

Тогаш ширум светот, граѓаните ќе бидат принудени да се бранат од револуционерните светски малцинства, да се истреби и уништи цивилизацијата, и огромниот број на разочарани христијани, чиј деистички дух од тој момент ќе биде без насока и цел, трагајќи по идеал, но не знаејќи да го усмери своето обожување, ќе го прими вистинското светло низ универзална објава на чистата Луциферова доктрина,  која на крајот ќе биде изнесена пред јавноста.

Христијанството и атеизмот истовремено ќе бидат победени и искоренети“, стои во писмото на масонот.

За Третата светска војна неколку пати зборувал и научникот Алберт Ајнштајн.

-Војната се состои во тоа да луѓето, иако едни со други не се познаваат, меѓусебно да се убиваат на заповед на луѓе кои многу добро се познаваат, а взаемно не се убиваат, рекол Ајнштајн.

Иако трета светска војна официјално не е прогласена за почната, за жал се чини дека не е далеку.

Mузичкото училиште од Прилеп продолжува да ја шири магијата на музиката: Новите ученици започнаа со настава

14273339_1364069620287123_1753445639_o

На 05.09.2016 година во 17.00 часот во музичкото училиште „ Ордан Михалоски – Оцка “ Прилеп, беа пречекани новите ученици кои во наредниот период ќе ги изучуваат тајните и убавините на музиката преку различните интрументи. Во изминатиот период музичкото училиште изврши упис на кој се пријавија повеќе од 120 ученици, од кои 93 успешно ја поминаа аудицијата.

14233511_1364068970287188_1649113150_o

Со ова се докажува дека интересот кон музиката кај најмладите се повеќе доаѓа до израз. За подобрување на условите за настава, во тек се градежни активности во просториите на музичкото училиште, но сепак наставата по сите инструменти започна редовно и навремено да се реализира. Часовите по хармоника, флејта, соло пеење и народни инструменти се одржуваат во просториите на НУЦК „ Марко Цепенков “ Прилеп, додека часовите по гитара, саксафон, кларинет и труба во ОУ „ Рампо Левката “. Часовите по пијано и виолина се одвиваат во помошните простории на музичкото училиште и во ОУ „ Кочо Рацин“. И покрај тоа што сме на самиот почеток на учебната година, учениците редовно и неуморно продолжуваат со настапи на голем број концерти, на кои успешно ја пренесуваат музиката и талентот.

14247556_1364069733620445_1101602439_o

14247755_1364068923620526_936858223_o

14273568_1364068866953865_963965045_o

Во недела спаринг борби во бокс и кик-бокс на отворено во Прилеп

На 11.09.2016 недела, од 14:30 часот,  во склоп на летната бавча на  PIZZA HAPPY во центарот на нашиот град, ќе се одржи отворен спаринг борби во бокс и кик-бокс. Настанот е во организација на Кик – Бокс Клуб ”ШАМПИОН” -Прилеп и Боксерски Клуб “АС”-Прилеп и ќе се одвива под мото “СПОРТОТ МОСТ ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ”.

14256338_10154354600130926_324469987_n

Промотор на настанот е Дарко Чатлески.

  • “Нашата цел да се подигни свеста на младите да спортуваат, а да ги отфрлат модерните пороци. Исто така сакаме да ги промовираме нашите членови до кој степен се дојде во досегашната напорна работа”, изјави Дарко Чатлески

14302496_10154354600365926_521483650_n

14249243_10154354600135926_1332546562_n

На настанот ќе настапат борци од Прилеп, Ресен , Радовиш и Виница.

Ставила маска на лицето, а потоа брзо зажалила поради тоа (ВИДЕО)

screenshot_14-4-640x364

17-годишната Качет прв пат во својот живот ставила маска за разубавување на лицето.

Но, судејќи по нејзината реакција тое ќе биде и последен пат.

За што точно станува збор, погледнете во видеото:

https://twitter.com/Cachet___/status/773273429457899521

А.Г.

Доделени нови решенија за бесправно изградени објекти

6372-dodeleni-novi-reshenija-za-bespravno-izgradeni-objekti-960x600-8

Во големата сала на Собранието на Општина Прилеп денеска продолжи редовната практика за доделување на решенија од процесот на легализација. Градоначалникот, Марјан Ристески врачи 66 решенија за легализација на бесправно изградени објекти.

„Процесот на дефинирање на статусот од недвижниот имот изграден бесправно пред повеќе децении продолжува со несмалено темпо во Прилеп“ – изјави тој.

6372-dodeleni-novi-reshenija-za-bespravno-izgradeni-objekti-960x600-11

6372-dodeleni-novi-reshenija-za-bespravno-izgradeni-objekti-960x600-4

6372-dodeleni-novi-reshenija-za-bespravno-izgradeni-objekti-960x600-7

Дополнителниот рок за доставување на нови барања за легализација од граѓаните кој заврши неодамна ја зголеми бројката на предмети на недвижен имот што ќе биде опфатен со изготвување на геодетски елаборати. Општина Прилеп заедно со овие дополнителни барања регистрира околу 18 илјади поднесени пријави. Досега, преку приватните геодетски куќи и општинската урбанистичка служба финализирани се над 8.000 барања за легализација.

Кога змискиот отров ќе допре до човечка крв, се случува нешто ЗАСТРАШУВАЧКО! (ВИДЕО)

screenshot_1-30

Се смета дека околу 100.000 луѓе ширум светот умираат од каснување од змија.

Змијата во видеото е Раселова отровница. Отровот од оваа змија е толку силен, што е предизвикува смрт за само неколку секунди.

Кога ќе видете што се случува кога отровот ќе ја допре човечката крв, ќе се наежите….

А.Г.

Момче малтретираше мачка 8 минути: Погледнете како му “одговори”

screenshot_4-27

Шокантно видео од надзорна камера се шири низ интернетот. На него е прикажано 5-годишно момче кое без никаква причина малтретира мачка.

На негова несреќа, мачката по име Скај, која со сите сили се обидувала да избегне судир, но во еден момент ќе пукне и одлучува да му возврати.

Погледнете го видеото:

А.Г.

“Топкарија” во Прилеп: Eм игра, ем забава

_mg_3227

Во организација на ООУ “Блаже Конески“ и Локалната Самоуправа, во Прилеп беше одржана меѓународното  проект насловен „ Жогарија“, односно „Топкарија“, која има за цел преку колективните итри со топка да ги вклучи младите  од основните  училишта, да преку спортските игри ги осознаат основите човечки вредности, како што се солидарноста, меѓусебното почитување, одговорноста, дружењето, фер плеј… Во проектот се вклучија четири основни училишта од Прилеп, кои се натпреваруваа во четири дисциплини: кошарка, мал фудбал,  квиз натпревар, како и натпревар на наставниците. Натпреварувањето меѓу учениците беше од ревијален карактер. Сите учесници беа победници. Но, сепак најдобрите понесоа пехари и  беа наградени  за нивната спортска игра. Севкупен победник на оваа креативна игра меѓу училиштата  беше ООУ „Блаже Конески“

_mg_3234

_mg_3169

_mg_3178

_mg_3211

_mg_3213

_mg_3215

_mg_3217

_mg_3230

Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески ја поздрави оваа иницијатива, во која учениците можат да се дружат и да бидат физички активни. Овој проект се спроведува во 10 држави: Словенија, Австрија, Унгарија, Хрватска, Б и Х, Србија, Косово, Македонија и Црна Гора и ги вклучува учениците од пониските основни одделенија. Покрај натпреварувачкиот дел манифестацијата беше збогатена и со ревијални настапи на ученици со различни музички точки