дома блог страница 5154

Си земала милионче – кривична за управителка од Прилеп

Полициската станица „Прилеп“ поднесе кривична пријава против 29-годишната Ј.Ч. од Прилеп – управител на туристичката агенција „Сторија Травел“ дооел Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „измама“ и „фалсификување или уништување деловни книги“. Ј.Ч е осомничена дека се стекнала со противправна имотна корист од 1.613.446 денари.

Кривична пријава е поднесена и против правното лице „Сторија Травел“ за кривични дела „измама“ и „фалсификување или уништување деловни книги“.

Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР), Ј.Ч. до 4 август лани како управител на пријавеното лице работела под називот „Вијаџо“ со седиште во Прилеп. Од тој датум извршила промена на седиштето во Скопје, а тоа во Прилеп го регистрирала како подружница на оваа фирма. На 3 септември лани со решение од Основен суд Скопје-2 воведена е општа забрана за располагање на имотот на должникот и исплати од сметката, а на 22 септември е отворена стечајна постапка над  „Вијаџо“ дооел.

Во текот на постапката за стечај требало да биде назначен нов стечаен управник  да врши надзор и контрола над спроведувањето на планот за реорганизација на правниот субјект „Вијаџо“ дооел-во стечај Скопје, за што видно од историјатот за промени била извршена и промена на седиштето и називот на фирмата, а овој субјект во правниот промет евидира како „Сторија Травел“ ДООЕЛ Прилеп, при што како управител со неограничени овластувања е запишана пријавената.

– Против тоа правно лице во текот на 2012 година е поднесена кривична пријава за измама на голем број граѓани, а во такво својство во текот на годинава почнала со вршење услуги на туристички агенции лажно прикажувајќи дека е овластена да продава промотивни авио билети по цени далеку поевтини од реалните без да ги поседува потребните дозволи и сертификати. За тоа граѓаните и плаќале лично преку услугата „брз трансфер на пари“ и тоа во времето кога се водела стечајната постапка, а исто така и за целокупното работење пријавената не водела никаква книговодствена евиденција ниту прикажувала и плаќала ДДВ. На ваков начин пријавената оштетила 15 субјекти од кои едно правно лице стекнувајќи се со противправна имотна корист од 1.613.446 денари, се вели во соопштението.

Му се насмевна среќата на дедото кој продаваше сладолед за да преживее

dedo

Добрите луѓе од целиот свет собраа 115.000 долари за 89-годишен дедо, кого жителите на Литл Вилиџ во Чикаго го гледаа секој ден како ја влече количка со сладолед.

Подгрбавен, дедото Фиденцио Санчез секое утро одел „на работа“ во исто време. Од тоа го прехранувал семејството. И покрај тешката ситуација и лошата здравствена состојба, никогаш не просел.

Џоел Сервантес Масиас рече дека неговото срце се скршило кога го видел тоа, бидејќи луѓето во тие години би требало да уживаат во пензијата. Тој го фотографираше и го постави на Фејсбук: Јас го почитувам овој човек најмногу. Пред да оди дома, Масиас купил 20 палети од него и му платил 50 долари.

Откако фотографијата ја виделе стотици луѓе одлучил да започне кампања преку Gofundme страницата и со помош на пријателите и добрите луѓе собрани се 115.000 долари.

Дедото Санчез со години продавал сладолед и заработувал максимално 60 долари дневно. Иако пред два месеци отиде во пензија, тој морал да се врати на работа затоа што едната ќерка му починала, а сопругата се разболела.

Тој беше пресреќен и длабоко трогнат од донацијата. Тој се заблагодари на сите и  рече дека сепак ќе продолжи да работи. Дел од парите тој планира да ги донира на црквите во Мексико, да плати сметки и  остатокот да го подели со внуците.  

Интервју со Игор Тодороски: Македонскиот Ник Болетиери

Македонија нема некои огромни успеси со кои може да се пофали во областа на тенисот, но ги има сите предиспозиции наскоро, со добро менаџирање и вложување, да заплови кон успесите во овој спорт. Игор Тодороски е тениски тренер од Прилеп, кој од петни жили се труди и вложува себе си, да направи што повеќе во издигнувањето на тенисот кај нас. Неговата примарна цел не е насочена првично кон неговиот личен интерес, тој има визија, има перцепција за нештата да ги направи подобри. За него развивањето и креирањето на здрави млади луѓе, кои ќе се занимаваат со професионален тенис во иднина и ќе не радуваат со успеси, е секојдневна водилка, што го тера напорно да работи и никогаш да не се откажува. Лесно е кога се разговара со ваков човек, човек кој има потполна посветеност и живее за тенисот.

14218188_10210357052221033_1215294248_n

Од кога се занимаваш со тенисот како спорт и кaкви можности дава овој спорт?

