дома блог страница 474

Сообраќајка на патот Градско – Прилеп, сообраќајот во целосен прекин

Поради сообраќајна незгода што се случила вечерва, товарно моторно возило (ТМВ) е попречено на експресниот пат Градско – Прилеп, поточно кон селото Дреново.

Сообраќајот на овој дел од патот е во целосен прекин, а возилата се пренасочуваат по стариот пат низ село Росоман.

Надлежните служби се на терен и работат на расчистување и нормализирање на сообраќајот. Се апелира до возачите да бидат внимателни и да го следат насочувањето од сообраќајната полиција.

ИГОР СТЕФАНОВСКИ ИЏЕ НА ПИЕДЕСТАЛ, ШПАНИЈА ТРКА ЗА ПАМЕТЕЊЕ

Изминатиов викенд Иџе повторно на пиедестал. Трката во Шпанија беше трка за паметење.

„Изгубено е првото место за 0.8 стоти делови од секунда. Тоа докажува какви се овие трки, неизвесност до самиот крај, борба при секоја кривина за што подобар пласман. И покрај тоа што во првото и третото возење, имав најдобро време и прва позиција од сите натпреварувачи, за жал, во второто возење направив грешка, која не чинеше позиција на пиедесталот. Секако, можам да кажам дека сум исклучително задоволен од трката која помина. Огромен успех за мене и за Македонија е да се биде на еден ваков натпревар со 100 натпреварувачи, вели Стефановски.

Иџе додава дека е вистински горд што публиката во Шпанија го дочека величествено, како трикратен европски шампион.

Благодарност до мојот тим, како и тимот на Ферари кои беа со мене во последниве трки. Благодарен сум за нивната пожртвуваност и подготовката на автомобилот за постигнување на овие вистински, извонредни резултати. Со оваа трка и освоените бодови, се позициониравме на првото место во групата 1, и второ место во генералниот пласман од сите натпреварувачи. Со мојата екипа, веќе сме на пат за Македонија, а веќе следната недела не очекува петтата трка од ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC) која ќе се вози во Чешка, изјави Стефановски.

Стефановски се трка со автомобилскиот ѕвер од Ферари 488 B8, специјално дизајниран за овие патеки.

Видеолотарија Касинос Австрија уште еднаш упатува искрени честити до Иџе за постигнатиот успех во оваа трка. До крајот на овој шампионат, остануваме посветени во поддршката и ќе продолжиме заедно да навиваме за Иџе и Македонија.

Стоби Флипс – главен спонзор на детската трка „Децата под Исарот“ за поддршка на здраво и активно детство

Безвременскиот Стоби Флипс на Витаминка со гордост ја презеде улогата на генерален спонзор на детската спортска манифестација „Децата под Исарот“, која по втор пат го оживеа Штип оваа година. Настанот кој е посветен на радоста, движењето и единството, се одржа под покровителство на брендот што неуморно ги поддржува вредностите на активниот и здрав начин на живот.

Трката е уникатна можност за најмладите да ги искажат своите спортски таленти, да се натпреваруваат во безбедна и стимулирачка атмосфера, а пред сè – да научат дека движењето и тимскиот дух се основа на секоја здружена заедница.

„За нас во Витаминка, поддршката на вакви настани не е само обврска, туку страст. Веруваме дека децата се иднината, а нивното здравје и насмевки се најголемото богатство. Со учеството во „Децата под Исарот“, сакаме да ја истакнеме важноста на физичката активност и радоста од споделување“, истакнуваа од маркетинг секторот на Витаминка.

Оваа година, на настанот учество зедоа околу 700 деца, поделени во повеќе категории од 4 до 14 годишна возраст. Трката е со хуманитарен карактер и сите средства ќе бидат донирани.

Стоби Флипс и Витаминка искрено им се заблагодаруваат на организаторите за довербата и можноста да се биде дел од оваа прекрасна иницијатива. Заедно, продолжуваме да градиме свет каде што секое дете ќе има можност да расте силно, здраво и исполнето со позитивна енергија!

Опожарени три возила, едното во сопственост на кандидат за градоначалник

Во пожар што се случи ноќеска 20 минути по полноќ изгореа три автомобили паркирани пред колективна зграда на улицата Леринска во Битола.

Огнот прво избувнал во „тојота“, а потоа зафатил уште две возила паркирани до тој автомобил.

Според неофицијални информации, едниот опожарен автомобил е сопственост на бизнисменот и поранешен кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ, Христо Кондовски.

Од полицијата потврдуваат дека се опожарени возилата, а екипи на противпожарната служба интервенирале веднаш по дојавата и спречиле пошироко проширување на огнот. Немало повредени лица.

