Видеото е снимено за време на најсилниот земјотрес во неделата во 15:10 часот.
Погледнете:
Хуберт Зафке, поранешен нацистички доктор беше изведен на судење поради убивање на илјадници луѓе во Аушвиц. Тој после три безуспешни обиди, конечно беше изведен на судење во Германија.
Судењето на 95 годишниот масовен убиец претходно беше три пати одложено поради лошото здравје на Хуберт.
Тој работел во “логорот на смртта” од 15 август до 14 Септември 1944 година.
Еве зошто постојано се чувствуваме уморни и исцрпени иако доволно спиеме.
Константниот замор е нешто што може да многу да го исцрпува нашиот организам и се случува дури и кога сме наспиени. Сонот не е единствен фактор кој ни дава енергија за секојдневните активности.
Навидум не важни работи како хормоните, исхраната и кондицијата играат голема улога во создавањето на замор на нашето тело.
Еве како тие можат да влијаат врз нашиот организам.
По цел ден поминат мирно, вечерва час и 32 минути по полноќ повторно се разбуди тлото во Скопје и предизвика земјотрес
Според Европската-Медитеранска сеизмичка опсерваторија, земјотресот бил со јачина од 3 степени по Рихтер, на длабочина од 5километри , а епицентарот се наоѓал во близина на поплавените подрачја околу Црешево и Арачиново, поточно на 3 километри југозападно од Црешево и 6 километри североисточно од центарот на Скопје. Земјотресот се случи во точно 1:32 по полноќ.
Во последните 48 часа Скопје го тресе серија од неколку десетици земјотреси од кои најсилните беа 5.4 и 4.8 степени по Рихтер
На интернет се претставува како Парис Монро и поставува фотографии во тесна облека, како што се облекува за на работа. Ова е учителката од Атланта која предизвика дискусии – дали треба да го смени својот имиџ пред учениците. На социјалните мрежи ја следат рапери и познати личности…
Парис Трејси Браун, која се претставува како Парис Монро, предава на четвртоодделенци во Атланта. На Инстаграм има неверојатни 110 000 следбеници, меѓу кои во последно време има и познати имиња.
Пaрис добива критики за облекувањето со оглед на нејзината работа со деца, но многумина и ја бранат – облините и без тоа не може да ги сокрие.
Мажите воглавно коментираат дека нивните учителки не изгледале така. А Парис добива и брачни понуди!
Каде и да одат, за кого и да навиваат, за прилепчани постои само една најголема љубов. И на “Алианц Арената” вечерва во Минхен, тројцата прилепчани Борче Коруноски, Мартин Костоски и Кристијан Николоски, навиваат под паролата “Победа е вечна”.
Преку фотографиите кои ни ги испратија, ни ја доловуваат пеколната атмосфера од фудбалскиот храм во Минхен, каде вечерва домаќинот Баерн Минхен го пречекува руски Ростов.
Секоја чест за нашите тројца “мускетари”, што и далеку од дома не забораваат на навивачкиот идентитет кој го носат во себе.
Жена од Вашингтон завршила во затвор поради кражба на 3 пржени компирчиња од полицаец, пренесуваат медиумите.
“Инцидентот” се случил во пицерија, каде осомничената седнала покрај полицаецот и започнала да разговара со него.
Додека зборувала му зела две компирчиња, а откако била предупредена да престане, таа не го послушала.
На крај жената е уапсена поради кражба на помфрит или како што е наведено во извештајот на полицијата “кражба на сопственост”.
Најбрзиот лифт е прозиведен од “Митсубиши Електрик”, а од фирмата беше соопштено дека лифтот може да се движи со брзина од 1230 метри во една минута. За помалку од една минута, лифтот може да стигне и до 119 кат.
Да се возите со автомобил со брзина од 74 километри на час и не е нешто специјално, но со лифт да се качувате со таа брзина, тоа претставува вистинска авантура.
Лифтот се наоѓа во Шангај, во втората највисока зграда во светот.
За да качувањето со лифтот биде удобно за луѓето, направени се многу подобрувања. Направени се подобрувања на амортизацијата и поставен е регулатор на брзина.
Дефанзивецот на Кристал Палас, Папе Суаре имал сериозна сообраќајна несреќа по која со хеликоптер бил префрлен во болница, но е надвор од животна опасност.
26-годишниот фудбалер направил тежок судар, по што кровот на неговиот Мерцедес бил исечен за да можат да го извадат.
Поради сериозноста на инцидентот, тој со хеликоптер бил префрлен во болница, има повреди на повеќе делови од телото, но не се сериозни по неговиот живот.
Суаре минатата сезона одигра 34 натпревари за Кристал Палас, оваа година беше стартер во првите три кола, тој е важен играч за Алан Пардју.
Педесет професионални машини за перење и исто толку машини за сушење со капацитет до 10 килограми ќе се набават за потребите на студентите сместени во студентските домови во земјата. Машините ќе работат на систем на жетони.
– Машините за перење и за сушење се едно ветување што го дадовме во минатото. Информиран сум од страна на Министерството за образование и наука дека нивни тимови ги посетиле сите десет студенски домови во земјата за да направат проценка каде и колку треба да се набават вакви машини. После таа проценка се направени одредени спецификации за набавката и веќе е почната процедурата со тоа што се пратени материјалите до Советот за јавни набавки којшто треба да ги одобри. Доколку ги одобри, веројатно крајот на септември, би имало објава за набавка, а некаде во јануари ќе бидат достапни и ќе можат да се користат од страна на студентите, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Потсети дека ова е една од 40 ветувања кои им беа дадени на студентите, дел од еден поширок пакет проекти за помагање на младите луѓе во Македонија.
Груевски денеска присуствуваше на промоцијата на 13 нови наслови од проектот „Превод на стручни научни книги и учебници“ од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“.