дома блог страница 475

Јапонски воз повторно тргнал 25 секунди порано, патниците добија извинување

Се вели дека Јапонците се најточна и најпрецизна нација, а за нивните железници се вели дека никогаш не доцнат и строго го следат распоредот на поаѓања на возовите. Сепак, се случи голема врева кога возот тргнал од станицата 25 секунди порано.

Раководителите на Јапонските железници веднаш им се извинија на патниците за возот што тргнал од станицата порано од планираното, сметајќи го за неприфатливо.

Според списанието „Јапан Тудеј“, машиновозачот мислел дека возот треба да тргне од станицата Нотогава во 7:11 часот наутро, наместо во 7:12 часот наутро, како што е наведено во распоредот. Откако ги затворил вратите на возот, ја видел својата грешка и сепак имал време да ја исправи и да избегне јавен скандал. Видел дека на станицата нема повеќе патници, па по сопствена иницијатива решил да тргне порано, 25 секунди пред време.

Сето ова би им било смешно на многу читатели во светот, а особено кај нас, ако не знаеле дека Јапонија има репутација за екстремна точност. Најголемата врева предизвикала фактот што неколку минути подоцна се покажало дека неколку луѓе чекале да се качат на возот, но не успеале да се качат бидејќи возот тргнал прерано. Тие поднеле жалба и добиле јавно извинување.

Минатиот ноември, кога исто така имаше порано тргнување на возот, раководството на „Цукуба Експрес“, кој го поврзува Токио со Цукуба, исто така јавно се извини за непријатностите што им биле предизвикани на патниците. Единствената разлика е што не се случи некои од патниците да останат на станицата.

Таравари ќе ги врати повторно дома тие што ги вработи во прилепската болница?

Јавноста во Прилеп долго време беше сведок на партиските превирања околу договорните вработени во прилепската болница. Минатата власт на СДСМ и ДУИ во ќорсокак остави над 120 фамилии. На над 120 луѓе кои со години одеа на работа со договори на дело, им престана работниот однос, а со промената на власта минатата година, министерот Таравари назад врати само мал дел од нив.

Претседателот на партискиот огранок на Алијанса на Албанците на Таравари во општина Долнени, Ерол Абдиу, неодамна се пофали на социјалните мрежи дека на деветмина од луѓето на кои им завршија договорите во болницата, се вратени на работа, како и тоа дека уште 4 нови лица почнале со работа.

Со заминувањето на Арбен Таравари од Владата, се поставува прашањето дали овие луѓе заедно со него ќе ја напушат прилепската болница, и колку вакви луѓе остави Таравари низ останатите градови?

Под слоганот “Еден збор-еден свет”, во Битола отворено 26. издание на Интернационалниот фестивал на монодрамата (Фото галерија)

Под слоганот „Еден збор-еден свет“, во Народниот театар, свечено беше отворено 26 издание на Интернационалниот фестивал на монодрама во
Битола.

Фестивалот за отворен го прогласи градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, кој во своето обраќање истакна дека овој културен настан низ годините израсна во препознатлив симбол на нашиот град Битола, на нашата држава, како и на меѓународно ниво.

„Монодрамата, како најинтимна и најлична форма на театарската уметност, претставува вистински предизвик за актерите, но и длабоко доживување за публиката. Таа ни овозможува да ѕирнеме во најскриените човечки емоции, мисли и борби, исклучиво преку силата на зборот и актерската изведба. И токму затоа, овој фестивал е посебен. Тој не само што го слави театарот, туку и храброста на индивидуата да застане сама пред светлата на сцената и да ја раскаже својата приказна.

Битола, со својата долга и богата театарска традиција, се покажа како совршено место за ваков фестивал, бидејќи Битола не е само град на
конзули и на историја, Битола е град на отворени срца, на талентирани уметници, на публика што знае да препознае вредност. Овој фестивал, кој веќе над четврт век ја збогатува нашата културна сцена, е доказ за тоа.

Овој фестивал не само што ја збогатува културната понуда, туку и придонесува за интернационална соработка, размена на идеи, искуства и
уметнички визии. Деновиве, нашата општина ќе биде вистински културен центар каде се среќаваат различни јазици, традиции и уметнички стилови
на актерството, преку индивидуалните пристапи и визии на актерите и нивните тимови“
, посочи Коњановски.