Според портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова, трите опожарени возила се водат на приватни фирми, битолска, скопска и тетовска фирма.

– Пожарот избувнал на паркинг на улица Леринска каде од страна на непознат сторител била фрлена запаллива течност при што опожарени биле три возила ‘тојота рав’ хибрид со битолски ознаки сопственост на приватна фирма, корисник била С.К. Другото опожарено возило е ‘пасат’ со тетовски регистерски ознаки сопственост на приватна фирма и третето зафатено со оган возило е ‘дачија’ со скопски ознаки исто така сопственост на приватна фирма. Извршен е увид на местото на настанот се преземаат мерки да се расчисти случајот – изјави Стаматова.

Нови повисоки цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,08 % во однос на одлуката од 16.05.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,668%, кај дизелот за 1,642%, кај екстра лесното масло за 4,856% и кај мазутот зголемувањето е за 0,580%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,1804%.

РКЕ ја информира јавноста дека со денешната одлука, согласно Законот за акциза, РКЕ е обврзана да го вкалкулира новиот соодветен износ на акциза при пресметка на цената за Екстра лесно 1 (ЕЛ-1). Како резултат на зголемувањето на берзанските цени на нафтениот продукт Gasoil 0,1% во првата половина од месец мај, исполнети се предусловите да се применува дополнителното зголемување на акцизата (ДАЕ) за гасно масло како гориво за греење кое изнесува 2,00 денари за литар.

Од 20.5.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 36,808 (денари/килограм)

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 4,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,279 ден/кг и сега ќе изнесува 36,808 ден/кг.

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 20.5.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од РКЕ.

Витаминка на „Марили Бизнис Форум 2025“ – Поддршка за развој на туризмот и локалната економија

Под мотото „Туризмот – фактор за економски развој и конкурентност“ на 17 мај, во Скопје, се одржа престижниот „Марили Бизнис Форум 2025“, каде што Витаминка имаше чест да биде дел од настанот.
Компанијата беше претставена од Душица Неделкоска, Маркетинг и ПР координатор, и Гордана Симоноска, Шеф по набавка. Нивното присуство на форумот е во согласност со континуираната заложба на Витаминка да го поддржува развојот на економијата, руралниот туризам и гастрономската понуда како клучни двигатели на локалната конкурентност.

Настанот опфати три панел сесии кои ги отворија актуелните предизвици и можности во алтернативниот туризам, хотелската индустрија и ено-гастро концептот. Се отвори простор за дијалог и размена на искуства помеѓу експерти, менаџери и претставници од различни сектори, вклучувајќи и македонски и регионални компании од областа на туризмот и агроиндустријата.

Витаминка останува посветена на создавање на партнерства кои придонесуваат за одржлив развој, културна промоција и гастрономско збогатување на регионот. Горди сме што нашите претставнички имаа можност да разменат идеи и да бидат дел од иницијативи што ги поврзуваат храната, традицијата и туризмот во заедничка визија за поуспешна иднина.

Одлична организација, прилепчани уживаа во возбудлив спортски настан – Се одржа првата велосипедска трка “Tрофеј Прилеп” (Фото галерија)

Во текот на вчерашниот ден во организација на ВК Херој од Прилеп и Велосипедска Федерација на Македонија, по прв пат се одржа велосипедската трка „Трофеј Прилеп“, прва професионална трка после 7-8  години во градот.

Учество во неа зедоа 46 лиценцирани велосипедисти од Македонија, поделени во 7 категории.

Трката се возеше низ улиците на Прилеп, но најголем дел отпадна на булеварот “Гоце Делчев”. Еден круг беше со должина од 2.4 км, а според категоријата се возеше и бројот на кругови. Стазата беше затворена за сообраќај од страна на сообраќајната полиција при ОВР Прилеп, со помош и на ученици од сообраќајниот отсек  при СОУ “Ристе Ристески – Ричко”, додека пак за обележување на патеката учество зедоја петнаесетина волонтери.

На настанот имаше и некои компании со свои штандови кои нудеа промотивни производи.

Настанот го отвори градоначалникот Борче Јовчески со свој говор, а граѓаните на Прилеп уживаа  во трките, како на стартно целната рамнина, така и оние кои беа по кафулињата, терасите, дворовите…

На трката велосипедистите на ВК Херој се закитија со четири медали, од кои 2 златни и 2 бронзени.

Стефан Маџоски во кадети и Филип Илиоски во мастерс освоија трети места, додека пак Константин Костоски во јуниори и Влатко Лозаноски во мастерс беа најбрзи.