Со тенис се занимавам од 1990 година, со самото запишување на Факултето за физичка култура во Скопје, а во исто време се изградија и првите тениски терени и во Прилеп. Пред тоа беше една наивна форма на играње, со помош на мрежи исплетени од вреќи, по некои училишни дворови. Еве за моја среќа сеуште работам во областа што најмногу ја сакам.

Игор ти си тениски тренер. Како се снаоѓаш на тоа поле, каква е заинтересираноста кај младите во нашиот град за тенисот и дали постојат  потенцијали, односно таленти кои би се развивале во иднина?

Со оглед на целокупното ниво на кое котира македонскиот спорт, и во тенисот за жал само се снаоѓаме. Бројот на тенисери постојано опаѓа, особено во моментите кога треба  да се случи таа трансформација од јуниорски во професионален тенисер. За среќа се гледа нов бран на заинтересирани и исклучително талентирани деца. Всушност Македонија и посебно Прилеп, поседуваат вреден инстинкт и талент кон овој спорт, што нормално со тек на време и напорна работа треба да се канализира во врвен спортски резултат.

Во што се состои предизвикот да се работи како тренер, што е твоја инспирација да  го пренесуваш твоето знаење на другите?

Тука како одговор би го навел вториот дел од претходното прашање, односно неисцрпниот талент на нашите деца кој за среќа постои, како и поради потребниот квалитет кој го добиваме, особено тоа излегува на површина во последните 2-3 години. Сето тоа е еден прекрасен мотив да се работи на полето на тениската едукација. Да се пренесува знаење и искуство, мислам дека нема поголема инспирација и предизвик од тоа. Зар може некој тренер да посака нешто подобро од тоа да има на кого да му ги пренесува тајните на тенисот? Затоа доколку  сакаме повисоки спортски резултати  искрено сите треба да се грижиме за сите овие наши  деца, како ние тренерите, така и клубовите, федерациите и целиот систем. Затоа што тие се нашата иднина на која верувам утре сите ќе се радуваме на постигнатите спортски резултати.

14247608_10210357055101105_2136209280_o

Имаш ли своја школа, свој  клуб ?

Во моментов работам како независен тренер, токму во областа на трансформација од јуниорски во професионален тенис. За жал тоа одзема многу време во подготовки и настапи по турнири, што носи и многу отсуства и не дозволува посветување на доволно внимание кон генерациите кои идат и по автоматизам  ангажман за некој клуб.  За среќа имаме одлична комуникација со моите колеги, ние сме како едно семејство, така да заедно ги следиме потребите за следните генерации. Инаку слободно можам да кажам дека во Прилеп моментално околу 150 деца активно се занимаваат со тенис.

Какви се можностите за натпреварување, постојат ли доволно турнири, каде можете да се докажувате и  колку често се одржуваат такви натпреварувања?

Да слободно можам да кажам дека има доволен број на турнири. Тука се националните турнири од календарот на Македонската тениска федерација, но и регионалните турнири, на кои децата можат преку игра да го покажат стекнатото знаење. За жал имаме малку професионални турнири, но во блиското опкружување постојат и такви, така да можеме  да  го компензираме тој недостаток, но тие турнири си носат и поголеми трошоци, кои за жал се целосно на товар на родителите.

Кои се твоите лични достигнувања во тенисот, твоите идни планови, односно за што се подготвуваш моментално и што можеме да очекуваме од тебе за скоро?

Па видете, како тренер работам од февруари 1998 година. Тренерската кариера ја започнав во Националната спортска Академија во Софија, во школата на професорот Ангел Панчев, потоа работев во Тениски клуб “Маркови Кули”, во “СБС” –Софија, ТК “Ас” – Скопје, сум бил камп лидер на најголемиот тениски камп во светот во Турција, сум учевствувал  во подготовката на многу талентирани и врвни играчи ( Димитров, Лајовиќ), бев национален тренер на репрезентацијата до 14 години, член на РСТ (германска тениска академија 2010-2013 год.)…. Тука би го навел и успехот на Илија Мартиноски, кој беше втор во Европа до 16 години, според ранг листата на Тennis Europe, kako и успехот на Александра Јосифоска која исто така има играно полуфинале на Мастерс  на 8-те најдобри до 16 години во Европа, додека на 18-годишна возраст имаше 466 WTA ранг. И двајцата своите тениски кариери ги продолжија на колеџ во САД. Сепак како најголем личен успех би го споменал фактот што сите тие деца сега се изградени, здрави, едуцирани личности, кои успешно напредуваат во нивните кариери надвор од тенисот, а некои од нив ги продолжија  тениските кариери и активно работат како тренери. Инаку моите планови неизбежно се поврзани со тенисот, конкретно во извлекувањето на децата во просторот на професионалниот тенис. Тешко оди во Македонија, посебно во таа област, затоа што сме оставени самите на себе си и тешко е да се бориш  против економски посилни средини за инвестирање и менаџирање, но се надеваме дека и кај нас инвеститорите  и спонзорите ќе го увидат својот интерес. Жалосно е кога гледаме како нашите таленти прерано се откажуваат од својот развој, точно поради овој фактор.