Пред присутните се обрати и директорот на Центарот за култута Битола, Влатко Илиевски, кој ги поздрави сите учесници, гости од земјата и
странство и им упати благодарност што jа избраа Битола како место за овој значаен настан.

Фестивалот се отвори со танцовиот перформанс „Д -како Дездемона“на Рисима Рисимкин, претстава инспирирана од трагедијата на Вилијам Шекспир
„Отело“.

Почнувајќи од вечерва, па се до 23 мај, битолчани ќе имаат можност да одледаат 10 претстави, со актери од 9 држави, а фестивалот ќе биде
пропратен со настани од ОФФ програмата, кои нудат посебно задоволство за публиката.

Жител од охридско лажел дека е киднапиран – заработи кривична пријава

-Жител на Рача ќе заработи кривична пријава за лажно пријавување на киднапирање. Неговиот брат вчера во охридаката полиција пријавил оти добил порака во која наводни киднапери бараат откуп за најблискиот роднина, кого полицијата подоцна го пронашла жив и здрав.

Вчера во 22.10 часот, СВР Охрид, во координација со полициски службеници од Секторот за општ и насилен криминал во МВР, го пронајде Б.П.(33) од охидската населба Рача.

Тој, на 16.04.2020 година во 13.05 часот, на мобилниот број од неговиот брат, испратил порака дека е киднапиран од непознати лица кои, му барале пари за негово ослободување, информира СВР Охрид.

ФОТО НА ГОДИНАТА: Младиот битолчанец фати 5 од 6 пенали и ги рашири рацете кон грчките навивачи

Алкалоид е многу блиску до кревање на трофејот во ЕХФ Европскиот куп откако македонскиот тим одигра извонредно на првиот финален дуел со грчки АЕК, славејќи сред Атина со резултат 25-29.

Лидер на тимот предовден од селекторот Лазаров беше младиот голман од Битола, Иван Галевски, кој одбрани 5 од 6 седмерци.

Ниту грчките навивачи, кои правеа нереди на трибините, не успеаја да ги исфрлат од ритам избраниците на Лазаров.

Младиот голман во еден момент ги рашири рацете кон грчките навивачи, како сакаше да им каже: “Ова е наш спорт и немате што да барате тука”.

Наскоро евра во нова форма: Европската банка објави најнови вести, се носат клучни одлуки

Европската централна банка (ЕЦБ) планира да ги донесе сите клучни политички и правни одлуки што би овозможиле лансирање на проектот за дигитално евро до почетокот на следната година. По усвојувањето на регулативата, се очекува дигиталната верзија на европската валута да им стане достапна на корисниците во рок од две до три години, изјави членот на Управниот одбор на ЕЦБ, Пјеро Чиполоне.

– Се надевам дека сè ќе биде завршено многу рано следната година. Донесувањето на законската рамка е неопходно, а потоа ќе имаме доволно време да го пуштиме дигиталното евро во оптек, рече Чиполоне на финансиска конференција.

Дигиталното евро како безбедна алтернатива на готовината и картичките

За разлика од традиционалните платежни картички како што се Visa или Mastercard, дигиталното евро би им овозможило на корисниците да поднесат директни побарувања против самата централна банка на еврозоната. Средствата би биле функционално и безбедносно слични на готовината, што значи дека граѓаните би можеле да го користат дигиталното евро за онлајн и физички плаќања без посредници и без отворање банкарска сметка.

Дигиталното евро би се имплементирало преку електронски паричник гарантиран од ЕЦБ, додека оперативното управување би им било оставено на комерцијалните банки.

Се очекува максималниот износ што корисниците можат да го држат во дигитална форма да биде ограничен на неколку илјади евра, со цел да се спречи дестабилизација на комерцијалниот банкарски систем.

