дома блог страница 480

Мицкоски: Постигнавме историски највисока цена на откупен тутун по килограм од 400 денари

Постигнавме историски највисока цена на откупен тутун по килограм од 400 денари, објави на својата Фејсбук страница премиерот Христијан Мицкоски.

Во изминатиот период заедно со Министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Цветан Трипуновски имав интензивни средби со тутунарите и откупувачите на тутун.

Од денес откупувачите на тутун ја дополнија откупната цена од 375 на 400 денари за откупен тутун прва класа, со што тутунарите ќе ја добијат вкупната сума кои ја бараа. Дополнително Владата ќе ја зголеми и субвенцијата од 80 на 100 денари за килограм, што значи дека заедно со откупната цена и субвенциите секој тутунар ќе добие по 500 денари за килограм тутун.

Пресметките говорат дека само оваа година над 140 милиони евра ќе завршат во рацете на тутунарите.

На овој начин директно помагаме на земјоделците кои се р’бетот на нашата земја и кои со мака и труд заработуваат за пристоен живот.

Продолжуваме 100% посветени, пишува Мицкоски во својата објава.

Измислени за в кладилница – речиси секогаш секогаш се 10 плус

Ракометарите на РК Прилеп вечерва пред своја публика го забележаа осмиот пораз сезонава, откако со високи 30:40 беа поразени од лидерот на табелата Алкалоид, кој е предводен од селекторот на македонската репрезентација, Кире Лазаров.

Прилепчани поведоа само на почетокот од натпреварот со 2:0, по што Алкалоид веднаш ги презеде работите во свои раце и дојде на 3:7. На полувремето се замина со плус пет за гостите 13:18.

Во вториот дел избраниците на Лазаров само ја зголемуваа разликата, а проблем за прилепчани беше и третото исклучување на пивотот Томислав Квастек, еден од најдобрите поединци во тимот, кој по црвениот картон остатокот од натпреварот мораше да го следи од трибините.

До крајот на натпреварот немаше изненадувања, а Алкалоид лесно дојде до посакуваните бодови.

Прилеп по ова коло останува на 12 освоени бода и продолжува да прима над 30 гола по натпревар. Одбраната останува рак рана на тимот, а играчите како да не покажуваат желба за натпревар против големите фаворити. Aко тимот сака да дојде во прилика да се бори за плеј-оф, тогаш мора да се покаже карактер и во натпреварите со екипите од горниот дел на табелата. Победи против Радовиш, Бисинов, Куманово и Струга, носат само нова борба за опстанок во суперлигашкото друштво.

Во наредното коло, избраниците на Божидар Мојсов гостуваат кај “фенерџијата” Радовиш.

Сабота ден за кошарка во Прилеп! Два натпревари во спортската сала во OOУ “Добре Јованоски”

По поразот од Охрид во минатото коло, екипата на Мега баскет има шанса за поправен пред своја публика викендов.

Утре во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски”, со почеток од 19:30часот, гостува Маџари, екипа која во моментов котира со еден бод подобро од прилепчани.

Ова е десетто коло во Втората кошаркарска лига, а Мега баскет има шанса со триумф да се приближи одново до врвот на табелата.

Три часа порано, во истата сала, со почеток од 16:30часот, се игра и натпревар од младинската лига, каде екипата на Мега баскет до 16 години го пречекува Тиквеш.

Да ги поддржиме и двете екипи со големо присуство на трибината.

Ристески: За една недела листата на производи во Новогодишната кошница се зголеми од 650 на 900

Заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески денеска објави дека листата на производи од акцијата „Новогодишна кошница“ е зголемена на повеќе од 900 производи.

– Интересот за приклучување на компаниите во акцијата „Новогодишна кошница“ расте, за една недела листата на производи се зголеми од 650 на повеќе од 900 производи, напиша Ристески на социјалните мрежи.

Тој најавува дека од задутре, кога почнува акцијата па до 15 јануари граѓаните ќе можат да купат повеќе од 900 производи од 83 компании кои тие самите ги понудиле, со пониски цени од најмалку 10 проценти.

Ристески се заблагодарува на компаниите кои се дел од акцијата (производители, дистрибутери и маркети), кои, како што нагласува, излегоа во пресрет на повиците на јавноста и на дело ја покажуваат нивната општествена одговорност.

– Листата на производи не е затворена и сите заинтересирани можат да се пријават со свои производи на [email protected]. Апелирам компаниите доследно да ја почитуваат акцијата која што самите ја креираа, а доколку граѓаните имаат забелешки да ги пријават до Државниот пазарен инспекторат на бесплатниот телефонски број 191 или на веб страната www.dpi.gov.mk, наведува Ристески во објава на Фејсбук.

