ПЕТ ПРИЧИНИ ЗОШТО Е ЗДРАВО ДА СЕ ПИЕ РАКИЈА!

raaaaaaaaaa-696x382

Пиењето ракија не е само своевиден доказ за машкоста. Конзумацијата на ракија може да ви донесе и неколку здравствени предности – секако, доколку не претерувате! Ова се 5 причини за тоа:

Преголеми количини ракија, и било кој друг алкохол, дефинитивно ќе ви го скратат животниот век, но умерена количина може да ви го продолжи. И тоа поради што антиоксидансите помагаат во борбата против радикалите кои се главен причинител за староста.

Ослободува од стрес

Доколку пиете во умерени количини, ракијата делува на нервниот систем, така што ве опушта. Повторуваме – само доколку пиете во умерени количини.

Го намалува ризикот од мозочен и срцев удар

Одлична работа кај ракијата е што спречува наслаги на холестерол во вашиот кардиоваскуларен систем. А сето тоа ја намалува опасноста ос срцев и мозочен удар.

Помага при спречување настинка

Веројатно не сте знаеле дека ракијата може да послужи и како одличен сируп за кашлица. Исто така алкохолот ги убива бактериите во грлото. Најдобар ефект ќе постигнете ако го измешате со топла вода и лимон.

Не дебелее

Еве одличен аргумент – за разлика од газираните, па дури и некои „природни“ сокови, ракијата е алкохол со многу мал број калории.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.