Мицкоски најавува „големи промени“ во ВМРО-ДПМНЕ и Владата

Денеска најавувам дека по редовниот конгрес на партијата на крајот на годината, најдоцна почетокот на следната, ќе има големи промени во партијата и Владата. Кој ќе се покаже со својата работа, ќе остане, а, тие што нема да ги исполнат очекувањата на граѓаните, ќе ги поздравам и ќе им се заблагодарам, рече премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на годишнаѕа конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

-Пред нас се локалните избори. Кандидатите за градоначалници ќе ги објавиме во два циклуси, а првиот ќе биде кон крајот на месецов. Тоа што можам да го соопштам е дека нашите кандидати речиси во сите општини водат најмалку 3 до 4 пати, во споредба со кандидатите на опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ победува на овие избори, а прашање е дали опозицијата ќе освои 2,3 или 4 општини. Нема да бидам изненаден ако не освојат ниту една општина, кажа Мицкоски.

Млади виолинисти што ја носат иднината на музиката

Во пресрет на 11. издание на “Виолин фест – фестивал”, посветен на класичната музика и развојот на младите гудачи – на 12 мај во Офицерскиот дом во Битола се одржа концерт на кој настапија ученици од музичките училишта од Битола, Прилеп и Охрид.

Фестивалот е под уметничко и организациско раководство на познатиот македонски виолинист Владимир Костов, роден во Битола, кој веќе единаесет години стои зад оваа визија – да се создаде платформа што ги открива, поттикнува и поврзува младите виолинисти од Македонија и од светот.

Концертот во Битола беше емотивен омаж на младоста и уметноста – со изведби полни со страст, дисциплина и љубов кон музиката. Публиката имаше ретка можност да ужива во чистата енергија на млади музичари кои со својата искреност и храброст ја претставија виолината во нејзината најавтентична форма.

Претходно, во просториите на Државното музичко училиште – Битола, се одржа и јавен час, на кој учениците имаа можност да работат директно со Владимир Костов и да добијат вредни насоки и мотивација од врвен уметник и педагог.

Посебна благодарност до наставниците и менторите од:

• Државното музичко училиште – Битола • ООМУ „Методи Патче“ – Охрид

• ООМУ,,Ордан Михајлоски-Оцка” – Прилеп како и до пијанистката Доминика Робе Поповска, која со својата корепетиција создаде музички баланс и поддршка на секој настап на младите виолинисти.

Главниот фестивалски концерт на Виолин фест 2025 ќе се одржи на 9 јуни во Камерната сала на Филхармонијата во Скопје, каде повторно ќе се слави звукот на виолината. Проектот е поддржан од Министерството за култура.

Фотографија: Емилија Трајковска

Прилепските борачки во топ форма пред Европското во Скопје! Да им посакаме успех и среќа! (ФОТО)

Нашите прилепски борачки, Ангела Трајкоска и Тамара Цветкоска се пријавени на престојното Европско првенство У17, кое ќе се одржи во Скопје.

Ангела и Тамара се подготвени, вели главниот тренер Стојанче Тушески.

Клубот има многу инвестирано во овие борачки, секој месец најмалку 7 денови се на припреми во Косово, Србија и Бугарија. Но, од клубот стравуваат да не им се случи, како минатата година на Европското у17 во Белград, каде поради “нечија грешка” и’ беше оневозможено да настапи на Ангела.

Големи се очекувањата од двете борачки, бидеќи во моментов се во топ форма.

Да им посакаме успех, а ќе им треба и среќа, да не им се случи како лани “нечија грешка”.

Денеска е Св. великомаченичка Ирина

Пенелопа така се викаше пред да се крсти, беше ќерка на некој мал цар, чија престолнина беше некојси балкански град Магедон. Родителите и беа незнабошци.

Во христијанската вера ја воведе некој учител Апелијан, а потоа неа и нејзините дворски дами ги крсти свети Тимотеј, ученикот на апостол Павле.

Света Ирина во срцето се одлучи да живее девствен живот. Кога татко и слушна за тоа, се разлути и сакаше да ја стави на маки, но таа на чудесен начин го обрати во Христовата вера. Подоцна претрпе многу тешки измачувања од неколку цареви. Царот Савориј дури и ја умртви, но Бог повторно ја оживеа.

Нејзината проповед и чудата што Бог ги правеше преку неа приведоа многу незнабошци во Христовата вера. Најпосле, таа самата легна во гроб и му кажа на Апелијан да го затвори гробот. Кога по четири дена го отворија гробот, таа не беше внатре.

Така Бог ја прослави оваа голема маченичка и светителка.