Претходно денеска премиерот Христијан Мицкоски рече дека бројот на производи опфатени со акцијата е зголемен од 600 на 800 и оти Државниот пазарен инспекторат ќе ја следи работата на маркетите.

Мицкоски уверува дека најавеното намалување на цените на производите опфатени со акцијата „Новогодишна кошница“ ќе го заштити семејниот буџет.

– Очекувам позитивни ефекти и очекувам за празниците потрошувачката кошничка да биде што побогата, изјави Мицкоски, по поставувањето камен темелник на нова фабрика во ТИРЗ Кичево.

Во листата на новогодишната потрошувачка кошничка спаѓаат леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци, алкохолни пијалаци (вино и пиво) и друго.

Изминатите денови пазарните инспектори ги мониторираа сегашните цени на производите коишто ги содржи акциската листа заедно со најниските цени на истоимените производи кои биле применувани во последните 30 дена. Целта на мониторингот е да се утврди дали по почетокот на акцијата трговците ќе се придржуваат до дадената иницијатива од нивна страна за акциско намалување на цените од 10 отсто или повеќе на прехранбени производи кои најмногу се продаваат во текот на новогодишните празници.

Производите на листата кои ќе бидат понудени на полиците во трговските ланци ќе бидат обележани со налепница и лого „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, како дел од кампањата на Владата.

Акцијата „Новогодишна кошница“ ќе се спроведува заклучно со 15 јануари 2025 година. Граѓаните може да пријават неправилности на бесплатниот телефонски број 191 или на веб страна на ДПИ www.dpi.gov.mk, на која е достапна и листата со производи.

Наградна игра: Преку цртежи за најголемата приватна пошта ЕЛС до големи награди и изненадувања за децата

Сите деца до 14 години во предновогодишниот период ќе имаат можност да ја искористат својата фантазија и својата креативност и да учествуваат во наградната игра што ја организира најголемата приватна пошта Еко Логистик Сервис (ЕЛС).

Ликовниот конкурс е на тема „Како ја замислувате најголемата приватна пошта ЕЛС“, а најмладите преку цртежи ќе можат да се изразат како замислуваат дека нивните пратки стигнуваат во нивни раце. Наградната игра започнува денеска, 11 декември 2024, а завршува на 29 декември 2024 година.

Сите цртежи што ќе пристигнат ќе бидат објавени на официјалната Фејсбук страница на ЕЛС, каде што преку „лајкови“ ќе се одвива и гласањето. Трите цртежи со најмногу лајкови ќе добијат преубави награди кои ќе пристигнат на наведените адреси на добитниците пред Новата 2025 година, a изненадувања ќе има и за останатите учесници.

Цртежите можат да се испратат на електронската пошта на официјалната Фејсбук страница на ЕЛС, на електронската адреса [email protected] или пак да се донесат во најблискиот хаб на ЕЛС со назнака: Новогодишен поштенски фаx, Дирекција на ЕЛС, 15 Корпус Автокоманда, 1000 Скопје.

Воедно, секое основно/средно училиште што сака да ги приклучи своите ученици во наградната игра, може да се обрати на електронската адреса [email protected] со цел да се постават кутии за цртежи во училиштето.

ЕЛС организираше наградна игра на истата тема и минатата година, а пристигнаа 53 цртежи. Децата својата креативност и фантазија ја изразуваа цртајќи камиони, авионски пратки, облаци. Според бројот на гласови, првата награда – душек за спиење ја доби Марко, втората награда – ранец со прибор за цртање ѝ припадна на Мила, а третата – новогодишно пакетче отиде во рацете на Димитар. Нивните цртежи можете да ги погледнете во прилог.

Еко Логистик Сервис и понатаму ќе продолжи редовно се вклучува во хуманитарни и донаторски акции од секаков вид, особено кога станува збор за децата и ранливите категории граѓани.

Почнува забраната за пушење во затворени објекти

На територијата на Федерацијата Босна и Херцеговина денеска ќе се применува Правилникот за забрана за пушење во сите затворени објекти во овој ентитет на Босна и Херцеговина.

Правилникот стапи во сила пред шест месеци, но им се остави простор на угостителските објекти да се адаптираат половина година.

