дома блог страница 490

Maркукуле дознава! Познат идентитетот и состојбата на ранетата во ЦСР Прилеп

Денеска околу 14 часот пред Центарот за социјална работа Прилеп, засега непознато машко лице испукално неколку куршуми од огнено оружје.

Во пуктотницата со прострелна рана се здобила М.Ѓ. (36) од Прилеп, вработена во институцијата.

Маркукуле дознава дека повредената се здобила со влезно-излезна рана во десниот дел од градниот кош. М.Ѓ. е примена во градската болница “Борка Талески” и е моментално во стабилна состојба.

Засега не се познати причините кои довеле до настанот, а не е познат ниту идентитетот на сторителот.

Очекувајте повеќе информации во текот на денот.

Неофицијално: Пукање пред социјални грижи Прилеп, има и ранети

Пред неколку минути прeд Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Прилеп имало пукотници, во кои една жена се здобила со прострелни рани.

Повеќе информации за кратко.

Општина Прилеп ќе оддели средства за семејствата на настраданите и повредените во кочанската тpaгедија

На 58-та седница на Советот на Општина Прилеп, која ќе се одржи на ден 25.03.2025 година (вторник), прва точка на дневниот ред е донесување на Одлука за доделување на хуманитарна помош за повредените и настраданите во трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“, во Општина Кочани.

По примерот на повеќе други општини, и општина Прилеп се солидаризира со семејствата на настраданите и повредените од кочанската трагедија, па се очекува одлуката едногласно да биде поддржана од сите советници.

Покрај тоа, советниците на оваа седница ќе гласаат и по 25 други точки:

2. Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Прилеп, за 2025 година.
3. Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот-Информацијата за безбедносната состојба на подрачјето на ПС од Општа надлежност-Прилеп, за 2024 година.
4. Предлог-Одлука за утврдување на приоритетен проект финансиран преку Европска Инвестициона Банка во рамки на Проектот за подобрување на водната инфраструктура на општините во Република Северна Македонија.
5. Предлог-Одлука за давање согласност и овластување за потпишување на Договор/и за грант.
6. Предлог-Одлука за давање согласност и овластување за измирување односно пренасочување на средства од буџетската сметка на Општина Прилеп.
7. Предлог-Одлука за дополнување на Одлуката за одредување на јавните паркиралишта на кои ќе се врши наплата на паркирање.
8. Предлог-Одлука за прифаќање на донација во ствари од страна на Комфи-Ангел ДОО Прилеп.
9. Предлог-Одлука давање согласност на Годишен план за измена и дополнување на Годишниот план за вработување за 2025 година, на ЈКП “Пазари”-Прилеп.
10. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈКП “Пазари” -Прилеп, за 2025 година.
11. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на максималниот износ на вредноста на бодот за пресметување на платите на административните (јавни) службеници за 2025 година во ЈОУДГ ,,Наша иднина’’ Прилеп.
12. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за расходовање на нефункционална оштетена и дотраена електронска опрема, на ООУ “Кире Гаврилоски-Јане”- Прилеп.
13. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуките за отпис-расход на расипаните, дотраени и неупотребливи основни средства, на ООУ “Добре Јованоски”- Прилеп.
14. Предлог-Одлука за давање позитивно мислење на Статутот на ООУ “Круме Волнароски” с.Тополчани- Прилеп.
15. Предлог-Одлука за давање позитивно мислење на Статутот на ООУ “Страшо Пинџур” с.Мало Коњари- Прилеп.
16. Предлог-Одлука за давање согласност на Програмата за изведување на научно наставни – екскурзии во учебната 2024/2025 година на ООУ “Страшо Пинџур” с.Мало Коњари- Прилеп, за III (трето), VI (шесто) и IX (деветто) одделение.
17. Предлог-Одлука за давање согласност на Програмата за изведување на научно наставни – екскурзии во учебната 2024/2025 година на ООУ “Круме Волнароски” с.Тополчани- Прилеп, за III (трето), VI (шесто) и IX (деветто) одделение.
18. Предлог-Правилник за измена и дополнување на Правилникот за доделување на награди за талентирани (наградени) ученици во основните и средните училишта во Општина Прилеп.
19. Предлог-Решение за именување членови на Управниот одбор на ЈОУ Градска библиотека “Борка Талески”-Прилеп.
20. Предлог-Решение за именување на претставник на Општина Прилеп во Училишниот одбор на ООМУ “Ордан Михајлоски-Оцка”-Прилеп.
21. Предлог-Решение за именување на претставник на Општина Прилеп во Училишниот одбор на ООУ “Коцо Рацин”-Прилеп.
22. Предлог-Решение за именување на претставник на Општина Прилеп во Училишниот одбор на OОУ,,Добре Јованоски’’-Прилеп.
23. Предлог-Одлука за донесување на детален урбанистички план за четврт 2, блок 2.10, фаза нацрт план, плански период 2021 – 2026 год., Општина Прилеп.
24. Предлог-Одлука за донесување на детален урбанистички план за четврт 2, блок 2.14 и 2.15, фаза нацрт план, плански период 2024 – 2029 год., Општина Прилеп.
25. Предлог-Одлука за донесување на урбанистички проект со план за парцелација за ГП бр.42 и 43 (како дел од ДУП за УАЕ бр.7) во една градежна парцела (ГП бр.1), КО Прилеп, Општина Прилеп.
26. Предлог-Програма за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Прилеп, за 2025 година.

