дома блог страница 460

Митрополит Петар: Велигден е живо присуство на Божјата сила која секогаш е со нас

Велигден не е само сеќавање на некое историско случување од минатото, туку е живо присуство на Божјата сила која секогаш е со нас, која нè води, која нè облагородува и која нè ослободува. Во таа смисла, ние не сме само сведоци на Христовото Воскресение, туку и негови учесници, истакна митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски Петар.

За време на празничната богослужба пред верниците во битолскиот Храм „Св. Великомаченик Димитриј“, митрополитот Петар нагласи дека Велигден е и ден на радост, ден на љубовта која го опкружува секој човек. Таа љубов не познава граници, не познава време, не познава националности, не познава никакви разлики. Таа е чиста и несебична, безусловна и спасоносна.

-Христос ја понесе единствената вистинска победа во овој земен свет, победата над смртта. Зашто никој не е посилен од смртта, никој од луѓето, никој од Ангелите, никој од демоните, туку само Он – Воскреснатиот Господ Исус Христос. Затоа Христовата победа е единствена победа на која можат да ѝ се радуваат сите човечки битија, од првородениот до последниот. Само Христовата победа е како Сонце, кое пушта светли зраци на сите оние кои стојат под него. Само Христовата победа ги исполнува сите човечки срца со неподелена радост. Само таа е без злоба, само таа е полна со љубов, истакна митрополитот Петар.

Поздравувајќи ги верниците, митрополитот Петар нагласи дека на Велигден, се потврдува дека страдањата и искушенијата во овој живот, иако неизбежни, се привремени, додека славата и радоста во Царството Божјо се вечни. Овој светол празник не само што ја потврдува победата Христова над смртта, туку и поттикнува, секој човек да ја доживее таа победа во своето лично постоење.

Пожар пеплоса стан на Велигден во Прилеп (ФОТО)

Денеска околу 13 часот, избувна пожар во стан во зградата Е2 во населбата “Точила” во Прилеп.

За среќа во пожарот нема повредени лица, но причинета е голема материјална штета. Брзата интервенција на Територијалната противожарна единица спречила понатамошно ширење не пожарот кон соседните станови.

Според неофицијални информации, причина за пожарот била украсна ламба во станот.

ФОТО/print screen/Instagram/Roberto Navali

Благодатниот оган од Светиот Иcycoв гpoб во Ерусалим синоќа пристигна и во Прилеп (ФОТО)

Благодатниот оган од Светиот гpoб во Ерусалим синоќа пристигна и во прилепските црковни храмови.

Огнот кој секоја година на Велика Сабота слегува во Христовиот гpoб, оваа година за прв пат беше преземен од црковна и владина делегација од Македонија.

Благодатниот оган беше донесен на аеродромот во Скопје, а потоа беше пренесен во сите црковни епархии ширум земјата.

За многу години! Илјадници прилепчани ги исполнија четирите црковни храмови во градот – Христос Воскресна! (ФОТО/ВИДЕО))

Илјадници прилепчани синоќа ги исполнија до последно место четирите црковни храмови во градот.

Со среќниот поздрав “Христос Воскресна, навистина Воскресна”, си посакаа здравје, среќа и мир во сечиј дом.

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА, НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА! Нека светлината на Христовото Воскресение со радост ги исполни срцата ваши!

Денеска е најголемиот ден за православните Христијани. Христос Воскресна од мртвите и од земјата премина во вечниот небесен живот.

На овој ден подајте си рака, заборавете на се што било меѓу вас и ближните, чествувајте го името Божјо и поминете го денот во мир и благодет.

Бог нека ја благослови вашата празнична трпеза и нека го стопли вашиот дом со неговото присуство.

Подарете љубов, како што Господ Исус Христос ширел љубов и својата саможрва го спасил човештвото од гревови.

Божјата рака нека биде над сите, нека донесе мир на овие наши простори и нека ни го покаже вистинскиот пат.

“ХРИСТОС ВОСКРЕСНА – НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА”

Докторка од Италија која го лекувала младиот Симон Крстев, повреден во пожарот во Кочани, дојде во Штип да го посети (ФОТО)

Нови пријателства изградени во тешки моменти, напиша на социјалните мрежи директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски.

