ФОТО: Познат фудбалер со хеликоптер префрлен во болница по тешка сообраќајка

Дефанзивецот на Кристал Палас, Папе Суаре имал сериозна сообраќајна несреќа по која со хеликоптер бил префрлен во болница, но е надвор од животна опасност.

pape-souare-car-crash

26-годишниот фудбалер направил тежок судар, по што кровот на неговиот Мерцедес бил исечен за да можат да го извадат.

firefighters-free-pape-ndiaye-souare-from-car-crash-on-m4-1

Поради сериозноста на инцидентот, тој со хеликоптер бил префрлен во болница, има повреди на повеќе делови од телото, но не се сериозни по неговиот живот.

main-pape-souare-car-crash

Суаре минатата сезона одигра 34 натпревари за Кристал Палас, оваа година беше стартер во првите три кола, тој е важен играч за Алан Пардју.

posledna




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.