Ова и во Африка го нема! Го реновирале станот, па целата старудија ја “тупосале” во паркот (Фото)

Несовесни граѓани направија депонија во паркот на улицата “Петта прилепска бригада”, по реновирање на стан.

-Вака се реновира стан на двосмерната ,, Петта прилепска”. Целиот мебел, инвентар, облека и друг отпад исфрлен во паркот. Се работи за двајца сторители оној кој го продал станот и оној кој го купил, според информациите од станарите. Несовесните граѓани се пријавени во Инспекторатот – напишаа од ЈКП Комуналец на социјалните мрежи.

Српскиот коментатор заплака за време на минутата молк за настраданите во Кочани (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Србија во Белград играше реванш од плејофот од Лигата на нации против селекцијата на Австрија, а коментаторот на РТС, Александар Стојановиќ, не можеше да ги задржи емоциите пред почетокот на мечот.

Видеото можи да го видите тука:

https://x.com/sportsscandals1/status/1903859575121477636?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1903859575121477636%7Ctwgr%5Ea6c6c79dcd2cef8b8cdd185944e6b27d645b94b1%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fsport%2Ffudbal%2Fsrpskiot-komentator-zaplaka-za-vreme-na-minutata-molk-za-nastradanite-vo-kochani-video%2F

(ВИДЕО) Еве како се веселеле приведените од синоќа во Прилеп

Во денешниот билтен со дневни настани, МВР информираше дека на подрачјето на Прилеп во изминатото деноноќие приведени се 12 лица, од кои едно е малолетно, поради непочитување на одлуката на Владата за седумдневна жалост за трагедијата во Кочани.

Маркукуле од читатели доби видео од група млади луѓе кои кај Центарот за култура “Марко Цепенков” пуштале гласна музика и се забавувале, додека цела држава тагува по животите на нивните врсници и се моли за оздравување на повредените.

Независниот студентски сојуз го откажува утрешниот собир пред УКИМ

Од Независниот студентски сојуз, кој е организатор на најавените студентски протести, соопштија дека го откажуваат собирот пред УКИМ. Од сојузот, во испратеното соопштение велат, дека – биле огорчени, и разочарани, од политички влијанија, и мешање, во нивните, како што велат – искрени, и чесни намери.

„Денес сведочиме, за видео материјал, со кој, се потврдува – политичката вмешаност. Огромна, група на студенти, е цел на обид – за манипулација и тоа не сакаме да го дозволиме“, се вели во соопштението, на Независниот студентски сојуз. Оттаму информираат, дека – нивниот собир, закажан за утре, во 13 часот, пред платото на УКИМ се откажува, а за доплнителните чекори ќе известеле во наредниот период.

Прилепчанец фатен како краде во маркет

-На 22.03.2025 во 14.20 часот во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода П.Ш. од Прилеп, кој извршил кражба од маркет во Прилеп.

Украдените предмети биле вратени на сопственикот, а по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава – информираат од ОВР Прилеп.

Што се’ шета на слобода! Малолетни девојки доживеале хорор на градскиот плоштад во Прилеп

-На 22.03.2025 во 22.00 часот во ОВР Прилеп, 37-годишна жена од Прилеп пријавила дека на 22.03.2025 околу 19.40 часот нејзината малолетна ќерка, заедно со нејзините четири малолетни другарки, на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп биле физички нападнати и допирани по телото од страна на четири лица.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот – информираат од ОВР Прилеп.

Се асфалтира улицата “Никола Тесла” во Битола (ФОТО)

Општина Битола е во завршна фаза на реализација на проектот: Реконструкција на коловоз, мешовита канализација и водоводна мрежа на
улица „Никола Тесла“. Работните активности се одвиваа на потегот од поврзувањето со улица „Влатко Миленковски“ до спој со „Булевар 1 ви
Мај“.

Реконструкцијата на комплетната инфраструктура е во вредност од 9.826.756,09 денари, а инфраструктурното уредување во овој дел на градот
вклучува и реконструкција на улично осветлување во износ од 2.394.000,59 денари.

Ова е еден од проектите со кои локалната самоуправа, дејствува во насока на подобрување на патната инфраструктура во централното градско
подрачје.