14247943_10210357048660944_1659089953_o

Какви се можностите за тренинг во Прилеп, имаме ли доволно тениска инфраструктура или е потребно да се направи повеќе на тоа  поле?

Искрено можам да кажам дека Прилеп е втор центар во Македонија, каде активно функционираат три клубови, има 9 земјени терени, еден на тврда подлога и еден  покриен терен. Исто така активни се 7 тренери, кои покриваат околу 150 деца. Единствен недостаток во овој момент   е можеби потребата од уште барем еден покриен терен, за функционално да се одвива тренашкиот процес во зимскиот период.

Што е потребно за да се биде одличен на полето на тенисот, што му е потребно на еден спортист за да успее во овој спорт?

Многу жртва, работа, работа, работа, упорност, верба и нормално финансии.

Дали тоа што тенисот е еден од поскапите спортови, според многумина, е причината што сеуште не сне заблескале како нација во овој  спорт, или постојат и други причини?

Па видете, за професионален тенис секако треба многу финансиски средства, меѓутоа, за почетно ниво незнам зошто се претставува како скап спорт. Во зависност од клубовите и од возраста, цената на месечно ниво (8-12 тренинзи) се движи од 600-1500 денари. Треба да се знае и тоа дека клубовите трошат средства на амортизација, топчиња, реквизити, земја, вода, мрежи…. и.т.н.  Просечно еден тренинг чини помеѓу  80-120 денари. Најважно, групите на деца се од 3-6, па така се посветува огромно внимание, поединечно на секое дете.

14233347_10210357055421113_1626540418_o

Игор, која подлога е најдобра за играње според тебе?

Сите подлоги  си имаат свои специфики, меѓутоа омилена ми е земјената подлога, од причина  што во изработката на теренот секогаш мора да се дополнува содржината од сите аспекти, технички, тактички, физички, што го носи денешното ниво на тенис на работ на перфекција.

Кој се твоите омилени тениски асови, имаш ли свои идоли?

Лично секогаш сум за промени, поради тоа што истите провоцираат ракции кај другите. Моментално единствена промена   кога би требало да предизвика реакции кај следните генерации и да го крене тенисот на уште повисоко ниво, е Новак Ѓоковиќ, кој се надевам ќе го н админе бројот на освоени Гред Слем титули   на Федерер. Женскиот тенис е малку поспецифичен  и очекувам промена на генерации, која треба да отвори простор за другите. Искрено стегам палци за Лина Ѓорческа, која верувам за брзо време дополнително ќе не радува со нејзините успеси.

Благодариме за одвоеното време и ти посакуваме да ја оствариш својата визија и да создадеш многу изградени играчи што ќе ги бранат националните бои.

 

Подготви: Александар Георгиоски

 

Земјотрес во скопска кладилница: Вистински кладилничар ни во паника не го остава билтенот (ВИДЕО)

За време на вчерашниот земјотрес, на Фејсбук се појави видео од една скопска кладилница.

 

kladilnica-jpg5_

Сите луѓе при земјотрес сакаат да спасат жива глава, но еден кладилничар гледаше да го спаси и билтенот.

prashalnik.mk- нова платформа за онлајн истражувања која им овозможува на граѓаните да заработат преку пополнување анкети

prasalnik

Следејќи го се поголемиот развој на дигиталните медиуми и новите трендови во пазарните истражувања, Агенцијата Маркет Висион од Скопје го формираше онлајн панелот за истражувања Прашалник, достапен наwww.prashalnik.mk, каде сите оние што се заинтересирани ќе можат бесплатно да се регистрираат и да заработат учествувајќи во анкетите кои ќе се спроведуваат преку оваа платформа.

Се почесто во светот, онлајн истражувањата поради својата поефикасна и поедноставна форма овозможена од новите технологии, ги заменуваат традиционалните телефонски и теренски анкети со посредство на анкетар. Популарноста на овие истражувања во најголем дел се должи на можноста граѓаните да одговорат на прашалникот во време кога им одговара и да дадат искрен и добро осмислен одговор во врска со нивните навики или пак производите и услугите што ги користат, свесни дека за вложениот труд и потрошеното време ќе добијат соодветен паричен надомест. Од друга страна, компаниите кои сакаат да добијат сознанија за пазарот, или пак поконкретно за нивните производи и услуги со цел да го подобрат своето работење ќе можат да ги добијат информациите побрзо и за пониска цена од традиционалните истражувања.

