дома блог страница 5152

Ново финале за Оливера Наковска- Бикова на Параолимпијадата во Рио

На Параолимписките игри во Рио де Женеиро, македонската натпреварувачка во стрелаштво Оливера Наковска- Бикова успеа да се пласира во финалето во дисциплината воздушен пиштол 50 метри. Таа со 528 кругови го зазеде осмото место во квалификациите и благодарение на двете последни серии успеа да се избори за ново финале.

bikova

Наковска- Бикова претходно го освои седмото место во Рио во дисциплината 10 метри воздушен пиштол, а има освоено златен медал пред четири години во Лондон.

Во оваа дисциплина заедно се натпреваруваат мажи и жени, а Ванчо Каранфилов со 500 кругови го освои 30.то место во конкуренција на 34 натпреварувачи.

 

ВИДЕО: СЛУЧАЈНА ТУРИСТИЧКА СЕНЗАЦИЈА: Со експлозија на бомби го создале најубавото место на светот

screenshot_4-47-640x363

Воените лидери на мексиканската војска во почетокот на 20 век веројатно не ни помислувале дека нивните воени вежби на Мариетас островите ќе ја направат најголемата туристичка сензација во светот. Со тестирање на бомби направиле кратер на средина од густата шума што со текот на времето станал плажа.

Мексиканците ја нарекле “Плажа на љубовта”.

Во кратерот се оформила прекрасна песочна плажа каде преку водени тунели може да се дојде и до брегот и морето. “Плажата на љубовта” не е единствената случајна сензација на островот. Останатите експлозии создале и голем број на тунели кои туристите со задоволство ги истражуваат.

 

„Прилепски бранители“ против посетата на Заев

Претседателот на СДСМ Зоран Заев не е добредојден во Прилеп, нагласија претставници од здружението „Прилепски бранители“, на денешната прес-конференција пред споменикот „Карпалак“ во центарот на Прилеп.

pp

– Во Прилеп доаѓа човекот кој ги понижи македонските бранители, жртвите од конфликтот од 2001-та, сите припадници на МВР и на АРМ. Се потсетуваме на 8 мај кога во Диво насеље загинаа македонските бранители. Заев е лидерот кој се опкружи со луѓе кои го навредуваат македонскиот народ, јавно поддржуваат друга држава и пропагираат поделба на Македонија. Заев јавно се сликаше и се поздравуваше со јатаците на терористите од Диво Насеље. Ниту еднаш не појде кај фамилиите на нашите бранители кои го дадоа животот за татковината и затоа нема потреба да се мачи и да бара гласови во Прилеп, нагласи Гоце Стефаноски од здружението „Прилепски бранители“.

 

ВИДЕО: Руски научници го дешифрирале јазикот на делфините ?

putin-delfini-more-600x406

Два црномурести клунасти делфини Јаша и Јана, “разговарале” неколку минути во базенот во кој живеат веќе 20 години. Научниците го снимиле нивниот “разговор” и сметаат дека во тој материјал успеале да препознаат зборови и реченици.

” Всушност, оваа размена на информации навистина изгледа како разговор помеѓу луѓе” изјави Вјачеслав Рјабов, лидерот на истражувањето.

Користеќи нова опрема за снимање на звукот, Рјабов заклучил дека звуците кои ги испуштаат делфините, секој од нив звучел различно и по траење и по фреквенција.

 

Легендата на македонскиот фудбал Андон Дончевски, во посета на општина Прилеп

6380-andon-doncevski-vo-poseta-na-opshtina-prilep-960x600-1

Градоначалникот Марјан Ристески денеска оствари средба со Андон Дончевски, најпознатиот македонски фудбалски работник. На средбата градоначалникот Ристески го запозна Дончевски со актуелните проекти како и со низата активности поврзани за спортот. На средбата Ристески ја искористи приликата да спортскиот доајен Дончевски да му ги подари двете монографии: „Монографијата за Прилеп“, како и монографијата „Прилепски спортски големини“.

6380-andon-doncevski-vo-poseta-na-opshtina-prilep-960x600-2
Андон Дончевски, поглемиот дел од својата играчка и тренерска кариера го минал во ФК Вардар од Скопје. За време на својата активна фудбалска кариера тој го носел и националниот дрес на репрезентацијата на Југославија. Бил прв селектор на репрезентацијата на Македонија во периодот од јули 1993 до декември 1995. Тој бил на чело на репрезентацијата на 17 натпревари, која под негово водство остварила пет победи, пет нерешени игри и седум порази.

Денеска Андон Дончевски присуствуваше и на почетокот на градежните активности на новото тениско игралиште во дворот на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“.

СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ ќе добие тениско игралиште

2

Како дел од проектот „100 тениски игралишта“ денеска во дворот на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ започнаа градежните активности на новото тениско игралиште, во присуство на директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, Андон Дончевски, најпознатиот македонски фудбалски работник, градоначалникот Марјан Ристески и пред голем број на граѓани, вработени и средношколци.