Младиот Симон Крстев од Штип е еден од повредените во трагедијата во Кочани. На 18 март, во соработка со Цивилната заштита на Италија, пренесен е во Италија, во Педијатриската клиника на Универзитетската болница на Падова. Примен е со „хемиска пневмонија“ и изгореници од втор степен. Симон добива сеопфатен третман и веќе на 1 април се враќа дома. Испратен е од персоналот на целиот одел и тогаш родителите на Симон ја покануваат Проф. Сузана Езпосито (Susanna Esposito), директорка на клиниката, да ги посети во Штип. Денеска Проф. Сузана Езпосито го посети Симон во Штип. Симон не само што е лекуван во Парма, туку ја добил сета емотивна поддршка во тие тешки моменти. Поддршка толку силна да ја донесе Проф. Сузана Езпосито во Штип. И се заблогодарив на Проф. Сузана Езпосито за се што е направено за Симон и порачав дека секогаш е добредојдена во Македонија, пишува Клековски.

Да ја зачуваме убавината и автентичноста на нашите црковни храмови! Вечерва не оставајте свеќи покрај ѕидовите, затоа што неповратно се уништуваат (ФОТО)

Во пресрет на вечерашната богослужба кога ќе биде возгласено Христово воскресение, се замолуваат сите оние верници кои ќе ги посетат црковните храмови во Прилеп да внимаваат со свеќите, да не дозволуваат непотребно капење на восок по калдрмата и плочките во дворовите и да не оставаат запалени свеќи до оградните ѕидови од ѕидовите од храмовите, затоа што неповратно се уништува и со ништо не може да се отстрани восокот и саѓите од каменот и плочките.

Да се грижиме и да ја зачуваме убавината на храмовите за следните генерации.

Среќни велигденски празници!

Мајката црква и благочестивите донатори обезбедија ваучери за Велигден за 132 ранливи семејства од Прилеп

Црквата Свето Благовештение од Прилеп и пред овој Велигден спроведе хуманитарна акција, при што собрани се средства за 132 ранливо семејство од Прилепското архиерејско намесништво.

Од храмот информираат дека на секое од овие семејства им се доделени ваучери во вредност од по 2.000 денари, со кои семејствата ќе можат да си купат намирници по желба од маркет.

Средствата се обезбедени од црквата и благочестивите донатори!

(ВИДЕО) Со прекрасна изведба на “Славете го Бога”, учениците од III-3 одд. при ООУ “Блаже Конески” Прилеп, ви го честитаат Велигден

ВЕЛИГДЕН, најубавиот христијански празник, празник на љубовта и мирот. Учениците од III-3 одделение од ООУ„Блаже Конески“ под менторство на наставничката Весна Арсиќ, ви го честитаат најубавиот и најсреќниот христијански празник, празникот на љубовта и мирот.

Ви го честитаат овој животворен ден, кој е една и единствена основа на христијанскиот живот и христијанската надеж. Воскресението му дава на животот смисла, насока и можност за нов почеток, без разлика на околностите. Радоста на воскресението нека не издигне од осаменоста, слабоста и очајот кон силата, убавината и среќата.

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ – НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!

ЗА МНОГУ ГОДИНИ, ХРИСТИЈАНИ!

Уживајте во нивната изведба заедно со црковниот хор “Св. Петка” во продолжение:

Сведоштво на Ерусалимскиот Патријарх Диодор I за тоа како се појавува Благодатниот оган на Христовиот гроб

Патријархот ерусалимски Диодор 1-ви (1981-2000) 19 години по ред го прими Светиот Оган додека беше поглавар на својата месна црква.

Во интервју ги сподели деталите за чудото:

„Кога ќе се изгаснат сите светла, јас се грбувам и влегувам во гроб

Оттаму, во темнината, си го наоѓам патот до внатрешниот дел… Таму клечам со свет страв и… Читам одредени молитви кои ни се пренесени низ векови и чекам. Понекогаш чекањето трае неколку минути, но најчесто се случува чудо веднаш по читањето на молитвите. Од длабочината на каменот врз кој лежеше Телото Христово, излегува неопислива Светлина. По правило, има сина нијанса, но бојата може да се промени…

Секоја година се појавува поинаку. Понекогаш ја покрива само плочата со ковчег, понекогаш ја исполнува кувуклија (собата) со светлина, така што луѓето стојат надвор… види дека малата соба е исполнета со светлина.

Оваа светлина не гори. Во сите 16 години од мојата патријаршија во Ерусалим, никогаш не сум ја изгорел брадата кога ја примав Светлината…
На одредено место, оваа Светлина се издига нагоре, формирајќи столб чиј пламен има различна природа, и така можам да ги запалам моите свеќи…

Ова чудо… го прави Воскресението Христово толку реално и живо за нас, како да се случило пред само неколку години…
Живеам во Ерусалим од 1939 година, откако дојдов во градот на 15 години. Сите овие години бев присутен на службата за доаѓањето на Светата Светлина и сведочев на ова чудо 61 пат.

За мене, нема прашање дали верувам во чудо или не. Знам дека е ВИСТИНА.