Онлајн панелот Prashalnik.mk функционира на тој начин што регистрираните корисници на панелот добиваат е-маил порака со покана за учество во истражување и доколку се согласат добиваатлинк каде може да пристапат до соодветен прашалник ида го пополнат електронски преку компјутер, таблет или пак мобилен телефон, а за возврат да добијат поени кои што ќе може да ги заменат за подароци или пак за пари.

Сите оние на кои им звучи примамливо можноста да пополнуваат анкети и на тој начин да заработат, можат да добијат повеќе информации и бесплатно да се регистрираат на www.prashalnik.mk.

ВИДЕО: Доказ дека фудбалот е повеќе од игра: Погледнете го ова ремек дело од Параолимпијадата во Рио

untitled

Дека фудбалот е повеќе од игра покажаа овие момци кои и покрај физичките недостатоци го воодушевуваат светот со нивните фудбалски ремек дела.

Факт е дека Параолимписките игри не се доволно присутни на телевизиските екрани, иако изобилуваат со спортски возбудувања.

После овој фудбалски потег сите ќе го сменат мислењето.

 

ПРОВЕРЕТЕ: Апликација на македонски која покажува колкав е вашиот ризик од земјотрес

Во рамките на проектот Европа РЕ којшто беше во функција на промовирање на осигурување од катастрофални ризици, Светска банка даде една силна поддршка со ангажирање на светска реномирана куќа која има искуство на глобално ниво во однос на снимање на ризици, на изложеност и тоа на двата најнепосакувани, а најчесто случувани ризици, а тоа се земјотрес и поплава, рече во Отвореното студио на ТВ Нова директорот на Агенцијата за супервизија на осигурување, Климе Поповски.

klime-popovski-1

„Имаме една веб-апликација којашто се вика CATMonitor, при што секој граѓанин може слободно да се регистрира. Апликацијата е многу пријателски ориентирана, има на македонски јазик, на албански и на српски јазик, бидејќи се однесува за тие три земји што се дел од проектот“, вели Поповски.

Потребно е да се регистрирате на страницата со што добивате свој профил и таму ќе ги внесете податоците за вашата куќа или стан, како што се општина и улица на објектот и самиот програм ќе го мапира вашето место на живеење.

„Врз база на тоа мапирање на ризици, се користат податоци од еден стогодишен период, искуства со земјотреси што се случувале на територијата на Република Македонија, ќе ви каже колку сте вие изложени на тој ризик“, рече Поповски.

Апликацијата можете да ја најдете на адресата www.catmonitor.com.

ФОТО: Воената униформа не можеше да ја сокрие нејзината убавина: Погледнете како изгледаше курдската “Анџелина Џоли”

_91166594_c01fd1eb-70a6-4113-a286-994b95c0700e

Според западните медиуми таа била “постер-девојка” , која освен со убавината восхитувала и со нејзината храброст.

19 годишната Азиа Рамазан Антар која потекнува од сирискиот курдски град Камишли, беше убиена од страна на членовите на Исламската Држава минатиот месец.

Откако нејзини фотографии се појавиле во јавноста, таа меѓу луѓето била позната како “Анџелина Џоли од Курдистан”.

Таа се приклучила во армијата откако ги поминала обуките во 2015 година и веднаш заминала во првите редови да се бори против екстремистите од Исламска држава.

_91166596_7fd25a7a-83ea-4e7f-9e0d-7431b8c805d2

_91165606_14203362_1768561690085555_3101639742187795606_n

 

Хумана акција на прилепските гимназијалци

Во петокот, на 09.09.2016год. Младинската организација при Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп, организираше хуманитарна забава. Забавата се одржа во „Кафе Вирус“. За забавата имаше голем интерес кај учениците и професорите, што се покажа со големата посетеност.

[Best_Wordpress_Gallery id=”363″ gal_title=”GimnazijaHumanitarna”]

Сите сретства собрани од настанот, заедно со сретствата кои ќе бидат собрани од планираниот спортски турнир, се наменети за настраданите семејства од поплавите во Скопје.

И овојпат, учениците од Гимназијата ја покажаа својата хуманост на дело.

12 годишен генијалец запишан во престижен универзитет за физика

%d0%b8%d0%bd%d0%b4%d0%be%d0%bd%d0%b5%d0%b7%d0%b8%d1%98%d0%b0

Престижен канадски универзитет прими 12 годишно дете да биде студент на студиите по физика пренесуваат канадските медиуми.

Дики Сурјатмадија примен е на Универзитетот од Ватерло во Онтарио со стипендија изјави индонезискиот амбасадор во Канада.

“Тоа е извор на инспирација за другите деца во Индонезија” изјави амбасадорот.

Дики благодарение на неговиот талент ги прескокна пониските одделенија и сам го научил англискиот јазик. Денес тој живее заедно со родителите во Канада.