4

„Како Агенција за млади и спорт, ние во еден партнерски однос со локалната самоуправа ќе продолжиме да ги поддржуваме добрите иницијативи за подобрување на условите за спорт, инфраструктурата и генерално, условите за живот во Република Македонија“, посочи директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.
Градоначалникот Марјан Ристески упати голема благодарност до Агенцијата за млади и спорт кои се финанисери на ова игралиште. Локалната самоуправа и Владата посветуваат големо внимание на развојот на спортот и на спортските активности, а така ќе остане и понатаму“

1

Со изградбата на тениското игралиште младите ќе добијат уште еден терен за спорт и рекреација. Средствата за изградбата на тениското игралиште се обезбедени од Агенцијата за млади и спорт и дел од Буџетот на општина Прилеп.
Во архитектурата на проектот се опфатени поставување на т.н. тврда подлога за надворешни услови по стандарди на Македонската тениска асоцијација, со сертификат на Интернационалната тениска асоцијација-ИТФ. Теренот ќе биде опремен со стандардна тениска опрема и заграден со пластифицирана мрежа во висина од 3,4 м. Исто така на четирите агли ќе бидат поставени челични столбови за осветлување на теренот за вечерна употреба.

ucenici

Досега во СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ беше инвестирано во дворното место, оградата, новите подови, реконструкција на спортската сала, ново мултинаменско игралиште, а со реализацијата на овој проект, општина Прилеп ќе го добие и второто тениско игралиште.

6

 

Заев: И Прилеп ќе го направам двојазичен (ВИДЕО)

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска од Прилеп им порача на прилепчани дека и нивниот град во кој речи си и да не живеат етнички Албанци ќе го направи двојазичен кога ќе дојде на власт.

 

123

Тој одговарајќи на новинарско прашање рече дека во Прилеп треба да им се дозволи на граѓаните Албанци на албански јазик да комуницираат со локалната самоуправа, односно да можат на албански јазик да поднесуваат разни барања до општините, што е практично воведување на двојазичност во општина во која што речи си и да нема граѓани од албанското малцинство

 

Извор: Прес24

ВИДЕО: Еве каде живее сопственикот на Фејсбук Марк Цукенберг

screenshot_3-48-640x423

Марк Цукенберг, основачот на најпопуларната социјална мрежа- Фејсбук, неодамна стана татко и отсуствувал од работа, а еве каде тој ужива со семејството.

“Се наоѓам во неверојатна позиција каде што имам можност секој ден да се пробудам и да помогнам на милјарда луѓе, па се чувствувам како да не ја работам својата работа ако потрошам и мал дел од енергијата на споредни работи во својот личен живот”. Ова доволно зборува за тоа колку скромен човек е Марк.

Еве како изгледа куќата во која тој живее.

 

 

 

ПОСТОИ НАПРАВА КОЈА ПРЕДУПРЕДУВА ПРЕД ДА СЕ СЛУЧИ ЗЕМЈОТРЕСОТ: 10-30 секунди пред тресењето оваа направа предупредува!

Тајванскиот научник Ву Ји-Мин направи апарат, направа која во иднина би можела да спаси многу човечки животи, затоа што овозможува регистрирање на земјотрес пред да се случи.

naprava_zemjotres

Направата функционира на тој начин што реагира на т.н. хоризонтални, С – бранови кои се јавуваат при сеизмички активности во длабочината на земјата.

Регистрирајќи ги овие бранови, напrавата предупредува дека за 10 – 30 секунди ќе има земјотрес, пред да се случи големиот удар.

Тој временски период е повеќе од доволен за луѓето да можат да излезат од затворени простории и на тој начин да се спречат големи катастрофи.

Справата е веќе тестирана во Калифонија каде е утврдено дека регистрирањето на С-брановите е успешно, а кога справата би се поврзала во компјутерска мрежа, тогаш резултатите од предупредувањето можат да се пренесат на голем број на луѓе, на глобално ниво.

Ву Ји-Мин во иднина планира и производство на подвижни уреди кои ќе регистрираат земјотреси, а би работеле независно од сеизмолошката служба.

 

Прилеп претплавен со плакати на албански јазик

Утрово во Прилеп осамна со поставени плакати на албански јазик, на кои кои е прикажан новиот член на извршниот одбор на СДСМ, Мухамед Зекири. Прилепчани му посакаа “топло” добредојде на радикалецот на СДСМ придружен од лидерот на опозицијата Зоран Заев. Ова предизвика огромен револт кај прилепчани, кои се прашуваат дали станува реалност синоќешната најава на лидерот на опозицијата на Наша ТВ за целосна двојазичност на територијата на Македонија, со што албанскиот јазик би станал официјален?

image-0-02-01-2870ea465001ad1e0d16e500410ff478137ca8ca73ed3b486a16e14b6dd3a766-v

image-0-02-01-36090b8ea9c308b9f2749e9116b9f7f9f9a1e6f89956857a8f427727ff28c853-v