Законскиот предлог предвидува дека правните лица кои нема да забранат употреба на тутун ќе платат глоба до 5.000 марки (околу 2.500 евра), додека физичкото лице кое консумира тутун во затворен простор ќе се казни со глоба од 100 марки (околу 50 евра).

Казните ќе почнат да се наплатуваат за шест месеци.

Во Босна и Херцеговина, тутунските производи користат речиси еден милион луѓе, од околу 3,5 милиони жители.

Светската здравствена организација (СЗО) наведува дека БиХ со 35,5 отсто пушачи е втора во Европа, зад Србија, каде пуши 37,6 отсто од населението.

Кривична за прилепчанец – му го одзел пиштолот на шумски полицаец, па пyкал пред угостителски објект

СВР Битола поднесе кривична пријава против 36-гдишен прилепчанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 29.09.2024, пријавениот му одзел пиштол на шумски полицаец, по што пред угостителски објект во Прилеп испукал неколку пати од пиштолот – информираат од МВР.

ОДИМЕ НА СВЕТСКО? Македонија доби група по мерка за квалификации

Фудбалската репрезентација на Македонија ги дозна своите ривали во квалификациите за СП 2026 година во САД, Мексико и Канада.

Ждрепката во Цирих, Македонија ја стави во групата Ј, каде за противници ги добивме селекциите на: Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн.

Група по мерка, каде фаворитската улога секако ја има Белгија, но сите останати три репрезентации се противници со кои можеме да направиме резултати.

Ако пак ги земеме во предвид резултатите со фаворитите, кои нашата фудбалска репрезентација ги имаше во изминатите години, тогаш ниту Белгија нема да спие мирно.

Светското првенство за две години ќе има рекорден број учесници – 48.

Утре проекција на анимираниот филм “Божикната магија на животните” во киното “Мис Стон” во Прилеп

На 14.12.2024 во 12.00 ч. /сабота/ во кино Мис Стон ќе се одржи проекција на детскиот анимиран филм „Божикната магија на животните“ . Филмот премиера имаше на најпрестижниот фестивал за анимиран филм во светот, „Анеси” во Франција.

Влезници на билетарницата од киното,

денес / петок/ од 10 до 12.00 ч. и еден час пред проекцијата на филмот.

Кратка содржина 

Волшебни приказни се расплетуваат во „Божикната магија на животните“, каде празничните чуда оживуваат. Нурнете во овие прекрасни и модерни сказни во кои животните тргнуваат на магични патувања од Франција до Јапонија, до Далечниот север и неговата поларна светлина, ширејќи радост и великодушност. Секоја приказна е чудна и шармантна авантура зачинета со хумор и убавина специфична за зимската сезона. Дозволете поезијата да ви го плени срцето и да ве пренесе во свет каде божиќната магија нема граници.

Режија:  Camille AlmérasCeylan BeyogluNatalia ChernyshevaHaruna KishiOlesya Shchukina, Caroline Attia Larivière

Година: 2024

Земја: Франција, Германија – француски, англиски, германски

Времетраење: 72 мин

Жанр: Анимација, фамилијарен

IMDB: https://www.imdb.com/title/tt33077003/?ref_=fn_al_tt_1

Возрасна категорија: цела публика (таргет група 3 -6 години)

Есента помина ,зимата дојде, пак ништо со Универзална сала

По долгогодишна иницијатива на спортистите, спортските клубови и општина Прилеп, за враќање во функција на Универзлната сала – или спортскиот храм на прилепчани, летоска конечно некој висок функционер го посети Прилеп и даде цврсто ветување дека работите ќе тргнат од мртва точка и дека прилепчани наскоро ќе се вратат на трибините и ќе ги бодрат своите спортски миленици.

Тогаш во посета на Прилеп беше министерот на новоформираното Министерство за спорт, Борко Ристовски, кој вети враќање во функција на овој спортски објект до есен, но во Универзална се’ уште нема активности.

Универзалната сала не е во функција повеќе години, а веќе видливо е дека времето остава траги врз овој некогаш грандиозен спортски објект.

Ристовски со себе тогаш донесе стручни лица и архитекти, кои беа зачудени зошто за толку банална причина, салата зјае празна и не функционира.

Покрај во Универзална, министерот во јули месец беше и во посета на спортската сала “Македонија”, уште една спортска величина која буди спомени кај прилепчани. За овој спортски објект министерот рече дека допрва ќе се прави анализа и ќе се испитува договорот за концесија.

Интересно е тоа што спортската сала “Македонија” била изградена за само 9 месеци во 1978 година, додека пак Универзалната сала била завршена за рекорни 100 дена во 1973година.