Резултати по категории:

Сениори

  1. Александар Милошески – ВЕЛО-М – Куманово
  2. Јован Паневски – ВК Крос сајклинг – Куманово
  3. Мемед Мемеди – МВК Велес – Велес

Јуниори

  1. Константин Костоски – ВК Херој – Прилеп
  2. Никола Ристески – ВК Пелистер 15ти Мај – Битола
  3. Кирил Анчевски – ВК Крос сајклинг – Куманово

Кадети

  1. Марио Блажевски – ВК Крос сајклинг – Куманово
  2. Мартин Спасевски – ВК Оксижен – Скопје
  3. Стефан Маџоски – ВК Херој – Прилеп

Мастерс

  1. Влатко Лозаноски – ВК Херој – Прилеп
  2. Игор Михајловски –ВК Феникс сајклинг – Скопје
  3. Филип Илиоски – ВК Херој – Прилеп

У-15

  1. Марко Чекеровски – ВК Оксижен – Скопје
  2. Александар Ристовски – МВК Велес – Велес
  3. Христијан Николиќ – МВК Велес – Велес

У-13

  1. Александрос Јанакопулос – ВК Пелистер 15ти Мај – Битола
  2. Огуз Хан Балта – ВК Адреналин сајклинг – Гостивар
  3. Дамјан Петров – МВК Велес – Велес

Жени У-15

  1. Оља Цветанова – ВК Крос сајклинг – Куманово
  2. Бера Кализи – ВК Адреналин сајклинг – Гостивар
  3. Михаела Наумоска – ВК Пелистер 15ти Мај – Битола

Честитки за најбрзите, а исто  така честитики за организацијата на ВК Херој. Се надеваме дека ќе продолжат со уште поголемо темпо кон развивање на велосипедизмот во Прилеп.

Итно! Плата 34.000 плус бонус за празници и недела! Фирма има потреба од работници во Прилеп!

Jaвете се на телефонскиот број: 071 551 310

Фирмата CAJEN кетеринг има потреба од чистачки и помошник.

Основната плата е 34.000 денари + нaдоместок за работа за време на празници и работа во недела.

Работно време 8 часа!

Фирмата се наоѓа на ул. “Александар Македонски” бр.118/2 во Прилеп

Кривична за градоначалник – причина урбана опрема и настрешници

Одделението за внатрешни работи Крива Паланка, до Основното јавно обвинителство Крива Паланка, поднесе кривична пријава против М.К.(41), Н.Ц.(54) и С.М.(38), тројцата од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в став 4 од Кривичниот законик. Н.Ц. – вработен во општина Крива Паланка на работно место самостоен референт за документациони работи и урбана опрема во Одделение за урбанизам, сообраќај и заштита на животна средина, на 19.12.2024, постапувајќи по барање за одобрение за поставување на урбана опрема поднесено од правно лице – угостителски објект, без да утврди дека не се исполнети условите, изготвил одобрение за поставување на урбана опрема пред деловен простор на улица „Јане Сандански“ во Крива Паланка за периодот од 09.12.2024 до 09.12.2025. М.К. – вработена во општина Крива Паланка како раководител на Сектор за урбанизам, сообраќај, заштита на животната средина и комунална инфраструктура и С.М. – градоначалник на Општина Крива Паланка, го потпишале така изготвеното одобрение и на тој начин му овозможиле на барателот да постави урбана опрема и да се стекне со противправна имотна корист.

Одделението за внатрешни работи Крива Паланка поднесе кривична пријава и против правното лице – угостителски објект и М.М.(36), сопственик и управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ по член 225 од Кривичниот законик. М.М., во текот на 2024 година, како и во претходните години, поставил урбана опрема, маси, столови и други украси пред деловен простор на улица „Јане Сандански“ во Крива Паланка, со што заземал вкупно 108.70м² земјиште во државна сопственост, кој пак е прогласен за имот во општа употреба. М.М., исто така, беа одобрение на узурпираниот дел поставил и настрешница со површина од 82.00 м².

Пет награди за прилепските гимназијалци од Државниот натпревар по музичка уметност

На регионалниот натпревар по музичка уметност, кој се одржа на 26.04 – учествуваа пет ученици од гимназијата “Мирче Ацев” и сите освоија први награди. Со овој успех истите се пласираа на Државниот натпревар, кој оваа година се одржа на 05.05 во Свети Николе.

Таму учениците се натпреваруваа во категоријата вокална интерпретација и на натпреварот ги освоија следните награди:

Софија Настоска III награда,
Илина Трпаноска III награда,
Миа Трајкоска II награда,
Кирана Иваноска II награда и
Сергеј Стевананџија II награда.

Ментор на учениците им е професорката по музичка уметност Татјана Ивановска.

Браво за учениците и менторот!