ВИДЕО: Погледнете го најбрзиот лифт на светот кој поминува 119 катови во минута

screenshot_3-42

Најбрзиот лифт е прозиведен од “Митсубиши Електрик”, а од фирмата беше соопштено дека лифтот може да се движи со брзина од 1230 метри во една минута. За помалку од една минута, лифтот може да стигне и до 119 кат.

Да се возите со автомобил со брзина од 74 километри на час и не е нешто специјално, но  со лифт да се качувате со таа брзина, тоа претставува вистинска авантура.

Лифтот се наоѓа во Шангај, во втората највисока зграда во светот.

За да качувањето со лифтот биде удобно за луѓето, направени се многу подобрувања. Направени се подобрувања на амортизацијата и поставен е регулатор на брзина.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.